Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Во рубриката #НизТвојотОбјектив денес споделуваме фотографии од Андреј Михајлов кој со својот фото-апарат периодов кога Македонија е зафатена со пожари, ја документира природата околу светининиколско. Тој со фотографирање се бави од 2017 година, а вели дека најмногу го интригира дивиот свет. „За мене фотографирањето значи слобода, рекреација, лек за депресија, но најважно од се’, замрзнување и вечно зачувување на одредени моменти кои некогаш се ...
Бугарскиот парламент на 7 август усвои амандман за забрана на ЛГБТ „пропагандата“ во училиштата и изгласа усвојување на посебна промена со која се дефинира концептот на „нетрадиционална сексуална ориентација“, пренесува Радио Слободна Европа. Амандманот на Законот за предучилишно и училишно образование, предложен од проруската партија „Преродба“ (Вазраждане), беше усвоен со 159 гласови за, наспроти 20 против и 10 воздржани. Со овој закон се ...
Македонската теаквондистка, Милјана Рељиќ со резултат од 2-1 ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс во првото коло од Олимписките игри. Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6. Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари. Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун ...
Денеска почнува новото издание на „Флибук Филм Фестивал“ кој ќе трае до 11 август. На годинешниот фестивал кој ќе се одржи во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории а исто така ќе се одржат и неколку работилници за производство на краток анимиран филм и флип бук, за време на четирите фестивалски денови ќе бидат промовирани и четири книги, две од нив проследени со изложби. Филмовите се ...
Полицијата во Велес синоќа, 7 август, го лиши од слобода С.М. (50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно предизвикал пожар. „Тој се сомничи дека на 6 август околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на село Папрадиште кон село Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се ...
Само еден од тројца млади луѓе или 32 отсто е задоволен со своето место во општеството. Шест од десет млади луѓе (62%) би ја напуштиле земјата ако им се укаже шанса. Три четвртини од младите (73,7 %) не биле вклучени или консултирани од локалните или националните власти при носењето одлуки. Ова се дел од податоците кои Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) ги презентираше на тркалезната маса „Учество и доверба – трендови кај младите”. ...
Со „Стела“ и анимирани филмови за деца синхронизирани на македонски јазик започна 3. фестивал „Преку езерото“ во Дојран. „Најмладата публика имаше можност одблиску да го запознаат Столе Вујичиќ, режисерот на „Стела“ и да прашаат сè за првиот македонски ЕКО филм“, велат од фестивалот. Претходно, во Музејот на Град Дојран се одржа работилница за филмска писменост со директорот на фестивалот „Преку езерото“, Јани Бојаџи, Столе Вујичиќ и ...
Во вторникот, 6 август, температурата на станицата Восток се искачи на минус 34,2 степени, што е највисока во историјата на редовните набљудувања, објави прес-службата на Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот, а пренесува Ал Џазира Балканс. „Научниците од Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот ја забележаа максималната зимска температура во целата историја на редовни набљудувања на најстудената точка на Земјата, на ...
Во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 6 се ставени под контрола и 25 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од активните пожари два се во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, и по еден во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид. Од ЦУК информираат и дека под контрола се ставени ...
Летниот психоделичен трајбл фестивал „Озора“ во Унгарија повторно беше пуштен во полн погон. Ова е седумдневен фестивал, ама траеше 10 денови со сите пропратни програми и активности. И не е само музички хепенинг. Напротив, „Озора“ ја претвори долината на Дадпуста во вибрантна заедница со околу 30-40.000 луѓе, понуди разни стејџови, работилници, места за заедничарење, готвење, за уметност и опуштање, со инсталации и декор, колоритни штандови, ...
Стефан Митиќ Олимписките игри во Париз се пример за тоа што големите спортски настани можат да направат за да го намалат нивното влијание врз животната средина и да промовираат решенија за одржливост пред глобалната публика. Олимпиското мото – побрзо, повисоко, посилно – е за надминување на старите рекорди. Но, во ерата на климатските промени, треба да додадеме уште една отрезнувачка придавка на ова мото: потопло. Денешните зголемени температури ...
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ бара независна истрага од надворешни експерти за смртта на слоницата Дуња, увид во извештајот од ветеринарите од Белгија, како и итно затворање на зоолошката градина во Скопје. „Денешната вест за трагичната смрт на една од слониците Дуња во скопската зоолошка градина повторно разбуди бес и загриженост за благосостојбата на дивите животни кои под параван на ‘едукација и забава’ се држени како ...
Министерството за надворешни работи на Јапонија и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ја претставуваат програмата за младинска размена „Западен Балкан се среќава со Јапонија: Мост кон иднината“. Како што објаснуваат од RYCO, оваа програма ќе се одржи од 4-10 декември 2024 година и овозможува 14 студенти на додипломски или постдипломски студии, на возраст од 20 години или повеќе, од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, ...
Слоницата Дуња од скопската Зоолошка градина синоќа била евтаназирана поради старост. Од Скопје ЗОО велат дека ваквата одлука била во консултација со тројца лекари од Белгија кои констатирале дека здравствената состојба на слоницата е влошена. „Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, ...
Шестото издание на фестивалот за филм и музика „Ѕирни“ ќе се одржи од 1 до 10 октомври во „Кафе и филм Котур”. Пријавувањата за учество на фестивалот се отворени во две категории и тоа официјална селекција за најдобар краток филм, награда ,,Данчо Чеврески” и студентска селекција за најдобар студентски краток филм. Фото: Котур/фб Според организаторите, една од примарните цели на фестивалот е да ги искористи јавните простори за филмски проекции ...
