Garena Free Fire најави глобална соработка со славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, а новиот лик основан според него веројатно ќе биде претставен на 19 декември. Роналдо ќе биде лик во Free Fire, со цел универзум изграден околу него. Garena Free Fire е акционо-авантуристичка мобилна игра, развиена од 111 Dots Studio. Истата стана најмногу преземана мобилна игра на глобално ниво во 2019 година, а доби и награда за „Најдобра популарна ...

Hi-Fi слушалките, FreeBuds Studio, дел од новата премиум аудио колекција на Huawei, веќе се достапни на македонскиот пазар, во продажната мрежа на Сетек, по цена од 15,999 денари. Најавени пред еден месец на глобалната премиера на Mate 40 серијата, заедно со паметните очила Huawei x Gentle Monster Eyewear II, тие обезбедуваат аудио со висока фреквенција до 48kHz и висока резолуција, интелигентно динамично намалување на активната бучава (ANC), ...

Facebook соопшти дека ќе ги блокира лажните и научно неиздржани тврдења за вакцината против COVID-19. Станува збор за проширување на постојните правила на компанијата против дезинформации за пандемијата. Facebook се одлучи на овој чекор по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми. Како што наведуваат, идеолошки различни групи ширеа дезинформации за вакцините на социјалните ...

Pornhub направи значителни промени кои се однесуваат на политиката за содржини откако во колумна на New York Times беа документирани илјадници порнографски содржини меѓу кои и за силување и сексуално малтретирање малолетници... Од Pornhub најавија низа промени кои значително ќе влијаат на спречувањето несогласно поставување видео содржини на нивните сервиси и ветија подобра контрола на содржините. Корисниците на овие услуги повеќе нема да ...

Веќе е добропознато дека дечките од YouTube каналот Howfinity секогаш имаат корисни совети за вас. Во новото видео ќе ви покажат како да ја користите опцијата Watch Together на Messenger. Со помош на оваа опција може да гледате видеа заедно со вашите пријатели, но ако не знаете како да ја користите, погледнете го видеото. Извор: kajgana.com Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи ...

Покрај премиум смартфоните, оваа година Samsung реши да посвети големо внимание и на своите уреди од средна класа. Компанијата претстави неколку вакви телефони, меѓу кои еден од најпривлечните е Galaxy A50: Galaxy A50 нуди низа моќни спецификации, и покрај тоа што е уред од средната класа. Во однос на изгледот, уредот доаѓа со добро познатиот дизајн на A серијата. Станува збор за голем, 6.4 инчен панел на предната страна, со резолуција од ...

Во повеќето случаи, Google е пребарувач што може да биде многу корисен за наоѓање на нешто што ви треба. Сепак, понекогаш може да работи против вас. Прочитајте кои пет работи никогаш не треба да ги пребарувате. Фурние (Fournier) Иако ова е презимето на НБА кошаркарот Еван Фурние, не треба да го пребарувате овој збор без името пред него. Неговото презиме е стар француски збор за пекар, но и назив за вид гангрена која ги зафаќа гениталиите – не ...

Кинескиот гигант Huawei за првпат лансира серија на лаптоп уреди под брендот Matebook. Станува збор за четири нови модели, од кои добивме шанса да рецензираме еден од нив... Како што рековме, станува збор за четири различни модели - Matebook D14 и Matebook D15 се сметаат за модели од среден ценовен опсег, додека Matebook X Pro дефинитивно импресионираше со своите моќни перформанси. Уште еден лаптоп кој дефинитивно го привлече нашето внимание е ...

Деновиве ја имавме честа да го тестираме новиот Galaxy S10 Plus и сите негови уникатни карактеристики. Ова е нашето мислење: Дизајн Почнувајќи од дизајнот, Galaxy S10 Plus нуди стаклена конструкција и на задната и на предната страна, заштитена со Gorilla Glass 6. Сето тоа е придружено од алуминиумска рамка. Истовремено, на предната страна се наоѓа голем, 6.4 инчен дисплеј, со резолуција од 1440 x 3040 пиксели, дупка за селфи камерите и 19:9 ...

Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на Pfizer/BioNtech против COVID-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Pfizer. „Важно е да се напомене дека ниту системот на BioNtech, ниту на Pfizer не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани“, се вели во соопштението на Pfizer. „Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме ...

Huawei неодамна го претстави новиот уред во буџетски-пријателската Y серија - Huawei Y7 Pro (2019). Да погледнеме што нуди: Од поистакнатите спецификации, Y7 Pro нуди голем дисплеј, голема батерија и пристојно ниво на RAM и ROM меморија. Телефонот го добивме на тестирање од нашите пријатели во Ledikom.mk - каде може да го најдете на продажба за 12,290 денари. Почнувајќи од дизајнот, Y7 Pro 2019 и Y9 2019, кој беше претставен минатата година, ...

