Зад фасадите, кафулињата и градската елеганција се кријат исчезнати јазици, првите филмски кадри на Балканот, градови закопани под земјата, љубови за кои се раскажуваат легенди и траги од војни што и денес излегуваат од почвата. Рацин.мк ви ги носи приказните за Битола и нејзината емоција. Стасавме во Битола рано наутро, пеколен ден, бар за остатокот од државата, малку „тумби румби“ возејќи од Скопје, по новите патишта, но тука сме, второ ...

Граѓаните на Гостивар и денес не добија официјален одговор (иако се најавуваше) дали водата од градскиот водовод е загадена, што ја предизвикало масовната појава на стомачни тегоби и дали постои директна врска меѓу водоснабдителниот систем и повеќе од илјада пациенти што побараа медицинска помош. Резултатите од испитувањата сега се најавени за утре, 20 јули, по што Обвинителството треба да одлучи за понатамошната постапка. Молчењето и ...

Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на американските маршали на 18 јули, врз основа на запечатен налог поврзан со обвиненија за силување, физичко насилство и трговија со жени за сексуална експлоатација. Британското Кралско обвинителство во неделата соопшти дека одобрило уште 38 обвиненија против ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус во учебната 2026/2027 година, со вкупно 8.851 место на факултетите и студиските програми во негов состав. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти. Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот и главен рок е на 18 и 19 август, ...

Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во повеќечасовниот руски напад врз Киев, во кој главниот град на Украина беше гаѓан со балистички ракети и беспилотни летала. Бројот на повредените се зголемуваше во текот на утрото, додека спасувачите пребаруваа опожарени и оштетени објекти во повеќе делови од градот. Нападот почнал околу 1:30 часот по локално време и траел неколку часа. Низ Киев се слушале силни експлозии, а украинското воено ...

Четириесет и седум пати семејствата на загинатите излегоа на улиците на Кочани. Не само за да потсетат на 63-те животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“, туку и за да побараат одговор од институциите што со години имале надлежност да контролираат, предупредуваат и спречуваат незаконско работење. На последниот „Марш за ангелите“, одржан во саботата, поворката повторно тргна од Паркот на револуцијата, но нејзината маршрута имаше јасна ...

Километарски колони се формираа утрово на граничниот премин Богородица – Евзони, каде што патници пријавуваат дека за влез во Грција се чека и до четири часа. Седумте отворени ленти на македонската страна не успеаја да го забрзаат преминувањето на границата во најсилниот туристички бран во неделата. Возилата се распоредени во повеќе колони пред преминот, но проблемот не завршува со излегувањето од Македонија. За влез во Грција патниците мора ...

Возачите во Македонија се пред нов ценовен удар. Регулаторната комисија за енергетика во понеделник, 20 јули, треба да ја објави редовната пресметка за бензините и дизелот, а движењата на меѓународните пазари укажуваат дека цените повторно ќе одат нагоре. Овојпат најавата не доаѓа само од пазарните очекувања. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека поскапување ќе има, иако сè уште не е направена конечната пресметка за тоа колкав ќе биде ...

Целиот фудбалски свет ја следи временската прогноза пред финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но натпреварот не се игра во Канада. Дуелот е закажан за денес, 19 јули, во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по македонско време, на стадионот „Њујорк Њу Џерси“ во Ист Радерфорд. Канада е дел од приказната поради чадот од големите шумски пожари, кој со воздушните струења стигна до североисточниот дел на САД. Засега ...

Граѓанин на Македонија може да очекува да помине околу 31,4 години на пазарот на трудот, покажува последната официјална споредлива вредност на Евростат во која е опфатена земјата. Во истата 2020 година, просекот во Европската Унија изнесувал 35,6 години, што значи дека очекуваниот работен век во Македонија бил пократок за 4,2 години. Разликата денес веројатно е уште поголема, но за Македонија нема понов целосно споредлив податок во последната ...

Колбасите, виршлите, саламите и индустриски произведената сланина се храната што романскиот лекар и здравствен едукатор Михаил Паутов целосно ја исфрлил од исхраната по 40-тата година. Неговото предупредување е остро – производ што може со месеци да стои во фрижидер, натопен со сол, конзерванси и адитиви, за него повеќе личи на „хемиски експеримент“ отколку на храна. Зад драматичната формулација, сепак, постои сериозна научна основа. ...

