Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти, истакна на ...
Северна Македонија имала 20,1 професионални судии на 100.000 жители во 2024 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Иако земјата останува над просекот на Европската Унија, бројот на судии постојано се намалува во последните години. Според статистиката, во 2019 година земјата имала 24,3 судии на 100.000 жители, додека во 2024 година овој број се намалил на 20,1, што значи намалување од повеќе од четири судии на 100.000 жители. ...
ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство, велат од Левица. Како што додаваат доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го ...
Францускиот стратег Арсен Венгер потврди дека ФИФА ќе ги анализира задолжителните паузи за хидратација, што предизвика бројни реакции од навивачите, тренерите и фудбалерите за време на СП. „Мораме да признаеме дека на луѓето понекогаш тоа не им се допаѓаше. По Светското првенство ќе го анализираме вистинското влијание на тие паузи“, рече Венгер. Според него, паузите не влијаеле врз резултатите на натпреварите „Не ми се чини дека тие ги ...
Тројца патници од кои еден маж и два жени се пронајдени во превртено возило со германски таблички на патот граничен премин Блаце – Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека случајот е пријавен синоќа во 22:35 часот во СВР Скопје по што веднаш е излезено на терен. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати, а последен ...
Високиот холестерол е еден од најчестите фактори на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, а многу луѓе поминуваат години без да знаат дека го имаат. Често се нарекува „тивка“ состојба бидејќи се развива без јасни симптоми, сè додека не доведе до посериозни проблеми како што е атеросклерозата. Иако генетиката исто така влијае на нивото на холестерол, животните навики играат голема улога, а малите промени во дневната рутина можат да ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, патуваше многу низ САД, Канада и Мексико за време на Светското првенство во 2026 година, а анализата на АП покажува дека тој поминал повеќе од 100 часа во воздух. Светското првенство во 2026 година, првото издание на турнирот во три земји, 16 градови и низ четири временски зони, завршува со финалето во Њу Џерси, а Инфантино беше на летови помеѓу домаќините, на деловни состаноци и јавни настапи речиси ...
Доктор Нико Беќаровски, во објава на Фејсбук потсети на времињата кога во поранешна СФРЈ во училиштата се учело дека јавните водоводи и извори се општествно богатство и дека претставуваат висок ризик за тероризам и диверзии. Како што раскажува тој, во тоа време ваквата инфраструктура била под постојан воен надзор и секое неовластено приближување до нив било најстрого казнувано. За разлика од тогаш, Беќаровски пишува дека денес со водоводите ...
Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација, велат од ДУИ. „Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон ...
Фудбалската правда беше задоволена синоќа! Шпанската фудбалска репрезентација стана светски шампион по вторпат, откако повеќе од заслужено ја победи Аргентина со 1-0 по продолженија во финалето на Светското првенство вечерва. Европската селекција дојде вечерва да игра фудбал на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, за разлика од „Гаучосите“, кои се бранеа 120 минути и беа исклучиво ангажирани во уништување на играта. Избраниците на тренерот ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска 20.07.2026 година ( понеделник ) планирано е исклучување на електрична енергија поради технички интервенции: · Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, корисниците на Природнонаучен Музеј и Тобако на Зоолошка градина(општина Карпош). The post Без струја делови од Карпош appeared first on Во Центар. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска 20.07.2026 година ( понеделник ) планирано ...
Белгиската сојузна влада, пред летната пауза, одобри низа нови мерки, вклучувајќи ја и забраната за увоз на стока од нелегално окупираните палестински територии. Оваа мерка првично беше предложена кон крајот на минатото лето како одговор на интензивната воена кампања на Израел во Газа, но долго време беше блокирана поради политички застој. Сепак, од петокот до саботата наутро, кабинетот одобри околу 88 досиеја, вклучувајќи ја и реформата со ...
Гостивар од петокот е во фокусот на јавноста откако беше обелоденето дека голем број граѓани со стомачни тегоби побарале лекарска помош. Оттогаш бројот на пациенти расте поради што вчера епидемиолозите прогласија епидемија во овој град. Денеска се очекува да бидат објавени резултатите од земените мостри од гостиварскиот водовод кои или ќе ги потврдат сомневањата дека водата е главниот загадувач или ќе укажат на некој друг причинител. Водата ...
Финалето на Светското првенство 2026 меѓу Аргентина и Шпанија не донесе возбуда само на теренот. На полувремето од натпреварот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси беше одржано првото големо музичко шоу во историјата на едно мундијалско финале. Настапот започна во 22:03 часот со Мадона, придружувана од светлосни ефекти во виолетови нијанси. Во нејзиниот дел се појавија и фудбалските легенди Роналдињо и Роналдо, кои на теренот влегоа со ...
Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“, повикувајќи се на информации на „Волстрит журнал“ и „Њујорк тајмс“. Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух. Американски претставници ...
Резултатите од анализите и испитувањата на квалитетот на водата од гостиварскиот водовод, според најавите, треба да бидат готови до утре и предадени до Обвинителството. Од Обвинителството велат дека откако ќе ги добијат резултатите ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена. Во петокот Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“. Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж. Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка. Тоа што градоначалникот на главниот град може да ...
Производителите и дистрибутерите утре со владините претставници седнуваат на заедничка маса – ќе разговараат за продажните и набавните цени. Состанокот доаѓа откако двете контроли кои ги направиле пазарните инспектори , покажале дека иако засега цените на храната се стабилни, имало периоди кога цените на рафтовите растеле побрзо од оние по кои се набавувале поради повисоки бруто профитни маржи, а во одреден период дури и кога набавните цени ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...
Шпанската фудбалска репрезентација ја освои титулата светски првак, откако во финалето на Светското првенство ја совлада Аргентина со 1:0. Со дисциплинирана игра, цврста одбрана и ефикасен напад, „црвената фурија“ заслужено стигна до најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал. Илјадници навивачи низ Шпанија веќе излегоа на улиците за да го прослават историскиот успех. Ова е ново големо достигнување за шпанскиот фудбал и потврда за неговата ...
Во Гостивар попладнево прогласена е епидемија поради зголемување на бројот на заболени и надминување на прагот на неделно ниво. Одлуката ја донесе Центарот за јавно здравје од Тетово. – Поради зголемен број заболени, надминување на лимитот на неделно ниво пријавуваме епидемија на подрачје на Гостивар. Редовно ја следиме состојбата, анкетираме заболени пациенти, се преземаат мерки, информираа од Центарот за јавно здравје. Бројот на заболени ...
Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои ...
Во рускиот напад врз Киев беа повредени 17 лица, а загина 89-годишна жена, објави Укринформ, повикувајќи се на официјален пост на Фејсбук од киевската полиција. Во нападот се оштетени станбени згради и приватни домови, интернат, продавници, аптека, административни згради, кино, метро станица, канцелариски простори и возила, се вели во соопштението. Безбедносните сили продолжуваат да ги документираат последиците од нападот и да собираат ...
Еден од најпознатите светски стримери, IShowSpeed, испиша нова страница во историјата со настапот на церемонијата на затворањето на финалето на Светското првенство. Пред десетици илјади гледачи на стадионот и милиони луѓе што го гледаа преносот низ целиот свет, Спид ја изведе својата песна „Champions“, станувајќи првиот креатор на дигитална содржина што имал музички настап на церемонијата на Светското првенство. Неговото појавување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е присутен на стадионот „МетЛајф“, каде се одржува финалето помеѓу Шпанија и Аргентина од Светското фудбалско првенство. Се појавија снимки од хеликоптерите со кои Трамп пристигна во Њујорк да го следи од трибините мундијалското финале. Во ВИП ложата на стадионот друштво му прави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, но ова што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи е стаклото отпорно на ...
Центарот за јавно здравје Тетово, Епидемиолошка служба Гостивар прогласи епидемија на подрачјето на Гостивар. „Поради зголемениот број на заболени и надминувањето на неделниот праг на пријавени случаи, прогласуваме епидемија во гостиварското подрачје. Редовно ја следиме состојбата, спроведуваме епидемиолошки анкети меѓу пациентите и преземаме соодветни мерки“, соопшти службата. Состојбата сè уште се следи секојдневно, а бројот на лица кои ...
Големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, кое се игра денес во Њу Џерси, не само што привлекува милиони фанови, туку и самиот врв на светската политика. Шпанското кралско семејство објави дека ќе го гледа финалето од ВИП ложата на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Од кабинетот на шпанската влада е потврдено дека премиерот Педро Санчез лично доаѓа да ја бодри „Црвената фурија“. Тој ќе го следи натпреварот од ВИП ложата, ...
Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос отворено зборуваше за претстојното финале на Светското првенство и без никакво двоумење ја избра Шпанија како главен фаворит за освојување на титулата. Во емисијата на TikTok што ја води со својот брат Феликс, легендарниот играч од средниот ред ја анализираше моќта на Црвената фурија и испрати јасно предупредување до „гаучосите“. „Ако тим како Шпанија успее да ја наметне својата игра додека ...
Едно лице почина во Менхетен како последица од зараза со легионерска болест, соопштија здравствените власти во Њујорк. Официјалните претставници не објавија детали за починатото лице, вклучувајќи го идентитетот, возраста или околностите на заразата. Според податоците од здравственото одделение во градот, во епидемијата што го зафати квартот Горен Ист Сајд во Њујорк, се разболеа најмалку 67 лица, додека повеќе од десетина се хоспитализирани ...