Скопје повторно под вода, кризните штабови се разбудија по невремето. По силниот дожд што попладнево го зафати главниот град, општините Кисела Вода, Бутел, Гази Баба и Чаир соопштија дека ги мобилизирале штабовите, ги испратиле екипите на терен и ги повикаа граѓаните да пријавуваат штети. Но невремето не дојде без предупредување. УХМР претходно најави пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со град. Затоа прашањето ...

Романија прво гореше од жештина, потоа улиците завршија под вода, откако силно невреме го погоди Букурешт, Илфов и повеќе други делови од земјата. По температури што надминуваа 40 степени, за само неколку часа топлотниот бран се претвори во бура со поројни дождови, силен ветер, паднати дрвја, поплавени улици и една жртва. Најтешко погодени беа Букурешт и округот Илфов. Романските медиуми јавуваат дека едно лице загинало во местото Ганеаса, ...

Филипче исцрта црвена линија: власта нема да си крои избори по мерка. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека неговата партија ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека ваквиот текст не е ниту европски, ниту демократски, туку отвора простор за изборна манипулација и контрола на процесот. Според Филипче, проблемот не е во потребата од изборни реформи, туку во начинот на кој власта се обидува да ги протурка правилата. Тој ...

Паметните телефони, особено по појавата на првиот iPhone во 2007 година, можеби имаат многу поголемо влијание врз општеството отколку што досега се претпоставуваше. Нова американска студија сугерира дека масовната употреба на паметните телефони можела значително да придонесе за падот на наталитетот, особено кај младите луѓе. Истражувањето, спроведено од економисти од колеџот Middlebury и објавено како научен труд на Националното биро за ...

Грција и ова лето останува една од најпосакуваните туристички дестинации во Европа, благодарение на илјадниците километри крајбрежје, кристално чистото море и плажите кои редовно се наоѓаат на листите на најубавите во светот. Од спектакуларни карпести заливи до долги песочни плажи погодни за семејства, секој дел од земјата нуди уникатно искуство за љубителите на морето. Меѓу најпознатите е Ентони Квин на Родос – мала живописна увала опкружена ...

Долготрајните топлотни бранови не претставуваат опасност само поради високите температури, туку можат сериозно да влијаат врз работата на срцето, мозокот и целокупниот организам. Лекарите предупредуваат дека екстремните горештини го зголемуваат ризикот од срцеви удари, мозочни удари, нарушувања на срцевиот ритам и други здравствени компликации, особено кај постарите лица, хронично болните и луѓето кои подолго време престојуваат на отворено. ...

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се реши проблемот, државата и понатаму се соочува со нови дивоградби, а старите предмети сè уште не се целосно затворени. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година во земјава се евидентирани 911 ...

Системот „Безбеден град“ нема да биде наменет само за домашните возачи, туку ќе ги опфати и странските државјани кои транзитираат низ Македонија и ќе сторат сообраќаен прекршок. Со новите законски решенија, целта е сите учесници во сообраќајот да бидат третирани еднакво, без разлика дали управуваат возило со домашни или странски регистарски таблички. Според информациите, прекршоците што ќе ги регистрира системот ќе можат да се процесираат и ...

Во Уганда е регистриран нов случај на Марбург вирусна треска, една од најопасните хеморагични заразни болести, која предизвикува сериозна загриженост кај здравствените власти и меѓународните организации. Според првичните информации, станува збор за изолиран случај, но епидемиолошките служби веќе спроведуваат засилено следење на контактите и проценка на ризикот од евентуално ширење. Марбург вирусот спаѓа во истата група на патогени како ...

Во летните месеци, поради високите температури и зголеменото потење, организмот губи значајни количества течности и електролити, меѓу кои и калиумот — еден од најважните минерали за нормално функционирање на телото. Калиумот игра клучна улога во одржување на рамнотежата на течностите во клетките, правилната работа на мускулите и стабилниот срцев ритам. Кога неговото ниво опаѓа, особено при интензивно потење, може да се појават замор, грчеви ...

