На денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски изјави дека проблемите со квалитетот на водата за пиење во Гостивар постоеле и во периодот кога СДС беше на власт, обвинувајќи го претседателот на партијата, Венко Филипче, дека тогаш не биле преземени соодветни мерки. Манасиевски изјави дека партијата секојдневно објавува документи кои, според нив, покажуваат дека во 2022, 2023 и 2024 година биле евидентирани ...

Либан денеска во Рим започнува нова рунда преговори со Израел, со посредство на Соединетите Американски Држави, во обид да се постигне постепено повлекување на израелските сили од јужниот дел на земјата. Разговорите се темелат на рамковниот договор постигнат кон крајот на јуни, според кој либанската армија треба постепено да се распоредува во таканаречени „пилот-зони“ што ќе ги напушта израелската војска. Договорот предвидува и разоружување ...

Здравствената состојба на Ратко Младиќ дополнително се влошила во последните неколку дена, изјави неговиот син Дарко Младиќ. Според неговите зборови, при последната посета во петокот, кога Младиќ го посетиле негови поранешни соборци, тој не бил во состојба ниту да зборува. — реклама — — реклама — „Останатите параметри и неговата општа физичка состојба и натаму се исклучително тешки и нема позитивни промени“, изјавил Дарко Младиќ. — реклама — ...

СДСМ преку соопштение упати критики кон градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека не одговара на прашањата поврзани со работата на Градот и дека, според нив, не се справува со клучните проблеми на главниот град. Од партијата тврдат дека сè уште нема информации колку чинело АИ-решението за билбордот со кој се промовира Скопје, која компанија го изработила и дали таа има поврзаност со градоначалникот. Воедно, оценуваат ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го повика лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да објасни зошто, според партијата, не реагирал на проблемите со водата за пиење во Гостивар додека ја извршувал функцијата министер за здравство. Од владејачката партија тврдат дека постојат официјални документи од периодот кога Филипче бил министер, во кои, како што наведуваат, биле евидентирани сериозни отстапувања во квалитетот на водата за пиење во Гостивар. — реклама ...

Повеќе од два месеца по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на загинати достигна 6.125, соопшти претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци, речиси 61.000 лица добиле медицинска помош во болниците. Родригез информираше и дека досега се расчистени околу 16,5 проценти од урнатините што останаа по катастрофата. — реклама — — реклама — Во меѓувреме, привремената претседателка Делси ...

До 7:30 часот утрово на територијата на државата биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а 27 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен останува пожарот меѓу селата Раец и Ќесендре во Општина Кавадарци, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активен е и пожарот во Прилеп, на улицата „Дебарска“, кај месноста Теке, каде што гори депонија, додека ...

СДСМ преку соопштение побара Јавното обвинителство да отвори истрага за премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски и, како што наведуваат, сите одговорни лица, оценувајќи дека со постапувањето во врска со водата во Гостивар било загрозено здравјето на граѓаните. Од опозициската партија тврдат дека Владата сè уште не објавила официјален документ со кој се потврдува дека водата е технички исправна, додавајќи дека ...

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (4 август) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во селото Студеничани. — реклама — — реклама — Прекинот е планиран во периодот од 9:00 до 15:00 часот и ќе ги опфати домаќинствата на излезот од селото кон Моране, во Општина Студеничани. — реклама — Од ЕВН Македонија информираат дека денеска (4 август) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во селото Студеничани. — ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во Општина Василево, меѓу селата Доброшинци и Василево, каде што гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево кај селото Зајас, во Општина Кавадарци меѓу селата Раец и Ќесендре, каде што се зафатени нискостеблеста шума и сува ...

Мароканскиот крал Мохамед VI официјално потврди дека една од најважните сообраќајници во земјата го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп. Како што објави државната новинска агенција на Мароко, кралот во писмо до Трамп навел дека преименувањето на автопатот претставува „личен израз на голема почит“. Автопатот Тизнит–Дахла, долг 1.055 километри, минува низ Западна Сахара – територија околу која со децении постои спор. Мароко го ...

Украина ќе го засили дипломатскиот, економскиот и воениот притисок врз Русија со цел војната да заврши пред почетокот на зимата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Говорејќи на средба со украинските амбасадори во Киев, Зеленски рече дека целта е мировен договор да биде постигнат до есен, но нагласи дека не може да гарантира кога тоа ќе се случи. — реклама — „Ќе направиме сè што можеме тоа да се случи пред зимата, во текот на ...

Во текот на изминатиот викенд, од 31 јули до 3 август, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 34 лица поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од приведените, 23 лица управувале возило без возачка дозвола, деветмина возеле под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, додека едно лице возело без ...

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека, во координација со Итната медицинска помош, во селото Дреново ќе биде обезбедено амбулантно возило со медицински тим додека трае справувањето со пожарот кај селото Раец. — реклама — Според објавата на Јанчев, мерката е преземена поради густиот чад и силниот мирис што се шират од пожарот, со цел навремено да им се укаже медицинска помош на жителите кои ќе почувствуваат здравствени ...

Жештините продолжуваат и денес. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. — реклама — Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се ...

