Општина Илинден информира дека целосно се реконструираат спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите, како што нагласуваат од таму, добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и ...

Фудбалерот на Баерн, Џамал Мусијала, се огласи на својот Инстаграм откако се струполи на теренот, среде натпревар. Ова му се случи втор пат за три дена. Германскиот репрезентативец неодамна имаше непријатна епизода против Лајпциг кон крајот на натпреварот, а во средата, за време на пријателски натпревар (Хајденхајм), доживеа речиси идентична ситуација. Тој влезе во игра во 61-та минута, а пет минути подоцна падна на тревата, речиси во ...

Партијата ВЛЕН во нова објава упати серија остри обвинувања на адреса на ДУИ, тврдејќи дека во партијата се продлабочува внатрешен конфликт меѓу различни центри на моќ, пред сè околу Артан Груби и Бујар Османи. Од ВЛЕН обвинуваат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повторно игра „игра со две лица“ – од една страна, како што наведуваат, се обидува да го заштити Артан Груби, а од друга страна преку него да го ослаби Бујар Османи. Во објавата се ...

Обединетите Арапски Емирати ги суспендираа сите трговски, разменски и финансиски трансакции со Иран до понатамошно известување, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата, наведувајќи регионална ескалација. Одлуката е донесена поради, како што е наведено, регионалната ескалација што „го загрозува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“. Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Иран ги отфрли тврдењата на ОАЕ ...

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат од „Вреди“. „Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица. Затоа воопшто не е случајно ...

Навивачите на Рома во голем број, гласни и еуфорични, го пречекаа 19-годишниот Португалец Родриго Мора, новиот играч на „волчицата“. Рома неодамна го договори трансферот на суперталентиран тинејџер од Порто, човек кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, на чие доаѓање инсистираше тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини. Италијанскиот клуб долго време преговараше со Португалците за двете страни на крајот да се „најдат“ на 50 милиони ...

Кога станува збор за најиздржливите автомобилски мотори, мислењата секогаш се поделени. Но еден конкретен пример со децении го привлекува вниманието на автомобилскиот свет – црвен Volvo 1800S од 1966 година кој поминал неверојатни 3.260.257 милји, односно приближно 5,25 милиони километри. Станува збор за километража која звучи речиси невозможно, но е официјално документирана, а автомобилот влезе и во Гинисовата книга на рекорди. Неговиот ...

Цените на лебот, тестенините и другите житни производи би можеле дополнително да пораснат поради комбинација од војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и екстремната топлина и суша што ги погодија европските посеви, предупредуваат економистите. „Оксфорд Економикс“ проценува дека глобалните цени на храната би можеле да пораснат за 11,8 проценти во текот на 2026 година, а за дополнителни 4,8 проценти следната година. Најголеми ...

Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширење лаги и паника поврзани со водата за пиење, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да преземат одговорност за, како што велат, кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица. „Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема ...

Арон Ван-Бисака ќе и се приклучи на Астон Вила од Вест Хем. Искусниот дефанзивец ќе се пресели во Бирмингем на едногодишна позајмица, по што Вила ќе биде обврзана да го откупи неговиот договор. Договорот дојде откако Вест Хем ја отфрли првата понуда на Астон Вила која вклучуваше само позајмица. Сепак, клубовите најдоа компромисно решение во форма на позајмица со задолжителен откуп, пишува Би-Би-Си. Иако финансиските детали не се официјално ...

Работата на пилотите и кабинскиот персонал често се поврзува со патувања, престој во различни земји и динамичен начин на живот. Но едно големо американско истражување укажува и на помалку познатата страна на оваа професија – долготрајната изложеност на космичко јонизирачко зрачење на големи височини. Причината се наоѓа високо над површината на Земјата. Додека комерцијалните авиони летаат на височини од неколку километри, заштитниот ефект на ...

Во Грција, две лица се уапсени за подметнување пожари во одделни инциденти во Трикала и Каристос. Поради истото кривично дело, апсења се извршени и во Белгија и Португалија. Во првиот случај, 46-годишен грчки државјанин е уапсен за пожарот што избувна во областа Генеси во Трикала на 17 август, објави ЕРТ. Истрагата покажа дека пожарот е намерно предизвикан со употреба на отворен пламен. Во текот на понатамошната истрага, пронајдени се докази ...

Од СДСМ посочуваат дека единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец. Онколошките пациенти, додаваат од оваа партија, повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија. „Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото ...

Долгоочекуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа веројатно ќе се одржи на 20 ноември во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Иако стадионот „Вембли“, долго време беше прва опција, се чини дека двајцата борци се согласија дека најпознатата сала во светот треба да биде домаќин на спектаклот. Главната причина е што борбата ќе се емитува на „Нетфликс“ во американскиот ударен термин, некаде околу 21 часот. Ова секако нема да им се допадне на ...

