Денеска се очекува сончево време со мала локална облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 15 степени Најниската температура изутринава е изменерена Берово во 7 часот кога изнесуваше – 7 степени, – 4 во Скопје, -3 во Тетово и Демир Капија, а најтопло во Виница со 2 степени над нулата. На Попова Шапка има седум сантиметри снег. Како ...

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама. Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат ...

Сигурно многумина го имаат забележано сидрото во центарот на Скопје, но дали сте се запрашале каква е неговата историја? Се работи за котва која е остаток од брод кој го носел името на нашиот град. Бродот „Скопје”, кој спаѓал во класата полутоварни бродови со носивост до 10.000 тони, пловел со години по сите светски мориња. Бродот Скопје бил изграден во 1948 година во Ријека, кога конечно 1984 бил целосно амортизиран, се вратил дома до Ријека ...

До редакцијата на Градкса.мк пристигна видео на кое се гледа како неколку малолетни девојчиња тепаат свој врсник. Според наши информации инцидентот се случил пред три дена на училишниот двор во ОУ „Петар Здравковски Пенко“. Инцидентот се случува една недела по тој во центар. Поради сензитивност лицата на ученичките е замаглена, но се пушта во јавност поради сензибилност и институциите да превземат мерки поради се почести вакви инциденти со ...

Скоро никој не е имун на попладневна желба за храна. Дури и да не сме гладни, меѓу ручекот и вечерата често чувствуваме потреба да грицкаме. Закуски добиваат лош рап, но тие всушност можат да бидат здрави. Кардиологот Sandhya K. Balaram открива за The Parade дека јаде една закуска што ја смета за здрава за срцето речиси секој ден – тоа се пуканки со воздух. „Оваа закуска е здрава за срцето бидејќи е богата со влакна и нискокалорична“, вели д-р ...

Запалени три пластични контејнери на булеварот „Партизански одреди“ кај Трговскиот центар „Буњаковец“ беа причина што од повеќе делови на Скопје попладнево можеше да се види како се издигнува облак од црн чад. Од скопската територијална противпожарна единица велат дека пожарот веднаш бил изгаснат, а црниот чад што можел да се забележи е поради тоа што гореле пластика и отпад. „По добиена пријава, веднаш е интервенирано со едно противпожарно ...

Осум од десет жители на Скопје сметаат дека корупцијата е на високо ниво во локалната јавна администрација. Иако Скопје се рангира во десетте најлоши градови за живеење во Европа, 72 отсто од жителите велат дека живеат убаво во главниот град, според податоците од истражувањето на Европската комисија. Додека само 13 проценти од граѓаните сметаат дека квалитетот на животот во Скопје се подобрил во последните пет години, жителите на Рим на пример ...

Откако Владата го утврди текстот на Предлогот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, оваа наша природна убавина, препознаена и од УНЕСКО, е на чекор да го добие статусот на подрачје кое ќе биде заштитено според највисоки стандарди и критериуми. – Заштита и зачувување на природната состојба на Охридското Езеро преку заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и европско значење и заштита на ...

Додека пешачкиот мост кај Бит пазар стои затворен, на продавачите покрај овој мост им текна една „брилијантна стартап“ идеја. Продавање на ташни! Барем за нешто да се користи. Пешачкиот мост на ова локација станува како бутик или продавница на отворено, каде што не само што можете да застанете, туку и купувате последни модели на ташни. Ова е класичен пример како се спојуваат потребите на луѓето со креативноста и потенцијалот на градските ...

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – СУРОВИ ГОРЧЛИВИ СЕМКИ ОД КАЈСИЈА поради присуство на цијановодородна киселина. Производот е со сериски број/лот: LL0131G1001 и LL0131G1002. Датум на производство 09.2022 година и рок на употреба до 31.05.2024 година Производител: МЕНЕХОПУЛОС Д.БРОС. ЦО Солун, Грција Увозник во РСМ: ДПТУ ЗОТО ТРЕЈД ДООЕЛ с. Штука Босилово Дистрибутер ...

ОАЕ ја разгледува идејата на Сем Алтман, директор на „Open AI“, да бидат полигон за тестирање на вештачката интелигенција. Заливската држава моментално ја разгледува американската технологија за потребите на вештачката интелигенција. Како што пишуваат светските медиуми, ОАЕ ќе настојуваат да станат глобален лидер во тестирањето и регулирањето на технологиите за вештачка интелигенција, рекол службеник на владата кој ги повторил предлозите на ...

Почина рускиот опозиционер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, соопшти затворската служба на регионот Јамало-Ненецки, каде што Навални ослужуваше затворска казна. Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот. Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“. ...

Полицаец вчера бил прегазен на кружен тек во Кичево, при што се здобил со тешки телесни повреди. „На 15.02.2024 во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Л.З.(23) од с.Длапкин Дол, кичевско. Околу 08.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и ул.„Борис Кидрич“ во Кичево, тој со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, ...

Кај прехранбените производи, освен кај маслото, големо зголемување има кај цените на овошјето и зеленчукот, за 14%, месото во споредба со лани е за 6% поскапо, лебот и житните производи за 2% итн. Годишната инфлација во Грција, во јануари годинава била 3,1%, наспроти 3,5% во декември 2023 година, а цените на прехранбените производи, за една година се за 8,3% поскапи, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоците од грчката ...

Истанбул минатата година беше на врвот на листата на меѓународни пристигнувања, а на листата на најпривлечни градови за патување првото место го зазеде Париз. Прекрасниот џин кој се протега на два континента, величествениот Истанбул минатата година бил еден од најпопуларните градови во светот. Повеќе од 20 милиони луѓе долетале во омилениот турски град во 2023 година, позиционирајќи го на врвот на листата на најпосетени градови, составена од ...

Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, „Жито Лукс“ го претстави својот нов визуелен идентитет. Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот. „Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи за етаблиран бренд со долга традиција и голем успех на пазарот. Но, времињата со себе носат ...

На 29 март се отвора новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје во општина Аеродром, давајќи нова поразлична понуда за жителите од овој дел од градот. Новиот шопинг и бизнис центар Џевахир Мол Скопје и импресивниот најголем мурал во градот креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, ќе биде секојдневна атракција за посетителите, во исто време нудејќи активности и брендови кои ќе ги задоволат секојдневните потреби на ...

Бас-гитара „Хофнер“ што му припаѓала на Пол Мекартни, а којашто пред повеќе од 50 години била украдена, пред неколку дена му е вратена, а германскиот производител ја потврди автентичноста на тој инструмент. Потрагата по гитарата ја почна потфатот под наслов „Изгубениот бас“ (Lost Bass) минатата година, па студентот Руајдри Гест во вторникот сподели фотографија од инструментот на „X“. Гест тврдеше дека гитарата му е наследство, и таа му е вратена ...

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак. Станува збор за 11 – годишниот Марио Стојановски кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста. – Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому што има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски. Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква ...

Ски центарот Попова Шапка информира дека има двата денови од викендов ќе има можности за работење на дел од ски-лифтовите, а со тоа и прилика за скијање на овој зимски центар. Поради недоволно снег ски лифтовите не работеа од 29 јануари и 18 денови немаше можности за скијање. -Ги информираме љубителите на скијањето дека на патеките „ГЕ” и „Аеродром” имаме услови за скијање, ски-лифтовите „ГЕ”, “Аеродром”, двоседот “Св.Илија” и шестоседната ...

Маж на 61-годишна возраст, државјанин на Република Северна Македонија, е пронајден вчера попладне мртов во мотел во областа на градот Урошевац во Косово. Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено во четвртокот околу 16:35 часот. – На 15.02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел ...

Во светот на брзиот и напреден начин на живеење, јавниот транспорт се наоѓа на врвот на листата за поддршка на урбаното сообраќајно спокојство. Во срцето на секој главен град, јавниот транспорт станува неизбежен дел од секојдневниот живот, допринесувајќи не само кон зголемување на ефикасноста на сообраќајот, туку и кон подобрување на квалитетот на живот за граѓаните. За тоа колку е организиран јавниот транспорт во нашиот град зборуваат и ...

Подлогата што се издигнува создава нова почва во Гренландското Море, вклучувајќи мали острови и гребени. Во овој процес е создаден островот Uunartoq Qeqertaq. Оваа нова копнена маса долга 13 километри во близина на источниот брег на Гренланд беше официјално признаена во 2005 година и додадена на мапите на Гренланд. „Подигнувањето на тлото што го забележуваме на Гренланд овие години не може да се објасни само со природниот развој по леденото ...

Со 176 гласа „за“ од пратениците на владејачката Нова демократија и опозициските СИРИЗА, ПАСОК, Нова левица и Курс на слобода, грчкиот Парламент кратко пред полноќ го изгласа законот за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина. Грција станува 16-та земја во ЕУ, 37-ма во светот, но и прва православна земја што ги легализира истополовите бракови. Од вкупно 300 пратеници колку што брои Парламентот, гласаа 254, од кои 76 беа „против“, ...

Времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени. До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела. Од почетокот на следната седмица ќе има услови за слаб ...

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово излегоа од двете авто бази во Автокоманда и Ѓорче Петров и редовно сообраќаат. – Надминати се надоразбирањата околу личниот доход и вработените денес ќе ја добијат јануарската плата. Во интерес на нашите корисници на услуги, ќе ја сервисираме нашата обрска кон нив редовно, со сите автобуси предвидени за јавен градски превоз, изјави утрово за МИА Миќо Стојановски, претседателот на ...

Патувањето со воз е голем тренд во последните години. За многу патници, тоа не е само превозно средство, начин да се стигне од точката А до точката Б, туку посебно искуство кое често станува најубавиот дел од патувањето, пишува „Пункуфер“. Бројните панорамски железнички рути водат низ неверојатни пејзажи, недопрена природа, обезбедуваат незаборавни глетки, внесуваат допир на романтика и аватуризам во самото патување. Но, дали некогаш сте се ...

Солта е омилен засилувач на вкус во повеќето јадења што ги консумираме секој ден. Сепак, повеќето луѓе го поврзуваат консумирањето премногу сол со зголемен ризик од хипертензија, популарно познат како висок крвен притисок, и од клучно значење е да се разбере врската помеѓу двата фактори. Сакате да го намалите високиот крвен притисок? Следете ги овие чекори! Обидете се да додадете повеќе калиум во вашата храна за да ја негирате изложеноста на ...

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, оваа година ќе заокружи четиригодишно постоење, во 2020 година првите одиграни претстави на овој независен театар, беа дел од ретките културни збиднувања за време на короната. Во јули, истата година, овој театар имаше единствена премиера и изведба на театарска претстава после неколку месеци во Македонија и на Балканот воопшто, првата претстава „Не ми го чепкај пивото!“ во режија на Ѓорѓи Ризески. До ...

Чувањето лимони во фрижидер на прв поглед изгледа како добра идеја. На крајот на краиштата, ова често се препорачува бидејќи лимоните побрзо се расипуваат на собна температура, додека во фрижидер можат да траат околу три недели. Меѓутоа, складирањето на овој начин е пожелно само во одредени ситуации. Имено, лимонот не сака ниски температури. Ова овошје спаѓа во групата на цитруси и зрее на температура од околу 30°C. Значи, ако незрелиот лимон се ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Калај

40.48

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Злато

135056.24