Француското обвинителство врши рација во канцелариите на социјалната мрежа „X“ на Илон Маск, објави Би-Би-Си. Рацијата ја спроведува единицата за сајбер-криминал при обвинителството, со асистенција од Европол. Акцијата е поврзана со истрага отворена во јануари 2025 година, по поднесени претставки за алгоритмот на „X“ и за содржината што и се препорачувала на корисниците. Обвинителството информираше дека Илон Маск и поранешната извршна ...

Уште двајца вработени недостасуваат за да може да се акредитира Државната лабораторија на Министерството за животна средина за метода за следење на квалитетот на воздухот. Иако Скопје, но и неколку други градови се соочуваат со огромно загадување на воздухот, особено во зимскиот период, земјава сѐ уште користи само приватни лаборатории кога треба да се извршат акредитирани мерења. Лабораторијата на Министерството е акредитирана само за методи ...

На чело на оваа водечка и клучна институција во борбата со високопрофилен криминал се гласаа личности предложени од извршната власт, а заминуваа од позицијата со бројни критики за непрофесионалност и пристрасност во работата, пишува Порталб Од заменик во Јавното обвинителство на тогашната Социјалистичка Р. Македонија, Марко Бундалевски во 1988/89 година застанува на чело на оваа институција и ќе ја води до 1996 година. Бундалевски, фактички, ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи да спроведе фер и правични преговори со САД, бидејќи двете земји наводно се подготвуваат да испратат високи претставници во Истанбул на разговори со висок ризик за иранската нуклеарна програма подоцна оваа недела. Претседателот Масуд Пезешкијан во објава на X изјави: „Му наложив на мојот министер за надворешни работи, под услов ...

Федерален судија ја блокираше администрацијата на Трамп да ги повлече законските заштити за Хаиќаните запишани во програмата за привремен заштитен статус, давајќи им во последен момент одложување на 350.000 имигранти кои требаше да ја изгубат својата заштита од депортација, пренесува Си-Би-Ес Њуз. Судијката на американскиот окружен суд, Ана Рејес, на неодредено време го паузираше планираното прекинување на програмата TPS на Хаити, експлицитно ...

Руските сили го нападнаа главниот град на Украина, Киев, нејзиниот втор по големина град Харков и други центри рано утрово, соопштија официјални лица, предизвикувајќи пожари и нанесувајќи нови удари на енергетската инфраструктура. Во нападите беа повредени четири лица, соопштија официјални лица во двата најголеми града. Во Киев, додека ноќните температури се спуштија близу -20 степени Целзиусови, сведоци пријавија гласни експлозии по полноќ, ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Хилари Клинтон, кандидатката за претседател на демократите во 2016 година, ќе сведочат во конгресната истрага за починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн. Одлуката би можела да го спречи планираното гласање во Претставничкиот дом, предводен од републиканците, за двајцата истакнати демократи да бидат прогласени за непочитувачи на судот, што би можело да доведе до кривични обвиненија. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави трговски договор со Индија со кој се намалуваат американските царини за индиските стоки на 18% од 50% во замена за тоа Индија да ги запре купувањата на руска нафта и да ги намали трговските бариери. Трамп го објави договорот на социјалните медиуми по разговорот со индискиот премиер Нарендра Моди, истакнувајќи дека Индија сега ќе купува нафта од САД и потенцијално од Венецуела. Функционер на ...

Синот на принцезата на Норвешка, Мариус Борг Хојби e уапсен поради сомнение за напад, закани со нож и прекршување на забрана за приближување, и тоа во пресрет на судењето за силување, пренесува „Гардијан“. Полицијата соопшти дека Хојби бил уапсен синоќа поради сомнение за напад, закани со нож и прекршување на забрана за приближување. Апсењето се случи само два дена пред Хојби да се појави пред судот во Осло поради 38 обвиненија, вклучувајќи ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание. Три лица сториле кривично дело Примање награда за противзаконско влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп, соопштија денеска оттаму. „Првообвинетиот како управител на ...

