Санкционирани се 154 возачи во Скопје, од кои 25 за брзо возење, во контроли што вчера ги спровел Секторот за внатрешни работи Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени и 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен телефон при возење, по пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло и за некористење на сигурносен појас… -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ...

Овој пијалак се консумира два пати дневно и го чисти вашиот организам за неверојатно брзо време. Пушењето е една од најштетните навики на човекот. Цигарите имаат негативен ефект врз сите органи во телото. Одредени здравствени состојби како бронхит и астма се тесно поврзани со пушењето цигари. Некои медицински стручњаци го препорачуваат овој пијалак кој ги намалува нус-појавите од пушењето цигари. Напитокот е природен и може да си го направите ...

Франција продолжува да ги поттикнува алтернативните транспортни средства со доделување еколошки бонуси за нивно купување. Оваа национална помош ќе биде продолжена до 2027 година. За набавка на нов или половен електричен велосипед еколошкиот бонус ќе изнесува најмногу 400 евра по велосипед, под услов да се исполнат условите за приход. Кога станува збор за товарен велосипед, електрични приколки за велосипеди или велосипед прилагоден за лица со ...

Мнозинството советници во општина Ѓорче Петров гласаа против единствената точка на дневен ред и со тоа не дозволија да се одржи третата вонредна седница на која требаше да се гласа за суспензија на Деталниот урбанистички план за Градска четврт C3 16, а на барање на една третина од советниците. ДУП-от што граѓаните на Ѓорче Петров не го одобруваат, а оспорен е и од соседната општина Карпош предвидува изградба на 50 згради и три индустриски ...

Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило. Акцијата за садење денеска се одвива на средишното и странично зеленило на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот „Обединети Нации“ до Центар. Од Град Скопје ...

Дрвја стари од 60 до 80 години се исечени на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, за што пред два дена беа приведени две лица. Од Национален парк „Шар Планина“ информираа дека станува збор за букови дрвја кои се наоѓале во зоната на активно управување во атарот на Бродец. -Местото каде се затекнати лицата е на катастарска парцела број 916, место викано Црни Врв, култура шума, сопственост на Република Северна Македонија. Според ...

Се што треба да знаете за миењето на косата на едно место Да се добие совршено чиста и сјајна коса е сон што многу луѓе го бараат. Како да ги одделите фактите од фикцијата кога станува збор за здрав скалп, добро измиена коса и генерално убави прамени? Експертите откриваат дека не е вистина дека косата треба двапати да се шампонира за да биде чиста. Тие посочуваат дека елементот за чистење на производот не може да работи одвоено од оние што ...

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична енергија, кој е поставен во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во населбата Тафталиџе 1. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода даде изјава за медиумите. – Локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување на енергетската ефикасност и независност, поставувајќи две фотоволтаични ...

„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и изразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лишување на лице од слободе кое беше облечено во маица идентитчна со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“ се вели во известувањето на САЕ-Тигар. Тие се револтирани што фотографиите од ваквото ...

Инспекторите од Пазарна инспекција забележале зголемување на цените кај дел од производите во дел од маркетите, откако заврши ограничувањето на цените на производите. „Јас она што го имам од утрово е дека дел ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат. Знам и дека снабдувачите на големо ги преправаат цените кон снабдувачите на мало. Со тоа што се очекува да се покачат цените, но затоа и кажав, повикувам на општествена одговорност од страна на ...

Министерот за правда беше во посета на својот колега во Турција и како што беше информирана јавноста, судската постапка е завршена и се чекаат административни документи да се завршат, изјави денеска заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, одговарајќи на прашање до каде е екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според Мадиќ, се очекува Палевски наскоро да ...

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар. Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил ...

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето – е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките. Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата – колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и ...

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март, ќе се вршат градежни работи на кружниот тек во Дебар Маало на улица Орце Николов, поради што во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Сообраќајот на потегот од улицата Коле Неделковски до улица Ленинова ќе се одвива во една насока. Од Центар апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот ...

Уметникот Филип Јовановски во интервју за Слободен печат зборуваше за неговиот проект „Градот како сцена“ со кој тој има настапено на последното издание на Млад отворен таетар. „Тој проект е некакво спојување на она што ми е интерес, а тоа е градот и театарот, затоа што доста сум се бавел и се бавам со сценографија и градот како сцена за мене е уметничко истражувачки процес кадешто ги спојувам проблемите на градот и кога тие можат да станат ...

Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој. -Во наредните денови, за време на викендот, ...

„Мирен и здодевен, а во текот на викендите град на духови во којшто ништо не се случува“, се зборувало за Луксембург којшто се нашол во друштво на неправедно занемарените дестинации. Меѓутоа, Луксембург не е само град за работниците во одела, место во кое секогаш нешто се работи, а никогаш луѓето не се забавуваат. Доволно е навечер да се упатите во некој од баровите во квартот Rives de Clausen каде може пријатно да ве изненади дозата ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале. Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип за ѓест пријавени и изгаснати пожари на отворено. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. ...

Дали се социоекономиските причини, дали е недостигот на граѓанство или нешто друго не можеме да знаеме, но едно е сигурно дека Скопје не произведува повеќе таканаречени „скопски фаци“. Граѓаните се „изгубени“ во потрага по таинствениот “скопска фаца” кој или која, изгледа, едноставно се изгубила. Дали станува збор за јавен феномен, нов моден тренд или преодна фаза граѓаните се запрашуваат каде отиде таа идентитетска ориентација која ја ...

Со старите пасоши не може никаде да се патува, со нив нема да остварите излез од државата оти тие не се во функција, рече заменик Министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. При денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, тој кажа дека има доволно обрасци за новите пасоши и никаде не се создава хаос. – Како што ја информиравме македонската јавност , стигнаа 50.000, па 20.000 обрасци, па 140.000 обрасци и доцна вечерва или ...

Советници од Советот на општина Ѓорче Петров собраа доволен број потписи и побараа одржување на трета вонредна седница на Советот со една предлог точка на дневен ред. Советниците бараат да се донесе одлука за суспендирање на делови од Деталниот урбанистички план СЗ 16 односно да не се градат предвидените висококатници. Овој ДУП беше донесен исто така на вонредна седница а со него се предвидува изградба на неколку висококатници во ...

Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од утре да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени. Ова се гледа од меил преписката што еден читател на 24инфо.мк ја имал со МКЦ. Токму роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ. Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на државната комисија за спречување на корупцијата во однос на ...

Експерт за домаќински трикови на TikTok ги сподели своите совети и трикови за тоа како правилно да го складирате лебот и да се осигурате дека ниту едно парче нема да пропадне. „Купив леб на пазар, а само неколку дена подоцна се појави мувла. Најдобар е свежо печен, но не трае долго. Еве како да го замрзнете и зачувате свежо печениот леб“, вели тој. Истакна дека е важно лебот да се олади пред многу цврсто да се завитка со најлонска фолија. ...

Пуштен во употреба пред речиси пет години Паркот Ибни Пајко, денес повеќе функционира како див паркинг отколку како парк. Десетици возила узурпираат пешачки патеки и зелени површини, луѓето тешко се движат а уште потешко можат да се рекреираат или да одморат на некоја од клупите. За луѓето кои работат во околината, ова е секојдневние, велат дека интервенциите на пајак службата последниве две години не се бројат ниту на прстите од една рака, а ...

Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на ...

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кој бара сериозен пристап од повеќе институции за да се намали и спречи, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој учествуваше на настанот “Дигитализацијата и сајбер безбедноста: сегашноста и иднината на учениците” организиран од „Аналитика Тинк Тенк“. Во оваа ера на технолошки развој кога младите уште од рана возраст имаат пристап до компјутери и мобилни телефони не само ...

Три вообичаени грешки при чистењето. Многумина при чистењето на домот не се свесни дека прават големи грешки, па не само што губат време, туку дозволуваат прашината и микробите да се задржуваат во домот. Една професионална хигиеничарка открива кои се најчестите грешки при чистењето, па ако сакате домот навистина да ви е чист, обратете внимание на овие совети. 1. Правосмукување во сите правци Оваа хириеничарка за чисти подови и теписи ...

Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на ...

Десетици клупи се однесени од патеките крај Вардар, со што му е нанесена огромна штета на Градот и на граѓаните на Скопје, а за тоа претседателот на Советот на Град Скопје, побарал информација од градоначалничката која не ја добил. Денешната седница на Советот почна токму со оваа информација, а како што појасни Трајко Славески, однесени се клупи од местата каде има пристап со возило до патеките. Тој вели дека од спротива има згради, па ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.75
99%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
994
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
89%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
89%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Калај

48.47

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Цинк

3.33