Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) денес излезе со две нови барања до надлежните. Првото барање е за средба со актуелниот министер за транспорт и врски, Александар Николоски. „Со цел претставување на предлози за заеднички активности со цел подобрување на условите за транспорт, особено меѓуградскиот транспорт кој за време на Ковид-19 пандемијата неконтролирано ги крена цените, а ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денес со министерот за образование, наука и млади на Хрватска, Радован Фукс потпиша нова четиригодишна програма за соработка. Оваа соработка значи дека учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата под условите што важат таму додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти. „Со новата спогодба се унапредува изучувањето на ...

Театар Комедија го објави репертоарот за месец септември. Според програмата публиката ќе може да ужива во осум претстави. „Септември е еден од најубавите месеци во годината кога го испраќаме летото а ја пречекуваме есента. Месецот што следи ќе имате можност да погледнете некоја од претставите кои ќе бидат изведени во Театар Комедија“, велат оттаму. Програмата е следна: 17 септември, вторник – Ало, Ало! 19 септември, четврток – Жени во ...

Најмалку двајца кандидати за градоначалници на општини во Босна и Херцеговина на претстојните локални избори во земјата, закажани за 6 октомври, ќе се натпреваруваат од затвор бидејќи тоа им го дозволува постоечкиот закон, пренесува Ал Џазира Балканс. Еден од нив е Страхиња Башевиќ, кандидат за градоначалник на општина Соколац од политичката партија Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) на кој судот во источно Сараево денеска му одреди ...

Изложбата на уметницата Вања Штркова насловена како „Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани“, како и самостојната изложба на слики од Ѓорѓи Динев ќе бидат отворени на 3 септември со почеток од 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Со модерниот стил и интензивната употреба на бои, делата на Вања Штркова нудат нов поглед на обичните, но важни аспекти на секојдневието, пренесувајќи чувство на мир во моментот ...

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив го имаме Марко Тошанов, студент на Факултетот за Дизајн и Мултимедија. Тој работи и како шанкер, а во слободно време покрај со фотографија се бави и со музика. „Слушајќи приказни од моите родители, јас уште од мал сум бил креативец, но, како што секој минува низ потешкотии во живот, тој дел беше закопан негде длабоко во мене. Пронаоѓајќи се повторно во уметноста ми беше знак дека ова е тоа што сакам да го ...

„Ги дадов документите на ФЕИТ, ама не знам дали ќе останам таму. Веќе ме примија во Словенија“, ни изјави девојка што заедно со двајца другари стоеја на техничкиот кампус на УКИМ. Денес е првиот ден од првиот уписен рок на најголемиот универзитет во земјава – „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде годинава има 9.921 место за бруцоши. На техничкиот кампус се наоѓаат зградите на четири факултети, Факултетот за електротехника и информациски ...

Македонското трио „My Tear“ го претстави синглот „Истото го сакаш”, а со тоа го најави својот втор студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи на 18 септември. Албумот „Кога не се сакаме“ е снимен во Студио 1060 во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават „Corpus Delicti“ од Македонија, „JaJaJa Records“ од САД и „Pop Depresija“ од Србија. „Некои нешта не се менуваат кога е во прашање ...

Македонскиот независен краток игран филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахим е селектиран во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана, а својата албанска премиера ќе ја има во програмата Балканска компетиција. Приказната ги следи двете сестри, Билјана и Вики, кои се соочуваат со сложени предизвици по смртта на нивниот татко. Постарата сестра Билјана ја носи одговорноста да ја продаде семејната куќа за да ја обезбеди иднината ...

Рекорден број од 3.159 повици неодамна беа регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 кој ги заменува броевите на итните служби. Десетици оператори во главниот Национален центар за итни повици кој работи 24/7, но и во седум други канцеларии кои работат во смени во поголемите градови секојдневно се соочуваат со секакви случаи и предизвици. Како е од другата страна на слушалката на бројот за итни повици 112, погледнете ...

Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека од почетокот на војната во Газа изгубила 212 вработени, пишува „Анадолу“. „212 колеги на УНРВА се убиени од почетокот на војната во Газа“, се вели во соопштението на УНРВА. Оттаму велат дека и покрај смртните случаи тие сепак продолжуваат да доставуваат хуманитарна помош секаде каде што е можно. УНРВА нагласи дека хуманитарната операција во Газа „стана една од ...

Самостојната изложба „Еве го човекот“ на уметникот Стефан Младеновски ќе биде отворена во петок, 30 август, во Уметничката галерија на Градскиот музеј во Крива Паланка, како завршен настан на алтернативниот мултимедијален фестивал „Гига Фест“. „Изложбата се состои од 50 дела на хартија, создадени во последните две години, кои претставуваат заокружување на еден тематски циклус“, истакнуваат од фестивалот. Настанот ќе биде придружен со ...

„По 16-ти пат БОШ Фестивал се манифестира во својот автентичен идентитет на јужен, топол и помалку горчлив вкус со слатко кисели примеси. Овој пат го глофирицираме принципот на „направи сам“ како единица мерка за живот на алтернативната уметност и баеме против уроци за да отвориме пат за иднината. Тука сме за да ангажираме простори за творење, размена и споделување на култура. Кој урочи БОШ у очи! 16-то издание на БОШ Фестивал ПУ ПУ машала…“. ...

