Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите поврзани со замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор, нагласува Делегацијата на Европската Унија во земјава за МИА. На прашањето за ставот на ЕУ во врска со предложените законски измени за продолжување на важноста на патните исправи до крајот на оваа година, кои се ставени на дневен ред денеска на 145. собраниска седница и ...

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада Ѓоко Велковски. На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите. -Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, ...

Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. – Во координација со јавен обивнител, СВР Охрид ги презеде сите неопходни мерки и при тоа нема основаност во добиените дојави, ...

Во 2024 година се навршуваат точно 65 години од отворањето на првата самопослуга во Скопје. Тоа е убав повод да се навратиме кон овој настан, кој многу генерации сѐ уште го паметат. Тоа не беше обичен настан, туку своевидна скопска сензација. Денес се отвораат многу трговски центри, со европско и светско реноме, но отворањето на ниту еден од нив не може да се спореди со возбудата што ја чувствуваа скопјани при отворањето на првата самопослуга ...

Поранешната мултимилионерка Кејтлин Пајл одлучила да го напушти својот луксузен начин на живот и да стане дигитален номад. Кејтлин има 36 години и до неодамна водеше компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредеше четири милиони долари, пишува New York Post. Таа тогаш живеела со својот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја издава својата палата со 18 соби, за ...

Теренските екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, продолжуваат со садење дабови садници на Водно. Садењето, кое како што велат од претпријатието е дел од активностите за пошумување на парк шумата Водно, се одвива на десната страна на патеката кон Марково Крувче на Средно Водно, а ќе продолжи наредниот период. Една од секојдневните активности кои се спроведуваат на Водно е и собирањето на смет и отпадоци. Идеално би било кога при посета на парк-шумата ...

Денеска од печат излегува поштенска марка „Деца со ретки болести – фенилкетонурија“, што претставува прва поштенска марка од ваков вид во светот. Поштенската марка е со номинална вредност од 36 денари и првпат се печати во Македонија во 6 илјади примероци. Станува збор за иницијатива на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ и претседателката Гордана Лолеска која е вработена во Македонска пошта. За поздравување е фактот што ...

Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка. Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од ...

Во многу продавници денес е тешко да се најде облека на чија етикета не пишува дека е направена од „рециклирани материјали“. Во колекцијата на H&M минатата година, на пример, 79 проценти од полиестерот беше од рециклирани материјали, а следната година компанијата има намера повторно да ги рециклира. Шведскиот гигант за брза мода за AFP изјави дека рециклираниот материјал ѝ овозможува на „индустријата да ја намали својата зависност од чист ...

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон деканот на градежниот факултет кажувајќи дека тој е она лице кое по пижами давал дијагностика за мостот Беласица. – Toj ли е истиот декан што од дома по пижами по телевизија даваше дијагностика на мостот, на тој мислите“ кажа Арсовска, каде веднаш потоа и беше сугерирано дека тој не давал за мостот дијагностика туку има кажано дека во Македонија не постои ...

Тешка сообраќајка се случи утрото на патот Кавадарци-Росоман. ТППЕ Кавадарци излезе на терен со 8 пожарникари, 2 возила за техничка интервенција и 1 амбулантно возило. -Три лица се повредени, од кои едно потешко. Двете лица се помлади на околу 23 години, едното повозрасно, информираат од ТППЕ Кавадарци. Регионалниот пат Кавадарци.Росоман, од седум часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти АМСМ. Сообраќајката се случила на ...

Изминатото деноноќие изгаснати се 11 пожари на отворено во државава. Пожарникарите истовремено гаснеле и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Од Регионалниот ЦУК Скопје информирале за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, од РЦУК Штип за шест, а од РЦУК Велес и РЦУК Куманово за по еден пријавен и изгаснат пожар на отворено. Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ...

Еден од уредите кои привлекоа најмногу внимание на Светскиот мобилен конгрес во Барселона е преносниот компјутер на Lenovo со проѕирен екран. Станува збор за концепт на производ, односно уред кој е направен за да се докаже дека е возмоѓно да се направи. Lenovo ThinkBook Transparent Display Laptop Concept има 17,3- инчен микро ЛЕД проѕирен екран. Екранот нема рабови, а уредот има и проѕирна тастатура и навидум изгледа како да лебди. Како што ...

Археолошкото место „Аквадукт“ кое се наоѓа во скопско Визбегово, станува дива депонија каде се расфрлуваат цели камиони со градежен шут, мебел и други предмети. Екипата на Градска редакција едвај пристапи до ова археолошко место па можете да замислите како би се чувствувал еден турист кога би посакал да го види. Инфраструктурата е за никаде, нема ни соодветен пат кој може да те носи до ова археложко значајно место за Скопје, освен тоа погледот е ...

