Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Нова балканска расправија за историското наследство на Гоце Делчев се отвори меѓу Бугарија и Грција, откако спомен-плоча поставена во селото Баница (денешна Кареја, Серско), на местото каде што загинал македонскиот револуционер, беше отстранета само 24 часа по нејзиното поставување. Според грчките медиуми, плочата била поставена без дозвола од локалните власти, а на неа Гоце Делчев бил претставен како „бугарски револуционер и војвода“. Тоа ...
Пратеничката на Европскиот парламент (ЕП) Кетлин Ван Брент по митингот на владејачката Српска прогресивна партија наречен „Србија – едно семејство“ објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ „нема намера да се откаже од власта“ и дека Европа „не смее да ги повтори грешките од минатото“. На X, Ван Брент реагираше на изјавата на Вучиќ за време на митингот дека неговите последни денови како претседател на Србија се пред него. „Вучиќ и ...
Денес во Краљево се одржа митингот наречен „Сè се гледа на Видовден“ организиран од студентите во блокадата. Главната програма започна во 18:00 часот на Плоштадот на српските воини, со химната „Боже правда“. Потоа следеа говори во кои говорниците испратија јасни пораки. Немања Каровиќ, доцент на Педагошкиот факултет во Белград, рече дека „оние што нè владеат можат да ја замислат Србија без Косово и Метохија“, но дека „не можат да ја замислат ...
Канадските фудбалери се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство победувајќи ја Јужна Африка со 1:0 (0:0). Клучот на одлуката беше Стивен Еустакио во минута 90+2, бидејќи шутираше одлично од 16 метри и ја искористи иницијативата на својот тим во голем дел од осминафиналето на Светското првенство. Дуелот во Лос Анџелес го имаше префиксот „историски“, бидејќи беше прв пат еден од домаќините на Светското првенство да не игра ...
Македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливите музички изведувачи. Вечерва, по кратко боледување, на 66-годишна возраст почина пејачот, композитор и музичар Владо Јаневски. Владо Јаневски беше еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската поп-музика, чија кариера траеше повеќе од четири децении. Зад себе остави богато музичко творештво и хитови кои станаа безвременски, меѓу кои „Ако не те сакам“, ...
Италија ги освои првите две светски титули во 1934 и 1938 година. Првиот Мундијал се играше во фашистичка Италија, вториот во Франција, во Европа притисната од подемот на фашизмот и од сенката на нова војна. Токму затоа овие два трофеи не можат да се читаат само како спортски подвиг. Тие се и документ за начинот на кој авторитарна власт го присвои фудбалот и го претвори во средство за режимска легитимација. Патот до улогата домаќин во 1934 е ...
Чест ни е што оваа година КРИК – фестивал за критичка култура е домаќин на најзначајниот, најпровокативниот и најактуелниот филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29. јуни. 2026 (понеделник), со почеток во 20 часот, во Музеј на современа уметност, ќе имаме можност да го проследиме предавањето на Мартин Хеглунд насловено „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези епистемолошки разработени во неговата веќе култна ...
Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас е на пат да се врати во активна политика со своја политичка партија, развој на настаните за кои грчките аналитичари велат дека би можел да предизвика најсериозно потресување на десничарската политичка сцена од почетокот на 1990-тите. Според извештаите во „То Вима“, „Иефимерида“ и други грчки медиуми, подготовките за новиот политички проект веќе се во тек, со градење локални структури и разговори со ...
„Градот Тетово има почнато нова процедура за менување на имињата, според прописи и закони што се актуелни и во сила. И тоа менување ќе биде во интерес и на граѓаните и за почитување на благосостојбата во Тетово и другите градови. Постапката ќе биде запазена и Тетово ќе ги врати имињата на улиците и плоштадот“, изјави денеска Беким Сали, генерален секретар на ВЛЕН и прв вицепремиер во Владата, пред настанот со кој Вреди одбележа две години од ...
