Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека вчера биле потврдени уште три нови случаи на западнонилска треска во Македонија. Тој информираше дека двајца од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а еден е хоспитализиран на Клиниката за неврологија. Кај пациентот на Неврологија, засега инфекцијата е потврдена само со еден тест, додека се спроведуваат дополнителни лабораториски испитувања. — реклама — „Кај овие ...
До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се активни, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селото Јурумлери во Општина Гази Баба, каде гори ѓубре, кај селото Сарандиново во Општина Долнени, каде е зафатена сува трева, како и кај селото Бошава во Општина Кавадарци, каде гори ниска вегетација и сува трева. — реклама — — ...
Пожар избувнал ноќеска во објект во изградба во кругот на поранешната фабрика „Тетекс“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен во СВР Тетово околу 1:40 часот, а според првичните информации, биле зафатени даски во објектот. — реклама — — реклама — На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, која го локализирала и изгаснала пожарот. — реклама — Во инцидентот нема ...
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 18:30 часот пред зградата во која живее во населбата Блок 70, а како осомничен е посочен Б.И. од Тетово. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека утрово осомничениот сам се пријавил во полициска станица. — реклама — По целосно документирање ...
По реакциите на мајките кои се пожалија дека со месеци се соочуваат со доцнење на исплатите за породилно отсуство, „Скопје1“ побара одговори од Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот велат дека исплатите се реализираат согласно законските процедури и дека само во текот на јули биле исплатени 420,3 милиони денари, што, според нив, е највисокиот месечен износ исплатен по овој основ. На прашањето дали постои законски рок за исплата на ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека заклучно со 28 јули 2026 година исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци за боледување. Од вкупната сума, 420,3 милиони денари се исплатени за породилни отсуства, што, според Фондот, претставува највисока месечна исплата за оваа намена досега. За останатите видови боледувања исплатени се 140,6 милиони денари. — реклама — Од ФЗОМ нагласуваат дека нема застој во ...
СДСМ денеска преку соопштение побара од надлежните институции да ги објават анализите и официјалната документација врз основа на која било утврдено дека техничката вода во Гостивар е безбедна за употреба. Од партијата велат дека јавноста сè уште не добила документи, резултати од анализите, ниту информација кој ја донел одлуката и со свој потпис гарантирал дека водата е технички исправна. — реклама — „Кој ги изработил анализите на водата? Кои ...
Иран разгледувал можност за напад врз украинско поморско пристаниште како одговор на украинскиот напад врз ирански товарен брод во Каспиското Море, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и западни официјални претставници. Според изворите, Техеран анализирал повеќе сценарија за одговор, меѓу кои и можност за лансирање балистичка ракета со помала боева глава кон украинска територија, со цел да испрати политичка и воена порака, а не да ...
Јорданските системи за противвоздушна одбрана рано утрово пресретнаа и соборија пет ракети истрелани од Иран, соопштија вооружените сили на земјата. Според јорданските власти, ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле навреме откриени од системите за надзор и уништени пред да предизвикаат штета. Државната агенција „Петра“ објави дека нема жртви ниту материјална штета. — реклама — Во меѓувреме, иранската државна телевизија ИРИБ, ...
Во текот на изминатото деноноќие во државата биле регистрирани 16 пожари на отворен простор, а до 7:00 часот утрово сите се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, во моментов нема активни пожари, ниту пожари кои се ставени под контрола. — реклама — Пожарите биле локализирани и изгаснати на повеќе локации низ земјава, меѓу кои во општините Прилеп, Радовиш, Гостивар, Куманово, Сарај, ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС применува двојни стандарди во однос на состојбата со загадената вода во Гостивар и дека лидерот на партијата, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на СДС во локалната власт. Од партијата потсетуваат дека Филипче јавно го поддржал кандидатот Валбон Лимани на повторените локални избори во Гостивар, наведувајќи дека локалната власт, во која, според нив, учествуваат СДС, ДУИ и Арбен ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја загубил иницијативата во војната, оценувајќи дека развојот на украинската воена технологија значително ја променил состојбата на бојното поле. Во интервју за „Фокс њуз“, Зеленски посочи дека Украина од почетокот на војната изградила силен воено-технолошки сектор со околу 500 компании кои развиваат современи технологии, особено во областа на ...
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). — реклама — Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути. — реклама — — реклама — Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при ...
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во близина на Сараево, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот бил регистриран во 4:21 часот по локално време, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 12 километри источно од Сараево, на длабочина од шест километри. — реклама — — реклама — Земјотресот бил почувствуван од голем број жители на главниот град на Босна и Херцеговина и ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес ќе ја одржи 37. седница, на која, меѓу другото, ќе се избира нов заменик-претседател на Комисијата. — реклама — Покрај оваа точка, членовите на ДКСК ќе расправаат и за повеќе предмети што се во нивна надлежност, како и за други прашања и предлози поврзани со работата на институцијата. — реклама — — реклама — На дневниот ред се предвидени и предмети поднесени од укажувачи, по кои ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес (29 јули), поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на патот кон Долно Лисиче. — реклама — — реклама — Прекинот е предвиден од 09:00 до 15:00 часот, а ќе ги опфати корисниците на потегот кај Трејд, Делта МКС и Про Авто Маркет. — реклама — Од ЕВН Македонија АД информираат дека денес (29 јули), поради планирани работи на ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денес поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците „Софиска“ и „Петар Драганов“, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош. — реклама — Без вода ќе останат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“ и „Гаврил Лесновски“. — реклама — — реклама — Прекинот ќе започне во 9:30 часот и ќе трае до ...
Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. — реклама — Груевски објави стара фотографија на која, покрај Тодоровски, се и Игор Џамбазов и дел од актерската екипа која настапувала во култната претстава „Чија си“. — реклама — — реклама — Во објавата тој напиша: „In Memoriam Гоце Тодоровски Од некои дамнешни времиња… Нека почива во мир!“ Поранешниот премиер Никола ...
Американскиот претседател Доналд Трамп значително го променил својот став кон украинскиот претседател Володимир Зеленски и сега покажува многу поголем оптимизам во однос на способноста на Украина да ѝ се спротивстави на Русија, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски официјални претставници. Според весникот, ова претставува значителен пресврт во однос на неговите претходни изјави. Минатата година Трамп го нарече Зеленски ...
Во текот на 2025 година во Македонија биле регистрирани 2.185 разводи, што претставува зголемување од осум проценти во однос на претходната година. Во истиот период биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година. Според податоците, на секои 100 склучени бракови биле регистрирани речиси 21 развод, што укажува на продолжување на трендот на раст на разводите и намалување на бројот на нови брачни заедници. — ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се сретна во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, веднаш по завршувањето на разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што пренесува NBC, ова е прва средба во живо меѓу американскиот претседател и израелскиот премиер по последната ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран. Се очекува главни теми на разговорите да бидат безбедносната состојба на Блискиот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, за првпат откако САД и Израел во февруари започнаа воени напади врз Иран. Средбата се одржува во време кога дел од најблиските сојузници на Трамп изразуваат загриженост дека Нетанјаху би можел да се обиде да го убеди американскиот претседател да ја интензивира воената кампања против Иран. — реклама — Според американските ...
Полицијата истражува кражба во аптека на подрачјето на општина Петровец, каде непознат сторител одзел пари и други предмети. Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 27 јули во 06:30 часот. Кражбата се случила во периодот од 26 јули во 21:00 часот до 27 јули до 06:30 часот. — реклама — — реклама — Како што информираат од МВР, сторителот насилно влегол во аптеката со употреба на погоден алат и физичка сила, по што ги ...
Шеесет и деветгодишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од своја роднина по недоразбирање околу имотно-правни односи. Според Министерството за внатрешни работи, Е.Ч. (69) на 27 јули во 15:50 часот пријавила дека нападот се случил два дена претходно, околу 17:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров. — реклама — — реклама — Како што навела, по претходна расправија поврзана со имотни прашања, физички била ...
Автомобил „пежо“ со скопски регистарски таблички ноќеска бил зафатен од пожар на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во скопската населба Гази Баба. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 28 јули во 03:05 часот. Возилото е во сопственост на 27-годишниот А.Р. од Скопје. — реклама — — реклама — На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема ...
Дваесет и деветгодишна жена од Велес е лишена од слобода откако била затекната при обид за кражба во семеен дом во градот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 27 јули околу 05:25 часот. В.К. со употреба на физичка сила и со подесен алат влегла во дом во сопственост на велешанецот Ф.С. со намера да одземе предмети. — реклама — — реклама — Во обидот била спречена и фатена од полициски службеници од ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против пет лица поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавени се Т.М. (45) од селото Самоилово, В.М. (56) од селото Бориево, К.Д. (22) и Д.Г. (37), двајцата од селото Банско, како и А.Р. (50) од селото Грдовци, кочанско. — реклама — — реклама — Според Министерството за внатрешни работи, на 17 мај ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, изјави дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините и најави дека ќе следува и трет повик за нови проекти. Тој оцени дека Македонија во моментов е „едно големо градилиште“, посочувајќи дека дел од проектите веќе се завршени, дел се во тек, а мал број допрва ќе започнат. — реклама — ...
Оман доби поддршка од земјите од Персискиот Залив за предлогот Иран да наплатува доброволни надоместоци за пловидба низ Ормускиот Теснец, со цел да се нормализира транспортот на нафта нарушен по конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Предлогот предвидува Иран да не ја има единствената контрола врз теснецот, а надоместоците да бидат доброволни, по примерот на Малаканскиот Теснец во Азија, каде средствата се користат за безбедност на пловидбата, ...
Министерството за дигитална трансформација ги информира граѓаните дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија во една од државните институции, ќе има привремен прекин во функционирањето на дел од услугите на државниот портал uslugi.gov.mk. Од Министерството појаснуваат дека прекинот е поврзан со активности за реновирање во институцијата. — реклама — — реклама — „По предвидениот прекин, веднаш ќе биде воспоставено нормално ...