Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Универзитетите во Северна Македонија треба да ги држат подалеку Артан Груби и Кочо Анѓушев од своите институции и да ги заштитат студентите од овие лица, исто како што би ги заштитиле од опасни криминалци. Ова е потребно бидејќи овие личности се наоѓаат на американската „црна листа“ поради извршување на сериозни криминални дела, кои можат повторно да се случат ако не бидат спречени. Ова е ставот на Форумот за образовни промени (Fech). „Сметаме ...
„Гласно го осудуваме пригушувањето на студентскиот глас“. Со оваа порака Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) ја упати својата поддршка до студентите во Србија. Околу педесет државни универзитети во Србија официјално се под блокада, додека студентите им оддаваат почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а двајца беа повредени при уривање на настрешницата на ...
Во програмата за последните градоначалнички избори (октомври 2021), Тимчо Муцунски вети дека во Општина Аеродром ќе изгради четири нови градинки. Од планираните градинки што требаше да никнат во населбите Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, започнати се градежните активности само за онаа во Мичурин – детската градинка „Изворче“. Но оваа градинка е далеку од готова. За другите нема ни трага ни глас. Дополнително, во населбата Лисиче на ...
Парламентот во Јужна Кореја денеска гласаше за импичмент на претседателот на Јужна Кореја, Jун Сук Јеол, а 204 пратеници го поддржаа предлогот. Тројца беа воздржани, а осум гласа беа поништени, пренесува „Гардијан“. Тоа значи дека Јун веднаш ќе биде суспендиран од функцијата, а премиерот ќе стане вршител на должноста претседател. Првата иницијатива за импичмент против Сук Јеол, за прогласување воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата ...
Познатата фраза којашто погрешно му се атрибуира на Владимир Илич Ленин, „Постојат децении кога ништо не се случува и постојат недели во кои се случуваат децении“, можеби најсликовито ги илустрира состојбите во изминативе неколку недели во финишот на годината, кога се случија повеќе сериозни политички настани. Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, прогласи воена состојба под изговор дека сака да ја заштити државата од комунисти, ...
ЕУ и САД немаат никаква врска со нацизмот. Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите, кои особено се засилија по целосната руска инвазија на Украина, анализира „Вистиномер“. Во продолжение, ви ја пренесуваме анализата во целост: Анализираме објава на Фејсбук, која тврди дека ЕУ и САД се нацистички и притоа ги „сатанизира“ Европската Унија и НАТО. ...
Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува во извештајот на ИЈЗ, во периодот од 6 декември до 12 декември, не се пријавени нови случаи на голема кашлица, за разлика од претходниот седмодневен период кога биле пријавени три случаи. „Во 2024 година, заклучно со 12.12.2024, на ...
Десетина илјади студенти од факултетите низ Србија вечерва се собраа пред зградата на Радио Телевизија Србија (РТС) во Белград. Незадоволните студенти носеа транспаренти со пораки „Не го лажете дедо ми“, „Нè тепаа, нe се уапсени“. Како што објави српскиот дневен весник Данас, студентите беа и пред влезот на зградата во која се наоѓа студиото за Дневникот на РТС. Вклучување во живо од протестот имаше и во самиот Дневник на националната српска ...
Во текот на месец ноември, пријавени се три случаи потврдени на СИДА и еден на ХИВ, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години, пишува во новиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за месец ноември. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.11.2024), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987 – 2024, изнесува 688, а од нив, ...
По долго исчекување играта Witcher 4 беше најавена со трејлер на Game Awards и се чини дека главниот протагонист во играта ќе биде Сири(Сирила) која е дел од Вичер 3. Погледнете ја најавата трејлерот направен за фановите на оваа франшиза ширум светот кои стрпливо го чекаа продолженито: Се чини дека во ова продолжение Сирила во улога на Вичер ќе биде прикажана како повозрасна и поискусна. Тоа всушност беше и најдобрата опција за завршување на ...
Резултатите од новиот конкурс за студентски стипендии очекуваме да бидат објавени во текот на следната недела, велат од Министерството за образование и наука (МОН) по упатените прашања од Мета.мк во однос на резултатите од конкурсот и исплатата на првите рати на студентските стипендии. Дополнително, од ова министерство информираа дека исплата и за постојните и за новите корисници на стипендии ќе има до крајот на месецов. Студентите кои веќе се ...
Во Буџетот за 2025 година се обезбедени средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, соопшти Владата вчера, потврдувајќи ги првичните најави дека студентите во земјава догодина ќе добијат финансиска поддршка за набавка на дигитални уреди. Студентите со ваучерите се очекува да можат да купат телефони, компјутер или таблет, а од Владата велат дека оваа мерка ќе биде наменета за „сите студенти“. „Ваучерот за студентите од 250 ...
Да се забрани увоз на користени возила постари од десет години и под „ЕУРО 5“ стандард и да се ограничи увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард, е барањето на десет граѓански еколошки организации кое го адресираа и го предадоа до Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Екологистите денеска, на прес конференција пред зградата на Владата, го повторија барањето и посочија дека активностите кои ги предлагаат се клучни заради намалување ...
Општина Тирана објави дека од 1 јануари 2025 година, локалните пензионери ќе може да патуваат бесплатно со градски автобуси, пренесува јавниот сервис TVSH 2. Бесплатниот превоз ќе биде овозможен за пензионери постари од 60 години за жени и над 65 години за мажи, чиј вкупен број властите го проценуваат на околу 178 илјади. За да ја уживаат оваа привилегија, пензионерите од престолнината на Албанија треба да имаат набавено пензионерска картичка. ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја избра Кери Лејк, поранешна водителка на вести и републиканка која не успеа да освои место во Сенатот за директор на медиумот Глас на Америка, финансиран од американската влада, пишува Гардијан. Таа била водителка на телевизија во Феникс скоро три децении додека не ја напушти кариерата откако даде серија контроверзни изјави на социјалните мрежи, вклучително и дезинформации за Ковид-19 за време ...
Претседателот на САД Џо Бајден им ги ублажи казните на околу 1.500 лица кои биле ослободени од затвор и ја отслужуваат казната дома уште од времето на ковид пандемијата и помилува уште 39 Американци осудени за ненасилни злосторства. Тоа е најголемиот еднодневен чин на помилување во модерната историја, објави Асошиејтед прес. Помилувањата кои беа најавени денеска (четврток, 12.12.2024 г.) се за луѓе кои отслужуваат затворски казни во домашни ...
Магазинот „Тајм“ (Time Magazine) го прогласи Доналд Трамп за личност на годината по втор пат, пренесува Би-Би-Си. „За враќање од историски размери, за водење политика која се случува еднаш во многу години, за преобликување на американското претседателство и промена на улогата на Америка како земја во светот, Доналд Трамп е Личност на годината за 2024 година според Тајм“, изјави главниот уредник Сем Џејкобс во писмо до читателите. Трамп првпат ...
САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во значајна корупција. Поради нивните напори да се мешаат и да го нарушат функционирањето на судството, со оваа одлука, тие и нивните непосредни членови на семејствата добиваат забрана за влез во САД. Ова го изјави амбасадорката на САД во ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, рано утринава, во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрира земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата eпицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 4.0, a епицентарот на вториот ...
Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука за случајот „Беса транс“ со која сопственикот Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор, објави Алсат. Жалбите се поврзани со фалсификувањето на потврдата за сообраќајна дозвола. Според првостепеното решение кое се заснова на обвинението, Хаџиу преку возачите кои го управувале автобусот употребил лажна потврда за дозвола, која не била издадена од Министерството ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изразува сериозна загриженост поради предложените измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, кои се носат по скратена постапка и без широка јавна расправа, експертска дебата и сеопфатна анализа на нивните последици, пишува во денешното соопштение од ДКСК. „Јавните набавки се една од клучните хоризонтални области во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на ...
Меѓуетничките односи во Северна Македонија, освен што се клучни за градење на кохезивно општество, често се и злоупотребувани за одржување на негативен политички развој. Децении наназад сведочиме подеми и падови кои секогаш и без исклучок создаваат ѕид помеѓу проблемите кои реално ги мачат граѓаните и проблемите за кои граѓаните говорат. Па така, ако во бројни истражувања на јавното мислење во кои граѓаните се запрашани кои се нивните проблеми, ...
Тринаесет истакнати лица од земјава се наоѓаат на неславната т.н. „американска црна листа“. Всушност, не станува збор за еден список на непожелни, туку за неколку листи на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција или нарушување на човековите права. На овие листи со децении се наоѓаат и лица од земјава поради наводи за корупција и поткопување на демократските процеси, а меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни ...
Студентите во Северна Македонија и понатаму се соочуваат со бројни проблеми, како што се студентскиот стандард, проблемите со јавниот превоз, лошите услови во студентските домови, неможноста за работа. Тие оценуваат дека не им се приоритет на надлежните. Според нив, прашањето не е дали да се биде или не студент во Македонија, туку прашањето е, дали тие да се борат или не до крај, за да се решат нивните проблеми, пишува Порталб.мк. До овој ...
Игрите „Bus Simulator 21 Next Stop“ и „Lego Starwars: The Skywalker Saga“ се бесплатни на Epic Games уште денес. Се работи за две тотално различни игри, едната е симулатор, другата е една од најдобрите LEGO игри некогаш направени. Оваа игра е симулатор и влегувате во улогта на возач на автобус со ваша приватна фирма која ја водите и зголемувате. Нормално, реалноста не е во целост, доколку пробате да згазите пешак или да удрите во кола, тоа нема ...
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, нареди најголемо воено распоредување во земјата досега, најавувајќи дека ќе бидат ангажирани уште 5.000 војници за да помогнат во справувањето со последиците од разорните поплави оваа недела, во кои загинаа најмалку 211 лица, објави Гардијан. Говорејќи по претседавањето со состанокот на Комитетот за кризни поплави, Санчез рече дека владата ги мобилизира сите ресурси што и се на располагање за да се справи со ...
Скопјани денеска се собраа да го изразат својот протест против инертноста на властите во борбата со загадувањето на воздухот. Тие попладнево маршираа пред Министерството за животна средина, Собранието и Владата за да го свртат вниманието на големиот проблем со кој се соочуваат секоја зима. Со транспаренти преку кои порачаа „Во Скопје живеат згради и коли, а луѓето се гушат“ и преку кои кои прашаа „Ви делат ли чист воздух од партија?“ тие се ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ даде изјава дека нема никаков проблем со блокадата и протестите на студентите, бидејќи тоа не им пречело на нивните професори, а не му пречело ниту него, пренесе српскиот медиум Данас. Вучиќ изјавде дека нема намера никого да спречи во текот на протестите и блокадите и дека има надлежни органи кои се занимаваат со тоа. „Вие мислите дека ќе ги запрам студентите на блокадите на ректоратот, на деканатот и ...
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна, информираат оттаму. За да се заштити здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе биде ставен на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност. „Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и ...
Проевропските партии во Романија постигнаа согласност да формираат владејачко мнозинствo што ќе му се спротивстави на екстремното десно крило, и најверојатно ќе поддржат еден единствен кандидат на повторните претседателски избори по поништувањето на изборите претходно месецов, пренесува Гардијан. Владејачките левичарски социјалдемократи освоија најмногу места на парламентарните избори на 1 декември, што исто така доведе до тоа три ...