Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично превезуваше повредени во трагичниот пожар во Кочани, беше откриено спомен-обележје како траен знак на благодарност за неговата пожртвуваност. Тој почина по исцрпувачката работа, откако со часови бил на терен помагајќи во спасувањето на повредените. Гоцевски, долгогодишен возач во Итната помош, во кобната ноќ бил меѓу првите што реагирале и непрекинато ги транспортирал ...

Неколку пациенти на Клиниката за онкологија примиле терапија што не била во согласност со медицинските препораки, покажува вештачење поврзано со случаи што се предмет на истрага. Според наодите, станува збор за отстапувања од стандардните протоколи за лекување, што отвора сериозни прашања за начинот на кој се носеле одлуките за терапија. Во извештајот се наведува дека кај дел од пациентите биле применети терапии што не одговарале на нивната ...

Министерот за разузнавање на Иран, Есмаил Хатиб, е убиен во воздушен напад во Техеран, што претставува еден од најтешките удари врз иранското раководство од почетокот на војната на Блискиот Исток. Нападот се случил во текот на ноќта, а иранските власти потврдија дека станува збор за „атентат“, во момент кога конфликтот со Израел и САД влегува во најинтензивна фаза. Според информациите, нападот бил насочен директно кон врвот на безбедносниот ...

Штрајкот на вработените предизвика откажување на сите летови од аеродромот Берлин/Бранденбург денеска, соопштија претставници на синдикатот на јавните службеници. „Прекинот на работата започна рано наутро како што беше планирано и ќе трае до крајот на работниот ден“, се вели во соопштението на Верди, најголемиот германски синдикат на јавните службеници. Затворањето на аеродромот откажа повеќе од 440 летови, што влијаеше на 57.000 патници. ...

Полициски службеници на Федералната полициска управа, Оддел за борба против тероризмот, под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина, идентификуваа и уапсија лице кое јавно упати закани за насилство преку социјалната мрежа TikTok за време на пренос во живо, изговарајќи ги зборовите: Ќе убијам христијани…. Постапувајќи по наредба на Судот, полициски службеници ја претресоа куќата во Зеничко-добојскиот кантон што ја користело ...

Напад врз најголемото гасно поле во светот – Јужен Парс во Иран – означи нова и опасна фаза во конфликтот на Блискиот Исток, откако беа погодени клучни енергетски постројки во градот Асалујех, на југот на земјата. Станува збор за прв директен удар врз нафтената и гасната инфраструктура од почетокот на војната, што дополнително ја проширува кризата и ја префрла и на енергетски фронт. Според извештаите, нападот бил изведен од израелското ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, преку амандман побара правната служба на Советот на ЕУ итно да ги расчисти сите двосмислености околу правниот статус на вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија во рамки на пристапниот процес. Барањето доаѓа во момент кога бугарски европратеници поднесоа голем број амандмани на извештајот за Македонија, со што повторно ја отворија дилемата колку билатералните ...

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Здружението за промоција на женската активност – Тиииит! Инк. со задоволство ве покануваат на промоцијата на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, која ќе се одржи на 18 март од 12:00 до 13:30 часот во Европска куќа – Скопје. Публикацијата претставува историска читанка која ги отвора прашањата за улогата, искуствата и ...

Собраниското мнозинство повторно не ги поддржа измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со кои сторителите ќе требаше, покрај забрана за приближување, да носат и електронска нараквица за следење и предупредување на жртвата. Предлогот не беше нов. Беше поднесен уште лани. И лани не помина. И сега повторно падна. Токму затоа одбивањето не изгледа како обична парламентарна рутина, туку како јасна ...

Словенија влезе во последните денови пред парламентарните избори под тежок политички сомнеж, откако премиерот Роберт Голоб најави истрага за можно странско мешање во изборниот процес. Повод за тоа се наводите дека претставници на израелската приватна разузнавачка фирма „Блек Кјуб“ престојувале во земјата во декември, а според дел од објавените информации можеби имале и контакт со опозицискиот лидер Јанез Јанша. Изборите во Словенија се ...

