Јавното обвинителство бара притвор за пет лица од Тетово осомничени за трговија со дете. Жртвата имала 15 години. „Првоосомничениот од есента 2023 година до крајот на 2024 година, во Тетово, откако започнал емотивна врска со тогаш петнаесетгодишната жртва, ја злоупотребил положбата на љубовен партнер и континуирано манипулирајќи со неа и искористувајќи ја довербата што жртвата му ја укажала, ја довел во состојба на зависност“, соопшти ...

Празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме еден за друг и да им помагаме на послабите од нас, никому да не му чиниме зло. Со вечерашната божиќна миса во црквата „Пресвето Срце Исусово“, верниците кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар започнаа да го слават Христовото раѓање. Од срце посакувам големиот христијански празник да ви донесе внатрешен мир, спокој во семејството и ...

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат во Македонија. „Вашето враќање не е симболично. Тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за првпат јавно ги презентираше 20-те точки од мировниот план инициран од САД за ставање крај на војната. Според нацртот, предвидени се безбедносни гаранции за Украина по примерот на Член 5 на НАТО – клаузулата за взаемна помош – како и армија од 800.000 војници, како што изјави Зеленски пред новинарите во Киев. Претседателот зборуваше за нацрт-рамковниот документ и ги повтори изјавите од ...

Линеарното зголемување на пензиите останува. Уставниот суд не донесе одлука за негово укинување поради изедначен резултат во гласањето. Ова прашање беше на дневен ред на денешната седница на судот, но одлука не е донесена. Предметот ќе се разгледува повторно по комплетирање на судискиот состав. „Судот поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на одредби од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. На денешната седница гласовите се ...

Македонија засега не планира да ја прифати понудената помош од Бугарија за снабдување со мазут, иако беше воведена седумдневна кризна состојба во енергетиката. Од Владата за „Дојче Веле“ велат дека државата во моментов не се наоѓа во ситуација во која има потреба од ваков тип на помош. Владата уверува: Нема потреба од надворешна помош „Државата не е во фаза на чекање помош од надвор, туку со сите свои расположливи капацитети е во можност да ...

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, каде што беа врачени решенија за распоредување на 120 нови полициски службеници кои успешно го завршија приправничкиот стаж и ќе ја извршуваат својата должност во рамките на Секторот за внатрешни работи Скопје. Новите полициски службеници ќе бидат ангажирани во различни организациски единици на најголемиот сектор во државата, ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ ...

Две децении по успешната кариера во производство на ентериери за водечките светски автомобилски брендови, Томас, поранешен виш менаџер во италијанска мултинационална компанија, се повлече од автомобилската индустрија во есента 2025 година. „Мислам дека е осудена на пропаст. Индустријата е осудена на пропаст.“, изјави Чехот за Радио Слободна Европа, објаснувајќи ја главната причина зошто се откажал од бизнисот. Томас побара неговото презиме ...

На 23.12.2025 во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул.„Никола Карев“ со ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест. Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се ...

Малолетниците во Македонија дневно поминуваат и до пет часа на интернет. Загрижувачките резултати од истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) покажаа дека свесноста за безбедноста на децата не е високо ниво. Затоа, Агенцијата повика на конкретни политики, едукација и кампањи за дигитална одговорност. Сите овие заложби се дотолку повеќе потребни, што паметните телефони може да предизвикаат низа здравствени проблеми, а како ...

Со прогласувањето кризна состојба за електрична енергија Владата ги активираше државните резерви за мазут за потребите на ЕСМ. Но со одлуката се отвора можноста за итни јавни набавки и договори во четири очи, а злоупотреби откри Антикорупциската комисија за време на енергетската криза во 2021 и 2022 Одлуката за прогласување кризна состојба за електрична енергија во Северна Македонија, образложено со блокадите на граничните премини од грчките ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Л.М.(32) и Н.А.(45), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“. На 16.10.2025, првопријавениот како референт за користење на шуми и дотур во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Кожув“ Гевгелија, издал дозвола за сеча на огревно дрво без претходно да биде ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Б.С.(61), Ј.Д.(53) и Д.А.(44), сите од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на 2023 година, првопријавениот, раководител на Одделение за урбанизам во општина Пробиштип и второпријавената, советник за урбанизам, градежништво и издавање на одобренија за градење во Одделението ...

На 23.12.2025 во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово. При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени 12.507 разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи. Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил ...

