За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; ...

Разговори за меморандум и „можен иден“ мир тешко можат да претставуваат цврста основа врз која брзо би се изградил траен договор. Минатата година Доналд Трамп вети дека ќе го заврши војниот конфликт во Украина за „24 часа“, анализира Би-Би-Си. Минатата недела изјави дека судирот нема да се реши сè додека тој и рускиот претседател Владимир Путин не можат лично да се сретнат и да ги „продискутираат“ работите. Во понеделникот, повторно се случи ...

Заканата за повлекување е класичен потег на преговарач. Но, со оглед на екстремниот скептицизам на администрацијата за помош на Украина, ова можеби не е блеф. Си-Ен-Ен Толку за „силата на личноста“ на Доналд Трамп, која го принудува рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека сака да ја заврши војната во Украина. Надуениот телефонски повик на претседателот со неговиот руски колега во понеделникот главно послужи да се истакне колку далеку е ...

Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме. Да, да, да! За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето. Бранко Тричковски Како да му дадеме вистински одговор на лажниот дух на жртвувањето. Да го погодиме срцето на нарцистичкото задоволство ...

Во моментов во игра се два плана за Украина. Едниот на Трамп објавен пред еден месец за прекин на огнот, па американско признавање на Крим, укинување на американски санкции кон Русија.., по што реагираше Европа и го направи својот план од 22 точки во наводна соработка со САД. Тој план засега не е објавен, а Путин одби да го прими Стив Виткоф, кој требаше да му го презентира. Можеби европскиот план е поригорозен за Русите. Мирче Адамчевски Смешни ...

Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак. Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор, за време на кој рускиот лидер одби да се согласи на прекин на огнот и наместо тоа ја изјави својата подготвеност да преговара за „меморандум во врска со потенцијален иден мировен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете ...

Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка ...

Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кој беше кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Аребен Тарвари, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до ...

Во Шпанија денеска неколку часа беа нарушени телефонските комуникации и интернет врските поради дефект на шпанскиот телекомуникациски оператор „Телефоника“ (Telefonica), што предизвика и проблеми при повикување на итните служби во повеќе региони. – Работите на модернизацијата на мрежата влијаеја на фиксните комуникациски услуги (фиксни телефони и интернет) во некои компании. Службите за итни случаи, до кои се доаѓа со повик на 112 и кои беа ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Телеграм објави дека Русија купува време за да ја продолжи војната. Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за продолжување на војната и окупацијата, наведе Зеленски. Тој додаде дека разговарал со претседателот на Финска, Александар Стуб за мировниот процес и оти побарал поголеми меѓународни санкции со цел да се зголеми притисокот врз Русија. Соработуваме со партнерите за да ...

Министрите за надворешни работи и одбрана на земјите-членки на Европската Унија ќе се состанат денес во Брисел, а на состаноците ќе се дискутира за конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и одбранбените капацитети на Унијата. Состанок на министрите за одбрана на ЕУ треба да се одржи наутро, додека состанок на министрите за надворешни работи ќе се одржи попладне. Шефовите на дипломатиите ќе разговараат за 17-тиот пакет санкции на ЕУ ...

Јована Тренчевска: Се рушел правниот поредок со предлог законот за настраданите од Кочани! Лефков ќе го нема 2 месеци во јавноста и ќе излезе подучен од Белата палата со ваква небулоза. Абе преслушај се уште еднаш, верувам ќе се засрамиш од вакви изјави! Која бедотија! Законски решенија за вакви трагедии секаде во свет има. И затоа е законодавството! Во случај на вакви трагедии да може да се интервенира. Да се забрзат постапките и да се излезе ...

Спорерд рускиот претседател Русија останува на ставот дека е потребно да се прекинат непријателствата, но истакна дека привремено прекинување на огнот е можно само ако се постигнат соодветни договори. Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денес разговараа телефонски околу два часа за војната во Украина, а поконкретно, за постигнувањето мир. Путин изјавил дека разговорот со Трамп бил „искрен и значаен“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Русија и Украина „веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот“, по неговиот разговор со Владимир Путин. Не е јасно како ова се разликува од преговорите што веќе започнаа во Турција во петокот меѓу украинската и руската делегација. Ватикан, претставен од Папата, изјави дека би бил многу заинтересиран да биде домаќин на преговорите. Нека започне процесот!, објави тој на Truth Social, со тон ...

Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина. Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку. Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции. Путин наводно му се ...

Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир. Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“. ...

Владимир Путин и Доналд Трамп разговараат преку шифрирани, безбедни линии. Преведувачите учествуваат во разговорот – Путин користи руски, иако зборува англиски, но преговара на својот јазик. Тие не користеле видеоконференциски повици во претходните контакти. По инаугурацијата на Трамп, првиот јавно објавен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин се одржа на 12 февруари. Тие повторно разговараа на 18. март. Според Кремљ, разговорот траел околу два ...

Тито Беличанец: Од објснувањето на вицепремиерот Николовски на ТВ Сител го разбрав следното: Земјава ќе зема кредит преку Агенција за извозно финансирање која ќе биде гарант пред комерцијалните банки во Британија. По кој основ и врз кои услови Агенцијата ќе ја преземе гаранцијата, тој не соопшти. И при тоа укажа на два моменти кои ги нарече уникатни. Според првиот “уникатен момент”, Владата ќе добие каматната стапка (за која сеуште преговара) ...

Вкупно 11 пациенти од повредените во пожарот во Кочани се лекуваат во странство. Од нив во Грција се тројца и тие се во добра, стабилна состојба, во Србија се четворица пациенти исто така во добра состојба, во Австрија е еден, стабилен и сместен на одделение, во Словенија е еден кој веќе посетува рехабилитација, а во Турција се двајца пациенти префрлени на одделение, на кои редовно им се прават преврски, соопшти денеска заменик-министерот за ...

Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не гласаа ниту за составот на Комисијата, што доведе до прекин на седницата. Косовското Собрание не е конституирано ниту по 18-тиот обид, по парламентарните избори одржани на 9 февруари. За формирањето на ...

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска нема да биде доставен до Собранието. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, вчера имала разговор со кандидатите за гувернер и ќе направи дополнителни анализи по што ќе го достави предлогот до законодавниот дом. Од Кабинетот на претседателката нагласуваат дека тоа и го дозволува законот и дека тоа што предлогот ќе биде доставен за некој ден нема да ...

Земјотрес со јачина од 4,5 степени беше регистриран кусо пред 3.30 часот на Евија, што е дел од низата земјотреси со ист епицентар во изминатите 24 часа во северниот дел на грчкиот остров, а предизвикана е помала материјална штета и пукнатини на над 50 објекти. Претседателот на грчката Организација за антисеизмичко планирање и заштита Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ рече дека не постои посебна причина за загриженост, но дека го следат ...

На плоштадот Свети Петар, во Ватикан, денеска се одржува инаугуративна миса, предводена од папата Лав 14-ти, со што официјално ја започнува неговата служба како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква. Литургиската служба почна во 10 часот, а на неа присуствуваа делегации од 150 земји и десетици илјади верници. На папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција – на прстот му беше ставен рибарски прстен, што ја ...

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс. Втор е кандидатот на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ -АУР, Џорџе Симион. Разликата меѓу двајцата засега е околу десет проценти. Според податоците на Курс, Никушор Дан освоил 54,10 проценти од гласовите, а неговиот ...

Денес најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на крајот од оваа година, а најдоцна почеток на следната година ќе има голема промена во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единствено најголемо нешто што човек ...

Оливер Андонов: Да бидеме на чисто, не дека е негативно да се има стратешки договор со Обединетото Кралство и негов влез и инвестиции во Македонија, тоа е исклучително значајно, дури и неопходно за иднината на Македонија, но едноставно не верувам во капацитетот и искреноста на Мицкоски, секако сигурно е неискрен кон суверенот, но дури и кон Обединетото Кралство. И кога сме кај иднината, пред се онаа на суверенот, да се вратиме на „предлогот“ на ...

Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Ние сме гласот на патот на Арбр, а тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети. Ова го порача денеска Арбен Фетаи, вицепремиер за политики на добро владеење од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Тараври кој претходно се повлече од владината коалиција. Салим Сулејмани, пак, денеска поднесе оставка ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио по телефонскиот разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија подготвува документ во кој ќе бидат наведени барања за прекин на огнот во Украина што би довело до преговори за траен мир. Рубио во интервју за Си-Би-Ес изјави дека украинската страна ќе работи на свој предлог и изрази очекување дека брзо ќе бидат дадени предлози за продолжување на преговорите. Рубио истакна дека ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
9.77
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
7.47
88%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.29
91%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Цинк

3.23

Бакар

10.95

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Кобалт

58.42