Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Традиционалниот карневал во Рио започна на 2 февруари и ќе трае до 17 февруари. Toa е „камбекот“ на добро познатата манифестација, која едни ја слават, а други остро критикуваат. Карневалот минатата година повторно се одржал по паузата поради пандемијата на Ковид-19, поради што фестивалот не бил организиран во 2020 и 2021 година, а во 2022 година бил одржан само за локалните жители и под одредени други ограничувања. Покрај славењето на враќањето ...
Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, ни потврдија од Министерство за култура. Таа на функцијата ќе го наследи Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор. Новото назначување доаѓа во време кога вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за итно разрешување на в.д. директорот Даниел Лазаровски поради како што соопштија, ...
Град Скопје со доспеани а неплатени обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 та се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови, голем број на Јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините. Порталб.мк ги рангира десетте најзадолжени општини и Јавни претпријатија. Вкупниот долг на општините скоро 59 000 000 евра … Во првите ...
Налепниците наменети за возилата со кратенка „НМК“ предизвика гужви пред станиците за технички прегледи ширум државата. Уште од петокот започна нивната распределба, но поради големиот наплив, дел од станиците останале без налепници и ги враќаат назад граѓаните кои дошле да подигнат. -Бидејќи бевме меѓу првите станици за технички преглед кои добија налепници „НМК“, истите беа потрошени во текот на вчерашниот ден и се уште немаме никаква ...
Протокот на возила на сите гранични премини на Република Северна Македонија со соседните држави се одвива нормално, без застој. Од полноќ возилата се пропуштаат според одредбата од Договорот од Преспа, со која престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат името на државата Република Македонија. Грчките погранични служби на граничниот премин Богородица-Евзони не им дозволиле влез на патници од нашата ...
Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во место од научнофантастичен филм – згради пловат во река, возови минуваат низ зградите. Но тука, тоа е сепак реалност. Чунгкинг се смета за еден од најлудите градови во светот. Тој привлекува внимание со своите футуристички карактеристики, но и по работите што се несвојствени за повеќето градови, на пример возовите кои поминуваат низ зградите… Ако некогаш го посетите ...
Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура, кој беше објавен на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. На конкурсот, апликација достави и Општина Велес. По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од ...
На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. На новинарско прашање Ковачевски рече дека досега се сменети над 1,2 милиони патни исправи и над 550 илјади сообраќајни и возачки дозволи, објаснувајќи дека на досегашната бројка на изаддени документи влијаела двегодишната пандемија со ...
Дрвена маса, дрвја и гранки го сопираат водотекот на вардар кај Јурумлери, на границата меѓу Општините Аеродром и Гази Баба. Доколку не се отстранат овие ѓубришта, можно е да доојде до поплавување на околното земјите сега, кога се очекуваат пролетни дождови предупредуваат од Центарот за управување со кризи. Известени се двете општнии и побарано е од нив да се зафатат со расчистување, затоа што насобраната маса врши притисок на столбовите на ...
Вчера во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 16 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Браќа Миладинови“ и „Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот И.М. од гостиварско Речане удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата ...
Напнатоста во односите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се намалува поради односот на Нетанјаху кон војната во Газа. Според извори на Ен-Би-Си, Бајден наводно три пати употребил остар и навредлив термин за лидерот на сојузничката земја. Од нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и почетокот на војната во Газа, Бајден се обиде да го убеди Израел да ја промени својата ...
Од 2015 година до сега, двојно се намалил бројот на превезени патници со автобус на меѓуградски релации. Нема автобуски линии што со години е проблем за граѓаните од внатрешноста. Пред крај на мандатот пратеници поднесоа законски измени на само еден член со кој се враќа јавниот автобуски превоз. Измена на само еден член од закон ќе го отвори патот за изнаоѓање решение за немањето јавен автобуски превоз од една општина до друга – проблем со кој ...
Загадувањето на воздухот отсекогаш било преокупација на државата и Скопје како главен град со најмногу жители, а државата преку свои политики потикнува да се зачува животната средина. Министерката за животна средина и планирање на животот Каја Шукова во интервју за Градска.мк вели дека загадувањето на воздухот најмногу доаѓа од домаќинствата. Таа вели дека како министерство потикнуваме на развој на гасоводната мрежа, и се повеќе поврзување на ...
Дивиот пешачки премин кај Бит пазар создава колони со возила во булеварот Крсте Петков- Мисирков, несигурност кај пешаците и хаос во тој дел од градот. Моментално и пешачкиот мост е затворен за поминување во двете страни на булеварот, на самите два влеза на мостот поставени се железни врати. Долго време никако да се најде решение за овој див премин, екс -градоначалникот Петре Шилегов се обиде со изградба на пешачкиот мост но изгледа и тоа не е ...
Во свет каде што поврзувањето на интернет за некои е исто толку важно како и дишењето, бавното вчитување на веб-содржини и слабите сигнали за Wi-Fi може да бидат исцрпувачки. Ако можете да добиете добра врска само со стоење блиску до вашиот рутер, еве неколку едноставни совети како да ја оптимизирате вашата мрежа и да го подобрите Wi-Fi сигналот во вашиот дом или работно место. Проверете ја брзината на интернетот Пред целосно да го обвините ...
