Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Ние Преспанскиот договор сме го преговарале во едни многу тешки услови по десетгодишен период на блокада и на штетни чекори од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, да не заборавиме оној процес со антиквизација, билдање на еден наратив кој што сосема не одговара на нашиот народ и дојдовме во ситуација во која во многу потешки услови моравме да постигнеме таков компромис, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за ...
Вечерашниот настап на полскиот метал бенд „HATE“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе помине без продажба на пијалаци. Откако новоназначениот директор на МКЦ, Бени Шаќири, не им ги продолжи договорите на 30-ина хонорарци, МКЦ се соочува со недостаток на кадар. Така, сега не работи бифето, а нема да работат ниту шанковите за издавање/надополнување картички и купување пијачки – бидејќи нема кој да стои од другата страна. Вечерва од 20 часот ...
Викендов, спокојниот пејзаж на езерото кај потпелистерското село Ротино се трансформираше во галерија под отворено за проектот “Are you ready for Pelister?”.Изложбата на фотографии „Визуелни приказни од Пелистер“, прикажа триесет селектирани фотографии кои ја доловуваат недопрената убавина на Пелистер, направени од десет талентирани битолски фотографи под менторство на Љубомир Стефанов, познатиот коавтор и режисер на документарниот филм ...
Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари. Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации. Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата ...
Од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави денеска за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје. На Универзитетска Клиника за детски болести во главниот град, моментално има само едно дете со голема кашлица. Станува збор за доенче од Куманово, примено на скопската Детска клиника во петокот, а неговата здравствена состојба е стабилна, ...
Додека вработените го собираат ѓубрето рачно, во ЈП Комуналец никој не ги поправа камионите кои се со механизација за собирање ѓубре низ скопските улици. Градска редакција обезбеди слики каде неколку месеци стојат пред гаражите на комуналец во Скопје и никој не се нафати да ги поправа за да бидат пуштени на терен, се со цел вработените особено во ноќните смени по хумано да го собират ѓубрето. Инаку Градска редакција пред извесно време алармираше ...
Зимата 2023-2024 година била најтоплата досега во Грција според прелиминарните податоци на службата за климатски промени на европската програма Коперник, кои ги анализира научниот тим на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува „Метео“, тримесечниот период декември 2023-февруари 2024 година во Грција се карактеризира со долги периоди со високи температурни вредности, кои далеку ги ...
Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи врвот Ухуру кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка. Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро. -Мира Симоновски, 74 годишен планинар од Делчево се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски, се вели во ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Сè уште активен е пожарот во општина Македонски Брод. Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод вчера во 18:10 часот имале пријавен пожар на отворен простор, високо во планина на месноста „Брајча“ меѓу селата Крушје и Томино Село, каде, како што се наведува, се претпоставува дека гори папрат и ниска вегетација. – Во текот на ...
Најновата студија објавена на „Лансет“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите – од пет до 19 години. Во Македонија, според информациите од Институтот за јавно здравје, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни, од 20 до 40 литри на метар квадратен, со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец од над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно, во ...
Сумата од 700 милиони евра потрошена на проектот Скопје 2014 воопшто не е за потценување, рече Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“. -Базата на податоци се потпира исклучиво на документи. Од 40 промовирани објекти ние документираме 137 објекти и оваа база во моментот кога сме престанале да ја полниме достигнува вредност од 684 ...
Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“, Марјан Забрчанец, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи се осврна и на проектот „ Скопје 2014“ оценувајќи го како физичка узурпација на градот и посочи дека во изминатиот период недостасуваше концептуална стратегија за справување со проектот но истакна дека има неколку жарчиња во ова време последно од ...
Проектот „Скопје 2014“ не беше популарен ниту во „најјакото“ време на ВМРО, со анкети што покажуваат дека голем дел од народот, беа против него рече Никола Наумовски во склоп на конференцијата „Антиквизацијска пропаганда“, одржана во Музејот на современа уметност, граѓанскиот активист и експерт за односи со јавност, кој го оспори проектот „Скопје 2014“ како вистински проект, укажувајќи на неговите фундаментални недостатоци. -Сите анкети кажуваа ...
Две психијатарки од битолската болница се степале на работното место, објави СВР Битола. Според билтенот на МВР, докторка од одделението за психијатрија при Клиничката болница Битола вчера била нападната од нејзина колешка, која исто така била специјалист психијатар. „На 1 март во 15.50 часот во СВР Битола, Т.Ч.И. (49) од Битола пријавила дека на работното место во Клиничка болница Битола била физички нападната од нејзината колешка Д.Т. од ...
