Најнискиот задолжителен износ се менува секој месец, како што се менува просечната плата. Па така, исплатата во јули годинава е за над 1.300 денари поголема од јули лани, пресмета Блумберг Адриа. Горната граница за исплата на регресот за годишен одмор не е дефинирана, но дефинирани се давачките кон државата. Максималниот износ кој компаниите можат да го платат на своите вработени во јули, без дополнителни давачки, изнесува 80 отсто од ...

Дигиталното евро направи значаен чекор кон реализација, откако европратениците од Комитетот за економски и монетарни прашања ги поддржаа правилата со кои треба да се создаде правната рамка за новата електронска форма на единствената европска валута. Предлогот беше усвоен со 43 гласа „за“, 14 „против“ и еден воздржан. Тоа, сепак, не значи дека дигиталното евро е конечно одобрено или дека наскоро автоматски ќе се појави во електронските ...

Поддршката за членство во Европската Унија (ЕУ) е над 60 проценти во сите земји од Западен Балкан, освен во Србија. Исто така, довербата во Кина е релативно висока во делови од регионот. Овие податоци ги објави проектот „WeBalkans“, кој спроведе анкета за перцепцијата на ЕУ во Западен Балкан. Резултатите покажуваат генерално позитивна слика за ЕУ и висока поддршка за членство во целиот регион во речиси сите земји. Според истражувањето, ЕУ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска повторно ќе се соочи со пратениците, откако на дневен ред во Собранието е ставена интерпелацијата за неговата работа, поднесена од пратеничката група на Левица. Интерпелацијата е прва точка на 106. пленарна седница, а собраниската расправа треба да ги отвори наводите на опозициската партија за начинот на кој Тошковски раководи со Министерството за внатрешни работи. Од Левица го ...

На вчерашното свечено одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев им доделе и признанија за управување со квалитет во јавниот сектор, кои ги врачи министерот Минчев. Првото место го освои Министерството за дигитална трансформација, второто место Агенцијата за храна и ...

Опозициската СДСМ побара од надлежните институции да го истражат случајот со бугарската компанија „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО од Ќустендил, за која, според партијата, постојат информации дека е поврзана со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Од СДСМ велат дека документи објавени во бугарски медиуми укажуваат на поврзаност на Јанушев со компанијата чија дејност е патен линиски превоз на стока. Според партијата, во јавно достапните анкетни ...

Вишиот управен суд ја поништи владината одлука од јули 2023 година со која беше повлечено претходно одобреното спојување на двете концесии за бакар и злато на локалитетот Иловица. Со тоа повторно се отвора институционалната постапка за еден од најдолгите и најконтроверзните рударски проекти во Македонија, но пресудата сама по себе не значи дека ископувањето може веднаш да започне. Владата соопшти дека станува збор за конечна судска одлука што ...

Во еден од неговите ретки јавни појавувања, Артур С. разговараше со државната радиодифузна агенција на Албанија во живо од САД преку видео повик претходно овој месец за големиот туристички развој што е во тек северно од јужното албанско село Звернец. Тој рече дека разговарал со инвеститорите само преку посредници и дека спорното земјиште вклучено во овој контроверзен развој е негово. „Сакам да разјаснам нешто. Овие парцели земјиште се во ...

Во пресрет на летната туристичка сезона, македонски полициски службеници ќе бидат дел од заедничките патроли на албанското крајбрежје, во рамки на регионална безбедносна операција во која учествуваат и полицајци од Косово, Црна Гора и Италија. Целта е зголемување на безбедноста на туристите и превенција од инциденти во најпосетените туристички зони. Според најавите на албанската државна полиција, заедничките патроли ќе бидат распоредени долж ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“ вчера постхумно ја одликуваше проф. д-р Наде Проева со Орден „8 Септември“, за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка. Во своето обраќање на свеченоста, Сиљановска-Давкова рече дека со доделување на орденот „8 Септември“, ѝ оддаваме признание на една од ...

Од денеска, 24 јуни, до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“. Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим ...

