![weather icon](/images/icons/weather_04n.png)
Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
![](/img/icon_wind.png)
![](/img/icon_humidity.png)
![](/img/icon_air_pressure.png)
Рускиот ракометен интеранционалец Глеб Калараш одлучи да остане во редовите на сеуште актуелниот македонски, регионални и европски првак Вардар до крајот на договорот кој му завршува во 2021 година. Како ново име во таборот на „црвено-црните“ е голманот Робин Кантегрел од Франција. Кантегрел (25 г.) во Скопје доаѓа од екипата на Сесоњ Рен и со Борко Ристовски и Марко Кизиќ ќе ја сочинува голманска тројка во новата сезона. Претходно Вардар се ...
За следната сезона на пикерската позиција во Вардар ќе игра словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21). Договорот со него е потпишан на една сезона, со можност истата соработка да продолжи уште две сезони. За 202 см високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе му биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин. Во кариерата Сикошек ...
Составот на Вардар за новата сезона ќе биде засилен со доаѓањето на бразилскиот интернационалец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). Тој потпиша двегодишен договор со европскиот првак Вардар, а игра на позицијата десен бек. Роден во Сао Паоло, висок 193 см и тежок 100 кг. Толедо треба да му биде колега на Даинис Криштопанс на десната бековска страна. Толедо е репрезентативец на Бразил, и има освоени златен (216) и сребрен (2018) медал од Пан ...
Вардар непосредно пред тргнувањето за Келн ги промовираше новите дресови, кои им донесоа среќа на ракометарите на македонскиот првак. Нормално е што по европската круна фан-шопот на „вардарци“ беше преполн со фанови, па од таборот на „црвено-црните“ утрово се пофалија дека сите залихи од новите дресови се експресно распродадени. Секој сака да биде шампион во нешто, а ако веќе не може, барем да има шампионски дрес. „Црвено-црната“ треска ...
По големиот успех и фантастичниот пречек на скопскиот плоштад, на својот Фејсбук профил се огласи капитенот на ракометарите на Вардар, Стојанче Стоилов. “За сите вас кои вчера чекавте, чекавте и не дочекавте да ја прославивме втората ЕХФ Цхампионс Леагуе титула! За ова чудо од клуб РК Вардар! За Саздо и Комити Скопје кои никогаш не не оставија и до крај веруваа во нас! За цел Балкан, за Македонија, за Скопје и за сите македонски градови и села! ...
Успехот од Келн на новиот европски ракометен првак Вардар му носи најмалку 1.5 милион евра во клупската каса. Тоа се пари што ќе ги добие како награда од дражавата и Европската ракометна федерација (ЕХФ), а допрва треба да ги заработи парите од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Вардар со победата во финалето обезбеди учество на Супер Глоуб 2019, првиот турнир од оваа серија што нема да се игра во Катар туку во С. Арабија. Таму ...
Сопственикот на Вардар, кој неодамна ја извести македонската јавност дека ќе се повлече од клубот, синоќа за gol.mk порача дека после титулата, размислува за една работа – за нова титула во Лигата на шампионите! Сергеј Самсоненко пред четвртфиналниот дуел против ПИК Сегед, соопшти дека доколку Вардар не добие финансиска поддршка, ќе мора да се повлече од клубот. И додека „Вардарци“ стравуваат за иднината на македонскиот, а сега и европскиот ...
Како ретко во кој спорт и како ретко кога во историјата еден селектор во исто време играше со своите играчи и го совлада светскиот шампион кој дојде во полн состав. Цела Европа пишува за чудото во Скопје. Насловните страни на познатите медиуми од регионов и од останатиот дел од Европа синоќа и утрово го величаа успехот на ракометната репрезентација на Македонија. Еминентната шпанска Марка пишува: „Македонија го победи светскиот првак на првиот ...
Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, играчите од НБА-лигата ќе изгубат 21-24 проценти од своите плати доколку сезоната 2019/2020 не продолжи. На 11 март, НБА-лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирусот кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат. Сопствениците и менаџерите на ...
Лос Анџелес Лејкерс останува неприкосновен лидер на Западот, и покрај тоа што изминатава вечер претрпе прв пораз по серијата од седум победи во низа во НБА лигата. Во еден крајно изедначен натпревар во сите четири четвртини, играчите на Индијана на крајот имаа повеќе нерви и на домашен терен славеа со 105:102 за четврти триумф по ред, успех со кој се искачија на шестото место на табелата на Истокот. Сабонис со 26 поени беше најзаслуиен за ...
