Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. Од денеска се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија. Дополнително, во ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се ...
Стариот метод за „сушење“ на влажен телефон во ориз не е добра идеја, вели „Apple“. Компанијата неодамна објави цел документ за опасностите од чувањето на телефонот во ориз. Во документ за поддршка, технолошкиот гигант рече дека чувањето на влажниот „iPhone“ во чинија со ориз „ќе дозволи малите честички од ориз да го оштетат вашиот iPhone“. „Apple“ не ги елаборираше овие тврдења, но се смета дека предупредувањето има за цел да ја заштити ...
Општина Битола ќе го реши проблемот со бездомните кучиња и тоа ќе биде направено согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, соопштија од тамошната локална самоуправа. Во завршна фаза е адаптацијата на соодветните услови во прифатилиштето, согласно добиени насоки од Агенцијата за храна и ветеринарство чија екипа изврши проверка на состојбата со прифатилиштето, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола. -Во ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Сојчевска денеска се обрати на чествувањето на 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од каде што се испрати единствената порака: „Јазиците се важни!“. „Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик, е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието. Заштитен, недопирлив, единствен. Изминатиот период ...
Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166 000 патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1 процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз. Во ...
Градот Скопје со 50 градски институции отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето на Леонид Индов. Од утре се отпочнува со хуманитарна акција во сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта во кои вработените и сите граѓани што ги посетуваат овие институции ќе може да придонесат за лекување на Леонид, кој во моментов се наоѓа на лекување во Австрија. Дополнително, во ...
Еве ги сите начини на кои тротинетот може да биде одличен за вашето дете – и како да го заштитите додека го користи. Одличен начин да бидат физички активни Охрабрувањето на вашите деца да се физички активни секој ден е важно, но не е секогаш лесно во нашиот дигитално примамлив свет преполн со телевизори, компјутери и таблети. Користете тротинет за мали деца како природен начин за ограничување на времето поминато на екранот. Ништо не е ...
Израелскиот парламент (Кнесет) денеска одлучи да не го признае формирањето палестинска држава. За одлуката гласаа 99 пратеници, додека против беа деветмина, пренесува „Ерусалим Пост“. „Израел ќе продолжи да се противи на едностраното признавање на палестинската држава. Таквото признавање по масакрот на 7 октомври ќе биде голема награда за тероризмот што беше без преседан и ќе претставува пречка за секој иден мировен договор“, се наведува во ...
Голем пожар избувна на патот од Желино кон Сиричино во кој горат автомобилски гуми, што создаде и густ црн чад кој се забележува низ целиот тетовски регион. Според првичните информации пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути. – Територијалната противпожарна единица Тетово интервенира на запалени гуми спроти фабрика Киел во село Желино кај подвозникот кон село Сиричино (Општина Желино). Гаснењето е отежнато поради големата количина на ...
Сајбер – насилството кај младите сѐ повеќе се зголемува, а жртвите насилството побрзо би го пријавиле кај соучениците, отколку кај наставниците и стручните служби, ова беше истакнато на денешниот настан посветен на зајакнувањето на младите за справување со сајбер – безбедноста и сајбер – насилството. Проектниот експерт Маја Христовска рече дека овој проект има за цел да ги зајакне капацитетите кај младите, односно учениците за примена на ...
Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години, а нејзината поправка започнува денеска, порачаа од Министерството за култура. – Да го најавиме започнувањето на реконструкцијата на Универзална сала – архитектонски и културен симбол на Скопје. Министерството за култура презеде обврска во наредните три години непречено да го реализира проектот, затоа што имаме обезбедено финансиски средства и комплетна документација. Владата и ...
Од 20 дена во февруари само во пет дена немало загаден воздух, односно имало надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 во текот на 15 денови. Со оглед дека во јануари среднодневните концентрации во 22 дена биле над дозволените 50 ПМ10, веќе е надминат светскиот здравствен стандард што вели дека во една календарска година не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. -Овие бројки се показател на она што постојано го ...
Видеата на учителката Тори станаа вистински хит на TikTok. Секое од видеата има милиони прегледи, а Тори ги доловува креативните, но погрешни одговори на своите ученици. Во тестовите што Тори им ги дава на децата има различни слики кои симболизираат животни, предмети и слични поими за кои децата треба да напишат што се. Така, едно момче, за кое Тори напиша дека се вика Брајс Т, напиша дека желката е анимираниот лик од Покемон Squirtle, и дека ...
Според податоците објавени од истражувачката компанија „Нумбео“ за порастот на насилството во Европа и светот се открива кои земји се најбезбедни. Франција е најопасната земја во Европа. Следуваат Белорусија, Белгија, Шведска и Италија. Во топ 10 листата се и Велика Британија, Украина, Грција, Ирска и Молдавија. На другиот крај од листата, како најбезбедни земји во Европа се Словенија, Естонија, Монако и Швајцарија. Македонија е рангирана на ...
Џордан Егберт е блогер за патувања и американски авантурист кој споделува искуства од патувањето на своите профили на социјалните мрежи, а во едно од своите најнови видеа ја откри најбизарната земја што ја посетил. Американскиот авантурист Џордан Егберт заедно со неговата сопруга го продале целиот свој имот за да патуваат низ светот. Досега посетил 130 земји во светот, а во едно неодамнешно видео откри која од тие 130 ја заслужува титулата за ...
