Откако објавија вест дека утре, на 11 февруари, ќе има прекин во водоснабдувањето низ цело Скопје, сега Водовод и Канализација го избриша соопштението кое првично беше објавено на Фејсбук. Засега нема официјална информација дали останува најавата или пак се работело за грешка или недоразбирање. Потсетуваме, во првичното известување, Водовод и Канализација извести дека прекин на водоснабдување или значително намален притисок во водоводните ...

Недостигот од занаетчии го зафати цел Балкан и барањето на квалитетен мајстор е како барање игла во пласт сено. Ако ви се посреќи и најдете мајстор бидете подготвени за нивната работа да платите многу висока цена. Меѓу овие занаети се издвојува онаа каде што месечната заработка, и покрај моменталните услови, оди и до неколку илјади евра, а тоа се заварувачи. Кога ќе ги погледнеме тековните огласи за вработување, отворени се десетици позиции за ...

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за бројни закани од поединци и структури „кои имаат корени од официјален Белград“, објави денеска РТК и додава дека има информации за обид за атентат врз Курти. „Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозено, но видов дека има многу полициски сили кои беа загрижени за средбата што ја одржавме на која ...

Пензионер лажел дека е слеп 34 години за да добие инвалидска пензија! Ќе треба да и врати се на државата. Пензионерот е од Пиемонт е осомничен дека долги години се преправал дека е слеп и незаконски добивал инвалидска помош! Тој сега има 84 години и бил фатен во невидена измама кога полицијата открила дека тој сам се шетал по улица без слепо помагало и читал погребни плакати, но и вадел пари од банкомат. Истрагата започнала пред неколку месеци ...

Кога ќе помислиме на туристички град во кој се е брзо на памет ни паѓаат Лондон, Париз или Бангкок, на пример. Меѓутоа, ниеден од тие светски центри не е на прво место на листата со најпосетени градови за 2023 година според Euromonitor International. Истанбул се најде на чело на листата, како најпосетен град во светот за минатата година. Оваа економска и културна престолнина на Турција во 2023 година пречекала 20,2 милиони посетители, а за 2024 ...

Вториов викенд од месецов на граничниот премин „Меџитлија“, рампите на излез од земјава речиси и да не мируваат. Од полициската станица, велат дека за неколкупати и зголемен протокот на возила на излез во однос на влез. Зголемената проток на луѓе и возила се чувствува уште од вчера попладне. Во зависност од гужвата, велат се активираат и излезните рампи. Викенд прошетките до Грција не се ништо ново но овојпат дополнителен мотив е да се искористи ...

Бездомните кучиња секојдневен проблем на скопјани, се повеќе стануваат побројни. Решението за бездомните кучиња граѓаните го гледаат во нивното организирање преку стационар, да се покрене совеста на сопствениците на миленичиња и соодветно третирање. Во анкетата која ја реализираше Градска редакција граѓаните велат дека и кучињата имаат душа и треба да се третираат хумано како суштества.Тие велат дека во последно време во Скопје ги има многу, ...

Советот на Општина Центар на го усвои новиот Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 21 – локалитет Геолошки завод и локалитет Клинички блок, кој предвидува повеќе зеленило, проширување на пристапните и внатрешните улици со тротоари, детска градинка и 600 нови паркинг места за посетителите на Клинички центар. Од Општина Центар соопштуваат дека во рамки на усвоениот ДУП планиран е и нов локален парк на површина од 1013 метри квадратни, а ...

Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него“ изјави вицепремиерот за европски прашања ...

Додека прашањето за воведување четиридневна работна недела тивко навлегува во секојдневните дискусии во Србија, оваа практика стапи на сила во Германија. Во рамки на шестмесечната програма, која започна на 1 февруари, вработените во 45 германски компании ќе добијат уште еден слободен ден со целосна плата. Поддржувачите на предлогот се надеваат дека ќе ги направи работниците посреќни и поефикасни во време кога во оваа земја има недостиг на ...

