Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Истокот гореше, Исар се спаси во последен момент, а чадот донесе судир на патот Штип–Пробиштип. Пожарите што денеска го зафатија штипско-пробиштипскиот регион создадоа драматична слика на терен: оган блиску до куќи, чад над патиштата, воздушна поддршка, евакуирани работници и сообраќајна несреќа предизвикана во обид да се избегнат пламените јазици. Најголемо внимание предизвика пожарот на штипската тврдина Исар, кој избувна околу пладне, од ...
Питкерн денес важи за едно од најизолираните населени места во светот, мало британско прекуморско подрачје во јужниот Тихи Океан, познато по тоа што станал засолниште на бунтовниците од славниот брод „Баунти“, но неговата историја започнува повеќе од две децении пред самата побуна, во периодот на интензивни британски истражувања на Пацификот и развојот на морската картографија. Според историските записи, на 3 јули 1767 година британскиот ...
Основното јавно обвинителство поднело нови кривични пријави во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“, при што осум инспектори се осомничени дека во подолг временски период не спроведувале редовни контроли и инспекциски надзори, иако биле надлежни за следење на работата на објектот, со што, според истрагата, можеби се овозможило континуирано функционирање без соодветен надзор, јавуваат домашните медиуми. Според информациите од истражните ...
Службеното возило „Ауди А6“ кое беше користено од поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е продадено на јавно наддавање за околу 22.000 евра, а средствата од продажбата ќе бидат пренасочени во општинскиот буџет и искористени за намалување на јавниот долг, информираат локалните институции и општински извори. Според одлуката на Советот на Општина Струга, возилото претходно беше набавено за околу 67.000 евра во периодот кога Мерко ...
НАТО планира да обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина до крајот на 2027 година, според предлог што треба да биде една од клучните теми на претстојниот самит на Алијансата во Анкара. Планот предвидува 70 милијарди евра во текот на 2026 година и уште најмалку толкав износ во 2027 година, како дел од долгорочната поддршка за украинската одбрана. Според генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, сојузниците остануваат посветени на ...
Интерпол објави меѓународна потерница по 39-годишна украинска државјанка, која е осомничена за вмешаност во обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако. Истражителите тврдат дека осомничената, Анастасија Березовска, неколку дена пред експлозијата го набљудувала местото каде што подоцна бил извршен нападот. Според информациите објавени од Интерпол и медиумските извештаи, Березовска има темна коса, на десната рака има ...
Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа, ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина. Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ...
Во фокусот на регионалната фестивалска сцена овој викенд е EXIT to Montenegro – новиот настан на црногорското крајбрежје кој ќе се одржува во две фестивалски поглавја од 3 до 6 јули и од 28 до 31 август. Со овој проект во организација на EXIT – најголемиот фестивалски бренд од Балканот – Улцињ, Велика плажа, Будва и Бечиќи ова лето ќе бидат една од највозбудливите точки на европската фестивалска сцена. Откако веќе беа потврдени настапите на ...
Стипендистката на Македонскиот олимписки комитет и тениски тренер Даниела Колева успешно го заврши престижниот Меѓународен курс за тренери (International Coaching Course – ICC) во Будимпешта, кој го реализираше со поддршка на програмата Олимписка солидарност. Осумнеделната едукативна програма, организирана од Унгарскиот универзитет за спортски науки (Hungarian University of Sports Science – HUSS), во соработка со Меѓународниот олимписки ...
Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане конструктивен за Изборниот законик, но нема да прифати решенија што отвораат простор за изборни манипулации и изборен грабеж, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Ние нашите позиции, односно за Изборниот законик, јасно ги кажавме и ги образложивме. Од што стравуваме, зошто сметаме дека тоа не е добро да биде така формулирано во законот. Зошто да има различно гласање за дијаспората и за ...
Последната реконструкција на Владата не донесе само нов распоред на ресорите, туку откри и слика за внатрешните односи во коалицијата ВЛЕН. Иако лидерите на коалицијата инсистираат дека станува збор за редовно политичко усогласување, кадровските промени оставаат впечаток дека во блокот е во тек прераспределба на влијанието. Аналитичарот Џелал Незири оценува дека последните потези покажуваат јасна концентрација на политичката моќ кај двајца ...