Дополнителни 437 милиони денари за студентски оброк, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии се предвидени со дополнетиот предлог за измени и дополнувања на буџетот за 2024 година кој вчера го усвои Владата, а кој сега треба да биде испратен во Собранието за негово разгледување и усвојување. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека ребалансот одговори на неколку дополнителни предизвици за кои се појавила ...
Во изминатите 24 часа низ Македонија се регистрирани вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и Јасен, на Илинска Планина, кај селата Папрадиште и Ореше, како и помеѓу селата Градманци и Дивље. Потоа, активен пожар има кај селата местото викано Панаѓур кај одмаралиштата на Пониква, но и ...
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на заразени со корона вирусот се зголемува ширум светот, а постои и ризик од појава на нови мутации. „Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестовите е над десет проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа ...
Goran Alavux Alavuk е еден од ретките артисти кај нас кој се обидува да го пренесе флоуто на чист електро музиката од нејзиниот корен – Детроит. Веројатно попознат за електро-техно сцената и оние кои умеат да се најдат на добар „рејв“, Alavux својот звук го гради веќе 15 години, а го претставува во живо на сцените низ Европа и Балканот. Досега на платформата Бендкемп има објавено стотина музички изданија, а вели дека на површина наѕираат уште ...
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) предупреди на ширење на хепатитис низ Појасот Газа по израелските напади врз енклавата, пишува „Анадолу“ Оттаму додаваат дека од почетокот на војната во Газа регистрирани се речиси 40.000 случаи на хепатитис. „Од 800 до 1.000 нови случаи на хепатитис се пријавуваат неделно од здравствените центри и засолништата на УНРВА низ Газа. Очајните санитарни услови го ...
Американски судија во понеделникот пресуди дека сеприсутниот пребарувач „Гугл“ незаконски ја користи својата доминација за да ја задуши конкуренцијата и да ги задуши иновациите. Оваа одлука може да го потресе интернетот и да ја наруши една од најпознатите светски компании, пренесува Радио Слободна Европа. Долгоочекуваната одлука на американскиот окружен судија Амит Мехта доаѓа речиси една година по почетокот на судскиот процес против „Гугл“ на ...
Социјално загрозените деца од Општина Кисела Вода ќе добиваат субвенциониран оброк во училиштата, но и субвенции за целодневниот престој во јавните детски градинки, соопштија денеска локалните власти. „Пред почетокот на новата учебна година, повторно излегуваме со сет мерки за субвенционирање на социјално загрозните деца од училиштата и градинките од овој дел на градот. Во насока на заложбите за создавање еднакви можности за сите деца и оваа ...
Сто милиони евра треба да добијат годинава општините, пари кои се всушност финансиска инјекција што ќе се обезбеди од унгарскиот кредит. Оваа сума следната година ќе изнесува 250 милиони евра. Предизборното ветување на ВМРО-ДПМНЕ веќе се преточува во реалност, пишува Порталб. Според најавите, парите ќе бидат наменски, за проекти. Клучен критериум ќе биде бројот на жители, односно најголемите општини ќе може да земат и најголем дел од ...
Потпретседателката на САД, Камала Харис официјално стана претседателски кандидат на Демократската партија, како резултат на онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет, пишува „Војс оф Америка“. Харис е првата Афроамериканка и јужноазиска Американка која станала претседателски кандидат на водечка американска партија. Нејзината номинација следи по лошиот настап на американскиот претседател Џозеф Бајден на дебатата со републиканскиот ...
Заврши петтото издание на „Галичник филм фестивал“, кој годинава привлече бројни филмски ентузијасти, режисери, актери и љубители на седмата уметност. Жири комисијата во состав Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар, едногласно донесоа одлука за прогласување на победниците. Наградите се во продолжение: Главни Награди: Исто така, гран-при за најдобар Филм на петтото издание на „Галичник филм фестивал“ доби „Нечуени работи“ во ...
Сеад Џигал Неефикасното спроведување на законите и бројните прекршувања во медиумите придонесуваат за ширење на нетолеранцијата и поларизацијата, загрозувајќи ја општествената стабилност и кохезија. Анализата што ја спроведе ИКС за случаите на говор на омраза во земјава за 2023 година ја потврдува комплексноста на оваа тематика, честото користење на омразата во политички цели, како и бројни злоупотреби на слободата на говор на социјалните мрежи. ...
Деветмина вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) веројатно учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопштија од Обединетите нации (ОН). „За девет лица се собрани доволно докази кои укажуваат на нивна можна вмешаност во нападите на 7 октомври“, изјави заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак. Како што пишува „Ал Џезира“, сите вмешани во нападот се мажи. Според Хак ...
Министерството за образование и наука (МОН) ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски со кои тој можеше да именува и разрешува директори во основното општинско училиште „Александар Турунџев“ во с.Кукуречани, средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ и основното општинско училиште „Св.Климент Охридски“ во Битола. Од Општина Битола велат дека надлежностите се вратени на барање ...
Фестивалот на електронска музика, „Смотра #12“ ќе се одржи од 8 до 10 август во Битола, во Градски парк спроти Император. Фестивалот ќе почне на 8 август во 20 часот со дискусија на професор др. Анис Сефиданиспанел на тема – Хуманоиден робот во улога на диџеј. На 9 август, во 21.00 часот во Стара Битолска Чаршија настап ќе имаат Diah и Joss а на 10 август во 21.00 часот во Безистен сет ќе имаат Alex Nova, Goran Kan. „Алтернативната сцена во ...
Полицијата вчера го лишила од слобода Г.К. (54) од село Штавица, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар. „Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото“, известуваат од МВР. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил ...