дно лице е убиено денес во селото Стреоц во близина на Дечани, а полицијата се сомнева дека станува збор за несреќа и дека инцидентот се случил меѓу членови на семејството. Портпаролот на полицијата за регионот Пеќ, Дритон Ругова, изјави дека во 13:42 часот полицијата добила информација дека телото на починатиот е пронајдено во дворот во Стреоц. „Добивме информација дека едно лице е убиено во дворот. Се сомневаме дека станува збор за ...

Водата за пиење во Крушево не е бактериолошки исправна, потврдија од Јавното претпријатие „Комуна Крушево“. На жителите им препорачуваат за пиење да користат флаширана вода, додека водата од градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути. – Исто така ЈП Комуна Крушево ве информира дека се врши редовно хлорирање на водата и ...

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и ...

Општините не собираат даноци во согласност со законот и не обезбедуваат ефикасно администрирање на даноците и финансиските обврски од субјектите. Оваков наод донесе Државниот завод за ревизија за работата на општините во 2025 година. „Мерките и политиките на единиците на локалната самоуправа и надлежните органи не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци“, се наведува во извештајот на ДЗР. Ревизорите ...

Нови насилни протести се случија денеска во Албанија, а албанската полиција употребила водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлаа јајца и шишиња кон полицајците. Повод за насилните протести се плановите на Џаред Кушнер за изградба на одморалиште вредно повеќе милијарди долари, јави Ројтерс. Интензитетот на немирите пред парламентот за прв пат е толку висок по главни мирните протести што се одржуваат речиси два месеци ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри нуклеарниот договор со Саудиска Арабија, кој би можел да ѝ овозможи на кралството да збогатува сопствено гориво за цивилни реактори. Сепак, договорот го заобиколува строгиот „златен стандард“ на меѓународен мониторинг, што веќе предизвика остри реакции и загриженост за можна трка во вооружување на Блискиот Исток. Министерството за енергетика на САД објави во среда попладне дека договорот е ...

Индискиот милијардер Гаутам Адани размислува за отворање авиокомпанија што би можела значително да го потресе пазарот на авиоиндустријата во Азија, кој со години е доминиран од ИндиГо. Планот сигнализира промена во стратегијата за групацијата „Адани“, која управува со осум аеродроми во Индија, вклучувајќи два во Мумбаи, и има стратегија за проширување вредна 11 милијарди долари. Размислувањето на Адани доаѓа откако индиската влада приватно ...

За време на летот од шпанскиот остров Тенерифе до Ливерпул во вторник вечерта, во авионот на компанијата „Изиџет“ се случила тепачка , во која учествувале десетина патници, поради што авионот извршил итно слетување на аеродромот за поаѓање „Јужен Тенерифе“. Капетанот на авионот одлучил да се врати на шпанскиот остров околу 30 минути по полетувањето „поради опасноста што тепачката меѓу патниците ја претставувала за безбедноста на летот“, ...

Јавното претпријатие „Комуна“ од Крушево, повикувајќи се на информации од Центарот за јавно здравје од Прилеп, вели дека водата во Крушево е бактериолошки неисправна, па препорачува локалните жители за пиење да користат пакувана вода. „Исто така, при испитувањето на крај патните чешми бензиска пумпа и ‘Св. Петка’, земени на 20 јули, е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење“, нагласуваат ...

Во угостителски објект во Охрид на 14-годишен малолетник му точеле алхокол по што малолетникот паднал во бесознание и бил пренесен во болница. Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против угостителскиот објект и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“. – При контрола во објектот на улица ...

Селена Гомез го прослави својот 34-ти роденден и е во многу помирна фаза од животот. Од 2023 година е во врска со музичкиот продуцент Бени Бланк. Селена Гомез порасна пред милиони гледачи. Од девојката од серијата „Барни и пријателите“ до една од највлијателните жени на денешницата, нејзиниот живот беше обележан со слава, бурни љубови и сериозни здравствени проблеми, поради што мораше неколку пати целосно да ги менува своите приоритети. ...

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина ...

Рак на дебелото црево или рак на коскена срцевина – лекарите сè повеќе откриваат одредени видови малигни заболувања и кај младите луѓе. Ново истражување нуди можно објаснување. Сузана имала 28 години кога ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево . На Андре му бил дијагностициран рак на белите дробови на 34-годишна возраст. Двајцата зборуваат за својата борба со болеста на социјалните мрежи. Сузана и Андре повеќе не се изолирани случаи. ...

Македонската музичка сцена остана без уште еден значаен уметник. Во Охрид, на 86-годишна возраст, почина Наум Бурназ – долгогодишен оперски пејач и еден од најпознатите интерпретатори на македонските староградски, изворни и забавни песни. Со својата богата кариера и препознатлив вокал, Бурназ остави траен белег во македонската музичка традиција. Децении наназад беше присутен на сцената, пренесувајќи ги староградските песни, изворниот мелос ...

