Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
За територијата на Скопје е издаден жолт метеоаларм поради опасност од локално невреме. Во делови од Скопската Котлина се очекува нагло зголемување на облачноста, проследено со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста ќе биде од локален карактер, што значи дека во одделни населби може да има интензивен дожд и силни налети на ветер, додека во други делови од градот времето може да остане суво. Жолтиот аларм означува ...
Патнички авион на компанијата „Џет Блу Ервејс“ денес пријави дека удрил дрон додека се подготвувал за слетување на меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA). Пилотот на летот 948 на „Џет Блу Ервејс“ пријавил удар со дрон на околу 900 метри надморска височина додека бил на последно приближување кон пистата околу 7:15 часот по локално време, изјави FAA за CNN. ...
Силна експлозија во станбена зграда во Монако повреди три лица од исто украинско семејство, објавија локалните медиуми на 29 јуни, повикувајќи се на полициски извори. Експлозијата се случила околу 21 часот по локално време во станбена зграда во близина на француската граница. Жртвите се двајца родители на возраст меѓу 50 и 60 години и едно 13-годишно девојче, објави францускиот весник „Ле Фигаро“, повикувајќи се на полицијата. Родителите се ...
Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар официјално да се изјасни дали сака да биде дарител на органи по смртта, предвидува новиот закон за органодарителство што го усвои Собранието. Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување беше донесен по скратена постапка, со 58 гласа „за“ и шест „против“. Изјавата на граѓанинот ќе се внесува преку нов дигитален модул ...
Новиот Изборен законик влегува во собраниска процедура со товар што ниту еден закон кој ги определува правилата на политичкиот натпревар не смее да го има – две најавени блокади, 10.000 подготвени амандмани и отворено меѓупартиско обвинување дека предложените решенија може да овозможат изборни манипулации. СДСМ нема намера да ја прифати понудата на премиерот Христијан Мицкоски спорните прашања да се решат со неколку амандмани. Координаторот ...
Туристка од Србија била касната од опасната риба-зајак додека влегувала во морето на плажа во Пефкохори, едно од најпосетуваните летувалишта на Халкидики. Инцидентот се случил во вода длабока до колена, додека жената била на плажа со пријатели. Набргу по влегувањето во морето почувствувала остра болка во пределот на глуждот. Туристката за грчката телевизија АНТ1 раскажала дека рибата силно ја каснала и не ја пуштала, поради што почнала да ја ...
Еврото продолжи да губи вредност во однос на американскиот долар и е на пат да го заврши јуни со втор последователен месечен пад. Во европското тргување, единствената европска валута ослабе за 0,25 проценти и се спушти на 1,1395 долари, откако денот го започна на ниво од 1,1422 долари. На месечно ниво, еврото бележи пад од околу 2,3 проценти во однос на доларот и се движи во близина на најниските нивоа во последните 13 месеци. Главната ...
Скопје се најде меѓу десетте најатрактивни градови во светот за туристите кои патуваат сами, според најновото истражување на глобалната платформа GuruWalk, специјализирана за резервација на бесплатни пешачки тури со локални водичи. Македонската престолнина е рангирана на осмото место на светската листа, изработена врз основа на анализата на резервациите направени во последните 12 месеци во повеќе од 150 туристички дестинации ширум светот. ...
Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар официјално да се изјасни дали сака да биде дарител на органи по смртта, предвидува новиот закон за органодарителство што го усвои Собранието. Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување беше донесен по скратена постапка, со 58 гласа „за“ и шест „против“. Изјавата на граѓанинот ќе се внесува преку нов дигитален модул ...
Набљудувачите на небото во Грција беа сведоци на Јагодовата месечина во понеделник вечерта, кога полната месечина во јуни достигна врвно осветлување, означувајќи ја првата полна месечина од астрономското лето. Додека многумина очекуваа розова или темноцрвена месечина поради нејзиното име, астрономите велат дека Јагодовата месечина не се разликува по боја од која било друга полна месечина. Нејзиното познато име нема никаква врска со нејзиниот ...