За 2019-та година, Huawei P30 е еден од смартфоните со највозбудливи спецификации, особено во однос на камерите. Токму затоа, со големо нетрпени и вобзуда чекавме да ги тестираме неговите перфоманси. Ова се резултатите: Дизајн Од P30, ја добивме Saphire Crystal верзијата, која изгледа уште подобро од што изгледа на фотографиите. Станува збор за бисерна нијанса, која како што го мрдате уредот менува боја и изгледа неверојатно. Екранот е одличен ...

iOS 14 е новиот update за iPhone уредите, чија бета верзија е веќе достапна за симнување.. Секој кој сака може да ја испроба бета верзијата на iOS 14 и им дава на корисниците поглед кон новиот софтвер кој ќе биде достапен во септември, истовремено си iPhone 12 серијата. Но, како и со секоја бета програма, iOS 14 може да има неколку потенцијални проблеми поради кои корисниците би сакале да ја деинсталираат. 1. Со цел да го деинсталирате iOS 14 ...

Време е за уште една фото битка! Овој пат станува збор за фото битка меѓу Moto Z4 на Motorola и Pixel 3a XL на Google. На кратко, Z4 доаѓа со главна камера од 48 мегапиксели придружена од Dual Led блиц, како и селфи камера од 25 мегапиксели. Од друга страна, Pixel 3a XL доаѓа со главна камера од 12.2 мегапиксели, истотака придружена од Dual Led блиц и селфи камера од 8 мегапиксели. Ова се резултатите: сцена 1 Moto Z4 Pixel 3a XL сцена 2 ...

Apple ќе претстави нови, интересни емотикони за корисниците на нивните уреди. Од Apple најавија дека направиле нови емотикони кои за кратко време ќе бидат достапни за корисниците на iOS оперативниот систем. Гнездо, нинџа, бумеранг, срце се само некои од новите емотикони. Можно e да воведат уште повеќе нови емотикони, меѓутоа не се знае точниот датум кога ќе бидат претставени. Се претпоставува дека дел од нив ќе биде пристигнат наесен со ...

На YouTube каналот на Howfinity ќе ви покажат како да го инсталирате новиот оперативен систем едноставно и лесно. Оперативниот систем iOS 14 public beta е достапен и бесплатен, но најпрво проверете дали може да го инсталирате на вашиот iPhone. Извор: kajgana.com Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука. ...

Apple го пушти новиот iOS 14 софтвер на сите поддржани iPhone уреди. Откако ги претстави трите Apple Watch рачни часовници, iPad таблетот и A14 Bionic чипсетот, компанијата конечно го пушти и iOS 14 на сите поддржани уреди. Ажурирањето ќе го добијат сите iPhone телефони кои го поддржуваа и iOS 13. Тоа значи дека и iPhone SE, кој е стар повеќе од четири години, ќе го добие најновиот софтвер, како и iPhone 6S и неговата серија, која во моментов е ...

Конечно пристигна новата верзија на Android, но засега ќе биде достапен само за неколку модели. Листата на уреди за кои е достапен новиот оперативен систем Android 11: Google Pixel: Google Pixel 2, Google Pixel 2 XL, Google Pixel 3, Google Pixel 3 XL, Google Pixel 3a, Google Pixel 3a XL, Google Pixel 4, Google Pixel 4 XL, and Google Pixel 4a ASUS ZenFone 6 OnePlus: OnePlus 8, OnePlus 8 Pro Oppo: Oppo Find X2 (Global ROM i China ROM), Oppo Find ...

Apple неделава го пушти новиот iOS 14 софтвер на сите поддржани iPhone уреди. Ажурирањето го добија сите iPhone телефони кои го поддржуваа и iOS 13. Тоа значи дека и iPhone SE, кој е стар повеќе од четири години, го доби најновиот софтвер, како и iPhone 6S и неговата серија, која во моментов е постара од пет години. Howfinity состави топ 5 од најдобрите новитети во ажурираниот iOS 14 за iPhone. Извор: kajgana.com Преземањето на овој текст или ...

Во февруари возбудата беше голема околу претставувањето на Motorola RAZR. За жал, оваа возбуда брзо исчезна поради две работи - високата цена и претставувањето на Galaxy Z Flip.. RAZR е телефон од средна класа со голема историја и носталгија која ја буди меѓу фановите. Оригиналниот RAZR V3 беше продаден во 130 милиони единици во периодот од 2004 до 2008 година и беше еден од најпопуларните телефони за тоа време. Токму затоа, многумина беа ...

Најчестата поплака за ефикасноста на смартфоните е во врска со траењето на батеријата. По некое време, корисниците почнуваат да се жалат дека батеријата на нивниот телефон трае пократко отколку кога го купиле, дека некои апликации трошат премногу електрична енергија и дека не се задоволни од уредот затоа што тој „пребрзо се исклучува“. Решението за овој проблем лежи во неколку многу едноставни потези во однос на навиките на корисникот, како и ...