Во периоди на екстремни горештини, клима уредите стануваат неопходност во речиси секое домаќинство, но експертите предупредуваат дека голем број корисници не ја користат една клучна функција која може значително да ја намали потрошувачката на електрична енергија. Станува збор за таканаречениот „Dry“ режим, односно опцијата за одвлажнување на воздухот, која на повеќето клима уреди постои, но често останува неискористена. Наместо класично ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се најде во центарот на нова историско-политичка дебата по најавите за изградба на меморијален комплекс „Пантеон“, наменет за почитување на жртвите од Втората светска војна, но кој предизвика контроверзии поради начинот на кој се третираат различните историски наративи. Според критичарите, во дел од концептот на меморијалниот проект се појавуваат проблематични формулации и интерпретации кои можат да ...

По силното невреме, во Скопје до околу 18 часот сè уште ќе има услови за дожд, грмежи и локална нестабилност. Потоа се очекува постепено смирување на времето, но небото ќе остане претежно облачно. Температурата околу 19 часот ќе изнесува 23 степени, до 22 часот ќе се спушти на околу 21, а пред полноќ на 20 степени. За Скопскиот Регион останува активно жолто предупредување за грмежи до 23:59 часот, па граѓаните треба да бидат внимателни при ...

Од денес до 31 август, на државните патишта во земјата ќе стапи на сила привремен летен сообраќаен режим, со кој се воведува забрана за движење на тешки возила со вкупна маса над 15 тони во одредени периоди за време на викендите и за време на екстремно високи температури. Како што соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), ограничувањето ќе биде на сила во петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 9:00 до 18:00 часот и недела од 9:00 до ...

На Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје е прогласена вонредна состојба откако дел од одделот за зрачење бил поплавен, по што биле исклучени дел од апаратите, а работата на одредени служби е сериозно отежната. Според информациите, поплавата предизвикала директно нарушување на нормалното функционирање на радиотерапевтските апарати, кои морале да бидат исклучени од безбедносни причини. Ова веднаш довело до застој во третманите на ...

Комунистичката партија на Австрија (КПО) се појави како јасен победник на локалните избори во Грац, вториот по големина град во земјата, што претставува значајна пресвртница за прогресивните движења во регионот. Според првичните резултати, КПО обезбеди 35,6% од гласовите – зголемување од речиси 7 процентни поени во однос на 2021 година. Ова ја става пред конзервативната Австриска народна партија (ОВП), која доби 25,6%, и крајно десничарската ...

Македонската музичка легенда Владо Јаневски денеска беше погребан на Градските гробишта во Бутел, во присуство на семејството, блиските пријатели, бројни колеги и речиси сите генерации ѕвезди од домашната музичка сцена. Во тишина, со солзи и со почит кон неговиот живот и дело, Македонија го испрати човекот кој со своите песни ја испеа љубовта, осаменоста, Чаир, Скопје и емоциите на неколку генерации. Претходно, во капелата на гробиштата, ...

Опозициската СДСМ остро реагира на реконструкцијата на Владата што ја претстави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за „козметичка промена“ во која, како што наведуваат, „Курто и Мурто ги разменија фотелјите“, без суштински промени во начинот на владеење. Во партиското соопштение СДСМ тврди дека реконструкцијата не претставува реформа, туку обид да се создаде впечаток дека Владата се менува, иако, според нив, клучните ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, поради сомнение дека побарал 100.000 евра поткуп од компанија што увезувала вештачко ѓубриво. Анакиев е обвинет за кривичното дело „примање поткуп“, а заедно со обвинението е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор. Според наводите во обвинителниот ...

Македонските војници имаат клучна улога во одбраната на Источното крило на НАТО и рамноправно служат со припадниците на најголемите сојузнички армии, оцени врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич. За време на посетата на касарната „Илинден“ во Скопје, Гринкевич порача дека Македонија е цврст, кредибилен и ценет сојузник кој конкретно придонесува за колективната безбедност на Алијансата. Македонски ...