Опозициската СДСМ ги отфрли како „невистинити и пропагандни“ тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека опозицијата го блокира Изборниот законик поради, како што рече, „успесите на Владата“. Во партиското соопштение, СДСМ оценува дека Владата не може да зборува за успеси, повикувајќи се на, како што наведува, состојбите во економијата, евроинтеграциите и јавните финансии. „Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда“, наведуваат од ...
Од 1 јули ќе има пониски царински тарифи за 70 суровини и репроматеријали, откако во Собранието на Северна Македонија вчера беа одобрени законски измени на Законот за царински тарифи, промени за кои се очекува да им помогнат на локалните компании при трговската размена, особено во автомобилската, металопреработувачката и металуршката индустрија. „Од 1 јули 2026 година, ќе важат пониски царински стапки за 70 стоки што се користат како суровини ...
Не е тајна дека голем дел од македонските пензионери живеат со ограничени месечни приходи. Во услови на растечки трошоци за храна, лекови и комуналии, сè повеќе луѓе од третата доба бараат начин како да обезбедат дополнителна заработка без да ја напуштат удобноста на својот дом. Добрата вест е дека интернетот денес нуди можности кои до пред само десетина години речиси и не постоеја. Сè повеќе пензионери ширум Европа работат од дома, ...
Смртта на македонската музичка легенда Владо Јаневски предизвика бран од емоции на социјалните мрежи. Музичари, актери, јавни личности и долгогодишни пријатели во текот на ноќта и утрото се простуваат од човекот чии песни повеќе од три децении беа дел од колективната меморија на Македонија. Меѓу најемотивните пораки е онаа на Калиопи, која се прости од својот долгогодишен пријател со зборови што ја расплакаа јавноста. „Си замина тивко, без ...
Солунски обвинител во понеделник нареди прелиминарна истрага за тврдењата на крајно левичарските активисти дека извршиле „антиционистичка патрола“ во северниот пристанишен град на Грција во знак на протест против израелските инвестиции во Грција. Истрагата ќе испита дали групата Рубикон може да се смета за одговорна за поттикнување на извршување злосторства од насилство или омраза и заканување со извршување злосторства. Истрагата следеше по ...
Додека Владата на Северна Македонија се фали со своите достигнувања по две години на власт, извештаите од мониторингот и состојбата на терен покажуваат ограничен напредок во исполнувањето на обврските преземени кон граѓаните, пишува Portalb.mk. Досега, само 18% од владините обврски се целосно спроведени, околу 30% се во процес на спроведување, додека околу 40% не бележат никаков видлив напредок. Извршната власт на Северна Македонија наполни ...
Во чест на Владо Јаневски, денеска, 30 јуни 2026 година, во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје, се организира собир. На овој настан фановите, колегите и пријателите ќе се збогуваат со него преку неговите песни и палење свеќи. Изборот на локацијата е симболичен, бидејќи токму таму, на 14 февруари 2026 година, Владо Јаневски го одржа својот последен голем концерт заедно со Момчило Бајагиќ – Бајага. Македонската ...
Историјата понекогаш не ја пишуваат само победниците на семафорот. Ја пишуваат и луѓето што први ја отвораат вратата низ која подоцна ќе поминат многумина. Токму тоа го направи Лина Ѓорческа. Зоран БОЈАРОВСКИ Денес македонскиот тенис ќе испише страница што никој повеќе нема да може да ја избрише. Лина Ѓорческа ќе излезе на тревата на теренот број 2 на Вимблдон како првата македонска тенисерка што успеала да избори место во главниот турнир на ...
Украинската национална служба за управување со вонредни состојби денес објави дека пожарникарите се борат со пожар во зоната на Чернобил, кој беше предизвикан од падот на украински беспилотни летала. Во извештајот се додава дека нивото на радиоактивност, кое постојано се следи во оваа област поради нуклеарната катастрофа од 1986 година, е во нормални граници. „Во моментов, спасувачите од Државната служба за вонредни состојби, како и ...
Расправата за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во Собранието отвори и поширока дебата за правото на личен идентитет и границите на државното вмешување во самоидентификацијата на граѓаните. Во текот на комисиската расправа, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, предупреди дека предложените решенија содржат, како што оцени, сериозна вредносна противречност. Според него, иако законот формално предвидува доброволно изјаснување за ...