Во премиерниот настап на Вимблдон, Ѓорческа ќе има исклучително тежок предизвик против шестата носителка и минатогодишна финалистка, Аманда Анисимова. Веќе беше познато дека нивниот меч ќе се одигра во вторник, а сега е потврден и точниот термин. Ѓорческа и Анисимова ќе го отворат вториот натпреварувачки ден на Вимблдон, со почеток во 13:00 часот по средноевропско време, на теренот број 2, кој располага со капацитет од околу 4.000 гледачи. ...
Коалицискиот партнер ВЛЕН ќе предводи шест министерства по реконструкцијата на владата, објави денес првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на ВЛЕН, Беким Сали, пренесува Portalb.mk. Тој изјави дека кадрите на ВЛЕН ќе бидат распределени во министерствата за животна средина, економија, правда, европска интеграција, култура и односи меѓу заедниците. „Во пакетот со кој ВАЛЕН продолжува да владее, како дел од ...
Страшна авионска несреќа ја потресе Франција, кога во североисточниот дел на земјата загинаа 11 лица. Локалните власти пријавија сериозна несреќа со цивилен авион што се случи во градот Томблен, во близина на градот Нанси, пренесува Ројтерс. Според официјалните информации, авионот бил мал авион со лесен мотор во сопственост на локално училиште за падобранство. Организирана група била во авионот, подготвувајќи се за скокови. Сите во авионот ...
Архивата на јавни собири објави дека околу 32.500 луѓе присуствувале на митингот на Српската напредна партија под слоганот „Србија – едно семејство“, одржан во саботата во Белград. Според организацијата, овој број учесници на митингот е регистриран во 18:55 часот. Според Архивата, ова е петтиот најголем митинг организиран од владејачката партија во Србија. Други извори од организацијата објавија дека имаат видео запис, снимен за време на ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ до вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, се вели во временската најава на Управата за ...
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека од 21 јуни, во Европа се регистрирани повеќе од 1.300 смртни случаи над нормалното ниво, поврзани со рекорден топлотен бран што го зафати поголемиот дел од континентот. Десетици милиони Европејци се подготвуваат за уште еден викенд со екстремни температури додека топлотниот бран се движи кон исток. Некои земји веќе пријавуваат зголемување на бројот на смртни случаи, а здравствените власти ...
Во пресрет на најавената реконструкција на Владата, во владејачката коалиција продолжуваат преговорите за распределбата на министерските ресори. Според информации објавени од Телевизија Телма, коалицијата ВРЕДИ очекува да ги преземе Министерството за правда од ЗНАМ и Министерството за култура од ВМРО-ДПМНЕ, додека за возврат ќе го отстапи ресорот здравство. Според телевизијата, ваквата распределба е дел од разговорите меѓу коалициските ...
Крушево станува пример за успешен развој на одржлив туризам преку соработката меѓу локалната самоуправа, туристичкиот сектор и програмите поддржани од Швајцарија, соопшти Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. Според објавата, малите бизниси се во срцето на туристичкиот сектор, а преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) и Програмата за промоција на увозот на Швајцарија (SIPPO), се работи на јакнење на ...
Грција се соочува со потребата да извлече правилни заклучоци од последната војна на Блискиот Исток и, доколку е потребно, да ја прилагоди својата надворешна политика. Конфликтот покажа дека и покрај огромната воена супериорност на САД и Израел над Иран, тоа не беше доволно за да се скрши отпорот на Техеран, и покрај импресивните почетни резултати од воените операции. Иранскиот режим остана на власт, иако со промени во раководството, па дури и ...
Топлотен удар е најтешката форма на прегревање на телото и се смета за акутна опасна по живот состојба која бара итна медицинска интервенција. Медицински, се дефинира како зголемување на основната телесна температура, обично над 40 степени Целзиусови, придружено со нарушување на функциите на централниот нервен систем, како што се конфузија, делириум, напади или губење на свеста. Состојбата се јавува кога механизмите за терморегулација на ...
