Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Германските власти го истражуваат нападот во гимназијата во Шонгау како можен терористички чин, откако кај 16 годишниот осомничен се пронајдени текстови со екстремистички пораки и содржини насочени кон различни групи, вклучително и кон жените. Случајот го презеде баварската служба за борба против тероризам и екстремизам, што укажува дека истрагата повеќе не се води само како обичен кривичен случај. Нападот се случи во гимназијата „Велфен“ во ...
Неколку лица загинаа, а шестмина се водат како исчезнати по големиот пожар што избувна во зградата ОХИ во центарот на Брисел. Несреќата се случила на градилиште во близина на плоштадот Де Брукерплејн, каде што пожарот брзо се проширил низ шахтата за лифтови, создавајќи тешки услови за спасувачките екипи. Според надлежните, дел од жртвите биле пронајдени во еден од лифтовите на објектот, додека спасувачите продолжуваат со пребарување на ...
Германија бележи нагло зголемување на бројот на барања за ослободување од воена служба од почетокот на годината, објави денес Федералната канцеларија за семејни и граѓански прашања во Берлин. „Во првите шест месеци од оваа година примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни и граѓански прашања. Претходната година, во 2024 ...
Полицијата во Пула спроведе кривична истрага и утврди сомнение дека 54-годишен државјанин на Македонија сторил кривично дело обид за убиство, пренесуваат хрватските медиуми. Истрагата покажала дека 54-годишниот македонски државјанин во еден момент зел нож и замавнал кон српскиот државјанин, насочувајќи ги ударите кон главата и стомакот – делови од телото кои се сметаат за витални. Нападнатиот успеал да избегне потешки последици благодарение ...
Во близина на Пула, во Хрватска, се наоѓа објект што го користела Титовата војска, ЈНА, како една од најстрого чуваните тајни на поранешна Југославија. Авантуристот и фотограф Ален Банковиќ го посетил складиштето на мини и торпеда на полуостровот Музил во Пула. Тој подземен лавиринт изграден уште за време на Австроунгарската монархија, но својата вистинска функција ја добил за време на поранешна Југославија. Бројни раскрсници и коси премини ...
На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за еден ...
МВР информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената ...
Неколку лица загинаа денес во пожар на градилиште во Брисел, додека потрагата по шест исчезнати лица е во тек, соопштија локалните власти. Телевизијата VRT објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифта на голем проект за реновирање на плоштадот Брукер, каде што избувна пожар рано утрово. ...
Американскиот судија Исмаил Елфат ќе ја дели правдата на полуфиналниот натпревар меѓу Англија и Аргентина на Светското првенство, кој ќе се игра на 15 јули во Атланта. Одлуката привлече внимание бидејќи ФИФА за еден од најголемите натпревари на турнирот не избра арбитар од Европа или од Јужна Америка, туку судиска екипа од КОНКАКАФ. На Елфат ќе му помагаат неговите сонародници Кори Паркер и Кајл Аткинс, додека четврти судија ќе биде ...
Управата за хидрометеоролошки работи започна сеопфатен мониторинг на квалитетот и количеството на површинските и подземните води во сливот на реката Вардар. До крајот на 2026 година стручните тимови треба да спроведат теренски мерења, земање примероци и лабораториски анализи на вкупно 170 локации. Мониторингот опфаќа 80 локации на површински води и проверка на податоците од 90 станици за следење на подземните води. Сливот на Вардар е ...
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска е осудена на условна казна затвор од една година. Кривичниот суд во Скопје денеска ѝ изрече единствена казна за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски. „Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба ...
Македонија влегува во последните часови од рокот за исполнување на реформската обврска поврзана со Изборниот законик без јавно објавен политички договор, со што под ризик се става исплата од точно 4.281.623,70 евра од Инструментот за реформи и раст на Европската Унија. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес ги повика политичките партии итно да ги надминат разликите, нагласувајќи дека станува збор за неповратни средства наменети за проекти од ...
Американската влада во тековната фискална година вратила околу 81 милијарда долари на компании што плаќале дополнителни царини воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, откако Врховниот суд на САД утврди дека претседателот немал законско овластување да ги воведе тие давачки врз основа на законот за меѓународни економски вонредни состојби. Најголемиот дел од парите бил исплатен во мај и јуни. Само во јуни, Министерството за ...
Македонија влегува во последните часови од рокот за исполнување на реформската обврска поврзана со Изборниот законик без јавно објавен политички договор, со што под ризик се става исплата од точно 4.281.623,70 евра од Инструментот за реформи и раст на Европската Унија. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес ги повика политичките партии итно да ги надминат разликите, нагласувајќи дека станува збор за неповратни средства наменети за проекти од ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска во Финска ќе се обиде да надомести два гола негатива против КуПС и да обезбеди пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Реваншот се игра на „Варе Арена“ во Куопио со почеток во 17 часот, а директен пренос е најавен на каналите на „Арена спорт Македонија“. „Црвено-црните“ во првиот натпревар во Скопје загубија со 0-2, со головите на Брахима Магаса во завршницата на првото ...
Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека Бугарија повеќе нема да учествува во „Коалицијата на подготвените“, меѓународниот формат преку кој европските и други сојузнички држави ја координираат воената и финансиската поддршка за Украина и ги подготвуваат идните безбедносни гаранции за земјата. Радев потврди дека лично добил покана од францускиот претседател Емануел Макрон за учество на состанокот во Париз, но оценил дека Бугарија не треба ...
СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по бегството на Александар Лазаров, познат како Цуната, од Полициската станица во Кочани. Опозициската партија бара целосно расчистување на случајот и утврдување политичка и кривична одговорност за сите лица што биле вклучени во приведувањето, задржувањето и потрагата по осомничениот. Лазаров бил приведен вечерта на 9 јули, откако при полициска контрола на автомобил ...
„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра. Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста ...
Русија фрли бомба од три тони FAB-3000 врз градот Орихив во Запорошката област на Украина и објави видео од нападот. Градот се наоѓа недалеку од линијата на фронтот, а видеото покажува огромна експлозија, пишува PolskieRadio24.pl. Видеото циркулира на социјалните мрежи од вчера. Видеото го прикажува ударот на моќна бомба во урбана средина. Висок облак од чад се издига над местото на ударот. Употребата на бомбата FAB-3000 беше потврдена и од ...
Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во повтореното судење за предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на партиското седиште познато како „Белата палата“. Пресудата ја изрече судијката Даниела Алексовска-Стојановска, која оцени дека обвинителството не успеало да докаже дека Груевски го сторил кривичното дело злоупотреба на службената положба и ...
Со кајчиња наместо сцена и со реката и нејзините кејови како природен амфитеатар, Струга приреди вечер што ги спои музиката, традицијата и јавниот простор во несекојдневно културно доживување. Кога сонцето се повлече зад планините, а вечерниот здив на Охридското Езеро ја разлади јулската горештина, Црн Дрим во Струга повторно стана сцена. Но, не онаква каква што ја познаваме. Наместо рефлектори, имаше светлата на градот што се прелеваа по ...
МВР го расчист случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и поднесе кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички. СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Пријавените на 13.03.2026 ...
На денешен ден во 1789 година, се случи еден од најважните настани во последните 250 години од човечката историја. Некои дури го оценуваат и како најважен. Француската револуција започна кога револуционерна толпа упадна во париски затвор за да се снабди со оружје. Падот на Бастилја сигурно не беше првиот настан во Француската револуција, но во историографијата се смета за нејзин почеток. Зошто Француската револуција е толку важна тема кога ...
„Постоеше реална потреба тој повторно да биде отворен, бидејќи по барање на Бит-пазар, каде што многу семејства ја обезбедуваат својата егзистенција, преминот беше повторно воспоставен, во интерес на бизнисот“. Ова го изјави градоначалникот на Општина Центар Изет Меџити на новинарско прашање за дивиот пешачки премин кај Бит-пазар. Тој окри дека дека се разгледуваат две можни решенија за во иднина. „Разгледуваме две опции. Најверојатно ќе се ...
Книгоиздателството „Антолог“ соопшти дека до крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026), во редакцијата на организаторот пристигнале 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат, на 27 врвни препејувачи во конкуренција за наградата „Драги“ 2026. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од ...
Сашо Клековски го презема Министерството за здравство во момент кога македонскиот здравствен систем располага со најголем буџет досега, но истовремено се соочува со недостиг на медицински кадар, финансиски оптоварени клиники, нерамномерна достапност на услугите, високи трошоци за пациентите и повеќе капитални проекти кои со години не се завршени. Собранието го избра Клековски за министер на 13 јули 2026 година со 69 гласа, во рамките на ...
Воениот судир меѓу САД и Иран влезе во нова фаза со директни напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец, нови американски воздушни удари врз иранска територија и најавено повторно воспоставување на американската поморска блокада кон иранските пристаништа. Два танкери поврзани со Обединетите Арапски Емирати, „Момбаса“ и „Ал Бахија“, биле погодени со крстосувачки ракети додека пловеле низ јужната рута на теснецот, во територијалните води ...
„Температура во клубот („Пулс“) има достигнато минимум 800 степени целзиусови. Како доказ за тоа, ни послужи и тоа што голем дел од челичната конструкција на објектот се извитоперени и деформирани како последица на вака високите температури, а наидовме и на стопени стаклени шишиња што е последица на екстремно високи температури“. Ова е дел од изјавата на професорот на Градежен факултет д-р Горан Марковски, кој како лидер на тимот вештаци, ...
Американската војска рано во вторник соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран „трета ноќ по ред“. „За време на петчасовната мисија, американските сили успешно нападнаа воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас“, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на својата X платформа. САД ги започнаа новите напади рано во вторник по европско време, што претставува ...