Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Амбасадата на Украина, во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, организира голема конференција под наслов „Украина – две години хероизам“,. во Музејот на македонската борба за независност. Македонскиот претседател Стево Пендаровски и Амбасадорката на Украина Лариса Дир се првите говорници на конференцијата, а по нив следат обраќањата на премиерот Талат Џафери, вицепремиерите Бојан Маричиќ, Славица Грковска, ...
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 19 февруари до 23 февруари 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле земени ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17°C. Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе ...
Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат ...
Министерството за внатрешни работи денеска го пушти во употреба Линкот кој овозможува граѓаните на Град Скопје кои се фотографирале за пасош во редовна постапка во пунктовите „МТВ„ и „Пролет„ да видат дали им е готов пасошот или уште е на процедура. Во вечерашното соопштение на МВР се вели: „Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Град Скопје дека денес е ставено во функција, она што претходно беше најавено, а се однесува на ...
Земјоделците од северниот дел на Грција, освен секојдневните симболични блокади во вечерните часови, за утре напладне закажаа протест на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија со што ќе биде блокиран сообраќајот, а во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека нема да отстапат од нивните барања сè додека не бидат целосно исполнети. Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците ...
Државната изборна комисија од денес секојдневно ќе известува за бројот на собирани потписи од претседателските кандидати. Според денешниот пресек на ДИК најмногу потписи има Бујар Османи, кандидатот за Демократската унија за интеграција (ДУИ) и тоа 5 405. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-за наша Македонија, Максим Димитриевски со 3 613 потписи. Кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има добиено 2 758 потписи Според ...
Рептилот долг 5 метри од периодот на тријас во Кина прв пат бил идентификуван во 2003 година, но по проучувањето на пет неодамнешни примероци во текот на десет години, научниците успеале да го прикажат целото суштество, кое го добило името Dinocephalosaurus orientalis. Еден целосно артикулиран фосил, последниот што излезе на виделина, понуди „убав комплетен примерок од врвот на носот до врвот на опашката“, рече д-р Ник Фрејзер, шеф на ...
САД и Велика Британија нападнаа повеќе од 10 цели на јеменската бунтовничка група Хути како одговор на неодамнешниот пораст на нападите на групата поддржана од Иран врз бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, вклучително и ракетен напад минатата недела кој предизвика пожар на товарен брод. Според американски официјални претставници, американски и британски воени авиони погодиле околу 18 цели на повеќе локации, гаѓајќи проектили, фрлачи, ...
Релативно сушниот месец февруари, но заради чоевечко невнимание или заради свесна намера, придонесе во овие 24 денови во Македонија ЦУК да информира за вкупно 448 пожари на отворен простор. Според ЦУК, станува збор за 42 шумски пожари, 128 пати била зафатена ниска вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација), 256 пожари биле гаснети на стрништа или простор со висока трева, а пожарникарите морале 22 пати да интервенираат за да гаснат оган ...
Скопје се најде на врвот на ТОП 10 европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание ФДИ интелеџенс, дел од реномираниот меѓународен весник за економија, Фајненшл Тајмс. Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град на минатогодишното рангирање. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои ...
Пријави за девет каснувања од кучиња низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, од кои осум се од бездомни кучиња, стои во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи. Во Полициската станица Драчево, ноќеска 30 минути по полноќ, А.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Киро Фетак“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Д.В.(59) од Скопје вчера во Полициската станица Гази Баба, пријавил дека на ул. ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ...
Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб ...
На денешниот протестен марш што се одржа од Алејата Украина до руската амбасада во Скопје се обрати Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, кој им порача на присутните и на целиот свет дека воената поддршка за Украина е повеќе од потребна за „да се спречи поголема војна во Европа и верижна реакција на меѓудржавни војни ширум светот“. Тој, меѓу другото, истакна дека украинскиот народ веќе две години живее ...
Во зимските денови, дури и кога нема снег, со студот од раните утрински и ноќни часови, ова е една од скриените опасности на патот. Неколку лица се повредени во Кина, во верижен судар во кој учествувале повеќе од 100 автомобили, јавија вчера кинеските државни медиуми. Како што е наведено, причината за верижниот судир што се случи на автопатот во кинескиот град Сужоу, во провинцијата Џиангсу на истокот од земјата, е мразот, или таканаречениот црн ...