Во издание на „Или-Или“ излезе од печат книгата „Пустинско срце: Петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова. Станува збор за книга на сеќавања, заснована врз вистинити настани, во која авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Низ лична, динамична и книжевно обликувана проза, Пејчинова го води читателот низ Кабул, Кандахар, Лашкар Гах и други места обележани од војна, пустина, древна ...

Од 1 септември, според најавениот рок за почеток на новиот систем, полнолетните граѓани ќе можат кај својот матичен лекар официјално да се изјаснат дали сакаат по смртта да бидат донори на органи и ткива. Одлуката ќе се регистрира преку посебен дигитален модул во системот „Мој термин“, со што Македонија за првпат ќе добие национална евиденција на јасно изразената волја на граѓаните за органодарителство. Граѓанинот нема да мора да посетува ...

Силно невреме проследено со пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје попладнево, само неколку часа по предупредувањето за нагла дестабилизација на времето. За кратко време небото над главниот град целосно се затемни, а интензивниот дожд создаде големи количества вода на повеќе улици. Сообраќајот се одвива отежнато и забавено поради намалената видливост и водата на коловозите. На видеоснимките од невремето може да се ...

Првите маркети на германскиот трговски синџир „Лидл“ во Македонија би можеле да бидат отворени околу Нова година, односно на преминот меѓу 2026 и 2027 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува компанијата до крајот на годинава да ја заврши подготовката на дел од продажните објекти и да започне со работа на македонскиот пазар. Сепак, станува збор за процена на владин функционер, додека од „Лидл ...

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ воведе повеќечасовни рестрикции во водоснабдувањето во делови од Дебар и околината, откако претходните апели за рационално користење на водата не биле почитувани. Од претпријатието соопштија дека зголемената потрошувачка во текот на денот предизвикала недостиг на вода во системот. Како главен проблем се посочува користењето на водата за пиење за наводнување градини и зелени површини, како и за миење ...

СДСМ остро реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по завршувањето на мандатот планира да ја напушти високата политика и да се врати на универзитетот, порачувајќи дека пред тоа ќе мора да понесе политичка и правна одговорност за начинот на кој ја водел државата. Реакцијата следува откако Мицкоски изјави дека нема да биде кандидат за претседател на државата на изборите во 2029 година. Тој ги отфрли шпекулациите дека барањето ...

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ воведе повеќечасовни рестрикции во водоснабдувањето во делови од Дебар и околината, откако претходните апели за рационално користење на водата не биле почитувани. Од претпријатието соопштија дека зголемената потрошувачка во текот на денот предизвикала недостиг на вода во системот. Како главен проблем се посочува користењето на водата за пиење за наводнување градини и зелени површини, како и за миење ...

За многумина, информацијата дека Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени можеби звучи како уште една вест од финансискиот свет. Но, од 1 јули таа промена добива многу конкретни последици за секој граѓанин кој доцни со плаќање на обврските. Од денеска, референтната стапка за пресметка на законската казнена (затезна) камата изнесува 4,25 проценти, наместо досегашните 4 проценти. Промената важи до 31 декември ...

Оваа сцена од пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го привлече внмиманието на граѓаните кои до нашата редакција ги испратија овие фотографии. Фотографиите регистрираат изнесување на поголема количина кутии со документи. На некои од нив се запишани имиња на градови, што и да значи тоа. Можеби оваа сцена не био била невообичаена, ако не се случува на денешен ден кога и официјално треба да биде соопштено дека ...

Од денес е воведена целосна забрана за движење во Паркот на природата „Езерани“, поради високите температури и зголемената опасност од избувнување пожари на отворено. Од Општина Ресен, која управува со заштитеното подрачје, информираа дека мерката се воведува превентивно, со цел да се заштитат чувствителните природни живеалишта и да не се повтори минатогодишната огнена катастрофа. Не е наведено до кога ќе трае забраната. Одлуката стапува во ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.39
24%
1014
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.19
30%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
1.4
35%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.24
38%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.66
34%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.9
46%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
8.49
44%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
6.18
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
0.96
30%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
2.68
31%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.9
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Платина

56038.75

Рутениум

53852.50

Калај

56.36

Бакар

13.23

Алуминиум

3.28

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96