Германската железничка компанија „Дојче Бан“ ги обнови железничките услуги откако технолошки прекин ги запре сите возови низ целата земја за нешто повеќе од два часа доцна во ноќта во вторник. „Дојче Бан“ во соопштение по полноќ во среда изјави дека проблемот што доведе до прекинот низ целата земја засега е решен и дека возовите постепено ги обновуваат услугите до нивните дестинации. Регионалните и приградските железнички оператори ...

Еден ден откако Аргентинецот Лионел Меси стана најдобар стрелец на Светското првенство на ФИФА, Кристијано Роналдо стана првиот играч кој постигна гол во шест сезони на Светските првенства и ги замолчи критичарите кога капитенот на Португалија постигна два гола во победата од 5-0 над Узбекистан. Португалскиот напаѓач постигна гол во шестата минута од натпреварот на неговата нација во Групата К против Узбекистан, среќавајќи се со центаршутот ...

Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, која се однесува на поранешните функционери опфатени со аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов од 2016 година, повторно ја отвори една од најконтроверзните правно-политички дебати во поновата македонска историја. Дел од јавноста и политичките актери побрзаа да заклучат дека „Стразбур ја врати аболицијата“ (заради делот од одлуката каде се утврдува повреда во постапката во случаите ...

Температурите во некои делови од Германија би можеле да достигнат рекордни 41 степен Целзиус подоцна оваа недела, бидејќи поголемиот дел од централна Европа е погоден од широк топлотен бран. Температури до 38 степени се прогнозирани за среда во западна и југозападна Германија, пред да се искачат до 41 степен во некои области во петок, изјави Феликс Дич од Центарот за временска прогноза во вторник. Највисоката температура некогаш забележана ...

Со години, Хрватска се сметаше за една од европските земји со најчисто море за пливање, но новиот извештај на Европската агенција за животна средина покажува дека нејзиното рангирање значително опаднало. На целокупното рангирање во однос на квалитетот на водата за капење, сега е на 12-то место, додека во однос на квалитетот на морската вода, го зазеде 14-то место. Кога станува збор за копнените базени, резултатот е уште послаб: Хрватска е ...

Повеќе од 200 лица осомничени за врски со џихадистичката група Исламска држава и со крајно левичарските организации се уапсени во турската престолнина Анкара, две недели пред самитот на НАТО, соопштија властите. Според обвинителите во Анкара, приведени се 209 лица, а по уште 32 се трага. Речиси 200 од уапсените – вкупно 185 лица – се обвинети дека припаѓаат на разни крајно левичарски групи, означени од турските власти како терористички ...

Веста дека државата размислува за затворање на училишта со неколку ученици и нивно припојување кон поголеми образовни центри на прв поглед може да изгледа како рационална административна мерка. Владата ја претставува како дел од оптимизацијата на образовниот систем, а Министерството за образование уверува дека учениците ќе добијат подобри услови за учење, а наставниците нема да останат без работа. Деновиве почнуваат серија средби и ...

Во EU House Skopje се одржа првата конференција на РЕФОРМ5 – Платформа за економска и технолошка трансформација, „Future Shift: Економија, технологија, млади“, со што официјално беше означен почетокот на работата на организацијата. Во воведното обраќање, претседателот на РЕФОРМ5, проф. д-р Димитар Ковачевски, истакна дека платформата е основана од професионалци со богато академско, практично и професионално искуство во областа на економијата, ...

ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните проекти на Друштвото на филмски работници. 47. издание за нас претставува особена чест и задоволство што повторно го организираме, но претставува и огромна одговорност затоа што ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најзначајните фестивали во нашата земја и низ годините успеавме да изградиме бренд по кој сме препознатливи во светот, рече денеска Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски ...

Австрискиот државјанин од турско потекло Хасан Е. (21), соучесник на осудениот исламистички терорист Беран А., се соочува со смртна казна во Саудиска Арабија за избодување на пет лица во Мека во 2024 година. Пресудата се очекува денес, а младиот човек се соочува со смртна казна, објавува австрискиот „Хојте“. Овој 21-годишник, кого австриските истражители го опишуваат како ментор и соученик на терористот Беран А. кој го планирал нападот на ...