Сигурно е дека во Старата скопска чаршија нема море, ниту плажа каде што можете да бидете изложени на медитеранското сончево време. Но, она што го има, се неколку млади ентузијасти кои преку својата имагинација го создаваа грчкиот Санторини среде Чаршија. Со боемски белите фасади и класичните плави детали, ова чаршиска улица сега преку нивната замисла приличи на препознатливите архитектонски елементи на Санторини. Така барем рекоа младите кои ...
Претседателот на Комората на органски производители, основач на здружението „Живот“ и сопственик на компанијата „Адур ГВН“, Драган Цветковиќ е добитник на повелбата „Долина на кралевите, вековите и јоргованите“, која традиционално се доделува на Меѓународната агробизнис конференција одржана во февруари во Копаоник, Република Србија. Ова е прва награда за македонски претставник, која му е доделена на Цветковиќ како признание за придонесот во ...
Голготата на новинската агенција Мета.мк за да добие одговори за причините за смртта на жирафата Каспер, за бројот на угинати животни во Зоолошката градина Скопје и за причините зошто установата го изгуби кандидатскиот статус во ЕАЗА, траеше точно 2,5 месеци Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина – Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да ...
Деветнаесет тимови од Скопје, Кочани, Штип и Тетово со над 180 учесници ќе бидат дел од натпреварот за едукативна роботика, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 16 години што ќе се одржи денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип со почеток во 9 часот. Натпреварот за едукативна роботика, наменет за деца и млади на возраст од 6 до 10 години преку FIRST LEGO League Explore (FLLE) и од 9 до 16 години преку FIRST LEGO League ...
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град Скопје. Разгледувањето на главниот град ќе се одржи во два термина, со почеток во 12 и во 13 часот. Почетна точка е пред Спомен-куќата на мајка Тереза. -Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости на Град Скопје може да присуствуваат. Ве покануваме на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец, над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната ...
На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 161 мерка за прекршоци од областа на сообраќајот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени 15 санкции за брзо возење, осум мерки за возење без возачка дозвола и исто толку за користење на мобилен телефон за време на возењето, седум санкции за поминување на црвено светло и четири санкции за управување под дејство на алкохол. ...
Меѓународниот тим од научници во јужна Кина открил прв комплетен фосил од воден рептил долг пет метри од периодот тријас, кој припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има многу долг врат, објави „BBC“. Фосилот припаѓа на видот „Dinocephalosaurus orientalis“, кој првобитно бил идентификуван уште во 2003-та година. Ник Фрејзер од Националниот музеј во Шкотска, кој бил дел од ...
Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. „Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, ...
Веројатноста да се заразиме додека се возиМЕ со јавен превоз зависи од тоа колку добро е проветрен просторот, покажува новото истражување кое користело компјутерски симулации на ширење на вирусот. Автобус со активна вентилација претставува значително помал ризик од инфекција отколку затворена просторија со мала вентилација, заклучува студијата на научниците од Универзитетот во Касел во Германија. „Главното откритие е дека вентилацијата е ...
Икањето понекогаш знае да биде многу заморно и непријатно, но тоа е состојба што секому му се случила барем еднаш во животот. Кога почнуваме со икање, тоа обично трае неколку минути, но во потешки случаи може да трае и неколку часа. Колку подолго трае икањето, толку луѓето стануваат понервозни бидејќи не можат да престанат. Но, има причина зошто икаме. Како што пишува New York Post, икањето е неволна и брза контракција на дијафрагмата и ...
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која беше киднапирана и убиена во декември минатата година – останува во притвор. Одлуката е донесена од Апелациониот суд Скопје откако таму вчера се одржа јавна седница на која се расправаше по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор. Барањето за укинување на притворот Апелација го одби како неосновано и дополнително го потврди решението од Кривичниот суд со кое на ...
Доколку претстојниот викенд ја посетувате скопската Зоолошка градина, донирајте за лекувањето на младиот скопјанец Лео! – ЗОО Скопје се приклучува на акцијата на Град Скопје, а на влезот поставени се две кутии каде што сите хумани граѓани може да донираат и да ја покажат својата хуманост, велат од ЗОО-Скопје. Сите 50 градски јавни претпријатија, градски јавни установи и средни училишта под капата на Град Скопје од денес започнаа хуманитарна ...
Центарот за одржлив развој „Алка“ со цел зголемување на свеста на населението за потребата од правилно одлагање и рециклирање на отпадот, како еден од најважните сегменти за зачувување на животната средина, во рамки на проектот „Зелен раст за одржлив развој“, спроведува едукативна кампања. Препознавајќи ја потребата за едукација уште од најрана возраст, како и за примена на здрави навики, Центарот одлучи да одржи две едукативни работилници во ...