Рускиот диктатор Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко одржуваат разговори зад затворени врати втор ден по ред во Валдај (руска Новгородска област), каде што се наоѓа резиденцијата на шефот на Кремљ. Ова се случува откако белорускиот лидер итно пристигна во Русија на 26 јуни. Официјални извори не ја објавија ниту агендата, ниту коментарите, ниту објаснувањето за непланираните состаноци. Тие доаѓаат во време кога Киев ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 14:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Според информациите од ЦУК, активни се пожарите во дебарското село Гари, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума, во кумановската населба Перо Чучо, каде што е зафатена депонија и ...
Полицијата и Обвинителството фрлаат светлина врз убиството на 48-годишната Ж.Г. од село Таор, чие тело беше пронајдено во близина на Летевци. Случајот, кој се однесуваше на лажна пријава за исчезнување од страна на поранешниот сопруг на С.Г., резултираше со апсење на четири лица, вклучувајќи го осомничениот и неговите тројца пријатели. На 26 јуни 2026 година, С.Г. (51) од село Таор, општина Зелениково, пријавил во полициската станица дека ...
Опозициската СДСМ обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски го довела пензискиот систем во сериозна криза, предупредувајќи дека се загрозени исплатата на идните пензии и функционирањето на вториот пензиски столб. На прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, изјави дека буџетот е испразнет, а дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) достигнал 40 проценти. Според ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера објави дека ќе поднесе оставка „за неколку недели“. Според одредбите од Законот за претседател на Републиката, во тој случај тој би бил заменет на функцијата од актуелната претседателка на српското Собрание, Ана Брнабиќ, но не подолго од три месеци, што го покрена прашањето за евентуален изборен календар. „Ова се моите последни денови и последни недели како претседател на Републиката… За неколку ...
Амбасадорот на Шведска во Северна Македонија, Ола Солстром, во интервју за Portalb.mk ја потврди позицијата на својата земја како европски шампион во проширувањето на Европската Унија, нагласувајќи ја нејзината целосна поддршка за евроинтеграцискиот пат на земјата. Тој изјави дека Шведска сака што поскоро да ја види Северна Македонија како полноправна членка на европското семејство. Во овој контекст, тој го поздрави заедничкиот документ ...
Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...
Беше забавно да се гледаат дуелите во групите, но времето лета, веќе е време за елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал во Мексико, САД и Канада. Започнуваат битките „сè или ништо“, или како што би рекле домаќините на Светското првенство, „Win or go home“, односно „Победи или оди си“! Нокаут фазата започнува вечерва со натпревар помеѓу Јужна Африка и Канада, во 21.00 часот. Ова се двојките за осминафиналето: Јужна Африка – ...
Синоќа во Софија се одржа првиот протест против кабинетот на Радев. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, тврдат организаторите, пренесува бугарскиот медиум Актуелно. Демонстрантите се незадоволни од целокупната политика на владата на поранешниот претседател и имаат сериозни забелешки на предлозите за државниот буџет. Нов протест на ...
Австралиската влада денес објави дека ќе ја удвои максималната казна за платформите што ги кршат законите за минимална возраст за користење на социјалните медиуми на 99 милиони долари (околу 86,9 милиони евра). Амандманот исто така значи дека Комесарот за е-безбедност ќе може да ги принуди компаниите за социјални медиуми да обезбедат докази за чекорите што ги презеле за да се усогласат со забраната, објавува Би-Би-Си. Во Австралија, на деца ...
Русија и Украина разменија серија напади во текот на ноќта. Русија го погоди Киев со балистичка ракета, а Украина нападна неколку руски региони. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Киев се соочува со напад со балистички ракети. Градоначалникот Кличко ги повика жителите да останат во засолништа. Повеќе од 40 руски напади со беспилотни летала и артилерија претходно во Дњепропетровск и северниот Сумски регион убија две лица. Украина ...