Во просториите на Завичајниот музеј „Жарково“ – Музеј на град Белград, синоќа беше свечено отворена изложбата на слики од македонскиот уметник Тодор Јовановски, со што официјално започна овогодинешната традиционална манифестација „Денови на Македонската култура во Белград“, под насловот „Допир на Македонија“. „Изложбата на Јовановски, кој со своето уметничко творештво пренесува длабоки културни и емотивни релации со Македонија, оваа година ...

Чвор од кабли, гуми, скршени ламби, застарени технологии и рѓосани метали, се само дел од секојдневните елементи кои може да се најдат во подземјето на било кој киберпанк филм. „Japan@net.mk (@japan.net.mk) организира многу кул настан во ‘Лабараториум’ (@lab.ratorium) на 10 мај, а ние и вие? Може да им помогнеме тоа да изгледа многу добро“, велат од Здружението „Комбо“, кои собираат е-отпад и разни метални предмети за потребите на саботниот ...

По повод 28 мај – Меѓународениот ден на менструална хигиена и здравје иницијативата „Period Skopje“ организира Филмски караван за менструална сиромаштија: Патот до еднаквост, кој има за цел да ја подигне јавната свест, да поттикне отворен дијалог и да ги мобилизира младите луѓе на локално ниво во борбата против менструалната сиромаштија и стигма во Македонија. „Според истражувањето ‘Менструална правда’ од 2021 година, 71% од испитаничките ...

Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе децении од своето формирање ќе одржи специјален концерт на 10 мај (сабота) во „Јавна соба“ во Скопје. „Публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа ‘Ареа’ низ годините“, пишува во најавата. Во интервју по повод јубилејот, гитаристот Ивица Брчиоски кој е дел од групата од основањето, се навраќа на скромните почетоци, ...

Прирачникот за справување со родови дезинформации и родово-базирано насилство во дигиталниот простор изработен од Ангелина Станојоска, професорка на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе биде промовиран на 14 мај со почеток во 14 часот во „Нетавил“ во Скопје на настанот „CTRL+ALT+Defend – Скини ги синџирите на онлајн насилството“. „Родово-базираното насилство (РБН) е резултат на длабоко вкоренетите родови ...

Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје го објавува отворениот повик за наградата „Денес 2025“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Македонија до 35 години. Наградата се доделува на годишно ниво на, како што велат од ФРУ, исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување и е единствена награда за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во земјава од овој ...

Изминатиов период екипа студенти и млади ентузијасти работат на нов фанзин „Ефимин“ кој опфаќа тековни прашања поврзани со култура и уметност. Младите во четврток (утре, 8 мај) прават прва официјална промоција на вториот број односно третото издание. Најавени се низа активности во „Лабораториум“ што ќе започнат во 17:30 часот со џемање – загревање со тимот на фанзинот. Потоа, меѓу другото, ќе има мини панел за историјата на фанзинот во ...

Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител. „Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот настанат на ...

„caledonia“ е нова сила која се издига од алтернативната сцена на југоистокот на Велика Британија, спојувајќи ја меланхоличната горчина на слоу-кор жанрот со острата, агресивна енергија на современиот британски пост-панк. Овој состав ќе настапува во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ на 9 мај од 21:30 часот, кога ќе има и локална поддршка од бендот „Трло“. Следниот ден, во истиот термин „caledonia“ свири и во Битола во „Порта Џез“. ...

Под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува, Саемот на книга 2025 ќе започне утре (8 мај) и ќе трае до 14 мај во арената „Борис Трајковски“. „Арената ќе се претвори во центар на литературата, каде посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите и да ја пронајдат вистинската храна што им е потребна на душата“, пишува во соопштението. Годинешниот саем ќе понуди богата програма со ...

Ирена Николовска – Ристановска mајка nа дете со атипичен развој, психолог во ОУРЦ „Кочо Рацин“ и претседателka на Здружение „Рилука“ Додатокот за лица со попреченост, или „покачувањето“ на истиот за само 200 денари (од 7.708 на 7.978 денари), ме допира онолку како фактот што се’ уште нема рехабилитациски центри. А нашата држава, која е потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, се обврзува да ги ...

Платформата за информирање на студентите Студентарија вели дека од почетокот на мај добива реакции од студенти на кои им е прекинато правото на субвенциониран студенти оброк. Како што објаснуваат од платформата, станува збор за студенти кои примаат семејна пензија поради починат родител. „Иако овие студенти со месеци редовно ги добиваа средствата за оброк, од овој месец повеќе не се на списокот на корисници. Причината – нивните месечни ...

По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар – прифатилиште за бездомни кучиња во Струмичко. „Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно ...

Работна група која ќе ја сочинуваат претставници на Министерството за образование и наука (МОН), владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Градежниот факултет и повеќе други високообразовни установи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, ќе ги отстранува пречките за продолжување на изградбата на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, која започна во 2015 година, а беше стопирана ...