Одговорните во Министерството за здравство денеска ги објавија имињата на членовите на странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции во земјава. „Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, а еден од нив е д-р Уголино Ливи, кардиохирург од Италија, со искуство како редовен професор од областа кардиохирургија на Универзитетот ...

На просторот кај „Ким“, на булеварот „Партизански одреди“, денеска минувачите имаат можност погледнат нова урбана уметничка инсталација, насловена како „Измери пред да кажеш или напишеш“. Уметничката инсталација се однесува на сè поприсутниот проблем на говорот на омраза и неговото мешање со поимот „слобода на говор“. Инсталацијата се состои од голема вага, инспирирана од вагата на Јустиција, поставена во состојба на рамнотежа. На едниот тас ...

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираат, дека утрово во 9 часот во просториите на ССМ, владиниот претставник не дошол за да ја потпише Спогодбата за утврдување на висината на минималната плата, со која минималната плата требаше да се зголеми на 600 евра, а сите останати плати за 6000 денари. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, остана да чека сам во просторијата, а преку објава на ...

Националистички и со говор на омраза натпис „Смрт за шиптари“ е напишан на стадионот во Теарце, населба каде што со години коегзистираат албанската, македонската и турската заедница, пишува Порталб.мк. Овој натпис денес предизвика реакција во јавноста и медиумите и извади на виделина дека говорот на омраза владее и во овој регион. Од Полицијата за Порталб.мк потврдија дека случајот е пријавен кај нив и дека се преземаат мерки за разјаснување ...

Хидроцентралата „Бошков мост“ го загрозува опстанокот на балканскиот рис, бидејќи го засегнува неговото живеалиште, а истовремено е економски неисплатлив проект, посочуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ по последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски со кои повторно го актуелизираше овој дамнешен енергетски проект. Од „Еко свест“ посочуваат дека проектот произлегува од застарен концепт кој ...

Четиринаесетта година по ред во Македонија се одржа најголемиот и најпознатиот маратон во креирање на видео игри „Глобал Гејм Џем“ од страна на Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри. Како и секоја година желбата за креирање игри во рок од 48 часа станува поголема. Годинава бројката на учесници го надмина и максималниот капацитет што локацијата можеше да понуди. Вкупни беа пријавени 120 учесници од сите генерации. Најмладите ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е задоволен од стартот на проектот „Безбеден град“, за кој вели дека драстично ги намалил бројот на сообраќајни прекршоци, како и на бројот на повредени лица и смртни случаи во сообраќајни несреќи. Тој посочи дека најголем дел од граѓаните за време на тест периодот ги почитувале сообраќајните правила, а во текот на вчерашниот ден, кога и официјално започна да фунционира „Безбеден град“, биле ...

Во напад со руски беспилотен авион врз автобус што превезувал рудари во централно-источниот украински регион Дњепропетровск загинаа најмалку 12 лица, соопштија официјални лица. Според полицијата, автобусот се движел на околу 65 километри од фронтовската линија. ДТЕК, најголемата приватна енергетска компанија во Украина, соопшти дека убиените патувале од еден од нејзините рударски објекти откако ја завршиле својата смена. „Непријателскиот ...

Норвешката принцеза Мете-Марит е вмешана во уште еден скандал откако новооткриените досиеја покажуваат години долг контакт со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн. Најновата транша од досиејата на Епштајн, објавена во петокот од страна на Министерството за правда на САД, вклучува речиси 1.000 споменувања на принцезаta Мете-Марит. Досиејата вклучуваат голем број е-пораки разменети меѓу нив, што сугерира дека биле во контакт од 2011 до ...

Најмалку 12 лица загинаа во руски напад со дрон врз автобус што превезувал рударски работници во централно-источниот украински регион Дњепропетровск, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина, пренесува Градијан. Автобусот се движел на околу 65 километри од фронтот, според полицијата. Фотографии објавени од Државната служба за вонредни ситуации на Украина прикажуваат, како што изгледа, празен автобус, со искршени странични ...

