Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ги известува граѓаните и посетителите дека поради преземање на засилени безбедносни мерки на јавни локации во општината, планираната тетарска претстава за деца „Во царството на другарството“ која требаше да се прикаже денес, на 11-ти јули 2025 година, на сцената кај ТЦ „Амам“ се откажува. – Во интерес на јавната безбедност и согласно препораките од надлежните институции, претставата ќе биде ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква – Охридска архиепископија )МПЦ-ОА), односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува православните верници дека во вторник, на 15-ти јули 2025 година, се се служи Света Архиерејска литургија во манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“, Заум кај Трпејца, по повод празникот „Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна“. Во 07:30 часот ќе се служи утрена ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Супер радио, денеска имаше вистинско задоволство да се дружи и да сподели многу подароци и насмевки со малите Plazma уметници од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и нивните најубави детски цртежи Како дел од летната кампања на Супер радио и Тамаро со Плазма, сегментот „Мали Plazma уметници“ предвидува соработка со Детската градинка во Охрид, од каде ќе имаме мини конкурс за најубави детски цртежи на тема Plazma ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид денеска и утре, презема посебни безбедносни мерки, со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето“. Во делот на сообраќајот, на булеварот „Туристичка“, на булеварот „Македонски просветители“ и кејот „Македонија“ од кружниот тек кон улиците „Цар Самоил“, „Коста Абраш“ „Илинденска“, „Кирил и Методиј“ и „Абас Емин“ како и кај паркинг просторот ...

Скопје/Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На автопатот Кичево-Охрид се прават последните подготовки за пуштање во употреба на делницата од Врбјани кон Охрид во должина од околу 40 километри, со прекин кај Ботун, откри за весникот Вечер директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски. Тој додава дека граѓаните и туристите кои патуваат кон Охрид веќе се возат по новиот коловоз, a сечењето на лентата е планирано за в недела на пладне. Овој ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец мај Охрид го посетиле вкупно 41.096 туристи, од кои 12.120 биле домашни, а 28.976 се странски. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 75.263. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 6.050, следуваат гостите од Германија 5.226, Србија 2.164, Франција 2.090, Холандија 1.164, Велика Британија 1.134… На ниво на ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец мај во Охрид биле издадени 10 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив три се на физичко лице и седум на деловен субјект. Предвидена е градба на 14 станови, најмногу петсобни, со вкупна корисна површина од 1.395 м². Во анализираниот период во општина Струга нема издадени одобренија, додека во Дебрца имало 5 одобренија. На ниво на Република ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21:00 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер. Клер Хуангчи е ...

Скопје/Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На иницијатива на Министерството за култура и туризам, формирана е работна група составена од претставници од секторот туризам при министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружение на туристички водичи ЗТВПМ, како и експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници. На првиот состанок на работната ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 13-ти јули, прв настан по отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, во „Форт кафе“, како една од официјалните сцени, ќе биде театарската претстава „Сите најубави нешта“, според Данкан Мекмилан. Монодрамата е во режија на Дејан Пројковски, а настапува актерот Игор Ангелов. Ќе се игра во „Форт кафе“, новата фестивалска сцена, под самиот влез на Самуиловата тврдина. Станува збор за ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на Античкиот театар во Охрид, во пресрет на отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 12-ти јули е Петровден, а на 13-ти јули се празнува Павловден, празници со кои се поврзани и многу обичаи. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На Граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на преносот на моштите на светите маченици Кир и Јован. Се празнуваат на 31-ви јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање. На 28-ми јуни се празнува преносот на нивните мошти од Канопос во Манутин и многубројните чуда што се случија притоа. Александрискиот патријарх свети Кирил истрајно се молеше на Бога да го уништи идолското нечестие во ...

Охрид, 11. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени. – Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај) извор: УХМР com ...

Скопје/Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Системот за информации за пожари и управување со ресурсите (Fire Information for Resource Management System – FIRMS) редовно ги објавува најновите податоци за пожарите ширум светот, скоро во реално време (NRT). Според последниот извештај на Центар за управување со кризи, заклучно со 18:30 часот регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Активни се 9, под контрола се 4 и изгаснати се 16. Активни ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Дарко е од онаа ретка врста на кои не им се потребни ни донации, ни странски или домашни фондови, ни некој посебен повод. Тој самоиницијативно ја исчисти плажата до поранешна Детска болница. Екипата на OhridPress, како дел од денешниот OhridIn, утрово сосема случајно снимаше на оваа локација и бевме пријатно изненадени од состојбата во која беше плажата. „Виновник“ бил Дарко Јовески, кој не ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот. На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress преку допис до редакцијата реагираат дека и покрај одлуката на Општина Охрид за забрана на секакви градежни активности од 1. јули на целиот потег од „Билјанини Извори“ до реката Даљан, јужно од булеварот „Туристичка“, сепак се гради на локации во Охрид. – Веќе втора недела, до хотелот „Магнус“ во населбата „Даљан“ продожуваат градежни активности на изградба на огромна зграда, а во радиус ...

Скопје/Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – После подолг период на безидејност, застарени стратегии и нефункционални закони, конечно, ги поставуваме темелите на туристичкиот развој на Македонија, порача денеска Лидија Петкоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. – Ја поврзавме државата со светот преку 11 нови авио линии од двата аеродроми и обезбедивме 360 милиони денари финансиска поддршка. Воведовме чартер лет за 40.000 туристи од ...

Париз/Скопје/Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – По усвојувањето на одлуката на Комитетот да им се даде повторно една година на Република Македонија и Албанија, со реакција излегоа од 40-те организации кои претходно побараа впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност, а која беше прочитана во Париз, веднаш по усвојувањето на Одлуката. – Комитетот за светско наследство беше информиран за загрижувачката ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, денес оствари средбра со амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас, кој за првпат од неговото именување е во посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за повејќе значајни теми и области за Охрид. Фокус на разговорот беше реализацијата на проектот „Ohrid Go“ кој е финансиран од Европската Унија, а се однесува на проекти кои се реализраат во склоп на ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со денешната калкулантска одлука (исто како и претходните три пати), УНЕСКО станува исто виновен за состојбите во Охридскиот регион како и ние самите и нема никаков кредибилитет во иднина да укажува на проблемите во Охрид. Или пак признава дека во Охридскиот регион нема поголеми проблеми и се е манипулација на некои организации! Со ваков став, екологистот дејан Пановски, на неговиот профил на Facebook ја ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и ...

Париз/Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 47. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз, усвоен е амандман со кој се одложува впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Одложувањето е условено со низа обврски за кои државата треба да достави извештај до 1 февруари 2026 година. Ова се случи откако Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националниот парк „Галичица“ претставува вистинско „жариште“ на биолошка разновидност и има непроценливо национално и глобално значење. Паркот се одликува со богатство од видови фауна, како и со присуство на реликтни и ендемични видови, информираат од паркот. – Во паркот се среќаваат преку 3.231 таксони од фауната. Тринаесет вида од `рбетниците во паркот се сметаат за глобално загрозени. Осум вида во паркот ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице. – Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишниот В.Б. од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид ќе се одржи наречението, хиротонијата и востоличувањето на новоизбраниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски). Во сабота, 12-ти јули, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник ќе се одржи наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, со почеток во 17 часот. Следниот ден, 13-ти јули ќе се одржи Божествена ...

Охрид, 10. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 18-ти јули 2025 година, на плоштадчето „Вангел Наумоски“, до Мини маркет, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи петтото, јубилејно издание на музичко-сценската манифестација „Малите ѕвездички со Ка Двојче“. – Ќе настапат околу 30 дечиња со свои песнички произведени во нашата креативна К-2 музичка работилница. Покрај К-2 ѕвездичките, специјални гости ќе ни бидат и малку поголемите ѕвезди Марама и ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
93%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
61%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.03
81%
1026
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
59%
1023
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
58%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
57%
1024
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.56
72%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
94%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1026
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57734

Родиум

255598.44

Платина

58054.69

Сребро

2060.60

Паладиум

50058.71

Бакар

10.87

Калај

41.30

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Цинк

3.13

Алуминиум

2.87

Иридиум

145787.60

Злато

138408.99