Оштетен е преминот на реката Блашница поради надојдена вода, потврди денеска за МИА, Јован Златевски, советник во Совет на Општина Кавадарци, кој потекнува од овој крај. – Поради поголемо количество на вода што надошла во реката Блашница што се влева во Тиквешко Езеро, како резултат на врнежи од дожд и топење на снегови, оштетен е преминот преку реката Блашница, пред нејзиниот влив во езерото, рече Златевски. Тој нагласи дека за новонастанатиот ...

Цените на становите догодина ќе се стабилизираат, но нема да одат во надолна линија, предвидуваат градежниците. Тие се правдаат дека драстичниот скок на цените по метар квадратен се резултат на постковид кризата – зголемена инфлација, повисоки комуналии, зголемени трошоци за градба. Ниту Статистика, ниту Катастар од 2019 не ги следат цените на становите во државата. Еден квадратен метар стан во стара зграда е колку мои две месечни плати вели ...

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа тековнава учебна година средното обрзование го завршуваат 14 ученици, што е за три помалку споредено минатата. -Во нашата гимназија имаме 14 матуранти од нив еден е на македонски наставен јазик и е пријавен за полагање училишна матура. На турски наставен јазик се 13 од кои 10 се пријавени за полагање државна, додека тројца за училишна матура. Минатата учебна година средното образование го завршија 17 ученици, ...

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 52-годишен жител на Велешта за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност од член 304-г став 2 во врска со став 1 од Законот за здравствена заштита, соопшти денеска Јавното обвинителство. Осомничениот на 29 февруари физички нападнал медицинска сестра на Одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница ...

Санкционирани се 154 возачи во Скопје, од кои 25 за брзо возење, во контроли што вчера ги спровел Секторот за внатрешни работи Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени и 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен телефон при возење, по пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло и за некористење на сигурносен појас… -Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ...

Овој пијалак се консумира два пати дневно и го чисти вашиот организам за неверојатно брзо време. Пушењето е една од најштетните навики на човекот. Цигарите имаат негативен ефект врз сите органи во телото. Одредени здравствени состојби како бронхит и астма се тесно поврзани со пушењето цигари. Некои медицински стручњаци го препорачуваат овој пијалак кој ги намалува нус-појавите од пушењето цигари. Напитокот е природен и може да си го направите ...

Франција продолжува да ги поттикнува алтернативните транспортни средства со доделување еколошки бонуси за нивно купување. Оваа национална помош ќе биде продолжена до 2027 година. За набавка на нов или половен електричен велосипед еколошкиот бонус ќе изнесува најмногу 400 евра по велосипед, под услов да се исполнат условите за приход. Кога станува збор за товарен велосипед, електрични приколки за велосипеди или велосипед прилагоден за лица со ...

Мнозинството советници во општина Ѓорче Петров гласаа против единствената точка на дневен ред и со тоа не дозволија да се одржи третата вонредна седница на која требаше да се гласа за суспензија на Деталниот урбанистички план за Градска четврт C3 16, а на барање на една третина од советниците. ДУП-от што граѓаните на Ѓорче Петров не го одобруваат, а оспорен е и од соседната општина Карпош предвидува изградба на 50 згради и три индустриски ...

Со садење на над 2000 садници, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со вработените од Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, го одбележаа денот на градското јавно претпријатие кое континуирано работи на уредување на градското зеленило. Акцијата за садење денеска се одвива на средишното и странично зеленило на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот „Обединети Нации“ до Центар. Од Град Скопје ...

Дрвја стари од 60 до 80 години се исечени на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, за што пред два дена беа приведени две лица. Од Национален парк „Шар Планина“ информираа дека станува збор за букови дрвја кои се наоѓале во зоната на активно управување во атарот на Бродец. -Местото каде се затекнати лицата е на катастарска парцела број 916, место викано Црни Врв, култура шума, сопственост на Република Северна Македонија. Според зоните ...

Се што треба да знаете за миењето на косата на едно место Да се добие совршено чиста и сјајна коса е сон што многу луѓе го бараат. Како да ги одделите фактите од фикцијата кога станува збор за здрав скалп, добро измиена коса и генерално убави прамени? Експертите откриваат дека не е вистина дека косата треба двапати да се шампонира за да биде чиста. Тие посочуваат дека елементот за чистење на производот не може да работи одвоено од оние што ...

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична енергија, кој е поставен во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во населбата Тафталиџе 1. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода даде изјава за медиумите. – Локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување на енергетската ефикасност и независност, поставувајќи две фотоволтаични системи ...

„Припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица – Тигар се чувствуваат навредени и изразуваат револт за постапката на Единицата за интервентна полиција која на 28.02.2024 година при изведување на показна вежба презентираше лишување на лице од слободе кое беше облечено во маица идентитчна со маиците кои порано ги носеа припадниците на САЕ-Тигар“ се вели во известувањето на САЕ-Тигар. Тие се револтирани што фотографиите од ваквото апсење ...

Инспекторите од Пазарна инспекција забележале зголемување на цените кај дел од производите во дел од маркетите, откако заврши ограничувањето на цените на производите. „Јас она што го имам од утрово е дека дел ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат. Знам и дека снабдувачите на големо ги преправаат цените кон снабдувачите на мало. Со тоа што се очекува да се покачат цените, но затоа и кажав, повикувам на општествена одговорност од страна на ...

