Британците добија препорака да летуваат во Македонија како една од европските дестинации во кои можат да ги избегнат долгите редици предизвикани од новиот систем за влез и излез во Шенген-зоната. „Индипендент“ ја вброи земјава меѓу десетте европски избори за одмор во 2026 година кои не се опфатени со системот ЕЕС. Британскиот весник оценува дека Македонија е потценета балканска дестинација со драматични планински предели, антички локалитети и ...

Електричните автомобили со споредливи карактеристики поевтиниле за околу 18 отсто во Германија меѓу 2020 и 2025 година, кога цените ќе се приспособат на инфлацијата. Во истиот период, автомобилите на бензин и дизел поскапеле за околу два отсто. Анализата на Меѓународниот совет за чист транспорт и германскиот институт „Фраунхофер ИСИ“ покажува дека електричните автомобили постепено ја губат етикетата на прескапи возила достапни само за ...

Повеќе од 770 килограми кокаин биле откриени во пратка со банани во италијанското пристаниште Вадо Лигуре. Дрогата била поделена во 650 пакети, а на дел од нив било отпечатено српското знаме. Кокаинот бил скриен меѓу десетици палети со банани во разладен контејнер што пристигнал од едно од главните пристаништа во Еквадор. Пратката ја откриле припадници на Финансиската полиција од Савона, со поддршка од единицата за економски и финансиски ...

Мигрената не е само „силна главоболка“, туку сложено невролошко нарушување кое може да предизвика сериозни тегоби и да трае од неколку часа до неколку дена. Кај дел од луѓето нападите се проследени со пулсирачка болка, најчесто на едната страна од главата, чувствителност на светлина и звуци, замор, гадење, а понекогаш и со визуелни нарушувања познати како аура. Иако милиони луѓе ширум светот живеат со мигрена, таа често останува недоволно ...

Скопје по невремето остана со блокирани улици, откорнати кровови, паднати дрвја и оштетени возила. Најмалку 11 лица побарале медицинска помош, а Центарот за управување со кризи примил повеќе од 1.000 повици од граѓани. Невремето траело кратко, но силниот ветер за неколку минути предизвикал штети во речиси сите делови од градот. Кровни конструкции, лимови, гранки и други предмети летале низ улиците, додека обилниот дожд дополнително го отежнал ...

Нестабилна облачна маса што го зафаќа подрачјето на Црна Гора се движи кон Македонија, а во следните часови се очекуваат локални поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, предупреди Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, нестабилноста пристигнува од запад и може да предизвика поинтензивни атмосферски процеси во одделни делови од земјата. Поради локалниот карактер на невремето, дождот и ветерот нема да бидат подеднакво изразени во ...

Бранот на стомачни заболувања во Гостивар почнува да слабее, но здравствената криза сè уште не е завршена. Во последниот извештај се регистрирани 293 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е двојно помалку во споредба со саботата, кога епидемијата го достигнала врвот. Министерот за здравство Сашо Клековски, по посетата на Општата болница во Гостивар, изјави дека намалувањето веројатно е резултат на мерките што им беа препорачани на ...

Силното невреме што го зафати Скопје не остави само откорнати кровови, паднати дрвја и уништени автомобили. Вкупно 11 лица побарале лекарска помош, откако биле повредени од предмети што ги носел силниот ветер. Шест пациенти биле згрижени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, четворица во Ургентниот центар, а уште едно лице самостојно се пријавило во Клиничката болница „8 Септември“. Меѓу повредените има лице врз кое паднало дрво, ...

Некои од најпосакуваните туристички дестинации во светот во 2026 година ќе бидат достапни главно за патници со поголем буџет. Новите анализи покажуваат дека најголемите трошоци не се поврзани само со луксузното сместување, туку и со транспортот, ограничената достапност и сложената логистика за пристап до оддалечените места. На првото место на листата на најскапи дестинации се наоѓа Гренланд. Просечниот дневен трошок за патување таму ...