Во пресрет на утрешниот јубилеј 60 години постоење, Музејот на современа уметност – Скопје денеска на матине ексклузивно ќе го изложи уметничкото дело „Доблест во нужност“ на Џанфранко Барукело, ќе промовира нов број од списанието „Големото стакло“ и ќе организира стручно водење низ тековните музејски поставки. МСУ соопшти дека делото на познатиот италијански уметник Барукело (1924 – 2023) го изложува првпат по 35 години. Тоа е дел од уникатната ...

Неделава, повикувајќи се на трудот објавен неодамна во Nature Physics, хрватски Клик извести дека научниците откриле докази за патување низ времето. Но, пред да почнете да ги барате временските патници во вашето опкружување, има една “разочарувачка” страна од веста – во основа истражувањето ја исклучува можноста (барем засега) дека некој некогаш да патува назад во времето. Но, иако во макросветот времето во вселената тече само во една насока, на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер ...

Навивачите на Евертон добија можност да „ѕирнат“ во внатрешноста на новиот клупски стадион, кој ќе биде готов следната година, а кој со нетрпение го очекуваат фановите ширум Англија. Стадионот на речните докови е целосно изграден, а моментално се работи на неговата внатрешност. Евертон на тој начин ќе го замени својот досегашен Гудисон парк со најмодерниот стадион во Англија, на брегот на реката Мерси, што му дава дополнителен шарм на ...

Компанијата Coca-Cola започна еколошки тест на пазарот во Велика Британија, така што привремено ќе ги отстрани етикетите од шишињата на пијалакот Sprite. Се работи за дел од пробната иницијатива чија цел е да го поедностави рециклирањето и да ја намали количината на материјал што се користи за пакување. Новите амбалажи од 500 милилитри ќе го вклучуваат логото на брендот, изведено во релјеф на предната страна од пластичните шишиња. На задната ...

Оптшина Кочани од сопствениот буџет ќе издвои 1,9 милиони денари за субвенционирање на 50 отсто од цената на билетот за јавниот градски превоз на патници. Финансиското учество во трошоците ќе се реализира во наредните две години, а во тек е постапката за избор на давател на услугата кој ќе ја одржува линијата број 8. Согласност на одлуката за висината на субвенционирањето даде Советот на Општината, со што на секои 10 денари што ќе ги плати ...

Започнувајќи од понеделник, па се до исцрпување на средствата за кастрација и стерилизација на бездомни мачки, Општина Карпош финансиски ја поддржува оваа акција која ќе се спроведе на нејзината територија. Ветеринарната амбуланта „Др. Виктор Груев ДВМ ДР. Јасминка ван дер Филер ДВМ“, во соработка со ЗЗЖ „Феникс петс“ Скопје, ќе вршат бесплатна стерилизација и кастрација на бездомни мачки. Предвидено е оваа акција да се изврши на околу 150 ...

Учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип ќе добиваат бесплатен топол оброк, соопшти денеска градоначалникот Драган Анастасов. Посочи дека проектот, кој е во рамки на социјалните мерки за 2024 што ги усвои Општината, започна со реализација овој месец, и како што рече, позитивно е прифатен од учениците и родителите. – Оваа мерка се воведува по проектот за обезбедување на бесплатни униформи за сите учесници во основните ...

Вработените во ЈП „Лајка“ ги повикуваат граѓаните утрешниот ден да го искористат за да го посетат стационарот, доколку сакаат да си вдомат миленик. Моментално таму се згрижени 105 кучиња подготвени да добијат дом, љубов и семејство, чие вдомување е сосема бесплатно. Оттаму објаснуваат дека многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто тие се на улица, а најголемата причина за тоа е човечкиот фактор, ...