Двајца американски војници загинаа, еден се води како исчезнат, а повеќемина беа повредени во ирански напад врз воена база во Јордан, во момент кога распадот на краткотрајното примирје повторно ги турка САД и Иран кон отворена регионална војна. Американската Централна команда соопшти дека војниците загинале на 17 јули додека американските и јорданските сили одбивале напад со балистички ракети и беспилотни летала. Четворица припадници на ...

Телевизорот во приватен апартман во Охрид доби цена што сопствениците не ја очекувале. На нивните адреси почнале да пристигнуваат фактури и опомени пред тужба од ЗАМП, со кои се бараат околу 16.500 денари за користење музички дела во текот на туристичката сезона во 2025 година. Фактурите се однесуваат на периодот од 1 април до 30 септември, а се испраќаат до сопственици на приватни соби, станови и апартмани регистрирани за сместување туристи. ...

Норвешка влегува во изградба на инфраструктурен проект без преседан – тунел низ планина по кој нема да минуваат автомобили или возови, туку патнички, товарни и крајбрежни бродови. Тунелот „Стад“ треба да им овозможи на пловилата да го избегнат најизложениот и најнепредвидлив дел од норвешкото крајбрежје, каде што силните ветрови, високите бранови и наглите промени на времето со векови ја отежнуваат пловидбата. Проектот во јуни ја доби ...

Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок го стави својот потпис на уставниот амандман со кој престанува неговата функција. Не поднесе оставка и не ја прифати политичката аргументација на новата власт, но оцени дека како шеф на државата нема законска основа да одбие да го прогласи актот што директно го отстранува од претседателската палата. Со потписот беше завршена неколкунеделната пресметка меѓу Шуљок, избран во 2024 година со гласовите на Фидес, ...

Силниот нестабилен бран што во изминатите часови донесе поројни дождови, град, поплавени улици и бурен ветер во Словенија, Хрватска и Србија се движи кон југоисток, а од понеделник попладне ќе почне да влијае и врз времето во Македонија. Најпрво ќе се задржи многу топлото време, но локално ќе се создаваат услови за краткотрајни бури со грмежи, силен ветер и интензивен дожд. Промената доаѓа по невремињата што го погодија северниот и западниот ...

Над 2.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош за неполна недела поради повраќање, дијареја, температура, стомачни болки и општа слабост. Денес, 19 јули, градот сè уште нема официјален одговор што ја предизвикало масовната појава на исти симптоми, иако водата од градскиот водовод е забранета за употреба, во системот била пронајдена неовластено поставена пумпа, а Обвинителството проверува дали е сторено кривично дело загадување вода за ...

Силниот нестабилен бран што во изминатите часови донесе поројни дождови, град, поплавени улици и бурен ветер во Словенија, Хрватска и Србија се движи кон југоисток, а од понеделник попладне ќе почне да влијае и врз времето во Македонија. Најпрво ќе се задржи многу топлото време, но локално ќе се создаваат услови за краткотрајни бури со грмежи, силен ветер и интензивен дожд. Промената доаѓа по невремињата што го погодија северниот и западниот ...

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не е важечки и дека Техеран не се смета за обврзан да ги исполнува преземените обврски, по новата ескалација на конфликтот и меѓусебните обвинувања за прекршување на договореното. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Иран го суспендирал Меморандумот за разбирање постигнат во Исламабад, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави ...

Следната недела во Македонија ќе започне со многу топло и претежно сончево време, а веќе од вторник попладне ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Највисоки температури во понеделник се очекуваат во Кавадарци, каде што прогнозата достигнува 39 степени, додека во Скопје, Гевгелија и Струмица се прогнозираат до 38 степени. Во среда ќе следува позначителен пад на температурите, а локални врнежи ...

Италија и шест други земји кои го поддржуваат членството во ЕУ за Западен Балкан, се спротивставија на француско-германскиот потег и потегот на Бенелукс за вградување нови и рестриктивни правни заштитни мерки во договорите за пристапување за идните членки, пишува Еуроактив. Дипломатски документ од минатиот месец – од Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург – предложи пробни забрани за новите земји-членки да гласаат за буџетски, ...