Android 11 официјално беше пуштен на 8 септември како 18-та верзија на Android мобилниот оперативен систем. Засега ќе биде достапен на следните модели: Google Pixel: Google Pixel 2, Google Pixel 2 XL, Google Pixel 3, Google Pixel 3 XL, Google Pixel 3a, Google Pixel 3a XL, Google Pixel 4, Google Pixel 4 XL, and Google Pixel 4a OnePlus: OnePlus 8, OnePlus 8 Pro Oppo: Oppo Find X2 (Global ROM i China ROM), Oppo Find X2 Pro (Global ROM i China ...

Корисниците на постари телефони со Android оперативен систем често имаат проблеми затоа што нивните уреди се премногу застарени за некои услуги. Од септември 2021 година, голем број веб-страници нема да можат да се отвораат на смартфони со оперативен систем Android 7.1 Nougat или постар од него. Причината за ова е дигиталната верификација. Регулаторот за издавање дигитални сертификати, Lеt's Encrypt, долго време издаваше дигитален документ со ...

Смартфоните Samsung Galaxy Note 20 5G и Z Flip 5G сега се достапни во нови бои. Note 20 е достапен во црвена, а Z Flip во бела боја. Од Samsung ќе продадат само ограничен број на уреди во овие две бои, а нема промена на цената ниту на спецификациите. Note 20 и Z Flip cе достапни во бакарна, зелена и сива, a сега и во црвена и бела боја. Се шпекулира дека наредната година нема да биде претставен нов Note модел и дека Samsung ќе престане да го ...

Брендот на Xiaomi пред неколку дена го претстави новиот евтин смартфон Poco M3. Poco M3 кој има одлични спецификации ако се земе предвид неговата цена. Уредот доби 6,53-инчен 1080p LCD екран со фреквенција на освежување од 60 Hz и селфи камера од 8 MP. Уредот доби Qualcomm Snapdragon 662 процесор и 4 GB RAM. Го напојува батерија од 6.000 mAh, а достапен е со верзии од 64 и 128 GB интерна меморија. Главната камера има 48 MP, а макро камерата и ...

Xiaomi неодамна ја претстави Mi 10T серијата. Трите модели од Mi 10T серијата – Mi 10T Pro, Mi 10T и Mi 10T Lite се спој од врвни камери, AdaptiveSync екрани, моќен процесор и одлична батерија. Mi 10 Lite е опремен со 4 камери- главна камера од 64 MP , ултраширока камера од 8 MP, макро камера од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 16 MP. Новиот модел има фреквенција на освежување на екранот од 120 Hz и oпција Reading mode 3.0 ...

Google Pixel 5 беше најавен пред само некое време, но првите информации за неговиот следбеник веќе се појавија.. Цената на Pixel 6 е можеби најинтересниот дел. Со Pixel 4 и Pixel 4 XL, Google реши да најави флегшип цени, околу 999 долари. Потоа, со Pixel 5 компанијата се врати еден чекор назад и Pixel 5 дојде како уред од средна класа со цена од 699 долари. Затоа, кај Pixel 6 има две опции. Google можеби ќе сака да се врати кон премиум ...

Доколку сакате да го добиете целоснот iPhone 12 искуство, овие совети и трикови ќе ви помогнат во тоа: Да почнеме со основите, па потоа ќе преминеме во поинтересните карактеристики: Брз пристап до камерата Spotlight Search Користете стандарден формат како JPEG Full-page screenshot Siri акцент AR Measure апликација Како да скриете слика? Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ ...

Од денес, најновиот и најмоќен предводник на Huawei до сега - Mate 40 Pro, е достапен на македонскиот пазар, во продажните места на Македонски Телеком, по цена од 64,990 денари. HUAWEI Mate 40 Pro се базира на Kirin 9000 чипсет од 5-нанометри со интегрирана 5G конекција, Ultra Vision Cine камера, 90Hz OLED дисплеј, жично 66W и 50W безжично полнење и впечатлив Space Ring дизајн. „Серијата „Mate“има многу обожаватели во нашата земја. Таа е израз ...

Покрај Pro верзиите кои OnePlus започна да ги претставува пред година дена за своите смартфони, сега компанијата планира да ја прошири оваа стратегија... Покрај OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro, деновиве се појавија информации од типстерот Max Jambor за мистериозен флегшип кој ќе биде дел од OnePlus 9 серијата и е познат како OnePlus 9E. Во моментот е познато само име на уредот, но неговите спецификации сеуште не се споделени. Најверојатно ќе станува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1022
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
3.6
93%
1024
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -3ᴼ
1.54
88%
1025
weather icon

Софија

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
91%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
4.32
68%
1021
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
0.51
91%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1011
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
42%
1017
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -3ᴼ
1.03
91%
1020
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
11.32
73%
1022
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
87%
1018
Currency

61.525

Currency

59.9831

Currency

73.2484

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.58149

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.6959

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $