Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Откако ДПМНЕ соопшти дека наводно ќе прифати сè околу кое ќе се договорат опозициските партии во однос на Изборниот законик, со единствен услов да се прифати гласањето на дијаспората по пошта, една изборна единица останува во центарот на дебатата за промените на Изборниот законик, се наведува во соопштение од Левица. -За Левица, една изборна единица отсекогаш е програмска определба и е единствената суштинска реформа што ќе обезбеди Собрание ...
Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. -Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион. Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, ...
УХМР издаде метео-аларм за силен ветер кој наместа ќе надминува 80 километри на час. Денеска нѐ очекува променливо облачно време со чести сончеви интервали. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе се создадат услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара учествуваше на повеќе активности и состаноци во рамки на Самитот на НАТО, меѓу кои приемот за министрите за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон иницијативата за НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe). Од Министерството за одбрана информираат ...
Еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде се реализира темелна реконструкција. Министерката Јаневска на крајот на мај изврши увид во текот на градежните работи, при што најави дека од 1 октомври ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека се работи на разубавување, уредување и подобрување на условите за сите посетители на Водно. „За Водно, срцето на градот! Водно е место на мир, рекреација, семејни прошетки, спорт, спомени и поглед кој секогаш нè потсетува колку е убаво нашето Скопје. Токму затоа, во изминатиот период посветено работевме на негово разубавување, уредување и подобрување на условите за ...
На 06.07.2026 во 21:12 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки и пешак. Според пријавеното, возилото било управувано од С.Д. (74) од Охрид, кое удрило во пешакот М.Т. (84), исто така од Охрид. Во несреќата, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и ...
Во Основниот суд во Куманово на 9-ти јули започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26, по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се ...
Вчера (07.07.2026) во 07:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки и товарно возило „Форд“, исто така со тетовски ознаки. Според пријавеното, со „БМВ“-то управувал М.Б. (18) од Тетово, кој возилото го управувал без положен возачки испит, додека товарното возило било управувано од В.Е. (24) од село Пршовце. Во ...
Полициски службеници од СВР Скопје на 06.07.2026 го лишиле од слобода В.И. (22) од село Страхојадица, скопско, по претходна пријава за упатување закани со пиштол. Според пријавеното, на 05.07.2026 околу 21:10 часот, во близина на железничката станица Зелениково, В.И., кој бил заедно со Е.Б. (24), исто така од село Страхојадица, со пиштол им се заканувал на И.М. (41) и на уште неколку други лица. Дополнително, според пријавата, Е.Б. физички го ...
УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во осум часот утринава. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, утрово е најсвежо на Попова Шапка, каде се измерени 15 степени, по што следи Берово со 16 степени и Маврово со 18. Најтопло утринава е во Гевгелија со 26 степени, по што следи Кавадарци со 25 степени. Во Скопје утрово во осум часот се измерени 22 степени. Денеска нѐ очекува променливо облачно време со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, кој се одржува во рамки на Самитот на НАТО во Анкара. Таа ќе има свое обраќање пред лидерите на земјите-членки на Алијансата. Во пресрет на официјалниот дел од самитот, претседателката присуствуваше на свечениот прием што го организираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за учесниците на собирот. ...
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 548. седница, на која една од клучните точки ќе биде изборот на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. Пред членовите на Советот најпрво ќе се најде извештајот со предлог-листата на кандидати за раководната функција, по што ќе следува донесување на конечната одлука за избор на нов претседател на судот. На дневниот ред се и измени и дополнувања на Годишната ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го продолжи вториот ден од амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот. Во текот на вчерашната седница беа разгледани повеќе амандмани со кои се предлагаа дополнителни средства за Министерството за односи со заедниците, повисоки плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, како и зголемени блок-дотации за општините за поддршка на противпожарните единици. Дел ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска престојува во официјална посета на Скопје, каде со државниот врв ќе разговара за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, како и за спроведувањето на реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западен Балкан. Во рамки на посетата, Кос ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Предвидени се тет-а-тет разговори, по што ќе следува заедничка средба со владина ...
Без струја денеска ќе останат неколку скопски општини. Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска, поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во неколку скопски општини ќе останат без електрична енергија и тоа, во општина Сопиште, прекин во снабдувањето ќе има од 08:30 до 15:00 часот за дел од корисниците на улица 8 во селото Горно Соње, на локалитетот Коштан. Дополнително, од 09:00 до 12:00 часот без ...
Денеска нѐ очекува променливо облачно време со чести сончеви интервали. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе се создадат услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 9 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 36 степени. Во Скопје ќе ...
За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик. -Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети ...
Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%, додека ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители е 69%, објави Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека во борбата против организираниот криминал сузбиени се над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50%. Во борбата против ...
Страшна несреќа денеска ја потресе Србија и цел регион, кога петнаесетгодишно момче од Нови Пазар рано утринава загина во Голија. Според неофицијални информации, малолетникот испаднал од возилото откако автомобилот се превртел. Во несреќата биле повредени уште три лица, од кои едно потешко. Засега не е позната причината за несреќата. Во неа учествувало само возилото во кое се наоѓал загинатиот малолетник. Полициски екипи и спасувачки служби ...
Ако Chat Gpt според Вашиот промпт ќе искреира фотографија за на веб-портал, или Gemini создаде видео кое потоа ќе биде емитувано на некој канал, а притоа Вие не напишете дека е креирано со вештачка интелигенција, сте го прекршиле етичкиот кодекс на новинарите. По 25 години, медиумските работници добиваат нов кодекс, или како што велат неговите основачи, договор меѓу јавноста и новинарите. За првпат во него се ограничува користењето на AI. Во ...
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за ...
Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност“, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Битиќи посочи ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али денеска во Тиват учествува на Регионалната конференција посветена на системите 112 и модерните технологии за управување си кризни ситуации. – Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот, испраќање фотографии од местото на настанот, испраќање видеа од местото на настанот и ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат. Според него, иницијативата, која се реализира под водство на ...
Во Основниот суд во Куманово на 9-ти јули започнува судскиот процес за предметот К бр.368/26, по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Куманово против Т.Б. (25) од Старо Нагоричане за 4 кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува ...
37-годишна скопјанка е пронајдена мртва во сопствениот дом на подрачјето на општина Аеродром. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт. При првичниот преглед во домот, медицинските лица не забележале видливи траги на насилство врз телото на починатата жена. Случајот веднаш бил пријавен во СВР Скопје, а на местото каде што е пронајдено телото увид извршиле ...
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски рече ...
Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ достави до опозицијата отворена понуда со која се согласува да прифати кој било модел за Изборниот законик, доколку Левица, СДСМ и ДУИ успеат меѓусебно да усогласат пречистен текст. По одржаната средба во Собранието околу Изборниот законик, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски јавно порача дека се подготвени да ги прифатат сите инкорпорирани детали, со еден клучен услов. – ...
Македонските граѓани во јуни почувствуваа благо олеснување во домашните буџети, откако официјалните бројки покажаа пад на трошоците во двете клучни категории – храната и транспортот. Конфликтот со постојаниот раст на цените доби привремено затишје бидејќи трошоците на животот на месечно ниво се намалија за 0.5 %. Најголемо влијание врз овој пад имаат транспортот, кој бележи намалување од 1.6 %, и групата на храна и безалкохолни пијалаци каде ...