Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане, со наслов „Урбани трансформации“ ќе биде изложен на 22 мај со почеток во 19 часот во Салон Империјал 1 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Тој со своите моќни, монолитни и често ...

Организаторите на фестивалот „Drim Short Film Festival“ кој ќе се одржи од 7 до 10 август, во соработка со „Pro Peace North Macedonia“ отвораат повик за млади за работилница „Сочување со минатото“ која ќе се спроведе во рамки на фестивалот. „Овој повик е до младите луѓе што сакаат филм, критичка мисла и раскажување автентични приказни“, велат од „Drim Short Film Festival“. На работилницата, преку пост-Југословенски филмски дела ќе се зборува ...

Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе се отвори во вторник (20 мај), со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Учесници се Андреј Антевски, Ана Томовска, Благица Трајкоска, Горазд Николовски, Елена Стојкова, Ема Теовска, Марија Ќурчиева, Марија Нешкоска, Павел ...

Третото издание на годишниот ИТ настан Глобал Ејжур Скопје (Global Azure Skopје), одржано минатиот викенд, помина во знакот на поддршка на семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Настанот секоја година го организираат програмери организирани во рамки на македонската ИТ про корисничка група (Macedonian IT Pro User Group) и македонската дотнет заедница (Macedonian .NET Community) како дел од светската ...

Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ гостува во петок на 16 мај во Сараево, Босна и Херцеговина. Од 12 до 17 мај во организација на Камерни театар 55 се одржува босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА“. Премиерата на „Гидионовиот јазол“ беше на 9 мај и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво гостување на претставата во странство. По претставата со актерите и уметничкиот дел од ...

Според решението објавено пред 30 дена од Секторот за комунални работи од Град Скопје, се одобрува сечење на 113 дрвја во Градски парк во Скопје. Животот на едно дрво нормално е да има крај (дали природен или поради лошо одржување на истото), но мора многу претпазливо да се пристапи кон вака драстично менување на последната скопска оаза – Градскиот парк, соопштуваат од иницијативата Зелен Хуман Град (ЗХГ). Активистите потенцираат дека, според ...

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на „Striped Tale Animation Festival 2025“, што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија. „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против Галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна ...

Дебатното првенство 2025 се случува на 17 и 18 мај во просториите на Правниот факултет „Јустијан Први“ во Скопје, на иницијатива на МОФ и „најсилните борци“ – дебатери. Ќе учествуваат 16 тима од повеќе македонски градови, а победниците ќе имаат можност ова лето да ја претставуваат државата и Младинскиот образовен форум (МОФ) на интернационалниот турнир во Прага – „Prague Debate Spring“, заедно со нивниот тренер. Дора Смилевска / Фото: МОФ За ...

Операта „Набуко“од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет (НОБ) на 19 мај со почеток во 20 часот во рамките на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, ...

На 14 мај (утре) со почеток во 20 часот, во културниот простор „Јавна соба“ ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска. „Неодамна објавените книги на Јанчовски, ‘Пристоен предлог’ и ‘Пеколот е мало место’ за првпат ...

Првото издание на фестивалот „Буквално. Џез.“ ќе започне на 19 и ќе трае до 25 мај, во просторот и дворот на културниот центар „Буква“. Во продолжение погледнете ја целосната програма: ПОНЕДЕЛНИК | 19 мај 17:00 «Џез: звук, слика, збор» со Владимир Мартиновски 19:00 Отворање на изложба «Jazz» (графика, масло, скулптура: Диме Темков и Лучка Кошчак) со ритмични илустрации на Михаил Парушев 20:30 Вечерен џез со Zulu 3.4 ВТОРНИК | 20 мај 18:00 ...

Фестивалот „Сепак се врти“ на „Гола планина“ и пријателите вчера го имаше финалето во Скопје, откако годинешниот музички караван помина во Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица и Куманово. Овој пат, на агендата беа седум настапувачи: D.I.K, „Damage Control“, „Ендемски вид“, „Корка“, „Мариналеда“, „Taxi Consilium“ и „(точка) ком“. Програмата малку доцнеше поради технички причини. Тие технички причини се испостави дека е мрежен кабел, кој сепак ...

Младиот кочански бенд „Корка“ го објави своето истоимено деби EP, на кое се наоѓаат шест песни. „Нашето прво ЕР (самонасловено) отсега официјално можете да го слушнете на YouTube и Bandcamp, а наскоро и на сите останати стриминг платформи. Целото ЕР е DIY, од снимањето до микс и мастер и се друго. Посебна благодарност до сите наши пријатели и на сите што го чекавте ова ЕР“, соопштија од „Корка“. Петчлениот состав во неделата настапуваше на ...

Сараевското народно позориште (СНП) ќе биде гостин на Македонскиот народен театар (МНТ) на 21 и 22 мај со претставите „Сараевскиот трговец“ и „Селска опера“. „Сараевскиот трговец“ ќе се одигра на 21 мај со почеток во 20 часот. Текстот е на Игор Штикс, а режија е Михал Дочекал. Во претставата играат 16 актери: Мона Муратовиќ, Мирвад Куриќ, Сањин Арнаутовиќ, Ведран Ѓекиќ, Амина Беговиќ, Фарук Хајдаревиќ, Нерман Махмутовиќ, Дино Бајровиќ, Ирфан ...

Во македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб во рамките на програмата по повод 145-годишнината од постоењето на Музејот на уметности и занаети – Загреб, утре (13 мај) ќе биде отворена изложбата ,,Менче Спировска – Визуелна фасцинација со Загреб“ на македонската графичарка Менче Спировска. На изложбата ќе бидат претставени речиси непознати дела за хрватската јавност создадени во 1950-тите години во Загреб. Изложбата за првпат ...

