Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јули 2025 година, во 14:21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода 75-годишниот Д.Џ. од Охрид. – При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час, на место каде со сообраќаен знак ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжен е рокот за аплицирање по јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина. Од охридскиот Центар за вработување за Супер радио и OhridPress информираа дека досега се пријавени 14 лица од Охрид. Повикот предвидува работно ангажирање на 10 невработени лица, а новиот краен рок за пријавување е 23-ти јули. Работното ангажирање ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија и нејзините верници утре го слават празникот посветен на Свети Сисој Велики, светител кој е исклучително почитуван и ценет од мајките и жените бидејќи го сметаат за заштитник на децата и брз помошник во секоја тага и зло доба. Верниците го почитуваат Свети Сисој Велики како заштитник на децата и брз помошник во секоја несреќа. Многу мајки практикуваат ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јули 2025 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот. – Притоа, полициските службеници констатирале дека 22 пешаци преминувале коловоз на необележан и небезбеден премин, односно надвор од обележан пешачки премин, од кои 4 во Охрид, 6 во Струга, 10 во Кичево и 2 во Дебар. Против нив поднесени се ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на подобрување на јавната безбедност и подигнување на свеста и совеста кај возачите за користење на обележани паркинг простори како и во насока на намалување на кражби на плажи, отсекот за превенција при СВР Охрид, ги спроведува превентивно-едукативните кампањи „Паркирај совесно“ и „Заштити се од кражби на плажа“. – Притоа, полициски службеници вршеа обиколка низ паркинг просторите во градот како и ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Билјанини извори. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“. – Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и Владимир Сарафилоски- Броз со ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во популарната Facebook група Муабети од Охрид и околината, од 2020 година, кога е отворена, секојдневно се споделуваат прекрасни приказни за Охрид и околината, вистински спомени од едно минато време, некогашниот начин на живот, но и спомени за луѓе и настани кои оставиле сериозен печат во времето. Со одобрение од администраторот, на OhridPress ќе споделуваме дел од најубавите приказни, се’ во насока да не се ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Атанасиј Атонски. Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. ...
Скопје/Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти јули 1967 година во Охрид, на Третиот црковно-народен собор, Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ), донесе одлука за прогласување автокефалност на МПЦ како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски. По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со почетокот на јули, како дел од поголемиот пакет летни промотивни активности, започна бесплатното летно Plazma TAXI. Ова е само продолжување на соработката на охридското Супер радио и OhridPress, заедно со „Тамаро“ маркетите со најголемите компании во државата и регионот. Основната идеја на Plazma TAXI е да им овозможиме на охриѓани и гостите бесплатно возење до саканата дестинација секој викенд, во петок и ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и малку посвежо време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, денеска времето ќе биде малку посвежо. Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата ...
Охрид, 18. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки товарни возила: Од 1. јули до 31-ви август на државните патишта во ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на Светската награда на хуманизмот за 2025 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД. Родена во Скопје 1947 година, а наградата и’ се доделува за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Потпишани се договорите за реализација на важни инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Со ова го продолжуваме процесот за обезбедување на подобри услови за живеење во сите урбани и рурални средини. Инвестициите во комуналниот развој се нашиот најважен приоритет и затоа ...
Струга, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е реализацијата на проектот за заштита и конзервација на музејскиот археолошки материјал од локалитетот „Расница“, кај селото Корошишта, Струга, место што минатата година го привлече вниманието на јавноста со епохалното откритие на архајска некропола, информираат од НУ Археолошки музеј на Република Македонија. Меѓу највпечатливите наоди се: бронзен шлем со златни апликации, златен прстен, пекторал и ...
Скопје/Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јули 2025 година, во 09:00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека во мај 2025 година преку социјална мрежа комуницирала со машко лице и се договориле да склучат брак. – Според пријавеното, лицето и побарало пари за да можат да се сретнат во Охрид, по што таа во три наврати преку брз трансфер на пари му пуштила вкупно 6.700 евра, а подигнала и 3.000 евра кредит од банка. ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Досега се пријавени 14 лица на јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина, информираат за Супер радио и OhridPress од охридскиот Центар за вработување. Повикот предвидува работно ангажирање на 10 невработени лица, рокот за пријавување истекува денес во 15:00 часот, а од Центарот очекуваат да добијат уште некоја пријава. ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“. – Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и Владимир Сарафилоски Броз со ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето, 2025-то продолжува соработката на водечките медиуми во регионот, охридското Супер радио и порталот OhridPress, со „Тамаро“ маркетите со најголемите компании во државата и регионот. Денеска имавме уште една супер активност, односно крстарење со прекрасниот брод „Армада“ до една од најубавите и најатрактивните локации, манастирскиот комплкс „Св. Наум“. Комплетната екипа на Супер радио и OhridPress, со ...
Рим, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Италија наскоро ќе стапат на сила нови правила за електрични тротинети, кои значително ќе ја заострат нивната регулатива. Регулативата на Министерството за транспорт, која треба да биде објавена во следните две недели, за прв пат воведува обврска за регистарски таблички за овие популарни возила. Покрај задолжителните регистарски таблички, се воведува и носење кацига за сите возачи на тротинети, и тоа не само ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај плажата на „Извиднички Центар“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јули 2025 година, во 01:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата „Рача“ и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од страна на 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. – Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Забрана за движење на тешки товарни возила: Од 1. јули до 31-ви август на државните патишта во ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Андреј, архиепископ Критски. Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со ...
Охрид, 17. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 33. степени. – Денеска ќе се задржи многу топло време, а во делови од држават во текот на попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Поради ...
Струга, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга, во сабота, на 19-ти јули 2025 година ќе се вози ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро. – Годинава, турата има хуманитарен карактер и ќе се вози под мотото „Сите за нашиот Ангел“, во чест и за помош на нашиот член, наш другар и брат по точак Ангел кој, неодамна возејќи точак на вело тура во Италија, падна и се наоѓа на лекување во една ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress пишуваше во јануари годинава, старата куќа, која се наоѓа на една од пристапните патеки за населбата Канео е пред уривање и секојдневно е во се’ полоша состојба. Истата претставува сериозна опасност за охриѓани и туристите, кои често го користат овој дел од градот за прошетки или посета на оближните угостителски објекти или црквата „Св. Јован Богослов Канео“. Истите се предупредуваат на ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во водите на Охридското Езеро, во август ќе се одржи Третата меѓународна веслачка регата,која што ќе обедини веслачи од целиот Балкан, во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“. – Со задоволство ја најавуваме Меморијалната трка во чест и сеќавање на нашата сакана и незаборавна Јулијана Николиќ. Во знак на траен спомен за нејзината извонредност и придонес кон веслањето, донесена е едногласна одлука трката ...
Охрид, 16. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување огнено оружје“. – При претрес во домот и помошни простории, кои ги користел, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа еден пиштол, ...