Во Пјонгјанг, режимот на Ким Јонг Ун организираше помпезна церемонија за севернокорејските војници кои се враќаат од мисија во Русија, поврзана со војната против Украина. Видео-снимките на државните медиуми покажуваат како лидерот ги поздравува војниците, ги прегрнува и им оддава почит на оние кои, според официјалната верзија, загинале на фронтот. Според репортажите, деветмина севернокорејски војници се водат како загинати во борбите, а ...

Калифорнија и уште 19 американски сојузни држави го поведоа следниот голем судски судир со администрацијата на Доналд Трамп: на федералниот суд во Бостон поднесоа тужба за да ја блокираат новата такса од 100.000 долари за H-1B работни визи, наметната со претседателска прокламација во септември. Тужбата, предводена од државниот обвинител на Калифорнија Роб Бонта, тврди дека Трамп грубо ги пречекорил овластувањата: федералниот закон дозволува ...

Скопје денеска доживеа најмасовна блокада во последните години, откако повеќе илјади демонстранти се собраа на протестот организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во поддршка на поранешните команданти на УЧК кои се судат во Хаг. Од раните попладневни часови, градот се претвори во поле на контролирани коридори, преголема толпа и возила кои со часови не мрдаа од место. На плоштадот „Скендербег“ се слеа маса луѓе – униформирани лица, поранешни ...

Поминаа две недели откако британските медиуми објавија дека ВМРО-ДПМНЕ договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, а партијата ЗНАМ сè уште нема изговорено ниту збор за таа тема. Наместо став за евентуален договор со Лондон и за можните мигрантски кампови, од ЗНАМ дојде реакција само на изјавите на Антонио Милошоски – што, според СДСМ, е класичен пример на политички театар за дефокус. Од опозициската СДСМ тврдат дека гледаме „измислен ...

Уште неколку часа остануваат за гласање за нашата претставничка Нела Манчевска за годинешниот јуниорски евросонг кој се одржува во Тбилиси. Нела не е обичен млад талент – таа е вистински феномен. Со само 13 години зад себе веќе има освоено повеќе од 20 први места на државни, регионални и меѓународни натпревари. Годинашното издание ќе се емитува на МРТ со почеток во 17 часот денес во Сабота на 13 декември. Може да гласате на следниов линк: ...

Во центарот на Скопје денеска започна масовен протест во поддршка на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово, кои пред Специјализираните совети во Хаг се соочуваат со обвиненија за воени злосторства. Протестот, организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се одржува на плоштадот „Скендербег“, каде што од раните попладневни часови се собираат поддржувачи од повеќе градови на државата, како и делегации од Косово. Од раните ...

Кога Илон Маск зборува за берза, Волстрит слуша внимателно. SpaceX, приватната империја за ракети и сателити која до вчера важеше за „неприкосновено приватна“, се подготвува за прво излегување на берза, со амбиции што надминуваат и дел од најголемите котирани компании во историјата. Според меѓународните агенции, сценаријата кои се разгледуваат за 2026 година предвидуваат проценка од над 1 трилион долари, а поагресивните прогнози одат и до 1,5 ...

Дури 27 земји членки на Советот на Европа се потпишаа на заедничка декларација во Стразбур со која бараат ревизија на Европската конвенција за човекови права, со една клучна цел: да се олесни депортацијата на мигранти. Според документот, државите бараат нова правна рамка што, како што тврдат, подобро би одговорила на „современите миграциски предизвици“, вклучително и можноста странци осудени за сериозни кривични дела да бидат протерани, и ...

Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија влегува во забрзана фаза на реализација, со јасно исцртани рокови и заедничка политичка поддршка од двете влади. Белград и Скопје официјално го претставуваат проектот како дел од пошироката визија „поврзан Балкан – посилна Европа“, со порака дека гасната цевка не е само инфраструктура, туку и нова енергетска оска што треба да ја зајакне регионалната безбедност и европската интеграција. Во Белград ...

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше лице на борбата против висока корупција, а потоа стана главна обвинета во „Рекет“, доби условен отпуст и остатокот од седумгодишната затворска казна ќе го доиздржува на слобода – со строги обврски пред Основниот кривичен суд во Скопје. Директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, потврди ...