Катастрофалниот старт на сезоната за Њујорк Никс резултираше со отказ за тренерот Дејвид Фицдејл. Клубот од Њујорк со лошата серија резултати и билансот 4-18 по првите 22 кола се реши да му врачи отказ на Фицдејл и неговиот помошник, Кејт Смарт. Интересно е тоа што сега Њујорк Никс не може да најде тренер кој ќе сака да се нафати за оваа работа, па пожарот во клубот би можела да го гаси, Беки Хамон. Доколку ја назначат за нов тренер на клубот, ...
Публиката и спикерот на натпреварот помеѓу Филаделфија и Њујорк Никс 109:104 еден навидум обичен погодок го прославија како да се освоил шампионатот. Причината за тоа е што Бен Симонс конечно успеа да ја постигне својата прва тројка во кариерата во НБА лигата. Одличниот 208 см висок кошаркар во досегашната двегодишна НБА кариера и заработените над 19 милиони долари за прв пат успеа да погоди од три поени, по “цели“ 17 обиди во претходните две ...
Кина е втор по важност пазар за американската кошаркарска НБА лига, а од Пекинг зависи и висината на платата која ја добиваат играчите. Политиката и спортот, за жал, веќе одамна се длабоко поврзани, а кога во сето тоа ќе се вмешаат и парите, поточно милијарди долари од спортски договори и права на пренос, секој погрешен чекор може да резултира со катастрофални последици. Токму еден таков „погрешен чекор“, односно порака напишана на социјалната ...
Прославениот македоснки кошаркар, а сегашен претседател на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, ја отвори душата и призна дека одбил прилика да заигра со Мајкл Џордан. Во периодот кога играше најдобра кошарка во неговата кариера и кога европските екипи „се тепаа“ за потписот на Пеце, македонскиот кошаркар не сакал да биде само уште едно име во редот во НБА лигата, открил Намуоски во интервју за Баскетбол.мк. – Тоа беше 1996 ...
Винарската визба „Тиквеш“ од денеска е дел од спонзорскиот тим на фудбалскиот, кошаркарскиот како и на спортското друштво Црвена звезда, објавија денеска од таборот на белградскиот гигант. Македонската компанија потоа потпиша три различни договори со трите субјекти на црвено-белите и тоа со Петар Шкундриќ во име на спортското друштво, Светозар Мијаиловиќ во име на фудбалскиот и Небојша Човиќ во име на кошаркарскиот колектив. „Би сакале да му ...
Перо Антиќ ќе биде втор најплатен играч со примања од 400.000 евра годишно По десет години, Перо Антиќ одново ќе го носи дресот на Црвена Звезда. Медиумите од Србија сега пренесуваат дека тој ќе биде вториот најплатен играч во Белград. За новата сезона, Црвена Звезда ќе има буџет од околу 3 милиони евра, а прв на списокот со плати е Тејлор Рочести, кој има примања од 500.000 евра. Зад него е Перо Антиќ со годишна плата од 400.000 евра, а потоа ...
Ентони Дејвис ги финишира преговорите околу новиот договор со Лос Анџелес Лејкерс. Американските медиуми тврдат дека тој ќе потпише пет годишен договор кој ќе му донесе 190.000.000 евра. Дејвис, во својата прва сезона со Лејкерси успеа да ја освои шампионската титула. Заедно со Леброн Џејмс тој е рбетот на овој тим, кој ќе се обиде во новата сезона да ја одбрани титулата. Дејвис во првата сезона би требало да заработи 35.000.000 долари. Неговата ...
Златан Ибрахимовиќ ќе сака што побрзо да ги заборави изминатите денови. Легендарниот напаѓач доби црвен картон во победата на Милан на гостувањето кај Парма и ќе пропушти барем еден следен натпревар во првенството. Италијанските медиуми кратко потоа објавија фотографија од ресторан каде популарниот Ибра беше со друштво. Наводно, неговиот пријател го отворил ресторанот во Милано исклучиво за него, но останува нејасно како можело да им се случи ...
