Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ким Кардашијан повторно ги преплави светските медиуми, откако на социјалните мрежи објави нова семејна фотографија на која покрај неа се наоѓа и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Фотографијата веднаш предизвика лавина коментари и повторно ги отвори шпекулациите дека меѓу двајцата постои повеќе од пријателство.Ким на својот профил сподели фотографија направена за време на заедничко семејно дружење, на која се гледаат ...
Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов врховен воен командант по период на несогласувања, политички притисок и големо преструктурирање на државното и военото раководство. Новиот армиски врв ја презема командата во чувствителен момент од војната со Русија.Украина денеска продолжува со воените операции против Русија под ново воено раководство, откако претседателот Володимир Зеленски го разреши досегашниот врховен командант и ...
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...
Во полн ек е истрагата за смртта на адвокатот по кривично право Ставрос Георгиу, кој беше пронајден мртов во својата канцеларија во центарот на Атина доцна синоќа, пишува порталот „Прототема“. Според досегашните информации, судскиот вештак не констатирал повреди што би укажувале на употреба на нож или огнено оружје, а се проценува дека Георгиу бил мртов околу 24 часа пред да биде пронајден. Напротив, доказите упатуваат на заклучок дека ...
На повеќе локации во државата во текот на вчерашното невреме се регистрирани органски удари од ветер кој наместа достигнувал брзина од околу 130 километри на час. Ова според Управата за хидрометеоролошки работи, е редок и разорувачки метеоролошки настан во земјава. Во Скопската котлина во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад, a со истата јачина е регситриран ветер и на Автоматската ...
Седум грчки острови во Егејското Море прогласија вонредна состојба поради суша, во момент кога туристичката сезона го достигнува својот врв и потрошувачката на вода нагло расте.Меѓу најпогодените е островот Астипалеа, каде што главниот резервоар е наполнет само околу една шестина од својот капацитет. Локалните власти биле принудени да го прекинат наводнувањето на земјоделските површини за преостанатата вода да се зачува за основните потреби ...
По 52 години поделба, Обединетите нации започнуваат нов дипломатски обид за оживување на мировните разговори меѓу грчката и турската заедница на Кипар.Иницијативата доаѓа во деновите кога островот ја одбележува годишнината од турската воена интервенција во 1974 година. Кипар оттогаш е поделен на меѓународно признатата Република Кипар на југ и територијата на северот, признаена единствено од Турција.Разговорите за трајно решение со години се ...
Десетмина мажи кои биле киднапирани се пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Сакатекас. Меѓу жртвите се поранешен градоначалник, двајца градски службеници, пожарникар, и неколку локални претприемачи, пренесе порталот Б15. Најстрашната сцена била во саботата, во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што пет полуголи тела со траги од мачење виселе од мостот. Четири тела биле оставени на влезот во градот ...
Двајца туристи се повредени при напад со нож во близина на Акропол во Атина, една од најпосетуваните туристички знаменитости во светот. Инцидентот се случил во вторникот, на 21 јули, во екот на туристичката сезона во Грција.Според информациите на грчките власти, станува збор за 73-годишен маж и 78-годишна жена, грчко-американски државјани. Тие биле пренесени во болница, но повредите не им го загрозуваат животот.Осомничениот напаѓач, ...
Голем дел од Европа продолжува да се соочува со екстремни временски услови. Во Франција и Шпанија пожарникарите и денес се борат со големи шумски пожари, додека метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе продолжат и во следните денови.Во некои делови од Централна и Југоисточна Европа, пак, се очекуваат силни невремиња, проследени со обилни врнежи, град и силен ветер. Локалните власти апелираат граѓаните да ги следат ...
Американското Министерство за одбрана соопшти дека трошоците за воените операции против Иран достигнале околу 37,5 милијарди долари, додека администрацијата бара дополнителни средства од Конгресот. The post Пентагон: Војната со Иран досега ги чинела САД 37,5 милијарди долари appeared first on Во Центар. Американското Министерство за одбрана соопшти дека трошоците за воените операции против Иран достигнале околу 37,5 милијарди ...