Заплената на околу пет тони марихуана во Србија отвори сериозна истрага за меѓународен криминален ланец во кој, според српските обвинителни органи, дрогата била набавена на територијата на Северна Македонија, а потоа транспортирана и складирана во Србија за понатамошна дистрибуција. Српскиот суд одреди притвор за три лица, за Н.С., Р.С. и И.Д. осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. Притворот е изречен поради ...

Денес започна официјалната примена на системот за видео-надзор и автоматско санкционирање „Безбеден град“. Утрото поминало без регистрирани поплаки од граѓаните, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Според него, стартот на системот поминал мирно, а институциите внимателно ја следат неговата примена на терен. Мицкоски информираше дека Владата и Министерството за внатрешни работи донеле одлука во почетната фаза да се примени поголем праг на ...

Во Иран сè погласни се повиците за независна истрага за бројот на загинати за време на неодамнешните протести, откако владата соопшти дека ќе го надгледува објавувањето на имињата на починатите, пренесува Гардијан. Овој невообичаен потег на властите, најавен во четвртокот, има за цел да ги спречи тврдењата дека се извршени злосторства против човештвото и дека бројот на загинати изнесува и до 30.000 лица. Според официјалните податоци на ...

Ова е втора жена како тврди дека била испратена во Обединетото Кралство од Џефри Епстин за сексуална средба со поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор, изјави нејзиниот адвокат за Би-Би-Си. Според наводите, средбата се случила во 2010 година во резиденцијата на поранешниот принц. Девојката, чие потекло е надвор од Обединетото Кралство, тогаш била во своите дваесетти години. Нејзиниот адвокат Бред Едвардс, изјави дека по ноќта помината со ...

Владата го усвои законот за климатска акција, кој, по одобрувањето во Европската Комисија, наскоро ќе треба да се најде и пред македонските пратеници. Законот, кој се чека повеќе години, треба да воспостави механизми за интегрирана климатска акција и правна основа за воведување и спроведување на пакетот за следење, известување, верификација и акредитација за емисиите на стакленичките гасови од стационарните извори. Теодора Обрадовиќ ...

Американското Министерство за правда објави нови документи од истражните досиеја за Џефри Епштајн, а според заменик-јавниот обвинител Тод Бланш, ќе бидат објавени повеќе од 3 милиони страници документи, над 2.000 видеа и околу 180.000 фотографии, пренесува Асошиејтед Прес. Во декември, Министерството беше критикувано поради малиот број објавени документи, но властите тогаш соопштија дека е потребно дополнително време за проверка и заштита на ...

Над 300 протести се очекува да се одржат денеска низ сите 50 сојузни држави на САД и во Вашингтон, како дел од националната акција „ICE Out of Everywhere“, објави Гардијан. Протестите ги организира движењето „50501“ и се реакција на повеќе убиства извршени од федерални агенти на Службата за имиграција и царина. Демонстрантите велат дека овие случаи укажуваат на прекумерна употреба на сила, злоупотреби во притворските центри и милитаризација ...

Најмалку 12 Палестинци, меѓу кои шест деца и две жени, загинаа во израелски воздушни напади врз Појасот Газа денес, објави Гардијан. Нападите погодиле станбена зграда во градот Газа и шаторски камп во Кан Јунис. Според болницата „Ал Шифа“, во северниот дел на Газа загинале мајка, три деца и уште еден член на семејството. Болницата „Насер“ во Кан Јунис соопшти дека во нападот во кампот загинале седум лица. Израелската армија извршила и ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре (01.02.2026) започнува со функционирање системот „Безбеден град“. Системот ќе стартува на територија на градовите Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 8 и 10 со што ќе започне со санкционирање на граѓаните кои направиле прекршок детектиран од камерите. Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци: • непрописно паркирање; • управување ...

Во Офицерскиот дом во Битола вчера се одржа информативна и консултативна средба со граѓански организации од пелагонискиот и југозападниот регион, посветена на теми врзани со воспоставувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО). Средбата беше организирана во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од Salar International, а во фокус беа оперативноста и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
79%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.81
78%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
97%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
69%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
82%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
84%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
77%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9707

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97