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ не го криеше своето разочарување по поразот од Португалија, но и негодувањето поради некои судиски одлуки. – Можеме да го гледаме натпреварот на два дела, во првото полувреме не бевме во најдобра форма. Бевме доста повлечени, но во второто полувреме одигравме навистина феноменален натпревар. Еден од нашите подобри натпревари. Можевме да го завршиме порано, но едноставно не успеавме. ...
Најмалку 40 лица загинаа откако патнички автобус се лизна од патот и падна во длабока клисура во западен Пакистан, соопштија локалните власти, цитирани од АФП. „Автобус што се движел од Квета до Пешавар паднал во длабока клисура во планинската област Дана Сар. Потврдена е смртта на 40 лица, а 11 други се повредени“, изјави Санаула Шерани, раководител на службите за итни случаи во округот Жоб. Тој рече дека повредените се однесени во болница, ...
Пазарот на недвижности во главниот град на Македонија, Скопје, во вториот квартал од 2026 година покажува знаци на постепено ладење. Според податоците на Народната банка, цените на становите се зголемиле за 13,3 отсто во споредба со истиот период лани, што е пад во однос на стапката од 16,6 отсто забележана во првиот квартал. На квартално ниво, растот изнесува 5,5 отсто. Важно е да се напомене дека Индексот на цени на станови се базира на ...
„Слободен печат“ открива дека за заменик-министер задолжен за добро владеење е предложено лице кое претходно било условно осудено, што отвори прашања за критериумите при изборот на функционери во Владата. Без да биде споменат со име и презиме, како што пишува „Слободен пачат“, но со јавни податоци кои упатуваат на него, Димитар Димовски, човек од доверба на премиерот Христијан Мицкоски, но и првостепено условно осуден за злоупотреба на ...
Дали граѓаните во иднина ќе работат подолго пред да заминат во пензија? Засега одговорот е – не се знае. Но, самото отворање на темата покажува дека пензискиот систем во Македонија влегува во период на сериозно преиспитување. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска јасно порача дека Владата нема донесено никаква одлука за зголемување на старосната граница за пензионирање. Наместо тоа, од Меѓународниот монетарен фонд и Светската ...
Македонската Армија доби нова воена опрема обезбедена со финансиска поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд (European Peace Facility), во рамки на пакетот помош наменет за модернизација и зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. На презентацијата на дел од опремата во касарната „Илинден“ во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски оцени дека поддршката претставува признание за посветеноста на македонската Армија кон ...
Рекордниот јунски топлотен бран во Европа продолжува да предизвикува хаос, а холандските здравствени власти проценуваат дополнителни 480 смртни случаи помеѓу 22 и 28 јуни, повеќето од нив кај луѓе над 80 години. Бројот на жртви доаѓа покрај повеќе од 1.000 дополнителни смртни случаи веќе пријавени во Франција, а властите предупредуваат дека конечниот број ќе биде поголем. Научниците го опишаа топлотниот бран што започна на 20 јуни како ...
Голем пожар на отворено избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, јави ТВ Стар од Штип. Густиот чад создаде чадна завеса на регионалниот пат Штип–Пробиштип, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со намалена видливост. Надлежните служби се на терен, а до возачите се упатува апел да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот. Голем пожар на отворено избувна претпладнево во атарот на Општина Пробиштип, ...
Денес во Киев е прогласен ден на жалост по повод еден од најсилните руски напади врз украинската престолнина од почетокот на војната, во кој најмалку 30 лица беа убиени, а повеќе од 90 беа повредени во ноќта помеѓу среда и четврток. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека има уште граѓани чија судбина е непозната, а меѓу нив се родителите на десетгодишно момче, кое е хоспитализирано, како и на 15-годишно девојче. Украинскиот ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека СДСМ нема да дозволи изборен грабеж и нема да поддржи измени на Изборниот законик без јасни законски и безбедносни гаранции. Таа истакна дека предложените измени не смеат да ги загрозат демократските стандарди и интегритетот на изборниот процес. „За еден ваков реформски закон, којшто требаше да биде по европски модел, треба да се разговара и за вакви ...
