Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Албанското специјално обвинителство СПАК издаде налог за апсење на Сокол Бибај, осомничен дека бил дел од една од најголемите мрежи за шверц на кокаин од Латинска Америка кон Европа. Бибај е познат и во Македонија – во аферата „Двојник“ добил македонски пасош со украдениот идентитет на Андон Папи. СПАК го сомничи Бибај дека бил дел од организирана група која од 2019 до 2021 година оперирала во Латинска Америка, Бразил, Белгија и Холандија и ...
ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат конечен договор за реконструкцијата на Владата, а сите кадровски и ресорски прашања остануваат отворени, соопшти портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. Тој изјави дека досега биле одржани неколку средби на лидерско ниво, додека преговарачките тимови на коалициските партнери продолжуваат со разговорите. „На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на ...
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во сабота, 27 јуни, повторно ќе излезат на улиците на Кочани на 46. „Марш на ангелите“, продолжувајќи ја борбата за вистина, одговорност и правда за 63-те жртви. Маршот ќе започне во 18:05 часот од Паркот на Револуцијата, соопшти Здружението на граѓани „16-ти март 2025“. Од Здружението порачаа дека ниту високите температури, ниту времето што поминува нема да ја скршат волјата на ...
ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ сè уште немаат конечен договор за реконструкцијата на Владата, а сите кадровски и ресорски прашања остануваат отворени, соопшти портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов. Тој изјави дека досега биле одржани неколку средби на лидерско ниво, додека преговарачките тимови на коалициските партнери продолжуваат со разговорите. „На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, по две години политички најави за можни промени, адаптации и „креативни решенија“, сега признава дека не очекува промена на преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија. Во интервју за Македонската радио-телевизија, по повод две години од мандатот на Владата, Мицкоски изјави дека рамката може да се промени само доколку за тоа постои согласност од сите земји членки на ЕУ. Со тоа премиерот конечно го ...
Нерешено здравствено осигурување за затворениците, недостиг од кадар, проблеми со водоснабдувањето и несоодветни простории во полициските станици се дел од наодите во Годишниот извештај на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам за 2025 година. Во текот на минатата година биле спроведени вкупно 13 посети – четири во полициски станици, пет во казнено-поправни и воспитно-поправни установи, три во центри за мигранти и баратели ...
Цената на златото останува под силен притисок на светските берзи, откако во текот на неделата падна под психолошката граница од 4.000 долари за унца, првпат по повеќе од седум месеци. Во петокот златото забележа мало закрепнување и се тргуваше по околу 4.038 долари за унца. Пресметано според актуелниот курс на еврото, тоа одговара на приближно 114 евра за еден грам чисто 24-каратно злато. Во најниските моменти од падот берзанската вредност ...
Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот минимален износ, предупреди гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Славески на социјалните мрежи сподели дел од интервју дадено во 2024 година, во кое се повикува на актуарски проекции за граѓаните што во следните години ќе почнат да се пензионираат преку двостолбниот пензиски систем. Според него, голем дел од ...
Поетски читања и портрети на дел од учесниците на Струшките вечери на поезијата го одбележуваат и вториот ден од манифестацијата. Поезија денеска читаа авторите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик. Поетски портрет имаа и минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска и лауреатот на наградата „Мостови на ...
Повеќе од 120 домашни уметници ќе бидат дел од голем музичко-сценски спектакл со кој ќе се одбележат 35 години од независноста на Македонија. Перформансот ќе се изведува на отворено во 14 до 15 градови низ земјата во август и септември. Проектот е замислен како уметничко патување низ најзначајните моменти од изминатите три и пол децении, а не како класично хронолошко претставување на политичките и општествените настани. Режисерот Дејан ...
Необичен облог од натпреварот меѓу Бразил и Шкотска на Светското првенство стана вирален на социјалните мрежи, откако непознат обложувач вложил повеќе од 1,1 милион канадски долари дека за време на мечот нема да се случи киднапирање од вонземјани. Облогот бил поставен на платформата Polymarket, а вкупниот вложен износ изнесувал 1.101.141,67 канадски долари. Обложувачот не типувал на победникот, бројот на голови или на стрелците, туку на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобри 40-дневна операција на Службата за безбедност на Украина, чија цел е да се зголеми притисокот врз Москва и Русија да биде принудена да ја заврши војната. Одлуката била донесена по состанок со раководството на СБУ, на кој Зеленски бил информиран за планираните напади со среден и долг дострел врз руски цели, како и за резултатите од досегашните операции. „Одобрив 40-дневна операција на Службата ...
Нова снимка од живеалиштето на белите волци во Зоолошката градина во Скопје отвора сериозни сомнежи за безбедносните услови во кои биле чувани дивите животни. На видеото објавено од здружението „Анима мунди“ се гледа метална жичена ограда, искинат текстилен материјал и камен поставен на долниот дел како импровизирана заштита. Снимката беше објавена откако во јавноста се појавија информации дека белите волци избегале од живеалиштето, по што ...
Белата куќа побарала од OpenAI претстојниот модел GPT-5.6 најпрво да го стави на располагање само на мал број партнери одобрени од американската влада, поради загриженост за неговите напредни способности и можната злоупотреба во кибернетски напади. Според извештаите на CNN и Axios, барањето било доставено од Канцеларијата на националниот директор за кибернетска безбедност и Канцеларијата за научна и технолошка политика на Белата куќа. ...
Водата во Охридското Езеро на најголем дел од испитаните локации ги исполнува условите за капење, покажуваат најновите анализи на Центарот за јавно здравје Охрид. Во првите десет дена од јуни биле извршени физичко-хемиски испитувања на 11 мерни точки, на потегот од авто-кампот „Андон Дуков“ до хотелот „Ројал“. На осум локации водата била класифицирана како прва класа, а на две како втора класа. Овие води, според важечките прописи, се погодни ...
Цените на нафтата денес сепак малку паднаа, при што суровата нафта (WTI) се продаваше за 69,4 долари за барел, а нафтата од типот Брент за 72,6 долари. Цените се приближуваат до вредностите забележани пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи зголемен број танкери продолжија да пловат низ Ормутскиот теснец поради напредокот во мировните преговори меѓу САД и Иран, пишува Trading Economics. Вредноста на еврото во однос на доларот ...
Два големи пожари предизвикаа тревога во Грција, откако огнот зафати магацин за дрва во Ираклион на Крит и голема земјоделско-шумска површина кај Орхоменос, во централниот дел на земјата. Пожарот во Ираклион избувнал во магацин за дрва во областа Агиос Јоанис Хостос, а поради големото количество запалив материјал огнот брзо се проширил кон соседните објекти. Магацинот бил целосно уништен, а оштетени биле и неколку куќи и деловни простории. ...
Најавената реконструкција на Владата прераснува во отворена борба за министерски позиции, влијание и контрола врз институциите, обвини СДСМ, оценувајќи дека меѓу коалициските партнери на премиерот Христијан Мицкоски се води „војна на кланови“. Од опозициската партија тврдат дека најголеми несогласувања има во коалицискиот партнер ЗНАМ, меѓу лидерот Максим Димитриевски и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Според СДСМ, ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денес во Македонија, а максималната температура ќе достигне до 37 степени. Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури се движат од 15 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло ...
Најавената реконструкција на Владата прераснува во отворена борба за министерски позиции, влијание и контрола врз институциите, обвини СДСМ, оценувајќи дека меѓу коалициските партнери на премиерот Христијан Мицкоски се води „војна на кланови“. Од опозициската партија тврдат дека најголеми несогласувања има во коалицискиот партнер ЗНАМ, меѓу лидерот Максим Димитриевски и министерот за јавна администрација Горан Минчев. Според СДСМ, ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 235, додека повеќе од 4.300 луѓе се повредени, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Вториот земјотрес беше најсилниот во таа земја за повеќе од сто години. Алварадо изјави за државната телевизија дека до четврток во 19 часот, здравствените установи лекувале повеќе од 4.300 повредени лица, од кои повеќето имале полесни повреди, но имало и пациенти со ...
По натпреварите од групната фаза одиграни во четврток навечер и петок наутро, познати се уште четири пара од 16-те/финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Она што е најинтересно за луѓето од овие простори, Босна и Херцеговина дефинитивно ќе игра против еден од домаќините – Соединетите Американски Држави – за да се пласира во првите 16 екипи. Беше 99 проценти сигурно дури и пред дуелот од последното коло во групата, а сега ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма рече дека Владата на Христијан Мицкоски намерно ги манипулира граѓаните околу европскиот процес, ширејќи стравови наместо да работи за државните интереси. Филипче истакна дека власта свесно ги искривува фактите од преговарачката рамка и европските документи, претставувајќи ги како закана наместо како можност за Македонија. „Ги толкуваат документите од францускиот ...
Германски лекар призна дека убил 12 пациенти речиси една година од почетокот на неговото високопрофилно рочиште во Берлинскиот регионален суд во четврток. 40-годишниот лекар за палијативна нега е обвинет за убиство на вкупно 15 пациенти – 12 жени и тројца мажи – помеѓу септември 2021 и јули 2024 година. Тој се товари дека им дал „смртоносна мешавина од разни лекови“ на жртвите, кои биле на возраст меѓу 25 и 87 години. Обвинителите исто така ...
Многу е важно да се анализираат индициите, политичкиот контекст и можните мотиви поврзани со изјавата на премиерот Мицкоски дека соседна земја, членка на ЕУ, лобира во Брисел Македонија да нема пристап до европските фондови. Од самата изјава на премиерот се издвојуваат три елементи: дека станува збор за соседна држава која е членка на ЕУ; дека таа, според него, лобира за запирање на европските фондови за Македонија; и дека целта, како што ...
Најмалку 45 избрани кметови и заменик-кметови во 44 турски општини се лишени од слобода, привремено отстранети од функцијата или заменети со раководители на служби назначени од владата по локалните избори во март 2024 година, објавува турската рубрика на Би-Би-Си. Триесет и четири од засегнатите општини беа под контрола на главната опозициска Републиканска народна партија (РНП), а 10 – под контрола на прокурдската Партија за народна еднаквост ...
Кога земјата почнува да се тресе, се слуша како постарата жена вреска, а потоа нејзиниот сопруг станува од каучот, ѝ се приближува и ја држи за раце за да ја смири. Два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја потресоа западната страна на главниот град на Венецуела во среда (25/6), при што загинаа 164 лица, а 971 беа повредени. Во исто време, повеќе од 21.000 луѓе се водат како исчезнати. Многу згради ...
Министерство за земјоделство на Грција соопшти во четврток дека ќе им плати 5,33 евра по килограм на рибарите за фаќање на инвазивната тапоглава пуферска риба, позната локално како „лагокефалус“, како дел од пилот-програма насочена кон заштита на морските екосистеми. Лагокефалос, позната и како „риба зајак“, е инвазивен и отровен вид што во последните години сè почесто се појавува во грчките води и предизвикува загриженост кај рибарите, ...
Оваа одлука на судот во Стразбур, практично, целосно се совпаѓа со тезата со која Владата на Северна Македонија во 2020 година ја конципираше одбраната дека аболицијата на Иванов е ништовна затоа што неговата одлука има(ше) елементи на амнестија, што е надлежност на Собранието на републиката, а не на шефот на државата. Зоран БОЈАРОВСКИ Одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур во случајот „Талевски и други“, потврди ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција. Извлекувањето за нејзиниот следен меч, овој пат на главниот турнир ќе се одржи денеска. Пласманот на Лина Ѓорческа на главниот турнир на Вимблдон не е само спортски успех. Тоа е приказна за истрајност, пожртвуваност и верба во сопствените соништа, дури и кога условите не се на твоја ...