Плаќањето на билет за едно возење преку СМС порака на бројот 185 за користење на ноќните автобуски линии ќе биде укинато почнувајќи од 1 февруари. Како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие, користењето на јавниот превоз на ноќните линии во периодот од 00:00 до 05:00 часот ќе биде можно исклучиво со купен ноќен билет за едно возење од 50 денари кој ќе се купува директно во возилото кај возачот, како и преку електронски паричник ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични деласторени од лица со полициски овластувања, поднесе обвинителен акт против 13 полициски службеници, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. „Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност, поврзано со пожарот што на 16 март 2025 година настана во кабаре „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 63 лица, а 223 лица се ...

Тендерот за избор на компанија која треба да ја гради првата регионална депонија во Свети Николе е повторно распишан минатиот месец, но овојпат со олеснување на условите кои треба да ги исполнат компаниите, информираше денеска заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска, на првиот брифинг за новинари што го организираше новиот министер за животна средина Муамет Хоџа. Тендерот ќе трае до средината на март, по што ќе следува ...

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест Скопје поднесе тужба за управен спор до Управниот суд на Република Северна Македонија против Министерството за животна средина и просторно планирање. Предметот се однесува на отфрлање на Решение од страна на МЖСПП, откако Еко-свест поднесе управен приговор кој се однесува на пропуштање на преземање реални акти во постапките за издавање Дозвола за користење на вода за ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски повторно ја истакна својата оценка дека Украина би била „технички“ подготвена за членство во Европската унија во 2027 година, и покрај реакциите од некои европски лидери оваа недела кои сметаат дека неговото инсистирање на забрзано пристапување е нереално и дури може непотребно да создава тензии во Унијата, пренесува Грардијан. Министерот за надворешни работи на Луксембург, Ксавиер Бетел, во ...

Утре (31.01.2026), со почеток во 12 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“, поради што повеќе булевари во централното градско подрачје ќе бидат блокирани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. „Маршот ќе се одвива со траса на движење од пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти ...

Иако вирусот Нипах може да предизвика сериозни заболувања, вклучително и воспаление на мозокот, тој не претставува непосредна закана за пошироката јавност, објасни епидемиологот Драган Даниловски на својот профил на Фејсбук. Според него, симптомите може да варираат од лесни, слични на грип, до тешки респираторни и невролошки компликации, но епидемиите досега биле локализирани и контролирани. „За вирусот да се појави во Македонија би бил ...

Разговорите меѓу Украина, САД и Русија би можеле да бидат одложени бидејќи САД се фокусирани на Иран, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Гардијан“. Украина требаше да ги продолжи трилатералните разговори со САД и Русија овој викенд, но Зеленски навести можност за одложување, бидејќи САД, како што изгледа, во моментов се фокусирани на Иран. „За нас е многу важно сите со кои се договоривме да бидат присутни на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат утрово од АМСМ. Намалена видливост до 70 метри и појава на магла има на патниот правец Тетово – Гостивар и одрон на патниот правец Берово – Струмица кај селото Ратево поради кој сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ги десертифицира сите авиони произведени во Канада и се закани со царина од 50% на тие авиони сè додека американските „Галфстримс“ не бидат сертифицирани во таа земја. Трамп конкретно рече дека го го одзема сертификатот на „Глобал експрес“, бизнис авион од „Бомбардие“ со седиште во Квебек, заедно со сите авиони произведени во Канада. „Канада ефикасно ја забранува продажбата на производи на „Галфстрим“ во ...

ЕУ ја стави Исламската револуционерна гарда на Иран на листата на терористички организации, со што се стави крај на долгогодишните поделби околу ова прашање како одговор на бруталната репресија на режимот врз демонстрантите. „Репресијата не може да остане без одговор“, изјави Каја Калас, шефицата за надворешна политика на ЕУ, во четврток. Паравоената организација одигра значајна улога во задушувањето на демонстрациите во Иран. „Секој режим ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е опасно за Велика Британија да влегува во бизнис со Пекинг, додека премиерот Кир Стармер денеска ги пофали економските придобивки од ресетирањето на односите со Кина за време на посетата. Додека западните лидери се вознемируваат од непредвидливоста на Трамп, Стармер е најновиот што се упатува кон Кина. Во тричасовните разговори со претседателот Си Џинпинг во четвртокот, британскиот лидер ...

Лажен лекар измамил 72-годишна жена од која успеал да земе 2.600 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик, соопштуваат во ...

Нема да има криза во снабдувањето со гориво на граѓаните, ниту на стопанството, уверуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, откако неколку држави во регионот деновиве објавија дека блокадите на транспортните ленти на граничните премини го нарушиле нормалното снабдување со нафта и нафтени деривати. Компанијата ОКТА во моментов нема оперативни проблеми во снабдувањето, а доколку е потребно најавуваат дека ќе ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. „Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на ...