Општините Битола, Новаци и Могила секоја година добиваат милионски суми како надоместок од термоелектраната РЕК „Битола“, но парите наместо за екологија завршуваат за изградба на патишта и друга комунална инфраструктура. Активистите и експертите предупредуваат дека ако оваа практика продолжи, се губи смислата на оваа еко-такса. Жителите на Пелагонија со години ги трпат последиците од работењето на РЕК „Битола“ – загаден воздух, прашина и ...
Опозициската СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека „повторно лаже“, овојпат во врска со предложените измени на Изборниот законик, тврдејќи дека нивната вистинска цел не е унапредување на изборниот процес, туку, како што велат, „изборен грабеж“ преку злоупотреба на гласовите од дијаспората. Од партијата реагираат дека, откако била укината техничката влада, власта се обидела да протне нов Изборен законик, а сега, според нив, Мицкоски ...
Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на најмалку 2.595, изјави денес привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. Таа рече дека бројот на жртви се зголемил за околу 300 во споредба со претходниот ден, но сè уште не е објавена проценка за бројот на исчезнати или конечниот број на жртви, објавува CNN. Сомнежите за официјалните бројки беа дополнително засилени откако форензички патолог од ...
Од почетокот на применување на мерката „Мој ДДВ“, во јули 2019 година, до крајот на 2025 година, назад кон граѓаните се вратени околу 220 милиони евра. Само во првите 4 години со „Мој ДДВ“ над 120 милиони евра, а потоа, како што беше поставен системот и се зголемуваше основицата, уште околу 100 милиони се вратени во 2024 и 2025 година. На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку ...
Хрватска беше елиминирана од Светското првенство во САД, Мексико и Канада веќе во осминафиналето, а настаните од натпреварот во Торонто ќе се раскажуваат долго време. Португалија победи на најлудиот можен начин над Хрватите (2:1) по еден незаборавен пресврт, додека тимот на Кристијано Роналдо имаше среќа што не отиде во продолжение. Во 103-тата минута, Хрватска израмни на 2:2 преку Јошко Гвардиола и започна голема прослава, само за момент ...
Една од најнеобичните плажи во Европа се најде во центарот на дебатата откако двајца туристи од Милано се побунија против правило кое постои во Трст повеќе од еден век. Зборуваме за плажата Педочин, за која се верува дека е последната во Европа каде што мажите и жените сè уште се физички одделени со ѕид. Плажата е отворена во 1903 година, а камен ѕид ги одделува машките и женските делови сè до плитките води. Оваа практика некогаш била ...
Тибетански активист почина откако се самозапали пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, во чин на протест со кој се повикува на независност на Тибет. Полицијата го пронашла човекот со тешки изгореници откако биле повикани службите за итни случаи околу 18:30 часот по локално време. Тој бил однесен во болницата Белвју, каде што бил прогласен за мртов. Полицијата не го објавила неговиот идентитет ниту евентуалниот мотив, а истрагата е во ...
Нов бран мафијашки конфронтации во Србија го отвори повторно прашањето за врските меѓу владејачката СНС и организираниот криминал. Во исто време, кризата на доверба сè повеќе ги погодува не само гласачите на опозицијата, туку и дел од поддржувачите на Вучиќ. Случајот со убиството во белградскиот ресторан „27“ претрпе неколку големи промени за само две недели. Првичната теза дека началникот на Полициската управа во Белград, Веселин Милиќ, ...
Турските власти забранија крузер за американски ЛГБТ+ патници да се закотвува во пристаништата, наведувајќи ја заштитата на „моралните стандарди“ и „семејните вредности“. Одлуката беше потврдена во четврток од извршниот директор на компанијата што ја организира медитеранската турнеја. Крузерот „Атина до Венеција“, кој отплови од Грција на 5 јули, требаше да се закотви во турското пристаниште Кушадаси два дена подоцна, а потоа да продолжи кон ...