Финер сега ќе ја евидентира тежината на своите патници како дел од своите „пресметки за рамнотежа на авионите, објави То Вима. Авиокомпанијата бара од патниците да се измерат со рачниот багаж на портата на поаѓање за да може авиокомпанијата да ја евидентира просечната тежина како што бара управата за цивилно воздухопловство. „Ние ги користиме податоците за мерење за просечните пресметки потребни за безбедно спроведување летови, а собраните ...

Американската Федерална комисија за комуникации (ФКК) забрани роботски повици до граѓаните, што содржат човечки гласови создадени со вештачка интелигенција (ВИ). Тоа значи дека нема да се толерира искористувањето на оваа технологија заради измама. Оваа едногласна одлука на ФКК се однесува на тн. „робоповици“ засновани на ВИ за пресоздавање гласови од познати или непознати личности. Според Законот, телефонските оператори не смеат да користат ...

Родителите поитаа да ги вакцинираат децата по најавите дека ќе биде прогласена епидемија поради растот на заболените од голема кашлица. Поради голем интерес, вакциналните пунктови ќе почнат да работат во две смени. Од Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје информираа дека од изутрината е зголемен интересот за вакцинација. До 11 часот вакцинирани се околу 60 деца, кои ги пропуштиле дозите од редовната вакцина. Пред сѐ станува збор за деца над ...

Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е алармантна затоа што отпадот се забележува на сите страни. – Има појава, одат од градот за нагоре и ...

Невообичаено благата зима и суша ги уништуваат посевите и ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците во Италија, предупреди водечкото земјоделско лоби Колдирети. Зимата беше исклучително блага низ јужна Европа. Шпанија го забележа најтоплиот јануари во историјата на мерењата, што следеше по долготрајната суша во Каталонија и Андалузија, пренесува Ројтерс. Топлата зима предизвика мешаница во природата, предупреди здружението на италијански ...

Во Министерството за економија, но во извештаите од пазарните инспектори нема поплаки за зголемени цени на белите печива, порача министерот за економија Крешник Бектеши, прашан дали во целост се почитуваат замрзнатите цени и дали е запознат со податокот дека и покрај тоа што и брашното е во групата на замрзнати производи, граѓаните реагираат дека има зголемување на цените на белите печива? – Кај нас нема такви поплаки, а такво нешто не сум видел ...

Цените на какаото се искачија на највисоко ниво на сите времиња оваа недела. Лошите временски услови негативно влијаат на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство. Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од почетокот на годината до денес, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња во текот на денот од 5.874 долари за метрички ...

Повозрасен велосипедист е тешко повреден откакако бил прегазен во скопско. – На 08.02.2024 во 12.00 часот било пријавено дека во с.Марино-скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, соопшти полицијата во ...

Сепак има надеж за некои стари занаети во Старата скопска чаршија, неколкуте работилници за ковање, околу пет колку ги имаше на број сепак имаат работа и секој дневно кај нив се појавуваат муштерии кои бараат да им се поправа некое парче железо или пак бараат алати за работни. Занаетот на ковачите која со години се врши во една од уличките на Старата скопска чаршија, уште е живо и железото се калаисува и се обработува, еден од тие кои уште го ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имал состанок со сите вработени во нашите 60 дипломатски преставништва во странство за да се мобилизираат и да им излезат во пресрет на тие што ќе се најдат затечени во странство по 12 фебруари. Според Османи во нашите преставништва има зголемен притисок за издавање пасоши поради паниката предизвикана од шпекулациите дека нашите иселеници таму ако останат со невалидни пасоши можат да изгубат работни ...

Во земјава досега се евидентирани 22 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје. Од Министерството за труд вчера најавија дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките во Скопје дали децата се вакцинирани со вакцината ДТП за заштита од големата кашлица. Здравствените власти периодов апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себеси и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис, попознат во јавноста како голема или магарешка кашлица. ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
6.69
74%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.2
92%
1018
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.44
95%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
7.72
90%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.69
88%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Цинк

3.22

Паладиум

46361.38

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Алуминиум

2.91

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44