Во Македонскиот народен театар денеска се одржа комеморација во чест на актерот Кирил Поп Христов – Кили, еден од препознатливите ликови на македонската театарска, филмска и телевизиска сцена. Настанот беше организиран на големата сцена на МНТ, каде семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело му оддадоа последна почит. Во обраќањата и сеќавањата, Кили беше опишан како уметник со силна сценска појава, искреност, ...

Собраниската расправа за избор на нов државен јавен обвинител денеска прерасна во остар политички судир, откако вицепремиерот Александар Николоски од говорницата упати тешки обвинувања кон поранешната вицепремиерка и актуелна заменик-генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Спорот се отвори во рамки на дебатата за изборот на Ненад Савески за наследник на Љупчо Коцевски. Во реплика за време на расправата, Николоски ја обвини ...

Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител, кој дојде како предлог од Владата. „За“ Савески гласаа 66 пратеници, „Против“ гласаа двајца пратеници додека осум беа воздржани. Пратениците од СДСМ претходно кажаа дека воопшто нема да гласаат, а не се изјаснија ниту пратениците на Левица. Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и ...

Исплатата на субвенциите повторно го отвори најболното прашање во македонскиот аграр: дали државата навистина има систем за поддршка на земјоделците, или само периодично гаси пожари со задоцнети уплати. Иако во изминатиот месец биле исплатени околу 30 милиони евра, земјоделските здруженија тврдат дека на терен и натаму останува значителен долг, кој според нивните пресметки се движи околу 70 милиони евра. Најгласни во предупредувањата се ...

СДСМ денеска ја отвори кандидатурата на Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика како нов политички судир со власта. На прес-конференција, Јон Фрчкоски од Извршниот одбор на партијата обвини дека со изборот на Ристов, како што рече, „во бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката влегува уште една алка“, алудирајќи дека клучна институција што одлучува за цените на струјата, горивата и енергенсите влегува во нова ...

Додека делови од Хрватска утрово се разбудија со нова снежна покривка, Македонија влегува во постабилен временски период под влијание на антициклон, со повеќе сонце и постепено потопло време. Според хрватската метеоролошка служба, денеска во горските предели имало снег со формирање снежна покривка, а во 7 часот биле измерени 8 сантиметри снег во Делнице, 18 во Парг-Чабар, 10 на Пунтијарка и 52 сантиметри на Завижан. Во Хрватска, покрај снегот ...

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за Васил Јованов, со што останува во сила казната од 13 години затвор за усмртувањето на Фросина Кулакова. Со оваа одлука, предметот добива конечен правен епилог без дополнително ублажување на казната. Јованов беше осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, поради сообраќајката во која минатата година на пешачки премин во Скопје ја ...

Парламентарното мнозинство денеска не го прифати предлог Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство поднесено од пратеничката Моника Зајкова и група пратеници. Со измените се предвидуваше воведување електронска нараквица за следење на насилниците. „Без збор. Без аргумент. Без срам. Повторно го одбија предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците – мерка што значи превенција, што ...

Смртта на Али Лариџани отвори нова празнина во иранскиот државен врв, но уште поважно е што ја отвори и дилемата во која насока ќе се помести рамнотежата на моќ во Техеран. Лариџани беше потврдено убиен на 17 март, а зад себе остави позиција што не беше само формална, туку и суштинска во безбедносното и политичкото управување со Иран. Тој важеше за редок спој меѓу тврда лојалност кон системот и способност за политичко маневрирање. Во ...

Една фотографија од комеморацијата за жртвите од ПУЛС во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани отвора прашање што е потешко од секој протоколарен говор и од секоја свечена порака за сеќавање. Ако ознаката на ПП апаратот на таа фотографија навистина покажува дека последниот сервис бил извршен на 6 септември 2023 година, тогаш во салата во која државата, локалната власт, семејствата и граѓаните се собраа да им оддадат почит на 63-те жртви ...