САД ја држат отворена можноста за испраќање копнени сили во Иран, додека воздушните напади влегуваат во десеттиот последователен ден. Пентагон има разработени сценарија за ограничени операции на иранска територија, но претседателот Доналд Трамп сè уште не донел одлука за нивно активирање. Конкретниот текст на „Вашингтон пост“, на кој се повикуваат повеќе медиуми, е објавен на 28 март и ажуриран на 29 март 2026 година. Текстот со наслов ...

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и огромни зрна град ја погоди хрватска Истра, а најтешко беше во Ровињ, каде што двајца туристи завршија со повреди на главата. Невремето продолжи да се движи кон Далмација, за која беше вклучен и највисокиот, црвен метеоролошки аларм. Во Ровињ паѓале зрна град со големина на орев, а дел од нив биле поголеми од пет сантиметри. Материјалната штета врз автомобили и друг имот сè уште се утврдува. Двајца ...

Бранот на стомачни заболувања во Гостивар почнува да слабее, но здравствената криза сè уште не е завршена. Во последниот извештај се регистрирани 293 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е двојно помалку во споредба со саботата, кога епидемијата го достигнала врвот. Министерот за здравство Сашо Клековски, по посетата на Општата болница во Гостивар, изјави дека намалувањето веројатно е резултат на мерките што им беа препорачани на ...

Германските железници најавија дека повеќе нема да биде дозволено пиење алкохол на железничките станици низ целата земја. Мерката е донесена како дел од планот за подобрување на безбедноста на патниците и вработените, поради зголемениот број проблеми поврзани со лица под дејство на алкохол. Забраната ќе важи за пероните и просториите на станиците, а нејзиното воведување ќе се спроведува постепено. Според најавите, до 15 октомври 2026 година ...

Бројот на потврдени случаи на африканска свинска чума во Хрватска достигна 99 од почетокот на годината, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и рибарство. Новите жаришта се регистрирани во Осечко барањската жупанија, каде болеста продолжува да претставува сериозен проблем за одгледувачите на свињи. Според официјалните податоци, поради спречување на ширењето на заразата досега се извршени мерки за уништување на 3.758 свињи во ...

Јарболот кај „Ист Гејт“, висок околу 60 метри, се урна на кружниот тек по силното невреме што попладнево го зафати Скопје. Огромната метална конструкција заврши на земја, а според првичните информации, за среќа нема пријавени повредени лица. Инцидентот се случи кај поранешниот хотел „Континентал“, на една од најфреквентните сообраќајни локации во главниот град. Во моментот кога конструкцијата попуштила, јарболот со македонското знаме паднал ...

Случаите во кои водоснабдителниот систем е изложен на загадување отвораат прашања не само за моменталната безбедност на водата, туку и за долгорочните последици врз инфраструктурата и здравјето на населението. Експертите предупредуваат дека цевководите и водоводните инсталации може да бидат сериозно оптоварени доколку низ нив подолг период поминува вода со несоодветен квалитет. Отстранувањето на загадувањето често бара темелно чистење, ...

Некои од најпосакуваните туристички дестинации во светот во 2026 година ќе бидат достапни главно за патници со поголем буџет. Новите анализи покажуваат дека најголемите трошоци не се поврзани само со луксузното сместување, туку и со транспортот, ограничената достапност и сложената логистика за пристап до оддалечените места. На првото место на листата на најскапи дестинации се наоѓа Гренланд. Просечниот дневен трошок за патување таму ...

Мажот, кој беше во притвор под сомнение дека извршил масовно убиство во центар за згрижување мајки и деца во Штаде, во северна Германија, бил пронајден мртов за време на редовна контрола во затворот во Бремерферде. Лекар констатирал дека смртта настапила поради задушување, а истрагата засега укажува дека станува збор за самоубиство. Трагедијата се случи на 29 јуни, кога вооружен напаѓач усмрти шест лица во објект за привремено сместување на ...

Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, во Доминиканската Република било пронајдено тело за кое постои сомневање дека му припаѓа на исчезнатиот Хрват Филип Михалиќ. Сепак, хрватското Министерство за надворешни и европски работи нагласува дека засега не добило официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на лицето или за смртта на Михалиќ. Филип Михалиќ исчезна пред неколку дена за време на престојот во ...

Силни налети на ветер и дожд попладнево го зафатија Скопје, по ден со температури до 35 Целзиусови степени. Наглата промена на времето се почувствува во повеќе делови од градот, а над Скопската Котлина се развива нестабилна облачност. Управата за хидрометеоролошки работи претходно најави дека попладнево во делови од Скопската Котлина ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според денешната прогноза на УХМР, во одделни ...

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривични пријави против М.Ј.М.(19), мигрант од Авганистан и 17-годишен мигрант, исто така од Авганистан, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.. На 20.07.2026 во Полициската станица Гевгелија П.М.(62) од село Негорци, гевгелиско пријавил дека околу 15:00 часот на место викано „Авлаќ“ во ...

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. ...

Унгарската опозициска партија Фидес објави дека обвинителите извршиле рација во просториите на партијата каде што се чуваат серверите, со цел да запленат комуникациски системи и бази на податоци, објави Ројтерс. „Истражителите на обвинителството влегоа во центарот каде што се наоѓаат серверите на Фидес без претходна најава со намера да ги конфискуваат комплетните комуникациски системи и бази на податоци на партијата“, се вели во соопштението ...

Еден од најдобрите хрватски фудбалери на сите времиња, Лука Модриќ ќе стави крај на репрезентативните настапи, јавуваат реномирани италијански спортски медиуми, според кои легендарниот хрватски капитен би можел да се прости од националниот тим веќе на почетокот на октомври. „Газета дело Спорт“ објави дека искусниот играч од средниот ред има намера да го одигра претстојниот репрезентативен циклус, односно првите четири натпревари од Лигата на ...

Русија во понеделник прогласи двајца италијански дипломати за непожелни и им нареди да ја напуштат земјата. Министерството за надворешни работи во Москва потврди дека ова е реципрочна мерка, како одговор на претходното протерување на двајца руски функционери од Рим, пишува Ројтерс. Москва го протера помошникот воен аташе Руското министерство објави дека Виторио Парела, помошник воен аташе во италијанската амбасада, и аташето Давиде Д’Априле ...

Демократската унија за интеграција во соопштение за јавноста изразува длабока загриженост поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. „Безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да го утврдат ...

МВР иннформира дека вчера, околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. „По наредба на јавен ...

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче предупреди дека кризата со загадената вода во Гостивар може да предизвика дополнителни здравствени последици доколку храната во домовите и угостителските објекти се подготвува со небезбедна вода. При денешната посета на Гостивар, Филипче побара институциите итно да објават со каква вода работат рестораните, кафулињата и објектите во кои се организираат свадби и други ...

Владата на денешната 195 седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена. Одлуката доаѓа на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму, со што официјално започна првата посета на индиски претседател на Македонија. На свечената церемонија во Кабинетот на претседателот беа интонирани химните на двете држави, по што претседателките ја поздравија почесната гарда и ги претставија членовите на македонската и индиската делегација. По ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
90%
1005
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
84%
1011
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.49
94%
1009
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
98%
1005
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
89%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 14ᴼ
2.57
93%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
92%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.2
97%
1006
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
96%
1014
Currency

61.542

Currency

55.011

Currency

73.58

Currency

37.864

Currency

38.855

Currency

66.756

Currency

8.2532

Currency

0.6642

Currency

0.34667

Currency

0.5238

Currency

1.0952

Currency

0.58643

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.04

Бакар

12.62

Платина

49801.51

Цинк

3.77

Сребро

1680.82

Злато

129229.93

Родиум

300609.48

Паладиум

33854.74

Калај

46.56

Рутениум

61086.42