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предупреди дека детската парализа во Појасот Газа многу брзо се шири и нагласи дека е потребен итен прекин на огнот за да им се овозможи на децата да се вакцинираат против оваа болест, која може да предизвика неподвижност на дел од екстремитетите до крајот на нивниот живот, пишува „Анадолу“. „Брзото ширење на детската парализа им се заканува на сите деца во Газа, кои се веќе ослабени и ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на ...

Новата самостојна изложба на уметницата Лина Дамјан е поставена во Музејот на Град Скопје. Насловена „Тела“, таа претставува енергично истражување на машките и женските форми низ објективот на Дамјан. „Оваа изложба навлегува во пресекот на телото, идентитетот и културата, замислувајќи го голото тело и како платно во шарениот свет на поп естетиката. Со смели бои преку графички медиум ве поканувам да го преиспитате телото не само како предмет ...

Од 29 до 31 август на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд. Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“. Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21 часот, па следува квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“. На последниот ден од ...

На годинешната МОФ Летна академија што минатата недела се одржа во Дојран околу осумдесет млади учеа за активизам, право, дебата и новинарство. Во видеото подолу тие ни раскажуваат што научиле за време на академијата и ги споделуваат своите искуства за какви активности имале во слободното време. Елена Николова, Мила Тасевска, Ана Марија Вељковиќ и Никол Димеска View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) *Ова видео е ...

Германскиот филмски автор Вим Вендерс ќе ја добие наградата за животно дело на 37. доделување на Европски филмски награди што ќе се одржи на 7 декември во Луцерн, Швајцарија. „Со оваа награда го славиме извонредниот опус на работа на Вим Вендерс кој продолжува да истражува и експериментира со своето љубопитно око и отворен ум. Како еден од основачите на Европската филмска академија, чиј извршен директор беше од 1990 и 1995 година и ...

„Пинокио не би преживеал во морето на дезинформации. ’На лагата ѝ расте носот’ е просторна уметничка акција и интервенција преку која уметникот Ѓорѓе Јовановиќ ја третира темата на дезинформации кои се присутни насекаде околу нас и оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги спакувани во лажни вести на кои наседнуваат голем број граѓани“. Вака од Центарот за современи уметности ја ...

Пишува: Џефри Д. Сакс Наша најголема надеж е постоењето на вистински мир меѓу големите сили. Овој мир би се засновал на заедничкото признание дека не може да има хегемон и дека за општото добро е потребна активна соработка меѓу големите сили. Откако Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, претпоставката на САД беше дека тие ќе имаат доминантна улога во светот и дека ќе биде незаменлив хегемон. Сепак, ваквиот американски „униполарен“ ...

Откако веќе долго време се „крчка“ и најавува решавање на мизерната состојба во „Стив Наумов“, Министерството за образование и наука за Радио МОФ тврди дека за десетина денови конечно ќе започне целосна реконструкција на домот во Гази Баба. „Согласно информациите од избраната компанија изведувач на градежните работи, во тек се подготвителни активности и работите на терен ќе започнат за десетина дена“, истакнуваат од МОН. Министерката за ...

Амбалажи од храна, душеци, колички, тави за готвење и друга покуќнина се „возат“ на единствената скејт-рампа поставена во малиот Скејт парк во Тетово. Местото последниов месец го опкружуваат и преполни контејнери во кои не го собира сиот смет, па околу нив може да се забележат картонски кутии или други поголеми предмети како ќебиња, перници и даски или куфери. Скејт паркот во Тетово е прилепен до градскиот Жена парк кој е голем колку еден ...

Традиционалниот еко настан „Sound of Green“ ќе се одржи на 30 август (петок) во МКЦ со почеток од 20.30 часот. Како што информираат организаторите, годинава публиката ќе има можност да ужива во музика на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, каде ќе настапат младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот, како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX NANTAYA. Дополнително, пред почетокот на музичката програма, во 19 ...

Мајката на Мараја Кери, Патриша и сестра ѝ Алисон починаа во ист ден викенов, изјави американската пејачка, пренесува „Би-Би-Си“. „Срцето ми е скршено што ја изгубив мајка ми минатиот викенд. За жал, во трагичен сплет на околности, животот истиот ден го изгуби и мојата сестра“, напиша Кери. Добитничката на Греми награда изјави дека се чувствува благословено што поминала некое време насамо со мајка ѝ неделата пред да почине. Таа не сподели ...

Само 16% од општините имаат функционални младински совети, ретко ги таргетираат младите како посебна целна група, а само 4% од општините се рангирани како одлични во вклучувањето на младите во јавните политики. Многу од општините делумно или воопшто не ги исполнуваат своите обврски кон младите. Просечната оценка на социјална вклученост на младите на локално ниво изнесува 41%, а највисоко рангирана е Општина Охрид. Ова го покажува анализата ...

На 3 септември (вторник) во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ на Македонското грбословно друштво, по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија и 10 јуни, светскиот ден на хералдиката. На изложбата ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век. „Изложбата на 35 панели се состои од два дела, првиот дел е за ...

Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024, но сепак засенета од ризици, пишува Порталб.мк. Во маркетите и на зелените пазари ценовен раст кај производи што содржат шеќер, какао, потоа кај дел од млечните производи, безалкохолните пијалаци. Цени на шеќер, месо, млеко, ...

Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние граѓани кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет. За нив, во соработка со високообразовните установи до 20 септември ќе се проверува ...

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вчеравечер заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети. Фото: Струшки вечери на поезијата Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Платина

67162.91

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Калај

46.91