12 богати европски клубови доцна синоќа постигнаа договор за основање на ново фудбалско натпреварување наречено Суперлига, во која ќе учествуваат 20 клубови. „До основањето на новата лига дојде во моментот кога светската пандемија на коронавирусот ја забрза нестабилноста на сегашниот економски модел во европскиот фудбал. Во текот на годините, клубовите основачи на оваа лига имаа за цел да го поправат квалитетот и интензитетот на постоечките ...
Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштија дека ќе продолжат со планираната организација на натпревари на богати екипи, без оглед на излегувањето на шесте англиски клуба. „И покрај најавата за излез на англиските клубови, кои беа принудени да го сторат тоа поради притисокот извршен врз нив, убедени сме дека нашиот предлог е целосно во согласност со законите и регулативите на ЕУ, што беше потврдено денес со ...
„Грчкото сценарио“, странски судии да ја делат правдата на најважните натпревари, УЕФА ќе го применува и во Србија. УЕФА размислува да воведе привремени и принудни мерки, откако истрагите покажале дека неколку натпревари во Србија биле наместени, пишуваат „Новости“, повикувајќи се на свои извори во европската Куќа на фудбалот. „УЕФА, кога постојат сомнежи за нелегални активности, како што е тоа во сега во српскиот фудбал, има многу прецизни ...
Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки што министерот Венко Филипче ги предложи на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата. Новите мерки што треба да бидат изгласани од Владата предвидуваат укинување на забраната за работа на фитнес центрите и теретаните, а од особено значење е што за органзирање на настани на отворено и ...
Кралската фудбалска федерација на Холандија, одлучи најталентираните фудбалерки од оваа земја од следната сезона да можат да се приклучат на аматерските машки клубови, односно тие кои се надвор од првите две лиги на Холандија. Досега во Холандија беше дозволено млади фудбалерки да играат во јуниорските категории, но сега ова е проширено и во аматерскиот фудбал. „Во ова модерно време, не гледаме причина да се држиме до правилото за машки тимови. ...
Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари. Ова значи дека подготвителниот натпревар на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од ...
Езџан Алиоски е пред многу важна одлука во својата кариера, одлука која ќе ја донесе или пред или по престојното Европското првенство. На големиот борец му завршува договорот со премиерлигашот Лидс Јунајтед и сега дилемата е дали да остане на „Иланд Роуд“ или пак да отвори нова страница од фудбалското патување. Има понуда да продолжи во сегашната средина, ама и да се реши за некој друг предизвик како на пример за Галатасарај. Тоа е клубот за кој ...
Сите беа преплашени кога Кристијан Ериксен само се сруши на земјата и поради што докторите мораа да го реанимираат. Напаѓачот на Интер и најдобриот играч на Данска закрепнува во болница во Копенхаген, а на социјалните мрежи поставил и прва фотографија по несреќниот настан поради кој неговото учество на Европското првенство е завршено. „Поздрав до сите. Ви благодарам многу за симпатичните и неверојатни желби и пораки од сите делови на светот. ...
УЕФА отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика на натпреварот против Македонија. Во неделата Австрија ја победи Македонија со 3:1 во првото коло во Ц-групата. По завршувањето на натпреварот, во медиумите и на социјалните мрежи се коментираа зборовите што Арнаутовиќ ги упати кон македонскиот репрезентативец Алиоски. Арнаутовиќ во 89. минута го постигна третиот гол за ...
Иран доби нов Претседател. Ибрахим Раиси, ирански свештеник, преставник на тврдата струја и близок до врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, победи на иранските претседателски избори. 60-годишникот се претстави како најдобрата личност за борба против корупцијата и решавање на економските проблеми што ги доживеа Иран за време на претседателот во заминување Хасан Рохани. Тој главен главен судија во земјата и има ултра-конзервативни политички ...
Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена под вода како дел од тест за можностите при евентуални воени околности, а бродот на американската морнарица се наоѓал недалеку од местото на експлозијата. Намерата била да се покаже колку трајни се бродовите кога се соочуваат со вакви ситуации. Експлозијата предизвика земјотрес ...
Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н Црна Кутија, а од 2024 година, црна кутија ќе мора да имаат и сите регистрирани возила. Црната кутија е уред што треба да открие до најмали детали сè што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага во експертизата од несаканите дејствија, објавија медиумите во регионот. „Црната кутија ќе ...