Премиерот Мицкоски се пофали дека имал историски успешна посета во Давос, дека таму не бил статист, туку учествувал на три панели и на сите добил аплаузи. Имал и средби со политички лидери, но не кажува со кого конкретно се сретнал, пишува Вистиномер, во написот кој ви го пренесуваме во целост. Чудно е што Мицкоски средбите со светски државници ги чува во тајност. Зошто премиерот кој на овој значаен форум добил громогласни аплаузи не сака да ...

Викендов во „Макка бар“ се одржа настан за пазарење користена облека, каде што можеа да се најдат одлично сочувани парчиња гардероба, книги, играчки и накит. Настанот го организираше скопската „Second Handaves“ платформа, која се грижи за еколошката свест, реупотреба на гардеробата, материјалите и нивната одржливост. Нашите баби и дедовци редовно купувале и користеле предмети од втора рака. Дел тоа го правеле поради финансиската состојба, дел ...

Националниот парк „Шар Планина“ денеска информираше дека на територијата на паркот во моментов е има висока опасност од лавини, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. Од управата на паркот велат дека зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите ...

Американската групација „Карлајл Груп“ се согласи да купи поголем дел од странските средства на „Лукоил“ во вредност од околу 22 милијарди долари, кои втората најголема руска нафтена компанија е принудена да ги продаде поради американските санкции, пренесува Ројтерс. Планираната продажба, што ја соопштија двете компании, доаѓа во момент кога руски, украински и американски преговарачи се обидуваат да постигнат договор за завршување на војната ...

Заканата од војна меѓу САД и Иран изгледа дека се засилува уште повеќе откако Доналд Трамп им порачал на иранските власти дека времето истекува и дека воени сили се движат брзо кон земјата „со голема моќ, ентузијазам и цел“, пренесува „Гардијан“. Пишувајќи на социјалните мрежи, американскиот претседател во средата изјави дека флотата, предводена од носачот на авиони USS Abraham Lincoln, е поголема од онаа што била испратена кон Венецуела пред ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот ...

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините, сооштија денеска во АХВ. Директорот Оливер Миланов неделава се сретнал со министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Како што соопштуваат оттаму, сега претстои дефинирање ...

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги ажурираат своите податоци за ситемот „Безбеден град“ да може да работи непречено. Тоа може да се направи на шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед. Посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ, на приземје, работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот. Тука, жителите на Скопје можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги ...

Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ влезе во официјалната селекција на Miami Science Fiction Film Festival, еден од водечките американски фестивали посветени на научната фантастика. Филмот светската премиера веќе ја имаше во Ситџес, Шпанија, еден од најголемите жанровски фестивали во светот, а досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, каде што освои шест награди. Со селекцијата во Мајами, како што вели ...

Царинската и гранична заштита на САД (CBP) соопшти дека двајцата агенти вклучени во фаталното пукање врз американски државјанин во Минеаполис се ставени на административно отсуство. Убиството на Алекс Прети, 37-годишен медицински работник, во саботата предизвика нови протести во државата Минесота, јавно негодување низ САД и повици од пратениците од двете партии за отстранување на секретарот на Министерството за внатрешна безбедност (DHS). ...

Заканата од војна меѓу САД и Иран се чини дека се приближува откако Доналд Трамп му рече на Техеран дека времето истекува и дека огромна американска армада брзо се движи кон земјата со голема моќ, ентузијазам и цел. Пишувајќи на социјалните медиуми, американскиот претседател во средата рече дека флотата предводена од носачот на авиони УСС Абрахам Линколн е поголема од онаа испратена во Венецуела пред отстранувањето на Николас Мадуро претходно ...

„Протестираме за плата“, со ваков голем транспарент, со знамиња и стихови од песната „Буџав лебац“, како и со скандирање „Уа, лопови!“, илјадници граѓани денеска протестираа низ скопските улици. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, по што илјадниците работници од сите градови на Македонија се упатија кон Собранието и Владата. Ниските температури не ги спречија граѓаните да излезат и да го искажат својот револт поради ...

Отворените податоци се горивото на иднината, а македонските институции треба да ја подобрат својата достапност, отвореност и транспарентност. Денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација и Фондацијата Метаморфозис се одржа јавна расправа за текстот на нацрт- Законот за отворени податоци и реупотреба на податоците од јавниот сектор, кој е усогласен со европските директиви и треба да ги утврди правилата и начините како ...

„Амазон“ во средата потврди дека отпушта уште 16.000 вработени, со што го заокружува планот за околу 30.000 отпуштања од октомври наваму, но не ја исклучува можноста и за дополнителни, пренесува Ројтерс. Иако бројката од 30.000 претставува мал дел од вкупно милион и половина работници во компанијата, од кои најголемиот дел работат во магацини и логистички центри, тоа е скоро 10 отсто од административната и менаџерската структура. Според ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Платина

64172.89

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57