Министерот за правда беше во посета на својот колега во Турција и како што беше информирана јавноста, судската постапка е завршена и се чекаат административни документи да се завршат, изјави денеска заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, одговарајќи на прашање до каде е екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според Мадиќ, се очекува Палевски наскоро да ...

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар. Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и ...

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето – е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките. Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата – колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и ...

Општина Центар информира дека во текот на утрешниот ден, сабота, 2 март, ќе се вршат градежни работи на кружниот тек во Дебар Маало на улица Орце Николов, поради што во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Сообраќајот на потегот од улицата Коле Неделковски до улица Ленинова ќе се одвива во една насока. Од Центар апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај ...

Уметникот Филип Јовановски во интервју за Слободен печат зборуваше за неговиот проект „Градот како сцена“ со кој тој има настапено на последното издание на Млад отворен таетар. „Тој проект е некакво спојување на она што ми е интерес, а тоа е градот и театарот, затоа што доста сум се бавел и се бавам со сценографија и градот како сцена за мене е уметничко истражувачки процес кадешто ги спојувам проблемите на градот и кога тие можат да станат ...

Стабилното време изминатата седмица, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, придонесоа за пролетно будење на овошките. Според агрометеоролозите, најавените врнежи во наредните денови се од големо значење за земјоделските култури, но и за подготовка на почвата за садење, како и за успешно навлегување во посевите во период на пролетен развој. -Во наредните денови, за време на викендот, времето ...

„Мирен и здодевен, а во текот на викендите град на духови во којшто ништо не се случува“, се зборувало за Луксембург којшто се нашол во друштво на неправедно занемарените дестинации. Меѓутоа, Луксембург не е само град за работниците во одела, место во кое секогаш нешто се работи, а никогаш луѓето не се забавуваат. Доволно е навечер да се упатите во некој од баровите во квартот Rives de Clausen каде може пријатно да ве изненади дозата пулсирачка ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие, а пожарникарите сите ги изгаснале. Регионалниот ЦУК Скопје информира за три пријавени и изгаснати пожари на отворено, РЦУК Охрид за еден и Регионалниот ЦУК Штип за ѓест пријавени и изгаснати пожари на отворено. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (над 25 л/м2). Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. ...

Дали се социоекономиските причини, дали е недостигот на граѓанство или нешто друго не можеме да знаеме, но едно е сигурно дека Скопје не произведува повеќе таканаречени „скопски фаци“. Граѓаните се „изгубени“ во потрага по таинствениот “скопска фаца” кој или која, изгледа, едноставно се изгубила. Дали станува збор за јавен феномен, нов моден тренд или преодна фаза граѓаните се запрашуваат каде отиде таа идентитетска ориентација која ја ...

Со старите пасоши не може никаде да се патува, со нив нема да остварите излез од државата оти тие не се во функција, рече заменик Министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. При денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, тој кажа дека има доволно обрасци за новите пасоши и никаде не се создава хаос. – Како што ја информиравме македонската јавност , стигнаа 50.000, па 20.000 обрасци, па 140.000 обрасци и доцна вечерва или утре ...

Советници од Советот на општина Ѓорче Петров собраа доволен број потписи и побараа одржување на трета вонредна седница на Советот со една предлог точка на дневен ред. Советниците бараат да се донесе одлука за суспендирање на делови од Деталниот урбанистички план СЗ 16 односно да не се градат предвидените висококатници. Овој ДУП беше донесен исто така на вонредна седница а со него се предвидува изградба на неколку висококатници во централното ...

Актуелниот директор на Младинскиот културен центар Арбен Бени Шаќири решил од утре да ги откаже сите настани во МКЦ, вклучително и детски родендени. Ова се гледа од меил преписката што еден читател на 24инфо.мк ја имал со МКЦ. Токму роденденот на неговото дете е првиот откажан настан од страна на директорот на МКЦ. Во меилот како образложение за откажувањето се наведени директиви на државната комисија за спречување на корупцијата во однос на ...

Експерт за домаќински трикови на TikTok ги сподели своите совети и трикови за тоа како правилно да го складирате лебот и да се осигурате дека ниту едно парче нема да пропадне. „Купив леб на пазар, а само неколку дена подоцна се појави мувла. Најдобар е свежо печен, но не трае долго. Еве како да го замрзнете и зачувате свежо печениот леб“, вели тој. Истакна дека е важно лебот да се олади пред многу цврсто да се завитка со најлонска фолија. „Ако ...

Пуштен во употреба пред речиси пет години Паркот Ибни Пајко, денес повеќе функционира како див паркинг отколку како парк. Десетици возила узурпираат пешачки патеки и зелени површини, луѓето тешко се движат а уште потешко можат да се рекреираат или да одморат на некоја од клупите. За луѓето кои работат во околината, ова е секојдневние, велат дека интервенциите на пајак службата последниве две години не се бројат ниту на прстите од една рака, а ...

Поставена е мерна станица во дворот на Цементарница „Усје“, преку која жителите на Кисела Вода ќе имат увид во квалитетот на воздухот во близина на фабриката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека тие, како локална самоуправа прават сѐ што е во рамки на нивните ингеренции за на граѓаните да им обезбедат поквалитетен воздух и подобра еколошка средина. На потег се сега надлежните, односно неминовна е потребата од неселективен ангажман на ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Никел

473339.37