Во последните денови ВМРО-ОКГ и нивната медиумска машина, предводена од Драган Павловиќ Латас, започнаа нова валкана кампања против СДСМ и лично против претседателот Венко Филипче, наведува СДСМ во соопштение. Затоа што немаат што да кажат за труењето на целиот град Гостивар. Наместо да ја преземат одговорноста за тоа што илјадници граѓани беа отруени поради нивната неспособност и криминално управување, тие се обидуваат да создадат нов ...
Невремето кое што вчера го опустоши главниот град зад себе остави големи материјални штети. Оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои и часовникот на Музеј на град Скопје. На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, може да се види дека оштетена е стрелката која ги означува секундите на часовникот. Оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри договор за цивилна нуклеарна соработка со Саудиска Арабија. Според американските медиуми, договорот би можел да му овозможи на Ријад збогатување ураниум за мирољубиви цели, но веќе предизвикува загриженост поради можната трка во нуклеарно вооружување на Блискиот Исток. The post Трамп одобри нуклеарен договор со Саудиска Арабија appeared first on Во Центар. ...
ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да реагираат, ...
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, соопштија од партијата. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, велат од партијата, Градот има обврска да ...
Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...
Денес од десет часот ќе биде сопрена водата кај дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека ќе изведува водоводен приклучок на Златко Шнајдер број 9 поради што прекин ќе имаат корисниците кои се на истата улица. The post Денес без вода дел од корисниците на улицата Златко Шнајдер во Центар appeared first on Во Центар. Денес од десет часот ќе биде сопрена водата ...
Активни се четири од 14 регистрирани пожари на отворен простор денеска до 18:00 часот. Два пожари се под контрола, а осум се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на депонија во штипското село Пенуш, прилепското село Локвени, каде е зафатена ниска вегетација и шума, како и во крушевските села Јакреново и Пресил каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Под контрола се пожарите на депонија во ...
Над 8.300 повици се примени за пет часа на Единствениот број за итни повици 112 од граѓани кои пријавуваат штети од невремето во Скопје. Повиците се примени во временски период од 17 до 21 часот. Центарот за управување со кризи вечерва информира дека се уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните и дека сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции. Од ЦУК ги замолуваат граѓаните за ...
Скопјани во голем број побарале помош и пријавиле последици од силното невреме што попладнево го зафати главниот град. Од Центарот за управување со кризи информираат дека за само четири часа на Единствениот број за итни случаи 112 биле примени повеќе од 8.300 повици. Од 17:00 до 21:00 часот операторите на 112 работеле со полн капацитет, а поради огромниот број јавувања биле ангажирани и дополнителни смени уште во првиот час по почетокот на ...
Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север, вечерва, како и во текот на ноќта кон среда и во среда 22 јули во утринските и раните претпладневни часови во Македонија на повеќе места ќе дојде до развој на конвективни облачни грмотевични јадра и формирање на фронтални влажни и нестабилни воздушни бранови. Во ваква ситуација, во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе биде многу нестабилно, на повеќе места со честа појава на ...
Управата за хидрометеоролошки работи вечерва информира дека нестабилноста се намалува и дека има слаби до умерени врнежи од дожд во северозападните, централните и североисточните делови на земјата. – Невремето се испразни во Црна Гора, Албанија и Косово, стои во објавата на Фејсбук. Претходно, УХМР предупреди дека ново невреме се движи кон Македонија од Албанија и Косово. The post УХМР: Нестабилноста се намалува, само врнежи во северните и ...
Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани. За десетина минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби. Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан. Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и ...
Патник починал на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб за време на полетувањето во авион на „Лауда Европа“, потврдија денес од аеродромот во Загреб, јавува Индекс.хр. На патникот му се слошило додека авионот таксирал, што значи дека авионот не бил во воздух, туку се движел по површината на аеродромот. Екипажот во кабината, со помош на медицинскиот тим, се обидел да го реанимира патникот, но реанимацијата била неуспешна. Откако телото на ...
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...