Пожар избувнал на покривот на српскиот павилјон на Венециското биенале, објавија италијанските медиуми. Пожарот создадал голем столб од црн чад што се гледал над италијанскиот туристички град, кој е домаќин на уметнички фестивал. Пожарникарите реагирале брзо откако алармот бил вклучен непосредно пред 10 часот наутро. Нивните операции беа попречени од силни ветрови кои повторно ги разгореа веќе изгаснатите материјали, принудувајќи ги ...

Стојанче Јовановски ќе седне на обвинителна клупа во предметот што се отвори по трагедијата во Тафталиџе, а првото рочиште во Основниот кривичен суд Скопје е закажано за 30 март. Обвинението беше поднесено на 13 март од Основното јавно обвинителство Скопје и на обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство. Според ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека е целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски државјани од погодените земји на Блискиот Исток кои побарале враќање во земјава. Со последниот, петти лет што слета на Меѓународниот аеродром Скопје, пристигнале 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Станува збор за организирани чартер-летови, при што сите трошоци за реализацијата ...

СДСМ денеска обвини дека постои организиран обид за внатрешно рушење на партијата, за кој одговорноста ја лоцира кај ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска изјави дека, според партијата, станува збор за „платформа за рушење на СДСМ одвнатре“, осмислена во момент кога власта, како што рече, е соочена со криминални скандали и пад на поддршката. Во обраќањето, Кузеска тврдеше дека нападите врз СДСМ се засилиле по, како ...

Основниот суд Велес ја запре кривичната постапка против поранешниот судија и поранешен претседател на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев, откако Основното јавно обвинителство Велес го повлече обвинителниот предлог и се откажа од понатамошно гонење. Постапката се водеше за кривичното дело несовесно работење во службата. Од Судот во Велес соопштија дека решението е донесено врз основа на член 62 став 2 од Законот за кривична постапка, по ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска престојува во Брисел, каде во наредните два дена ќе учествува на собирите на Европската народна партија. Во состав на делегацијата се и генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет Стефан Андоновски. Според најавите, делегацијата ќе присуствува на одбележувањето на 50-годишнината на Европската народна партија, како и на средбата на лидерите ...

Црна Гора повторно се издвојува како најблискиот кандидат до членство во Европската Унија, откако на Меѓувладината конференција во Брисел привремено го затвори Поглавјето 21, кое се однесува на трансевропските мрежи, односно инфраструктурата во транспортот, телекомуникациите и енергетиката. Со тоа земјата стигна до 14 привремено затворени поглавја од вкупно 33, што ја потврдува како најнапредна во пристапниот процес меѓу сегашните кандидати. ...

Кандидатот за нов државен јавен обвинител, Ненад Савески, најави дека како приоритет ќе ги постави дигитализацијата, отчетноста и подобрувањето на условите за работа во обвинителството. Во изјава дадена пред денешната собраниска одлука, тој рече дека не смее да има предмети што ќе остануваат „во фиока“ и дека секој случај ќе мора да се работи според закон, рокови и утврдени принципи. Савески посочи дека првиот чекор би бил да ја согледа ...

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел порача дека САД ќе се соочат со „силен“ или „непобедлив отпор“ ако се обидат да ја „преземат“ Куба, откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон наскоро може или да постигне договор со Хавана или да направи „што треба“, а претходно и дека би му било „чест“ да ја преземе земјата. Острата реторика доаѓа во момент кога Куба излегува од тежок 29-часовен национален прекин на струја, предизвикан од длабока ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека засега нема индикации оти актуелната состојба на Блискиот Исток влијае врз туризмот во Грција. Тој посочи дека земјата во моментов не бележи сигнали за удар врз туристичката сезона, но нагласи дека властите остануваат во состојба на готовност. Мицотакис рече дека Грција и понатаму оди од рекорд до рекорд во туризмот и дека во изминатиот период успеала да ја продолжи сезоната и да привлече ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Иридиум

253540.09

Бакар

12.64

Калај

54.78

Сребро

2583.47

Цинк

0.00

Паладиум

48065.37

Платина

66101.93

Рутениум

51376.89

Злато

151875.00

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.50

Кобалт

45.39