Трамп повторно ја заостри реториката кон Иран, само еден ден откако изрази оптимизам дека е можно да се постигне договор за повторно отворање на Ормускиот Теснец и за решавање на нуклеарното прашање. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, американскиот претседател го обвини иранското раководство за „дволичност“, тврдејќи дека јавно негира преговори со САД, додека истовремено бара средби и разговори. — реклама — „Ништо нема да ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека и денес продолжува снабдувањето на граѓаните на Гостивар со вода преку цистерни, бидејќи водата од водоводниот систем сè уште не е безбедна за пиење. На терен се ангажирани три цистерни – една од Територијалната противпожарна единица Гостивар, една од „Бехтел и Енка“ и една од Општина Боговиње. До попладнето тие веќе извршиле по две дистрибуции, а до крајот на ...

Времето попладнево ќе се задржи сончево и многу топло, со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. — реклама — — реклама — Во текот на денот времето беше сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер, претежно од западен и северозападен правец. — реклама — Максималната дневна температура достигна до 39 степени, а и ...

Поради зголемена фреквенција на возила, на повеќе гранични премини во земјава се бележат подолги задржувања, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според последните информации, на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од државата задржувањето е околу три часа, а за влез околу еден час. На граничниот премин „Дојран“ за излез од државата, исто така, се чека ...

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи во неа е утврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која претставува ризик по здравјето на луѓето. Ова денес го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Постои присуство на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање, бидејќи се опасни за ...

Иран ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе започнат нови преговори меѓу Техеран и Вашингтон, јавува Би-би-си. Трамп, говорејќи во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, изјави дека Иран бил запознаен со подготовките за, како што рече, „масовен напад“, кој подоцна бил откажан. „Разговараме со нив во форма на преговори. Тие започнуваат утре попладне“, изјави Трамп. — реклама — Претходно, на својата ...

Најмалку 13 лица загинаа во новите руски и украински напади, соопштија властите на двете земји. Во украинските напади врз Крим и руската Краснодарска област животот го загубиле 10 лица, додека во руски напад во централна Украина загинале уште три лица. Најтежок бил нападот во Архипо-Осиповка, туристичко место на брегот на Црното Море во Краснодарската област, каде што украински дрон паднал на плажа. Според гувернерот Венијамин Кондратјев, ...

Пожарот во кавадаречкиот регион повторно е реактивиран и се проширил на тешко пристапен терен, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, во гаснењето веќе се вклучени два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во обид да го стават пожарот под контрола. — реклама — — реклама — На терен е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја следи ...

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата не успева да го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна поради присуството на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Од партијата велат дека надлежните повторно најавуваат стабилизација на состојбата „следната недела“, оценувајќи дека граѓаните повторно остануваат без конкретно решение. СДСМ тврди дека сè уште не ...

Четириесет и четиригодишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од својот сопруг во семејниот дом на подрачјето на скопската населба Центар. — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била поднесена на 3 август околу 4:00 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, жената била нападната од нејзиниот 42-годишен сопруг А.С. — реклама — — реклама — Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно ...

Полицијата трага по 73-годишна државјанка на Словенија, чие исчезнување било пријавено во СВР Скопје. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 август околу 17:15 часот. Жената, со иницијали К.К., на 1 август влегла во Македонија преку граничниот премин Табановце, по што станала недостапна на телефонските повици. — реклама — — реклама — Од МВР информираат дека се преземаат мерки за ...

Патничко возило „форд фокус“ со кочански регистарски ознаки било опожарено во Кочани, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 2 август во 10:45 часот во ОВР Кочани. Возилото е сопственост на 54-годишниот З.Д. — реклама — — реклама — Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, а во настанот нема повредени лица. — реклама — Полициски екипи извршиле увид на ...

Иран соопшти дека во моментов не води никакви преговори со Соединетите Американски Држави и дека не се планирани средби меѓу двете земји, демантирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп претходно изјави дека се откажал од планираните воени напади бидејќи, како што рече, разговорите со Иран требало да започнат попладнето. Тој нагласи дека повеќе би сакал да се постигне договор отколку да дојде до ново крвопролевање, ...

Во СВР Охрид синоќа, околу 21:25 часот, во присуство на членови на семејството и претставници од Центарот за социјални работи Охрид, било пријавено дека во апартман на кејот „Македонија“ во Охрид едно лице физички нападнало две малолетни лица од Скопје. — реклама — — реклама — Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна ...

Жители од селото Конопница, во општина Крива Паланка, испратија реакција до редакцијата на „Скопје1“, во која алармираат дека со месеци се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето. — реклама — Според нив, и покрај повеќекратните пријави до ЈП „Комуналец“ и до градоначалникот, состојбата останува непроменета, а жителите секојдневно остануваат без вода, што, како што наведуваат, значително го отежнува нормалното функционирање на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1022
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
90%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
82%
1024
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.84
98%
1026
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
1019
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
86%
1024
weather icon

Тирана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
98%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
88%
1022
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
4.63
67%
1025
Currency

61.579

Currency

55.056

Currency

73.824

Currency

37.95

Currency

39.108

Currency

67.24

Currency

8.2593

Currency

0.67154

Currency

0.34798

Currency

0.52359

Currency

1.0979

Currency

0.58615

Паладиум

32600.86

Злато

132371.05

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Бакар

12.71

Калај

46.53

Алуминиум

3.05

Родиум

297394.41

Платина

50123.01

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1691.13