Елизабет Харли е „многу среќна“ со Били Реј Сајрус, но нема намера да се пресели во САД, објавија странските медиуми. Актерката Елизабет Харли (61) ужива во врската со Били Реј и откри како се справуваат со предизвиците на врската на далечина. Познатата убавица, најпозната по своите провокативни изданија во бикини , не крие дека конечно е среќна во љубовта , но сепак ѝ се допаѓа фактот што сè е „на далечина“. Во разговор за E! News, ...

Современите рудници сè почесто се откажуваат од класичните влажни јаловишта и преминуваат на технологијата на „суво одлагалиште“. Според научна студија објавена во „ScienceDirect“, токму ваквиот пристап претставува значаен чекор кон поголема безбедност и намалување на влијанијата врз животната средина. Сувото одлагалиште подразбира отстранување на најголемиот дел од водата од рударскиот отпад, при што останува цврст материјал кој може ...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од ...

Фиат престана да го продава моделот 500e во Австралија, а се повеќе се шпекулира за повлекување од тој пазар. Фиат го суспендираше увозот на електричните модели 500e и Abarth 500e во Австралија, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека брендот Stellantis би можел целосно да го напушти пазарот. Ова ги остава само моделите за испорака Scudo и Ducato во понудата. Електричниот Fiat 500e имаше проблем со високата цена уште од самиот ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице – сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ согласно член 279 од Кривичниот законик. Според Финансиската полиција, првопријавениот С.З., како сопственик и управител, со намера да стекне противправна имотна корист, не пријавил и не ...

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност – наведува СДСМ во соопштение. -Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат ...

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, без оглед на раната елиминација на неговата репрезентација од Светското првенство, не престана да привлекува внимание со својот приватен живот. По елиминацијата на Бразил од Светското првенство , по поразот од Норвешка, главната ѕвезда на репрезентацијата, Винисиус Жуниор, наводно направил естетска корекција на брадата, поради што веднаш се најде во центарот на вниманието. Иако има тврдења дека Винисиус ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи ...

Европската Унија се согласи да воведе нов пакет санкции против Русија, по хаотичните преговори кои се закануваа да го доведат во прашање целиот пакет. Грција, чие вето досега го спречуваше постигнувањето договор, обезбеди изземање со кое ќе може и понатаму да транспортира руски течен природен гас (LNG) до клиенти надвор од ЕУ во догледна иднина. Ова е 21-от пакет санкции воведен од февруари 2022 година. Договорот, постигнат во четвртокот од ...

Додека денес трчаме во аптека за секоја ситница, жалфијата со векови докажала дека најмоќните лекови често се скриени во природата. Чајот од жалфија (Salvia officinalis) се смета за природен еликсир со векови. Името Нено потекнува од латинскиот збор salvare (да се спаси/лечи), и низ историјата го почитувале Египќаните и античките лекари. Зошто се нарекува „свето растение“? Неговото богатство со есенцијални масла (цинеол, камфор, пинен), ...

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...

Времето денеска, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 ...

Претставничкиот дом на САД тесно ја усвои својата верзија на Законот за овластување за национална одбрана (NDAA) за фискалната 2027 година, со што се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари воени трошоци. Законот беше усвоен со 216 гласови „за“ и 212 „против“, објави Ројтерс. Гласањето беше во голема мера по партиски линии, при што повеќето републиканци ја поддржаа мерката, додека повеќето демократи гласаа против неа. NDAA вклучува неколку ...

Наместо побрзо да се надмине ситуацијата во Гостивар и во тоа да се користат сите стручни мислења денеска јавноста е сведок на препукувања меѓу министерот за здравство Сашо Клековски и професорот на Медицинскиот факултет и поранешен директор на Институтот за микробиологија и пазаритологија Никола Пановски. Министерот Клековски денеска во изјава за медиумите ги повика докторите кои не биле епидемиолози и инфектолози да не даваат совети за ...

Речиси 100 пријави стигнале до попладнево до општина Варна во Бугарија, каде поројни дождови направија хаос по јавните простори и улиците низ градот, пренесува „24 часа“. Според градската администрација, најголемиот дел од пријавите се однесуваат на поплавени улици, подруми и деловни простории, како и на нефункционални семафори и шахти. Пријавени се и паднати дрвја на улицата „Атанас Калчев“ во населбата Аспарухово. На видеото на „24 часа“ ...

Цените на нафтата беа за околу 4% повисоки во среда наутро по единаесеттата последователна рунда американски напади врз Иран во текот на ноќта, откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека Ормутскиот теснец останува точка на спор меѓу двете страни. Фјучерсите за сурова нафта Брент, меѓународната референтна вредност, се тргуваа за околу 4% повисоки на 94,76 долари. Фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас пораснаа за 3,9% на 87,61 ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.96
55%
1014
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.72
64%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.2
77%
1018
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.63
60%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.77
68%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
79%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.9
44%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.77
50%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
74%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.98
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43435.66

Сребро

2005.37

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Калај

56.77

Родиум

278103.96

Платина

55652.94

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27