Прашањето за мигрантите повторно го турка политичкиот конфликт на релација влада–опозиција, а СДСМ настојува дебатата да ја врати од локално на државно ниво. Со ново соопштение партијата порача дека единствено Собранието, како највисок орган избран директно од граѓаните, може да донесе одлука дали Македонија ќе прифаќа мигранти за пари, а не советите во општините. Од СДСМ потсетуваат дека премиерот Христијан Мицкоски со денови избегнува јасно ...

Драматична ноќ во Загорје во Хрватска, каде индустриската зона кај градот Забок повторно покажа колку е тенка линијата меѓу рутинско складирање отпад и потенцијална еколошка катастрофа. Жителите беа разбудени од итни аларми на телефоните, а повеќе од 60 пожарникари со часови се бореа со пламените јазици во објект на компанијата CIAK, која се занимава со складирање и третман на опасен отпад. Пожарот избувнал синоќа, 12 декември, околу 23 ...

Европската унија оди со сериозни контроли кон околу најбрзо растечката кинеска платформа за евтина онлајн трговија – Тему. Европските регулатори изведоа ненајавен претрес во европското седиште на компанијата во Даблин, како дел од истрага за сомнителни државни субвенции од Кина и нелојална конкуренција на европскиот пазар. Истрагата се води по новата Регулатива за странски субвенции (FSR), која му овозможува на Брисел да проверува дали ...

По драматичниот пад на малиот спортски авион во Мавровското Езеро, државните служби отворија формална постапка за утврдување на причините за несреќата. Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) соопшти дека истражителите веќе се на терен и собираат податоци за да реконструираат што точно се случувало во критичните минути пред леталото да заврши во водата. Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, потврди дека ...

Општина Аеродром отвори инспекциска постапка за „Зимзоленд“ по наводите дека зимскиот забавен парк функционира без соодветни одобренија. Додека градските власти тврдат дека Град Скопје воопшто нема издадено дозвола за вршење дејност на оваа локација, од општината велат дека фокусот на контролата е – дали за поставената урбана опрема е издадено законски потребното одобрение. Од Општина Аеродром појаснуваат дека инспекциските служби постапуваат ...

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Тренеска-Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија при Советот на Европа. Како што објави на својот профил, изборот е донесен на 145. сесија на Комисијата во Венеција на 12 и 13 декември, при што за претседателка е избрана италијанската професорка Марта Картабија, а за потпретседатели, покрај Дескоска, и Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од ...

Берлин повторно влегува на голема врата во дипломатската мапа на војната во Украина. Германскиот главен град веќе викендов и во понеделник станува сцена на нов круг преговори, на кои украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со лидерите на клучни земји од ЕУ, а од Вашингтон пристигнува специјалниот претставник на САД Стив Виткоф – сигнал дека администрацијата на Доналд Трамп го тестира теренот за можен прекин на огнот. Според ...

Нова серија фотографии поврзани со Џефри Епштајн ги врати во фокус неколкумина од најмоќните луѓе во светот – Доналд Трамп, Бил Клинтон и Бил Гејтс. Снимките, објавени од демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД, повторно го отвораат прашањето за контактите и близината на политичката и бизнис-елита со осудениот сексуален предатор, но и за тоа колку Белата куќа е подготвена да се соочи со наследството на овој скандал. ...

Скопската „покер-мафија“ падна по неколкумесечна заедничка акција на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал: осум лица од Скопје се под истрага за нелегално приредување игри на среќа, лихварство и перење пари, а полицијата упадна на 11 локации, каде што затекна импровизирани покер-клубови, илјадници евра и заплена на дрога. Според информациите од Обвинителството и МВР, акцијата е реализирана вчеравечер и во текот на ноќта, под ...

После осум години затворен и обраснат Луна парк, уште еднаш стигнува ветување дека градот ќе добие современ забавен парк – овој пат со конкретен чекор: распишана јавна набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк на површина од 84.000 квадратни метри. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека почнува постапката за изградба на „ултра модерен“ парк што, според најавите, треба да биде еден од најдобрите во регионот. ...