Се уште има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд. Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација ...
За Универзална сала, првата фаза е веќе истендерирана и треба да се заврши. Сега ќе се истендерира и втората фаза. Обезбедивме финансии за три години и воедно ветивме дека за три години Универзална сала ќе биде готова, со клуч на рака, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24. Таа додаде дека помина долг пат во примопредавањето на документите, но процесот конечно заврши и кон ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а ...
Во декември 2023 година се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 401 489 илјади денари, што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за објекти од ...
Безмалку половината од 734.139 странски туристи кои лани дошле во Македонија престојувале во главниот град Скопје, покажуваат официјалните статистички податоци. А бројот на странски туристи лани пораснал за 37 отсто во однос на 2022 година. Конкретно и во декември лани, најновите податоци на ДЗС, покажуваат дека убедливо најголем број странци кои биле тука во декември како своја дестинација го одбрал главниот град Скопје. Инаку Скопје во ...
На социјалните мрежи кружи бизарна снимка од московската галерија, каде чувар се обидел да изеде уметничко дело. Oрганизаторите на изложбата за современа уметност во центарот ВДНКх минатата недела забележале дека на една од инсталациите му недостасува „главниот протагонист“ и веднаш ја прегледале снимката од безбедносните камери. Малку е да се каже дека биле шокирани од глетката. Уметничкото дело претставува сад со вода од коj ѕирка златна ...
Европската делегација со писмо најави суспензија на проектот за изградба на вело патеки во Битола, констатирајќи дека „прекуграничниот углед на проектот е сериозно нарушен“, со предупредување „ЕУ делегацијата размислува за суспендирање на договорот“. Од политички инает се поизвесно е дека пропаѓаат 400 илјади евра за вело патеките и не се само тие, туку и сѐ што остана да се реализира од целокупниот пограничен проект „Smart4You2“. Во исто време ...
Нова спортска сала во основното училиште во Хром, како и 42 милиони денари за реконструкција на улици и проектирање нова детска градинка во Даме Груев се само дел од проектите кои беа изгласани на денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров. Од Општината велат дека Советот позитивно се изјаснил за новите развојни проекти што треба да донесат значителни капитални чекори во општината. Освен тоа, на седницата се разгледаа и се изгласаа ...
Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии, соопштија од ЈСП. -Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ. Истовремено, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за ...
Како што откриваат новите податоци на Евростат, минатиот декември цената на пицата купена во ЕУ била во просек за 5,9 отсто повисока отколку во декември 2022 година. Меѓу земјите на ЕУ, највисока годишна инфлација на пицата во декември минатата година е забележана во Унгарија (13,4 отсто), потоа Луксембург (11,3) и Латвија (10,6), објави Даница хр. Хрватска е на шестото место по годишен раст на цените, кој изнесува 9 отсто. Во исто време, пад на ...
На 75 семејства со новороденчиња, жители на Општина Центар, денеска градоначалникот Горан Герасимовски им додели решенија за еднократна парична помош во износ од 7 илјади денари. Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, но пред вас има и многу предизвици. Токму затоа Општина Центар е тука да ви даде поддршка. И оваа година продолжуваме да доделуваме парична помош од по 7. 000 денари за секое новороденче, средства кои, се надевам, ќе бидат ...
Ако мислите дека само кога сте во авион ќе ги доживеете „немирите“ од турбуленции на висина од 9.000 метри, би се излажале. Ова може да се случи и додека сте во автобус на ЈСП во Скопје, односно 58-ца. Можеби нема да се плашите од турбуленции како да сте во авион, но тоа сигурно ќе ви го иритира желудникот. Да не зборуваме за нечистотијата во автобусот. Еден граѓанин испрати видео до редакцијата на Градска.мк од кое се добива впечаток дека ...
Возачките дозволи со старото уставно име на државата наместо до денеска, ќе продолжат да важат до крајот на годината, откако Собранието денеска ги усвои измените на Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Измените на законот беа предложени од група пратеници, а законот помина по скратена постапка. Претседателот на државата Стево Пендаровски сега треба да го потпише законот, па потоа тој да биде објавен во Службен весник по што ќе ...
На бројните атракции во Дубаи наскоро ќе биде додадена уште една – возење со летечки такси. Компанијата за развој на вакви авиони, Joby Aviation и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за лансирање на ваков авиопревоз и се договорија во наредните шест години над Дубаи да летаат само авионските такси на Joby. По првиот пилотски лет минатата година, Joby Aviation исто така одржа демонстрација на своите авиони и технологија во Њујорк. ...
Тројно е зголемен интересот за вакцинирање со вакцината ДиТеПер, вели д-р Сирма Кировска од поликлиниката „Идадија“. Ред се чека и во другите диспанзери – се ставаат пропуштени дози поради препораката невакцинирани деца да не се примаат во градинка. До 8 февруари имаше 22 случаи на голема кашлица. Ред се чека за вакцина против голема кашлица во поликлиниката „Идадија“ во центарот на Скопје, пет дена откако Комисијата за заразни болести ...