Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на српската етничка заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава. Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение: Значењето на овој ден посветен на првиот српски архиепископ и просветител, за српската етничка заедница има огромно духовно и културно значење, и неговото чествување во Македонија е доказ за взаемната почит и меѓусебно разбирање меѓу граѓаните без ...
Албанската православна црква во име на Митрополијата во Берат, објави видое од посета на Бигорскиот манастир со кое се заблагодарува за гостопримството за денот на Свети Јован Крстител. Свештеници на Албанската православна црква и група верници од Митрополијата во Берат, биле во Бигорски на сосолжување со монасите. -Искрено им благодариме на отците на манастирот Свети Јован Крстител во Бигорски, за нивното гостопримство. Тоа беше навистина ...
Кратко траеше „љубовта“ на владиката Петар кон владиката Јован. Религија.мк дознава дека изминатиов период владее нов конфликт меѓу Митрополитот Преспанско-пелагонсики Петар и Митрополитот Крушевско-демирхисарски Јован. Причината како и по обичај се желбите на Петар и неговите поимања како треба да функционира црквата. Информациите на Религија.мк, велат дека веќе извесен период Петар инсистирал Јован да му го препише имотот од Нижеполе, каде ...
Архиепископот Стефан ќе патува во прва официјална посета на Ватикан, на средба со Папата Франциски, дознава Религија.мк. Средбата е закажана за 26 февруари во Ватикан, но засега нема детали кој друг од МПЦ-ОА ќе биде во придружба на Архиепископот Стефан. Македонско-црковна делегација секоја година има средба со папата во Ватикан, но во рамки на државната делегација за чествувањето на Свети Кирил. Меѓу владиците кои биле на тие средби бил и ...
Денеска во храмот „Свети Димитриј“ во Битола, беше хиротонисан новиот епископ Велички Никола. Хиротонијата ја изврши Архиепископот Стефан, во сослужение на владиците Петар, Тимотеј, Агатангел, Јован, Иларион, Јосиф, Григориј, Јосиф, Јоаким, Марко, Климент и Јаков. -Денешново мое ракоположување во епископ, не го доживувам како награда или заслуга, туку како повик на Светата Црква и достојно водениот духовен живот, рече меѓу другото по ...
17 годишниот Ѓорѓи Николовски од Скопје го фати светиот крст во водите на Вардар. На централната манифестација за Водици, тој најбрзо исплива меѓу 157-те пријавени кои скокнаа од кејот. Доби подароци од МПЦ, градот Скопје и повеќемина спонзори кои му посакаа добро здравје и многу успеси. Чествувањето почна од храмот „Рождество на пресвета Богородица“ каде со божествената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ. Тука голем број верници во ...
Европскиот митрополит г. Пимен смета дека МПЦ-ОА не треба да биде задоволна со половични решенија омколу нејзината автокефалност и дека дијалогот со Вселенската патријаршија за добивање на конечлен Томос за автокефалност нема да престане. Но, вели треба време за да од јавноста се подигнат „пердувите“ што некои владици ги расефлаа како магла, дека наводно Цариград има „непристојни предлози“. -Ние им благодариме на СПЦ за пружената рака, за ...
Битолчанецот Александар Најдоски го фати осветениот крст во Радика, што беше положен од епископот Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици. Најдоски, кој е дел од оваа традиција петнаесеттина години, по вторпат го фаќа крстот. – Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава, посака тој. Годинава над 200 лица учествуваа ...
Кристијан Карапалевски од преспанското село Дрмени го извади осветениот крст од водите на Преспанско Езеро. На традиционалната манифестација што се одржа во туристичката населба Отешево, младиот Карапалевски беше најсреќен од дури 71 учесник кои влегоа во осветените води на Преспанско Езеро. Честитајќи го успехот, градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на Карапалевски му додели ваучер, а пригодни награди доделија и поддржувачите на ...
Европскиот митрополит Пимен денеска имал средба со владика на Вселенската Патријаршија во Европа. Средбата се случила во Брисел, каде Митрополитот Европски Пимен разговарал со митрополитот Атенагорас, претставник на Синодот на Цариградската вселенска Патријаршија и на православните цркви во Белгија, егзарх за Холандија и Луксембург. Нема детали за што е разговарано. Ова е прва официјална средба на Владиката Пимен со владика на Вселенската ...
Се сеќавам на една анкета, некаде во 1991 или 1992 година, кога новинари ги прашуваа странските дипломати во државата како го прославуваат Божик во нивните земји. И сите тие, Англичани, Французи, Германци, Американци што ги имавме тука, одговорија дека наутро прво одат на миса, на богослужба, а потоа на семеен ручек. Кога ќе ги прашаа, пак, нашите, тие велеа: „Божик е празник за семејна средба и ручек“. Ништо повеќе. Ни Бог, ни богослужба. Дури ...
Папата Франциск повика на глобална забрана за сурогат родителство, нарекувајќи ја практиката „ожалосна“ и сериозно нарушување на достоинството на жените и децата. „Сметам дека е жално практиката на таканареченото сурогат мајчинство, што претставува сериозно нарушување на достоинството на жените и децата, врз основа на искористување на ситуации на материјални потреби на мајката“, рече поглаварот на Католичката црква. Тој изрази „надеж во напорите ...
Односите со Македонската православна црква не се добри, туку се братски. Автокефалноста на Македонската православна црква, барана и добиена на канонски и традиционален начин, во дијалог на братска љубов лишен од политички притисоци и скриени утилитарни цели од која било страна, никогаш не треба да плаши, туку напротив да нè радува секој од нас. Ова во божиќното интервју за српскиот весник „Политика“ го изјавил српскиот патријарх Порфириј, прашан ...
Претседателот на државата, претседателот на Собранието и Премиерот беа гости на традиционалниот божиќен ручек кај Архиепископот Стефан, кој воедно го слави и својот именден. Од Кабинетот на Премиерот Димитар Ковачевски велат дека на традиционалниот божиќен ручек, претставниците на владино- државниот врв споделиле пораки со архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА за сплотеност и единство ...
Под слоганот „Почуствувај радост“ и оваа година ќе продолжи навпечатливата прослава на Бадник, во која дечиња од цела Македонија ќе ја пејат Вечниот Бог. Главниот настан е на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, но бадникарски поворки ќе има и во останатите градови и населени места во државата. Како што објавија од Здружението „Бадникови поворки“ на нивната фејсбук страница, најпрвин во 11 часот на Градскиот плоштад во Скопје ќе биде ...
Синодот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија бара да биде известен кој црковен великодостојник од останатите православни цркви ќе ја посети нашата црква, но и и ги обврзува нашите владици да го известат за своите посети во останатите православни цркви, објави „360 Степени“. Оваа одлука, до која во писмена и електронска форма дошле „360 Степени“ е донесена на Синодска седница на 29 септември годинава. Одлуката е донесена на ...
Најеминентниот руски теолог, ѓаконот Андреј Кураев ја напуштил Русија и се преселил во Чешка. Веста ја овјави самиот посочувајќи дека „Неговиот московски свет е срушен“. Отец Кураев, кој важи за жесток критичар на црковната политика на Патријархот Кирил, вели дека во Прага и во Европа има намера да организира предавања и јавни средби, а своето заминување од Русија го оценува како „трудова миграција“ -Се надевам дека е сезонска, вели о. Кураев. ...
Бугарската Православна Црква и Вселенската патријаршија ги јакнат меѓусебните релации. Вартоломеј, заедно со уште двајца владици на БПЦ, отслужи историска литургија во железната црква во Истанбул, со што стана првиот Патријарх што служел литургија во т.н црква на расколот. -Навистина познато е дека овој храм беше пробниот камен за горчината и негативниот резултат на црковните дела кои го засегаа бугарскиот народ. Но бидејќи нема зло кое не е ...
За викарен епископ велички денеска е избран досегашниот архимандрит Никола (Трајковски) од манастирот „Свети Никола“ во селото Манастир, Мариово. Тој ќе биде викарен архиереј на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА каде што началствува митрополит Петар. Ова е наведено во најновото соопштение на МПЦ-ОА по завршувањето на седницата што беше одржана во полн состав и на која беа разгледани повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот ...
Бигорскиот манастир, кој продолжува да биде духовно свртилиште на многумина верници од земјава и од странство, во изминатиов период е предмет на напади и критики од центри надвор, но и внатре во црквата. Обвинувањата завршуваат главно на адреса на игуменот на манастирот, епископот Партениј, кој е опишуван како анационален, мешетар и предводник на парацрковна структура. Партениј реши првпат јавно пред камерата нa „360 степени“ да проговори на ...