Софија останува на цврстиот став дека нема повторно отворање на веќе договорените услови за европскиот пат на Македонија, иако средбата меѓу претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова, поминала во тон на дипломатска љубезност и повици за подобра соработка. Пораката од бугарската страна била јасна – обврските што веќе се дел од европската преговарачка рамка не се предмет на нови ...

Норвешка и Сенегал одиграа напнат натпревар во Група I на Светското првенство, кој заврши 3:2 за Скандинавците. Натпреварот се одржа на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, а го водеше бразилскиот судија Вилтон Сампајо. Норвешка го отвори резултатот во 43-тата минута преку Маркус Педерсен, а кратко по паузата, Ерлинг Халанд го дуплираше водството. Сенегал го намали дефицитот во 53-тата минута преку Исмаила Сар, што ја врати интригата во ...

Австралија се наоѓа на прагот на потенцијално крупна промена во својата стратешка политика за вселување. Според информациите од дипломатски извори, во тек е разгледување на предлог кој би им овозможил на европските граѓани да престојуваат и да работат на австралискиот континент без потреба од традиционални визи. Оваа иницијатива би можела целосно да ги трансформира досегашните строги бирократски процедури и да ги направи можностите за ...

Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година за да продолжи по својот европски пат. Ова не е предмет на повторно преговарање. Потребно е да се направат уставни измени. Ова го изјави претседателката на Собранието на Република Бугарија, Михаела Доцова, по средбата со нејзиниот македонски колега, Африм Гаши, во рамките на 13-тата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна ...

Владата го усвои предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кој вкупните расходи се зголемуваат за околу 179 милиони евра, а буџетскиот дефицит номинално расте на 46,1 милијарда денари. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека најголемиот дел од дополнителните средства ќе биде насочен кон капитални инвестиции и инфраструктурни проекти. Од предвиденото зголемување на расходите, околу 100 милиони евра се наменети ...

Глобалната диџеј ѕвезда и еден од најголемите хитмејкери на денешницата, Дејвид Гета, повторно даде поддршка на македонскиот продуцент и диџеј Галоски, овој пат за неговото ново издание „To The Beat“. Песната официјално излезе во петок, 19 јуни, преку Smash The House, издавачката куќа на светски познатото белгиско дуо Dimitri Vegas & Like Mike. Истата вечер, „To The Beat“ беше премиерно емитувана и во радио емисијата на Дејвид Гета, што ...

НЕ за нова дозвола за старо труење, порачаа од „Стоп за Усје“ на денешниот протестен марш во Скопје против издавањето на нова А-интегрирана дозвола на цементарницата „Титан УСЈЕ“. Како што беше и најавено, маршот почна пред Собранието, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за животна средина, кое треба да издаде нова дозвола на цементарницата. Граѓаните во маршот носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашите бели дробови не се Вап ...

Делови од рекреативната зона Кркардаш, над населбата Баир во Битола, повторно прераснуваат во дива депонија. Несовесни граѓани го наполнија каналот крај земјената патека над црквичката „40 маченици“ со ѓубриште. Исфрлени се мебел, куфери, кујнски апарати, прозорци, колички, облека, обувки, храна… Депонијата ја загадува природата и ги револтира битолчани што се рекреираат на ридот. „Пораснати сме под Кркардаш. Порано местово беше чисто, со ...

Викендов успешно заврши 14-тото издание на „Тур де Галичица“ – традиционален велосипедско-планинарски настан во Преспа што повеќе од една деценија ги обединува љубителите на природата, рекреацијата и авантурата. Како што информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД), она што започна во 2013 година како искрен израз на љубов кон природата од група локални ентузијасти од здружението „Преспа Бајк“, годинава обедини повеќе од 250 учесници од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.51
37%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.51
48%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.32
46%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.36
49%
1016
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.96
48%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.3
84%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.02
45%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.67
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.52
46%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
33%
1017
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
5.44
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.36

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Алуминиум

3.28

Сребро

2044.16

Злато

139576.04

Паладиум

43628.56