Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На 09.01.2026 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје. При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден ...
На 09.01.2026 во 01:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(30) од село Романовце, кумановско. Тој е затекнат во куќа во село Романовце, сопственост на Х.Ш., при обид да одземе предмети. На 08.01.2026 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода У.З. (32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 01.01.2026 со употреба на сила влегол во деловен простор на плоштад „Нова Југославија“ во ...
На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се ...
Министерот за одбрана Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста. „Сите структури се на терен а ситуацијата ...
СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Пикот на грипот се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ја следи состојбата и доколку е потребно, ќе дадеме препорака да се донесе мерка со која можеби би се пролонгирал ...
Поради продор на екстремно ладен бран кој полека ќе се спушта од север кон територијата на Македонија ќе дојде до формнирање на секундарен циклонски систем над Југоисточна Европа и на големи влажни воздушни бранови кои најпрво во Македонија ќе условат да имаме врнежи од дожд и од снег на пониските места и само снег на повисоките населени места и на планините. Во почетокот поради присуство на потопол воздух во горниот слој од Атмосферата и ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во 17:35 часот пријавено е дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот “Бадар” има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Сообраќајот не е во застој. На лице место има полициски службеници и екипа од Македонија пат. Од 18:05 часот поради излевање на Црна река од своето корито кај с.Бучин, крушевско имаме прекин на патениот сообраќај на локалните патни правци од ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја одби иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за одржување на лидерска средба на 14 јануари. Поканата, за која Мицкоски посочи дека има за цел да ги обедини парламентарните партии околу стратешките прашања на државата, а меѓу другото и за укинување на техничка влада, механизам воспоставен со Пржинскиот договор за да се гарантираат фер избори пред избори, Филипче ја отфрли уште пред официјално да биде ...
Северна Македонија располага со стотици милиони евра од ЕУ фондови за инфраструктура, животна средина и реформи, но искористеноста е „релативно слаба“. ЕУ буџетот за 2026 предвидува финансирањето да се базира на конкретни резултати. Проблем се и злоупотребите како последниот со ИПАРД фондовите, поради што средствата се стопирани. Централната пречистителна станица за отпадни води во Скопје е проект поддржан од Европската унија со грант од 70 ...
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), по што следуваат деца од 5 до 14 години (618), деца од 0 до 4 години (229) и лица над 65 години ...
Сезонскиот грип го достигнува пикот. Многу граѓани празниците ги поминуваат во болниците. Во Клиниката за белодробни заболувања за деца во Козле, Скопје, се работи со полн капацитет. Ходниците се исполнети со родители и деца кои се жалат на долгото чекање. За време на викендот, само во оваа болница биле прегледани околу 800 пациенти, што е исклучително висок број за 48 часа. Специјалистот педијатар Елена Ѓиновска-Тасевска изјави дека во ...
Обилните дождови што ја зафатија Македонија предизвикаа поплави, одрони и сериозни проблеми во сообраќајот. Во повеќе региони се извршуваат евакуации, а службите за итно дејствување се на терен за справување со кризата. Кичево: Евакуирани 100 лица поради поплави Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево. На улицата „Прилепска“ се евакуирани околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Црвениот крст ...
На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска, заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвиле повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. „Во денови кога тишината понекогаш зборува погласно од зборовите, а потребата за човечка топлина е поголема од било кога, најголемата вредност што можеме да ја подариме е, вниманието. Да ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по локалните избори во октомври, на почетокот на 2026 година повторно ја отвори дебатата за укинување на техничката влада – модел кој се применува со години. Во телевизиско гостување најави дека ќе испрати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба. Теми на дискусија ќе бидат реформските закони и укинувањето на техничката влада што се формира 100 дена пред парламентарни избори. Средбата, ...
Центарот за управување со кризи информира дека обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во текот на последните два дена предизвикаа поплави, излевање на реки и потешкотии во сообраќајот поради одрони и свлечишта на дел од патиштата. Најголеми проблеми се регистрирани во Тетовско-Гостиварскиот, Охридско-Кичевскиот и Битолско-Преспанскиот регион, каде службите за итно дејствување веќе интервенираат. Во Кичево, околу 100 лица се ...