СДСМ ја обвини Владата и премиерот Христијан Мицкоски дека наместо конкретни информации и преземање одговорност за состојбата во Гостивар, повторно излегуваат со, како што велат, „празни најави“ дека „наскоро ќе се знае“ кој е одговорен. Во партиското соопштение, опозициската СДСМ реагира на изјавата на премиерот Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил што се случило во Гостивар“ и дека ќе има одговорност. Според СДСМ, ваквите најави ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи јавно да ги критикува судиите и обвинителите и порача дека правосудните институции нема да добијат дополнителни буџетски средства, непосредно откако Европската комисија предупреди дека изјавите од највисоките нивоа на власта создаваат притисок врз судството и го загрозуваат принципот на поделба на власта. Во Извештајот за владеењето на правото за 2026 година, објавен на 17 јули, Европската ...

Англија го освои третото место на Светското првенство во 2026 година откако во спектакуларен натпревар во Мајами ја совлада Франција со 6:4. Натпреварот за бронзениот медал, кој често останува во сенка на големото финале, се претвори во еден од највозбудливите дуели на првенството, со четири англиски голови во првото полувреме, француско враќање по паузата и драматична завршница во судиското продолжение. Англија го отвори резултатот уште во ...

Утринскиот замор и недостатокот на енергија се чести проблеми, а причината не е секогаш само недостаток на сон. Иако заморот може да биде симптом на здравствени состојби како што се анемија или нарушувања на тироидната жлезда, експертите за функционална медицина истакнуваат дека секојдневните навики често се одговорни. За списанието Parade, тие издвоија пет едноставни промени кои можат значително да ги подобрат нивоата на енергија во текот на ...

Англија ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП во Мајами и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и упати неколку чисти удари за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за Французите и стана најдобар стрелец ...

Шпанската репрезентација не можеше да го одржи својот последен тренинг пред финалето на Светското првенство откако силни грмотевици ја принуди сесијата да биде откажана. Во меѓувреме, Аргентина, која тренираше на помалку од 10 километри оддалеченост, успеа да излезе на теренот и да го одржи својот тренинг. Тренингот на Шпанија требаше да започне во 11:00 часот по локално време во тренинг-центарот на Ред Бул во Њујорк. Сепак, кратко пред ...

Астрономите ја открија првата атмосфера околу карпеста планета во зоната погодна за живот на нејзината ѕвезда. Станува збор за „супер-Земја“ наречена LHS 1140 b, а ова откритие претставува важен чекор во потрагата по светови потенцијално погодни за живот. Досега, атмосферите беа откриени само на гасни џинови, пишува ScienceAlert. Првиот чекор кон нова Земја Потрагата по населени светови се базира на два критериуми: планетата мора да има ...

Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја разгледува можноста за издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку ја посети метрополата за Генералното собрание на Обединетите нации во септември, објавува „Њујорк тајмс“. Во интервју за подкастот „Интервјуто“ на авторитативното издание, Мамдани го изрази својот категоричен став, опишувајќи го израелскиот премиер како „воен злосторник“ кој е ...

Во 2025 година во Северна Македонија се регистрирани 2.185 разводи – за осум проценти повеќе од претходната година, додека бројот на склучени бракови продолжува да опаѓа. Статистиката отвора прашање дали семејството се соочува со нови предизвици под притисок на економските и општествените промени. Љубовта не може да се измери со бројки, но статистиката понекогаш кажува многу за општеството. Најновите податоци на Државниот завод за статистика ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
89%
1005
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
92%
1003
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.81
95%
1008
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
98%
1004
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
0.89
89%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 13ᴼ
2.06
90%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
100%
1011
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
92%
1009
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1005
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
96%
1014
Currency

61.536

Currency

55.011

Currency

73.571

Currency

37.86

Currency

38.85

Currency

66.736

Currency

8.2533

Currency

0.66415

Currency

0.34663

Currency

0.52352

Currency

1.0952

Currency

0.58643

Платина

49801.51

Злато

129229.93

Алуминиум

3.04

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Паладиум

33854.74

Сребро

1680.82

Цинк

3.77

Калај

46.56

Родиум

300609.48

Бакар

12.62

Иридиум

321507.47