Една реченица од објавата на премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи ја отвора дебатата за измените на Изборниот законик. Владата сака да им овозможи на македонските државјани кои живеат во странство да гласаат електронски, како начин полесно да го остварат своето избирачко право. На прв поглед, идејата звучи логично. Македонската дијаспора е расеана низ светот. За многумина, најблиската амбасада или конзулат се оддалечени стотици ...
Министерството за надворешни работи во Софија беше домаќин на клучни разговори за укинувањето на визниот режим за бугарските граѓани, откако министерката Велислава Петрова прими висока делегација од Министерството за внатрешна безбедност на САД. Состанокот одржан минатата недела имаше за цел да ја финализира постапката за вклучување на Бугарија во Програмата за ослободување од визи, каде што главна пречка за бугарските туристи останува ...
Топлотниот бран што ја зафати Македонија не го загрева само воздухот. Значително се зголемува и температурата на водата во Охридското Езеро, едно од најстарите и биолошки највредните езера во Европа. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата на езерската вода достигна 24 Целзиусови степени, што е речиси пет степени над долгогодишниот просек за јуни, кој изнесува 19,6 степени. Во споредба со ...
Парагвајската фудбалска репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство, откако ја елиминираше Германија во Бостон со резултат од 1:1 – 4:3 на пенали. Парагвај поведе со голот на Хулио Енсисо во 42-та минута, а Каи Хаверц израмни во 54-та минута. Во првото продолжение, ВАР системот го поништи голот на Џонатан Та за Германците поради прекршокот на Валдемар Антон врз парагвајскиот голман Орландо Хил, а потоа следеа ...
Јапонија поведе во 29-тата минута со голот на Каишу Сано, а Каземиро израмни во 56-тата минута. Победата за Бразил ја донесе Габриел Мартинели во шестата минута од судиското продолжение. На почетокот од играта немаше никакви шанси, а Бразил го имаше првиот шут во 13-тата минута кога Матеус Куња се обиде од 20 метри, а голманот Зајон Сузуки ја шутна топката во корнер. Двата тима играа претпазливо, Јапонија се ослободи од притисокот и во ...
Во Србија, темата за воените злосторства извршени за време на воените дејствија во поранешна Југославија продолжува да се презентира селективно, бидејќи вниманието на јавноста е насочено главно кон страдањата на српскиот народ, додека злосторствата против другите етнички заедници често се премолчуваат, омаловажуваат или оспоруваат. Ова е наведено во нов документ на невладината Младинска иницијатива за човекови права под наслов „Состојба на ...
Две бугарски деца, брат и сестра на 8 и 10 години, беа пронајдени мртви во паркиран автомобил во кипарското село Ксилофагу, во округот Фамагуста на Кипар, област што е под јурисдикција на Британската суверена база Декелија. Децата неодамна допатувале од Бугарија за да го поминат летниот одмор со својот татко, кој живее во селото. Според локалните власти, трагедијата се случила во текот на викендот откако таткото на децата и неговата партнерка ...
Вимблдон – неофицијалното Светско првенство во тенис годинава пред сè женскиот турнир ќе има и „македонски шмек“. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успешно ги мина квалификациите и на тој начин успеа да се избори за пласман на главниот турнир, а ждрепката и ја донесе ланската финалистка Американката Аманда Анисимова. И со резултатот досега Ѓорческа ги надмина сите досегашни настапи и како што самата изјави ова е остварување на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе поднесе оставка во наредните недели, што отвора прашања за понатамошниот институционален тек на настаните, распишувањето избори и уставните процедури што следуваат по неговото повлекување од функцијата. Според Уставот на Србија, во случај на оставка на претседателот, функцијата привремено ја презема претседателот на Народното собрание, кој воедно има обврска да ги распише ...
Европската Унија повторно ѝ порача на Македонија дека моментот за проширување е сега, но министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и натаму ја повторува истата позиција – државата нема да преземе чекори без гаранции дека Бугарија повторно нема да постави нови услови. Проблемот е што таквите гаранции никој не може да ги даде. Тоа отворено го кажа и литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис, кој при посетата на Скопје ...