Црна Гора повторно доби ладен туш од Париз во момент кога во Подгорица се броеја денови до новиот „европски исчекор“. Наместо симболичен пакет од пет затворени поглавја и силен политички сигнал дека е најнапредна земја од регионот на пат кон ЕУ, Франција ненадејно го сопре затворањето на две клучни области – земјоделството и рибарството – и испрати порака дека пристапниот маратон ќе продолжи по потешка патека. Според дипломатски извори од ...

Мицкоски повторно им делеше лекции на медиумите – не разбирал како може мигранти уште да се тема кога тој лично демантирал. Тие што ја држеле темата можеле да се соочат со законот бидејќи тоа било ширење паника. Наместо да одговори зошто Владата не одговорила на прашањата на лондонски „Тајмс“ дали се разговарало меѓу владите на Северна Македонија и на Велика Британија за прифаќање на мигрантите кои не ги исполнуваат условите на островската ...

Македонското таеквондо доби нов силен поттик од младата генерација. Филип Блажевски, член на таеквондо клубот „Бутел“, синоќа во Приштина освои бронзен медал на Европското првенство за натпреварувачи до 21 година, потврдувајќи дека континуитетот на успеси на овој клуб и на репрезентацијата не е случаен блесок, туку резултат на сериозна работа. На шампионатот во У-21 конкуренција, Блажевски стигна до подиумот со импресивен биланс – три победи ...

Нобеловката за мир и една од најпрепознатливите лица на движењето „Жена, живот, слобода“, Наргес Мохамади, повторно е зад решетки. Иранските безбедносни сили насилно ја уапсија 53-годишната активистка во Машхад, додека присуствувала на комеморација за починатиот адвокат за човекови права Хосро Аликорди – настан што се претвори во уште една демонстрација за тоа како режимот се пресметува со гласовите на отпорот. Според сведоштвата на ...

На 13 декември, сабота, со почеток во 19:00 часот, во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката на Република Северна Македонија и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД. Премиерно ќе бидат прикажани четири кратки филма создадени во рамките на училницата: КЛЕТВАТА НА ПАПАГАЛОТ, ТИ И ...

Легендарниот воз „Шпанец“, симбол на железничката носталгија од југословенските времиња и македонската железничка историја, се враќа на пругите – обновен, модернизиран и подготвен за ново поглавје. Од некогаш заборавен и речиси отпишан, „Шпанец“ повторно стана вест откако директорот во МЖ Транспорт, Игор Коруновски, на социјалните мрежи објави дека тестирањето на возот е завршено и дека следуваат нови содржини за патниците. Коруновски ...

Советот на јавните обвинители ја определи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов шеф на ова обвинителство, но подолго од шест месеци. Определувањето вриштел на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје беше прва и единствена точка на дневен ред на денешната 33-та седница на Советот на јавни обвинители. Советот на јавни обвинители на ...

Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција кој заседава секоја година во декември во Стразбур, на 12 декември го разгледуваше случајот за националниот парк Маврово и изградбата на хидроцентрали на неговата територија и заклучи дека нема виден напредок со спроведување на препораките. Случајот за Маврово беше отворен во 2014 година и оттогаш Бернската конвенција будно го следи напредокот на Македонија во однос на исполнување на дадените ...

Советот на јавните обвинители му стави формална точка на мандатот на Мустафа Хајрулахи и му отвори простор на ново лице да застане на чело на скопското Вишо јавно обвинителство. Обвинителката Наташа Крстевска Цалева е именувана за вршител на должноста виш јавен обвинител, со ограничен мандат до шест месеци, односно до избор на нов прв човек на ова клучно обвинителство. Одлуката за Крстевска Цалева била прва и единствена точка на дневен ред на ...

Во Скопје во сабота, 13 декември, се очекува тивко и суво време со магливо и студено утро, а потоа заматено сонце и максимална температура околу 10 степени. Во недела, 14 декември, сценариото е слично: многу сончеви периоди, но со свежо декемвриско чувство и дневен максимум до околу 8 степени. Утрините ќе паднат до -4, односно -5 степени, со мраз по автомобилите и можност за заледени коловози на периферијата и на повисоките делови од градот. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
88%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.13
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.0
97%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
100%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Калај

46.91

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Бакар

11.69