Силината на пасошите на државите од Балканскиот Полуостров е рангирана според VisaGuide Passport Index во најновото рангирање за февруари 2024 година. Според силината, најдобро стои пасошот на Грција кој е на 21. место во светот, а со тоа и прв на Балканот. Следуваат пасошите на Хрватска и Словенија, 24. и 25-ти во светот. Потоа се оние на Романија на 36. место и на Бугарија на 40-тото. Голема разлика има во однос на оние држави што не се ...
Во изложбениот простор Галерија МКЦ, на 23 февруари (петок) во 20:00 часот ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Кобалт Синергија“. На изложбата ќе бидат изложени 25 ликовни дела од ликовниот уметник Венко Цветков, ќе има проекција на видео ролна и два видео арт остварувања на учесникот во проектот Симон Гегај. Во содржината на видео ролните се и концептциските обзервации, во вид на записи на третиот учесник во проектот г-ѓа Корнелија ...
Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите граничните ...
Во последното деноноќие изгаснати се 18 пожари на отворено, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На територија на РЦУК Скопје и РЦУК Тетово изгаснати биле по четири пожари, а на територија на РЦУК Битола, РЦУК Штип и РЦУК Куманово по три пожари. На територија на РЦУК Струмица изгаснат е еден пожар на отворено. Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела. Во петок и за време на ...
Oдделението за управни работи Куманово, од почетокот на годинава до вчера, издало над 10.500 пасоши, над 9.000 лични карти и над 4.000 возачки дозволи, информираа денеска од СВР Куманово. – Од почетокот на 2024 година до вчера, биле издадени 10. 596 патни исправи, 9. 607 лични карти, 4. 068 возачки дозволи, а дневно службите можат да процесираат околу 700 барања, велат од СВР Куманово. Одделението за управни работи Куманово работи во две ...
Возрасните мажи може да го продолжат својот животен век со умерени физички активности на чист воздух. Таков едноставен рецепт им препорачале британските доктори на пензионерите во земјата. Смртноста меѓу претставниците на машкиот пол од третото доба може сериозно да се намали. За таа цел се што е потребно е повозрасните мажи да минуваат барем половина час во прошетки или работа во градината. Британските медицински лица дошле до таков резултат ...
Се санира и уредува пешачката патека покрај брегот на Дојранското Езеро во должина од пет километри од плажата „Калдрма“ во Нов Дојран до одморалиштето „Црвен крст“ во Стар Дојран, објави денеска градоначалникот Анго Ангов. Како што напиша тој на неговиот фејсбук-профил, почнала реализацијата на проектот за расчистување, санација, уредување и поставување на нова урбана опрема на пешачката патека покрај брегот на Дојранското езеро. Проектот е ...
Вештачката интелигенција, како и сите технологии, може да се искористи за добро, но и да се злоупотреби. Од ноември 2022 година, кога ChatGPT беше достапен на јавноста работите во областа на државната матура кај нас се сменија драстично. Во разговор со оценувачи на државната матура откривме дека голем дел од есеите по англиски јазик биле напишани со помош на ChatGPT. Друг проблем е како воопшто матурантите дошле до оваа технологија кога некој ...
Градоначалникот Стевчо Јакимовски ја доби мнозинската поддршка од 15 советници од Карпош, според која тој и стручните служби на Општината ќе поведат постапка пред Уставен Суд, за оспорување на предметниот ДУП СЗ 16 кој неодамна го донесе Општина Ѓорче Петров. Имено, мнозинството советници гласаа позитивно за Предлог – Мислењето кое беше доставено пред нив на денешната вонредна 43. седница, кое воедно претставува и акт на противење на начинот ...
Познатиот шеф Филип Чаловски и неговиот FJ Culinary Consultants од денес се домаќини на извонреден кулинарски настан, „Денови на грчката кујна“, во кој учествуваа четири шефови од Грчката Алијанса на готвачи. Од денес, па сѐ до петок, кулинарското училиште предводено од познатиот наш шеф Чаловски на неговата локација во Скопје, ќе биде домаќин на неколку мастер класови и завршна вечера. Овој специјален настан ќе ги прикаже талентите на ...
Иако има речиси два метри разлика меѓу нив, највисокиот маж на светот и најниската жена на светот најдоа заеднички јазик кога се сретнаа оваа недела. Султанот Косен ја запозна својата колешка Гинисова рекордерка, Џиоти Амге, висока нешто повеќе од 62,8 см, кога се сретнаа во Калифорнија во понеделникот. Седејќи со скрстени нозе заедно на подот, не можеше да биде поочигледен нивниот драстично различен раст. Едното стапало на г-дин Косен е ...
Кутикулите се еден од најдосадните козметички проблеми и не можете да ги обвинувате оние што често ги кубат. Овие парчиња „искината“ кожа, кои се појавуваат покрај ноктот, често се фаќаат за облека и накит и можат да изгледаат неуредно. Експертите за кожа предупредуваат дека постојаната желба да се излупи кожата може да биде знак за едно ментално здравје. Повторената желба да се чепка по сопствената кожа е знак на болеста наречена ...
Учениците од сите општински основни училишта во Карпош, деновиве учествуваат во работилниците против врсничко насилство, кои се спроведуваат во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Крени глас против врсничко насилство“. Основците и стручните служби во училиштата учествуваат во работилниците кои се одржуваат во секое училиште поединечно, преку кои што се запознаваат со причините, последиците како и со начините на кои што ...