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. Her frame, во буквален превод „Нејзин кадар“) ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор и отвора повик за менторска програм за сите млади филмски работнички кои сакаат да се усовршат. „Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е ...

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од Кривичниот законик. На 10 мај во 23:30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча. „Веднаш по добиената ...

„Putan Club“ денеска (11 мај) од 21 часот повторно доаѓаат во „Ла Кања“ во Скопје, како дел од серијалот „Нова пролет“ со кој „Канал 103“ одбележува 34 години постоење. „По нивниот незаборавен лански концерт, еве уште една ретка можност да се доживее оваа атипична реалност на светскиот музички андерграунд. Екстремен пример за бестрашен отпор кон нашите апатични времиња“, соопштуваат од „Канал 103“. Од таму посочуваат дека „Putan Club“ ...

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), вчера се одржуваше првиот младински GOVTECH хакатон „Кликни безбедно“, во организација на МКСафеНет, проект во рамки на Министерството за дигитална трансформација, пренесе агенцијата Мета. На настанот учествуваа ученици од средните училишта со различни вештини во делот на дигиталниот свет, како програмери, дизајнери, иноватори и ентузијасти. Тие, организирани во повеќе ...

На 13 мај (вторник), со почеток во 18 часот, на саемскиот штанд на „Три“ читателите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со македонската писателка Румена Бужаровска. Со над 2 000 продадени примероци, третото издание на „Тони“, првиот роман на Бужаровска, излезе свежо од печат пред Саемот на книга. „Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите – дојдете на дружба со домашната проза што ја освои Европа и наскоро ...

Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип на 14 мај од 13 часот официјално ќе го отвори новиот Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад. „Собраниот пластичен отпад ќе се користи за прототипирање на четири типови филамент за 3Д принтање, а нивниот развој и тестирање се одвива на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје“, соопштуваат од Здружението. Од таму посочуваат дека настанот е отворен за сите заинтересирани – граѓани, еко-активисти, медиуми, ...

Комисијата за доделување на признанијата на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за периодот меѓу два саема на книга, по рагледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, ги одбра победниците во седум различни категории. Автор на годината е Билјана Црвенковска („Чудна шума“). Специјално признание за промотор на читачка култура му припадна на Александар Маџаровски – Читачот. Додека, првата награда за ...

Сектор за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека на 11 мај (недела) со почеток во 08:30 до 10:30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул. „Илинден“ – локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул. ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти, рекреативци и љубители на природата на бесплатна еднодневна тура на Водно во Скопје, која ќе се одржи утре (11 мај). „Целта на оваа тура е промоција на физичкото здравје и планинарење меѓу студентите“, велат од УСС-УКИМ. Од таму појаснуваат дека рутата тргнува од ООУ „Кочо Рацин“ до Средно Водно и потоа до Врв Водно. На Средно ...

„Планетата забрзано се уништува а владите низ светот рапидно запаѓаат во фашистички практики. Војните се зачестуваат, а корупцијата зема се поголем замав. Класните разлики се сè поголеми и општественото уредување од доцен капитализам постепено навлегува во глобален техно феудализам. Надежта ја губиме, а светот се повеќе наликува на сценарио од најмрачната дистописка книга“. Вака започнува најавата за настанот „Киберпанк – надежта е револуција ...

По концертите во Битола, Прилеп и Гостивар, годинешниот караван на фестивалот „Сепак се врти“ влегува во вториот викенд. На југоистокот на државата, караванот во петок (9 мај) од 20 часот прво застанува во Струмица, во Домот на АРМ. „Голопланинци“ и пријателите најавуваат дека „ќе биде најжустро и најгласно досега“. Вечерта стартува со „Lost in reverie“ – емо-рок бенд кој ја раскажува својата хаотична приказна преку уште похаотична музика ...

Во понеделник (12 мај) со почеток во 18 часот, во салата „Борис Трајковски“ на Саемот на книга, ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема „Кој е авторот?“ – Авторство, интелектуална сопственост и иднината на креативноста во ера на вештачката интелигенција (ВИ). Настанот го организираат здружението „ВИ Сега“ и Македонската асоцијација за интелигенција (МАИ), а има за цел да ја отвори јавната дебата за улогата на авторот и авторските права во ...

Вечерва со почеток во 20 часот во „Base24“ ќе се одржи мултимедијален културен настан „Dystokyo“ во организација на „Пагода“ – здржение кое се бави со промоција на источноазиските култури во Македонија. „Настанот претставува уникатен спој на glitch дигитална уметност, cyberpunk поезија и јапонска естетика“, посочуваат од „Пагода“. Поводот за настанот е промоција на истоимената книга „Dystokyo“ објавена во Токио во 2024 година, во која се ...

Сашо Митревски и Стефан Терпини алијас „Милко“ извадија нова песна, снимена во студиото „Алшар“ во март/април оваа 2025 година. Темата „Страв“ повторно е објавена од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), преку чиј Бендкемп може да се преслуша и поддржи. ‘Милко“ се враќаат со синглот број 3 за ‘Шарла’. Сериозно се појачани со Михаил Парушев на тапани и Огнен Мангаровски на сајзер, а како втор глас се појавува и нашата драга музичка ...

Годинава, во Македонија ќе се одржат два фестивали со исто, или слично име – „Д Фестивал“. Првиот, кој ќе трае од 4 до 6 јули, го организира „Пасворд продукција“, оригиналниот организатор кој долги години стои зад познатиот фестивал во Дојран, но овојпат на друга локација – во Штип, под Исарот и со скратено, малку изменето име – „The festival“. Вториот, пак, кој ќе трае од 25 до 27 јули во Дојран, го организира непознатата „Визуел Продакшн“. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Родиум

339994.14

Бакар

12.12

Злато

157561.16

Калај

48.78

Рутениум

45750.51