Ова овошје само по себе не е идеален оброк, поради што најчесто се конзумира како ужина. За некои, бананите се идеална закуска која содржи доволно хранливи материи, додека други веруваат дека прејадувањето банани може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми. Значи, кому треба да му се верува? Вистина е дека бананите се многу здрави и одличен извор на хранливи материи како што се магнезиум, калциум, калиум, ...

По повод 8- ми Март, Меѓународниот ден на жената, Општина Велес ќе организира Базар на две локации во Младинскиот парк и на платотo пред Основниот суд. Сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица може да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар во приземјето на Општина Велес. Како што појаснуваат од Општина Велес, заинтересираните во барањето треба да наведат на која од двете локации, Младински парк или плато пред Основен суд ...

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани. Како што е наведено во Одлуката, по своите карактеристики „Обредните поворки со маски ...

Вработените на најстариот и најголем државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од овој месец ќе добиваат повисоки плати во просек за околу 22%, а ретроактивно ќе им се исплати и разликата за месец јануари. Со ова започнува исполнувањето на обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор на оваа високообразовна установа потпишан на 29.12.2022 година, а со примена од 1.1.2024 година. Вкупно 3.000 професори, ...

Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија но и рекордно инсталирани 600 мегавати од обновливи извори на енергија, рече Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ, во Дневник 1 на МРТВ. -За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори и практично ова е новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, но сега тоа не е струја од јаглен туку е ...

Експлоатацијата на различни материјали и нивната понатамошна употреба во економското производство има големо влијание врз создавањето на емисиите на стакленички гасови. За нивно намалување, во светот се промовира примената на циркуларната економија. И покрај ова, тој сè уште е недоволно застапен во националните политики и мерки за климата, според новиот брифинг на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Податоците од Меѓународниот панел за ...

Утре, на 28 февруари, во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), почнува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните претедателски и парламентарни избори. Како што беше речено на денешната седница на ДИК, увидот во Избирачкиот список ќе трае до 18 март, а освен во подрачните одделенија и канцеларии, може да се направи и преку веб страницата https://izbirackispisok.gov.mk/. Во подрачни одделенија ќе може ...

Барселона се наоѓа на крајбрежјето на Медитеранот на околу 120 километри од Пиринеите и се граничи со Франција, во долина која е опкружена со море на исток, планински венец на запад, на југ со реката Љобрегат, а на север со реката Бесос. Барселона е еден од главните европски и економски и туристички центри, со едно од главните медитерански пристаништа, а аеродромот во Барселона е втор по големина во Шпанија. Градот исто така е и важна туристичка ...

Цел март ќе се слави Франкофонијата во Скопје со филмови, концерти, со гастрономија, најавија денеска францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел. Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола. Отворањето е на 1 март со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“ на ...

Борбата на Германија да го реши недостигот од милиони квалификувани работници може да ја чини земјата како една од водечките економии во светот, доколку владата не преземе чекори наскоро, изјави денеска министерот за труд, Хубертус Хајл. „Ако сега не го решиме проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, тоа ќе стане главна пречка за растот во Германија“, рече Хајл на конференција во Берлин. „Секој ден е се поважно „сите луѓе кои ...

Авиобилетите во летните месеци во Европа најверојатно ќе поскапат и оваа година, според Рајанери до 10%, а причината се проблемите со авионите „боинг“ и „ербас“, пренесува БНР. Зголемувањето ќе дојде по наглиот раст на цената на летовите за одмор од пандемијата минатата година, кога големата побарувачка го надмина ограничениот капацитет на европските авиокомпании. Главниот извршен директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија, Мајкл О’Лири, ...

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Босна и Херцеговина (БиХ) со лични карти, соопшти дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по телефонскиот разговор што утрово го имал со министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, во кој разговарале за ова прашање. Информацијата Бојмацалиев ја сподели на својот официјален фејсбук-профил, а за истата содржина е објавена и на веб-страницата на Министерството за внатрешни ...

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е со поддршка на Град Скопје.Промоцијата е закажана за 6 март во 12 часот во Грдаската библиотека „Браќа Миладиновци“. Книгата излегува по повод 60 години од зачетокот на благородната идеја да се изгради сала или културен простор што ќе има универзално значење и функција, наменет за организирање разни манифестации, културно-уметнички и помали спортски настани. Универзалната сала е ...

Нов Зеланд го укинува првиот закон во светот за забрана на продажба на тутун за идните генерации, објави владата, иако научниците и активистите предупредуваат дека одлуката може да предизвика повеќе смртни случаи од пушење. Новите правила требаше да стапат на сила во јули. Тоа е најстрогиот закон против тутун во светот, со кој требаше да се забрани продажба на цигари на сите родени по 1 јануари 2009 година, да се намали содржината на никотин во ...

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Македонија со лична карта, соопштија од МВР. Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
70%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.86
91%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
79%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Кобалт

58.42

Бакар

10.95