Ако често патувате, можеби мислите дека веќе сте виделе многу. Не сме тука да ве разочараме, туку да ви покажеме места за кои многумина не можат да поверуваат дека вистински постојат. Многумина ќе се согласат дека фотографиите од локациите наликуваат на сцени од филмот Аватар. Некои пак ќе се согласат дека тие наликуваат како да се од друга планета слична на Змјата. Сепак, тие се дел од нашата планета и може да ги видите со свои очи. /Точка/ ...
Откако бевме сведоци на различни форми и бои, се со цел да се постигне 3D ефект и да се забави сообраќајот, сега можеме да видиме и полни црвени линии. Засега можете да ги видите само во Андалузија, на делот од државниот пат А-355 во Малага. Овој потег, во кој двојната полна бела линија е обоена во поширока црвена линија, доаѓа на иницијатива на владата на Андалузија. Имено, станува збор за делница во која само минатата година во сообраќајни ...
Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата Стево Пендаровски. – Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател, соопштија од кабинетот на Пендаровски. Во соопштението се ...
Соединетите Американски Држави ја спроведоа првата хуманитарна помош за Газа, со повеќе од 30.000 оброци поделени со падобрани со три воени авиони, пишува Би-би-си. Операцијата, спроведена заедно со воздухопловните сили на Јордан, беше првата од многуте што ги најави претседателот Џо Бајден. Првото американско воздушно пуштање на хуманитарна помош доаѓа откако висок американски функционер изјави дека рамката на договорот за шестнеделен прекин на ...
Кандидатите за претседател на државата од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стево Пендаровски денеска собираат потписи од граѓани. Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи, велат од ВМРО ДПМНЕ. Откако утрово беа ...
Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето – е всушност една од најважните нешта во корист на здравиот психофизички развој кај малечките. Испитувања спроведени од Националната детска болница во американската сојузна држава Охајо, покажуваат дека децата – колку повеќе се гушкани од родителите, толку се и попаметни. Имено, детето кое често добива прегратки е посреќно, позадоволно, посвесно за себе, па така е и ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја соселува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“. На годинашниот конкурс ...
Вкупниот број на претплатници на ТВ-услуги во вториот квартал од 2023 година изнесува 440.500 и споредено со претходниот квартал е намален за 0,40 проценти, а во однос на вториот квартал од 2022 година е зголемен за 1,10 проценти. Бројот на активни претплатници на кабелска телевизија во вториот квартал од 2023 година е намален за 2,44 проценти во однос на претходниот квартал додека во однос на вториот квартал од 2022 година може да се забележи ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Од УХМР најавија дека во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен ...
Граѓаните на Србија до Идентификациски број (ИД) на Отворен Балкан, кој им овозможува да користат услуги во рамките на иницијативата Отворен Балкан (ОБ), можат да пристапат преку порталот е-Управа. Граѓаните на Северна Македонија и Албанија го креираат својот ИД на Отворен Балкан преку нивниот национален портал за електронска управа, јави дописникот на МИА од Белград. „Од 5 март, преку порталот www.euprava.gov.rs, сите граѓани на Србија ќе можат ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ.(54) години од Велес одзела пари. Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес. Осомничената била задржана во полициска станица, бил известен ...
Сѐ повеќе луѓе премногу време поминуваат пред компјутер и гледајќи во телефон. Ако сте во таква ситуација правете чести паузи и гледајте во билки. Околу 80 отсто од луѓето кои поминуваат повеќе од три часа дневно пред компјутер мислат оти тоа им прави проблеми, а половина од нив велат дека тоа им штети на очите. Проблеми се сушење на очите, замагкување на погледот, главоболки, чувствителност на светло и замор. Она што е ефикасно е да направите ...
Стотици граѓани на општина Ѓорче Петров денеска напладне излегоа на протест против Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на десеттина згради дел од нив високи и над 20 ката. Од местото каде трева да се градат зградите учесниците на протестот порачаа дека Ѓорче Петров не може да си дозволи толкави габаритни градби на таков мал простор и побара ревидирање на целиот план и намалување на катноста. Инаку ...
Дека е зголемен бројот на туристи во Македонија па и во градот Скопје, говори и фактот дека се повеќе се отвораат продавници за сувенири. Тие најмногу ги има во Сатара скопска чаршија. Градска редакција реализираше разговор со Бурхан Али сопственик на продавница за сувенири во Старата скопска чаршија. Тој ни раскажа дека ова продавница ја отвори пред 10 години и со оваа продавница која има се и сешто за различни вкусови, од филџани за кафиња, ...
Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во ...