Малтретирањето е распространето во образовните институции во Македонија. Безмалку 20 отсто од учениците во земјата, во 2022 година пријавиле редовно малтретирање. Освен тоа, во пораст се и дигиталното насилство врз децата, како и онлајн сексуалната експлоатација и злоупотреба, покажува анализата на состојбата со децата и адолесцентите во Македонија, која ја објави УНИЦЕФ, пишува новинската агенција Мета.мк. „Стапката на малтретирање е посебно ...

Вечерва, 6 мај, со почеток во 19 часот во спомен-соба „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе има разговор со Биљана Стојановска, авторка на „Додека спиеш“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван ...

Јавната дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ ќе се одржи утре (7 мај) со почеток во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска. „Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција ...

По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 мај, Министерството за образование и наука (МОН) распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта. „Еден ученик може да ...

Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш ќе се отвори на 13 мај од 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. „Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, Шпанија. Најчесто црта со акрилни бои на платно или со мермерни мастила на вода, но во последно време сака да ...

Студентите кои се во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, пренесува Н1. „Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија студентите во блокадата на социјалната мрежа X. #НоваФазаБорбе свих нас! pic.twitter.com/ym9IJd42j4 — Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) May 5, 2025 Тие веруваат дека ...

„Ова не е шоу. Ова е момент. Момент во кој ќе слушнете што значи да се креира подкаст со љубов и визија, но сепак во балкански услови и со многу предизвици“, велат од платформата „Анекта“, која за 31 мај во 20:30 часот најавува дека целата екипа зад најпознатиот подкаст на Балканот – „Агеласт“ – доаѓа во Скопје во „Јавна соба“. Според најавите, Галеб Никачевиќ и неговиот тим ќе зборуваат за падови, избори, задкулисни приказни, и медиумска ...

Фестивалот „Виолин Фест“, чија мисија е да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола. На 8 мај со почеток во 12 часот ќе се одржи јавен час и презентација на фестивалот во Музичкото училиште во Битола. Додека, на 12 мај во 20 часот ќе започне концертот во Официрски дом, со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, ...

Концертот насловен „Дамар на слободата“ на кој како солисти ќе настапат македонските пијанисти Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари ќе се одржи во четврток (8 мај) со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар. Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холанија. „Конрад ...

Премиерите на претставата „Вистината“ во режија на словенечкиот режисер и актер Владимир Јурц ќе се одржат на 8 и 9 мај во Театар Комедија. Закажани се и претпремиери на 6 и 7 мај. „’Вистината’ од Флоријан Зелер – комедија што поттикнува прашања кој кого лаже. Две актерски екипи, една приказна, и најмалку две вистини“, велат од Театар Комедија. Играат Благица Трпковска Јоковиќ, Кристина Христова Николова, Роберт Ристов и Александар ...

На 11 мај од 11 часот, Школка во Градски парк во Скопје ќе биде една голема игротека со многу разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче и многу други бројни интересни активности во рамки на настанот „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развор и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. „Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и ...

Вечер на македонска поезија и изложба „Македонска книжевна стерна“ по повод денот на македонскиот јазик ќе се одржи денеска (5 мај) со почеток во 19 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Загреб. Ќе бидат претставени современи македонски поети со цел запознавање на хрватската читателска публика со современите текови на македонската поезија, авторите ќе читаат на македонски јазик, а на хрватски јазик нивната поезија ќе ја ...

„Или-Или“ информира дека в понеделник, на 5 мај од 19 часот, во кафе-барот „Кашмир“ ќе се одржи промоцијата на новата прозна објава од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Ивица Димитријевиќ, а настанот ќе го модерира Игор Анѓелков. „Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат ...

„Подгответе се, стрипофили: ‘Стрип Трип 2025’ се крчка, но најпрво се загреваме“, велат од „Стрип Трип“, кои на 6 мај во „Нетавил“, со почеток од 18 часот, организираат настан за загревање пред единствениот стрип фестивал во Скопје. „Ќе се запознаете со Симон Калајџиев и Белкис Аксу кои ќе ги претстават своите дела како и инспирациите што стојат зад нив“, соопштуваат од фестивалот. Како што посочуваат, присутните ќе можат да следат цртачка ...

Концерт на класична музика во чест и со посвета на настраданите во пожарот во Кочани и во знак на поддршка кон нивните семејства се одржа на 27 април во салата „Тоше Проески“ во просторот на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб. Концертот го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално ...

Романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска е објавен во Хрватска во издание на издавачката куќа „Неолит“. Превод на хрватски е на Ивица Баковиќ. Ова е трет превод во регионот на наградениот роман на Јованоска (Роман на годината за 2021 г.), по преводите на бугарски и на српски јазик. „’Денот на црвот’ во тмурното расположение на доцната есен ги усложнува и испреплетува ликовите, случувањата и мотивите, доведувајќи го во врска она што само ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Кобалт

64.04

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Калај

48.78