Повереник – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, одржа работна средба со новиот сопственик на “Ресорт Маврово”, Љубе Кутлешоски, успешен бизнисмен од Австралија и сопственик на компанијата „Бесијан холдингс ПТИ ЛТД“ (Besijan Holdings PTI LTD). На средбата, Љубе Кутлешоски официјално го информираше Повереник – Градоначалникот дека се целосно завршени сите правни и финансиски постапки, како и преземените обврски околу ...

Се сретнав со младите луѓе во кои лежи иднината на безбедносниот систем на Македонија. Академското кафе со студентите и професорите беше искрена размена на идеи, размислувања и визии за држава со силни и функционални институции. Со студентите разговаравме за реформите што ги спроведуваме во Министерството за внатрешни работи, за ефектите од системот „Безбеден град“, за враќањето на средното полициско училиште, дигитализацијата на услугите, ...

Викендов (27 и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија. Во Скопје и околината исто така викендов ќе ...

Пожарот во Кочани, реформите во судството и евроинтеграциите на Северна Македонија, беа клучните теми во годишното обраќањето на претседателката во Собранието. Таа побара политичарите да ги остават надлежните да го водат судењето за кочанската трагедија. За евроинтеграциите кажа дека ако може да се најде решение за Украина и Молдавија, тогаш може и за Северна Македонија. Пожарот во Кочани не беше само трагедија. Тој настан не доведе до ѕидот ...

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно. По кратко боледување, на 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал, објави „Слободен печат“. Рингов беше поранешен македонски и југословенски репрезентативец, а најдлабока и најпрепознатлива трага остави настапувајќи во дресот на ФК Вардар. Во црвено-црниот дрес одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 ...

Федералната комисија за комуникации на Соединетите Држави (FCC) денеска, 23 декември соопшти дека ги додава кинеските DJI, Autel и сите дронови и компоненти произведени во странство на списокот на компании за кои утврдила дека претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност на САД и затоа ќе забрани одобрувања за нови видови дронови за увоз или продажба во САД. Додавањето на списокот на оваа комисија значи дека DJI, Autel и ...

Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок. Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. „Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има ...

-Повеќенаменското игралиште во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача е целосно уредено и ставено во функција за учениците, со што се создаваат подобри услови за училишен спорт и рекреација. -Игралиштето во станбениот комплекс на ул. „7 Ноември“ (наспроти Кам Вилиџ) е опремено со реквизити за баскет и фитнес опрема, кои се наменети за рекреација и спорт на жителите од овој дел на градот. Оваа инвестиција е дел од Проектот ...

Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето. Прашана дали поради загадениот воздух МОН размислува за предвремено завршување на првото полугодие од учебната 2025/2026, министерката Весна Јаневска денеска изјави дека остануваат уште малку денови до распустот. Како што рече, во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е ...

На 22.12.2025 во 10:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишија од слобода М.С.(45) од с.Калиште, гостиварско. Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во с.Градец, сопственост на Х.А.(49) од с.Градец, при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. одземеното е проанјдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по ...

На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во ...

Со ова стрелиште обезбедуваме безбедни, контролирани и стандардизирани услови за балистички испитувања на мало и лесно оружје, во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Тоа значи попрецизни анализи, посигурни докази и поцврсти случаи пред судските органи. Овој капацитет е и центар за обука, каде нашиот стручен кадар континуирано ќе ги унапредува своите знаења и вештини. Прецизната форензика директно ја зголемува довербата на ...

Преспанскиот крај е едно од најубавите места во Македонија – живописен, недопрен, со природа која изгледа нереално. Токму затоа е важно да имаме добри патишта за да го откриеме и уживаме во неговата убавина, и токму затоа отпочнавме со санација на регионалниот пат Стење – Коњско. Денеска заедно со градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски,пратениците Ѓоргија Сајкоски и Кире Божиновски,заменик директорот на Македонија пат Александар ...

По назначувањето на американскиот специјален пратеник за Гренланд, данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен најави на ТВ2 дека ќе го свика на разговор американскиот амбасадор Кен Хауери. Претходно, во изјава за новинската агенција АФП, Расмусен ја повика американската влада да го почитува суверенитетот на Данска. Неговата влада инсистира дека „сите – вклучително и САД – мора да покажат почитување на територијалниот ...

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд). Поради продор на поладен воздух од север на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.77
48%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
40%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
40%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.49
82%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.36
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.78
43%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
47%
1014
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.97
36%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
76%
1015
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Калај

56.26

Бакар

13.27

Цинк

0.00

Платина

56231.66

Кобалт

56.29

Сребро

2050.96

Иридиум

252383.36

Злато

139395.99

Рутениум

53852.50

Паладиум

43274.90

Алуминиум

3.28

Родиум

278103.96