Во врска со настанатата состојба, денеска одржав состанок со Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид, на кој покрај претставници од јавната администрација присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, Јавните претпријатија, Противпожарната единица од и сите останата надлежни институции. На состанокот беше извршено мапирање на критичните точки и беше направен план ...
На 07.01.2026 во 09:40 часот во с.Црник, пехчевско, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода У.А.(25) од село Црник. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуамна и семки од растението канабис. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.01.2026 во 09:40 часот во с.Црник, пехчевско, полициски ...
По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на ...
Соединетите Американски Држави (САД) официјално најавија дека ќе го прекинат своето членство во УНЕСКО – Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура. Оваа одлука беше потпишана од претседателот Доналд Трамп како дел од пошироката политика на Вашингтон за повлекување од повеќе глобални организации и договори кои, според американската администрација, не се во согласност со националните интереси на САД.  Трамп и ...
Запленувањето на руски танкер за нафта под руско знаме од страна на САД во северниот Атлантик драстично ги зголеми влоговите во поморската блокада на Венецуела што ја спроведува Вашингтон, уривајќи ја очигледната стратегија на Кремљ за пререгистрација на бродовите од т.н. „флота во сенка“ под руско знаме, со цел да им се обезбеди заштита и, истовремено, поттикнувајќи пошироки тензии со Москва. Според податоци на компанијата за поморска ...
ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан. ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – П.Шапка од 09:25 ч се воведува забрана за сообраќај за автобуси, додека за леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири). СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по ...
Проектот за реконструкција на Градскиот базен во Кавадарци опфаќа целосна санација и модернизација на постојниот објект со цел негово претворање во современ и функционален воден комплекс. Со реализацијата на проектот се создаваат услови за квалитетно користење на објектот во текот на целата сезона и унапредување на јавната спортско-рекреативна инфраструктура. Инвестицијата изнесува 48.902.950 денари и е обезбедена од Владата преку ...
Во овие утрински часови од денешниот ден Четврток 8 Јануари 2026 во Македонија поради продор на ладен воздух од север врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели од Македонија а снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија а особено во западните предели ќе се формира снежна покривка, поголема на повисоките населени и ...
Секторот за хидрологија при УХМР соопштуваат дека поради врнежите од дожд во текот на денот е забележано зголемување на водостојот на речиси сите водотеци низ државата. Според хидролошките податоци, значително висок водостој е евидентиран во горниот дел од сливот на реката Вардар, во гостиварскиот и пелагонискиот регион, како и на реките Сатеска и Радика, заедно со нивните притоки. Висок водостој е забележан и на реката Треска, вклучително и ...
Министерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на Министерството. Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите и дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапката. ...
Американските поморски сили запленија руски танкер кој пловел низ Северниот Атлантик, што претставува најнов потег на Вашингтон против бродови поврзани со нелегална трговија со венецуелска нафта. Командата на американските сили во Европа соопшти на 7 јануари на социјалните мрежи дека танкерот Маринера (Marinera), претходно именуван како Бела 1 ( Bella 1), бил запленет во Северниот Атлантик, меѓу Исланд и Обединетото Кралство. „Бродот беше ...
Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за „низа опции“ за преземање на Гренланд, вклучително и користење на војската, соопшти Белата куќа, јавува новинската агенција Ројтерс. Прес-секретарката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека „аквизицијата на Гренланд е приоритет за национална безбедност“ за Трамп за да ги одврати американските противници како Русија и Кина. „Претседателот и неговиот тим разговараат за низа опции за ...
Цената на нафтата почна да паѓа на 7 јануари, поради страв од зголемување на понудата откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Венецуела ќе испрати до 50 милиони барели во САД. Во објава на неговата платформа Truth Social на 6 јануари, Трамп рече дека привремената влада на Венецуела ќе им предаде помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта на САД, во потег што го формулира како во корист на двете нации. Количината е еквивалентна на ...