Рокот од 60 дена за постигнување и потпишување на конечен договор меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран истече во понеделникот. Не само што Џаред Кушнер, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот зет, рече дека Техеран не е заинтересиран за постигнување договор, туку сега арапските разузнавачки служби открија и стратешки пресврт од страна на тврдокорното раководство на Иран што воопшто нема да ги задоволи ...

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар. Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени, реагираат од СДСМ. „Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата“, прашуваат од партијата. Според нив, Мицкоски нема ниту трошка морал и е како што велат, без срам. „Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен. А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но ...

Стареењето е природен процес кој ги зафаќа сите, но начинот на кој ги забележуваме промените кај мажите и жените често не е ист. Во секојдневието неретко се создава впечаток дека мажите со годините го задржуваат „помладиот“ изглед подолго, додека кај жените знаците на стареење стануваат позабележливи порано. Сепак, зад оваа перцепција стои комбинација од биолошки фактори, хормонални промени, структурата на кожата, телесната композиција, ...

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска (19.08.2026 година -Среда) без водоснабдување ќе останат: – Во период од 09,00ч дел од корисниците на o.Чаир и нас Топанско Поле, поради промена на шибер Ф-250мм на ул.Џон Кенеди раскрсница со ул.Лазар Трповски, од ул Лазар Трповски и нас.Топанско Поле. Текстот Без вода делови од Чаир и Топанско Поле е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЈП Водовод и канализација ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го одложи за три дена воведувањето царини од 50 проценти за одредени стоки од Канада. Царините требаше да стапат на сила во 12:01 часот по источно време, но Трамп објави дека ги суспендира до крајот на 21 август, додека документите за договорот меѓу САД и Канада се финализираат, објави CNN. Трамп изјави дека Канада и САД постигнале договор, под услов документите да бидат ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Среда ) без електрична енергија ќе останат: – Во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од ул.Христо Татарчев во близина на автопералната ( општина Сопиште ) – Во период од 11.30 до 14.30 часот,корисниците од ул.Александар Мартулков (општина Ѓорче Петров) Текстот Без струја делови од Сопиште и општина Ѓорче Петров е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Од ЕВН ...

Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, оцени дека Киев го достигнал максимумот кога станува збор за меѓународна помош и дека во сегашните околности, не гледа простор за значително зголемување на поддршката од западните партнери. „Што се однесува до меѓународната помош, го достигнавме нашиот плафон. Засега, не гледам од каде ќе дојде“, рече Кулеба во интервју за YouTube канал. Според него, во моментов, Украина ...

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Владимир Зеленски се потсмева на чувствата на милиони Украинци, како и на чувствата на сопствениот дедо кој се борел против нацистите, изјави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за злосторствата на украинскиот режим, Родион Мирошник. Тој го коментираше повторното погребување на останките на Евгениј Коновалиц, лидерот на ООН (Организација на украински националисти, која е означена како екстремистичка организација ...

Меѓународната Агенција за атомска енергија (МААЕ) откри неколку тони нуклеарен материјал на непријавена локација во Сирија, објави нејзиниот директор Рафаел Гроси. „Зборуваме за неколку тони нуклеарен материјал што може да се злоупотреби“, рече Гроси на заедничката прес-конференција со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани во Дамаск. Гроси ја пофали „храбрата одлука“ на сириските власти да ја прогласат локацијата, која ја ...

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците од негово понатамошно ширење. Како што информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на состанокот присуствувале претставници од сите надлежни институции, служби и субјекти кои можат да се вклучат во справувањето со ...

Проблемот со водата во Гостивар е под надлежност на локалната власт. Градските водоводни системи, како и гостиварскиот водовод, се под директна ингеренција на општината, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „А, СДС во Гостивар, е коалиција и дел од локалната власт за што и самиот Венко Филипче си кажа кога бараше што поголем број партиски членови да се мобилизираат за да гласаат на локалните избори за Валбон Лимани. Затоа што заедно се дел од власта, СДС ...

Канцеларијата на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир објави дека во централен Израел се гради објект за бесење осудени терористи, во рамките на веќе изграденото крило на затвор за затвореници осудени на смрт. „Ветив дека ќе ги влошам условите за терористите во затворите и го одржав моето ветување. Ветив дека ќе го донесам Законот за смртна казна за терористи и го направивме тоа. И сега започнува изградбата на објектот за ...

Само три дена откако се струполи на крајот од натпреварот со Лајпциг, Јамал Мусијала повторно ги загрижи сите, повторно колабираше среде натпревар. На играчот на Баерн му се случи речиси идентична ситуација како и против Лајпциг, само што овој пат доживеа непријатно искуство на самиот почеток од новиот пријателски натпревар, со Хајденхајм, во деветтата минута. Падна на теренот, кратко ја изгуби свеста и немаше сила да стане. Дури откако ...

Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала свој придонес ...

Златната топка од 2024 година и најдобриот играч на Светското првенство, кое заврши со триумф на Шпанија, Родри, официјално стана играч на Барселона. Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Доаѓањето на еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот е голем успех за Барселона, која се здоби со играч способен да донесе ...

77 години АФС

6 минути - МАРХ
-
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
0.89
78%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75