Кога се говори за прашањето на верата во животот и во творештвото на еден од најголемите писатели, Фјодор М. Достоевски, често се цитира една негова мисла, пишува Кица Колбе за Дојче веле. „Кога би ми докажале дека Христос е надвор од вистината, и кога навистина би било така што Христос не би бил еднаков со вистината, тогаш јас би сакал да останам со Христа, а не со вистината”. Притоа малкумина го цитираат целиот пасус во кој е изречена оваа ...
Украина денеска за прв шат го слави Божик, откако донесе одлука за прифаќање на новојулијанскиот календар. Во јули, претседателот Володимир Зеленски потпиша закон за поместување на датумот на празникот. Денеска практично Божикни литургии служеше автокефалната православна црква на Украина (ПЦУ), но не и Украинската православна црква – Московска патријаршија (УПЦ-МП), која се води по стариот јулијански календар. Иако во Украина на 7 јануари нема ...
Во својата божиќна порака, папата Франциско рече дека децата умираат во војни, вклучително и во Газа и дека израелските напади жнеат „страшна жетва“ на невини цивили. Во своето божиќно обраќање, Папата го нарече „гнасен“ нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври и повторно апелираше за ослободување на околу 100 заложници кои се уште се наоѓаат во Газа. Од балконот на базиликата Свети Петар, Папата повика на прекин на конфликтите, ...
Божиќно послание на монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх „Зошто така нѐ поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ништо добро; чекаме време за спасување – а еве, ужаси“ (Еремија 14,19) Драги браќа и сестри! Во ова божиќно време, христијаните го слават и му вознесуваат пофалба на Бога со своите литургиски празнувања за неговите големи дела и му благодарат за љубовта што, и покрај нашите талкања, ...
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го одликува Здружението „Бадникови поворки“ со највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“. – Здружението Бадникови поворки веќе 14 години како народен, духовен и културен проект на граѓаните од православна вероисповед успеа во над 60 населени места ширум Републиката да ја возобнови древната традиција за Бадник да се пеат божиќни ...
Македонија е преполна со стари, прекрасни цркви. Но, загрижувачка е состојбата кај дел од нив. За ова алармира комитетот ИКОМОС Македонија. Потребни се посебни мерки за заштита на дел од македонските цркви и манастири од пропаѓањето, е заклучокот кој може да се изведе од денеска промовираната база на податоци од страна на ИКОМОС. Стручните тимови на оваа организација лани и годинава извршија посети и ја оценуваа состојбата на 707 црковни градби ...
Претседателот Стево Пендаровски на предновогодишен прием што го организира Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, ги повика верските лидери да помогнат во борбата против корупцијата. Пендаровски вели дека загрижува податокот дека „девет од десет граѓани се декларираат за верници, сепак, секој четврти граѓанин годинава учествувал во некаква коруптивна трансакција на пари, врски или влијание“. Претседателот пред лидерите ...
Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј продолжува со своите скандалозни потези да ја провоцира јавноста и да „креира“ надворешна политика на МПЦ-ОА по сопствен урнек, а Синодот јавно молчи. Овој пат Григориј испратил честитка до Онуфриј, поглаварот на Украинската православна црква дел од Московската Патријаршија за неговите 33 години арехиерејска служба. Зошто Григориј настапува од позиција на поглавар на МПЦ-ОА, кога црковниот ред е јасен ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја внесе МПЦ-ОА во својата предизборна кампања за изборите, што во Србија ќе се одржат на 17 декември. Во предизборен спот, снимен во манастирот Покров на Пресвета Богородица – Ѓунис, Вучиќ ја спомнува МПЦ-ОА во контекст на тоа како СПЦ го напраила најважното нешто за српскиот народ и за српската држава. -Тоа што Вие го направите со македонската црква, а наспроти разните озборувања… ја направивте најголемата ...
Епископот Стобиски Јаков е вториот владика на МПЦ-ОА кој јавно се дистанцираше од постапките на Љупчо Палевски, кој заедно со уште неколку владици на МПЦ-ОА изминативе месеци собираше потписи за декларација за „заштита на Црквата и името на МПЦ-ОА“. – Да не се залажеме, да не препознаеме и да не прогласиме херои и пазители и чувари на црквата, луѓе со антицрковен менталитет и кои му служат на духовите на поднебесјето и на злобата, во кои што се ...