700 ученици во 6 лиги, забавен спорт и индивидуални спортисти, вистински спортски празник за нашите најмлади љубители на спортот, сподели денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. „Радоста, енергијата и натпреварувачкиот дух кај децата се најголемата потврда дека вреди да се вложува во младите и нивниот развој. На сите учесници од шесте основни училишта им посакувам многу успех, фер-плеј и дружење, порача Стојкоски. ...

Познатата македонска актерка Весна Петрушевска, на Инстаграм, сподели искрена исповед од болница, каде замина на уште една операција. Како што откри, ова е четврта операција за годинава, а кон сите жени кои минуваат низ истото упати искрена и моќна порака! - Не сте сами. Жените се најголеми борци, можат сè, се наведува во нејзината охрабрувачка исповед. - За овие година и пол дена, сама си одам во болница, сама си се враќам, си докажувам себеси ...

Кандидатот на владината коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција го претстави првиот основен столб на изборната програма, детален план за целосна модернизација на патната инфраструктура и конечното решавање на проблемот со паркирањето во општината Чаир. Во своето обраќање, Меџити истакна дека Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина, каде што секојдневниот живот на граѓаните ќе ...

Кандидатката за градоначалник на Општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска најави кои ќе бидат нејзините мерки за грижата и условите за животните во општината. „Како голем љубител на животни, знам колку е важно да имаме вистинска грижа и услови за нив: Стерилизација, чипирање и регистрација, Парк за миленици, Акции за вдомување и едукација“, вели Стаменкоска Трајкоска. Таа истакна дека заедно треба да се продолжи ...

Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ почина денес на 72-годишна возраст, пренесуваат босанските медиуми. Бешлиќ во изминатиот период се лекувал на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (KCUS) поради здравствени проблеми со кои, за жал, не успеал да се избори. Проблемите започнале пред неколку месеци, кога пејачот почувствувал нарушување на здравствената состојба за време на концерт во Бања Лука, по што бил итно хоспитализиран. ...

Вчера околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. - Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР. ...

Од Шанса за Центар денеска споделија две фотографии, за кои велат дека се две од многуте градилишта во Општина Центар и за кои велат дека претставуваат сериозна опасност по безбедноста на граѓаните, особено на децата. „Во срцето на Општина Центар, на сликите се две од многуте градилишта. Едното во близина на Песталоци и претставуваат сериозна опасност за безбедноста на граѓаните, особено на децата. Од незаштитените градилишта секојдневно се ...

Вчера (06.10.2025) во 14:30 часот во СВР Скопје, Б.Д.(61) од Скопје пријавил дека на 05.10.2025 околу 02:30 часот на подрачјето на Центар, неколку малолетници физички нападнале еден малолетник, при што употребиле тврд предмет, а откако Б.Д. реагирал со цел да ги спречи, тие избегале. Според пријавеното, по кратко време и тој бил физички нападнат од двајца малолетници и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавените правни субјекти на 25.03.2025, при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање ...

43-годишен тетовец доби кривична пријава поради физички напад врз 14-годишник, а потоа на неговиот брат и другар со остар предмет им упатил закани. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.Х.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ На 02.10.2025 во Тетово, пријавениот со употреба на тврд предмет физички нападнал 14-годишник, а потоа на ...

Oстануваат уште три дена за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. Според Роковникот на Државната изборна комисија (ДИК), избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место , немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите треба да ја извести Општинската изборна комисија (ОИК) најдоцна седум дена пред денот определен за гласање – 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да ...

Неготинец е тешко повреден на работното место. – Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, неготинско, известија од МВР. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна ...

Граѓаните на општина Бутел ќе добијат нов кружен тек на улиците Бутелска и Александар Урдаревски, мега парк на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, атмосферска канализација и реконструкција на улиците Радишанска и Бутелска, најави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Започнуваме нова ера во општина Бутел. Заедно со идниот градоначалник на Град Скопје, мојот ...

Приведени двајца криумчари во чие возило е пронајден мигрант од Турција. Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., ...

Реконструкција на големите локални улици најавува актуелниот градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски кој е во трката за нов мандат. Целта е да се подобри состојбата во сообраќајот, да се зголеми безбедноста на улиците, а животот на граѓаните да биде поквалитетен. „Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици“, ...

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски го доведе кошаркарскиот клуб „Работнички“ во незавидна ситуација. „Долговите се големи, „Работнички“ има дури шест БАТ-процеси што се водат против „центарци“. „Фактот дека управата и градоначалникот Герасимовски не успеваат да најдат начин за исплата на средствата пред стартот на ...

Лишени од слобода две италијански државјанки на граничен премин Табановце кај кои била пронајдена дрога. Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Џ.П.(33) и Б.М.Р.(33), двете од Италија. При гранични проверки и контрола во возилото „рено“ со италијански национални ознаки, кое го управувала Џ.П., а сопатник била Б.М.Р., во личниот ...

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период минатата година се зголемени за 5,2 процента, додека во однос на декември 2024 година за 1,9 отсто. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но се зголемени за 4,7 отсто во однос на истиот месец претходната година. Цените во угостителството ...

Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183- ...

Потпишани се договорите за изградба на клучни улици кои ќе донесат подобра поврзаност и модерна инфраструктура, информираше денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. „Со овој чекор, започнуваме со изградба на улиците 31, 35, 37, 39, 41, како и 7 краци на 102, на 2 крака на 103, кракот на улицата кон Архангел Гаврил (десно), како и краците на улиците 81, 33, 52, 95 и 60. 44 и 84 во Кисела Јабука, краци на ул. 1 Ново ...

Кандидатот за градоначалник на Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, вчера изјави дека и во вториот мандат продолжува поддршката кон ранливите граѓани и највозрасните. „Стануваме прва општина која има свој дом за стари лица. Стануваме општина во која ја зголемуваме двојно, на 5000 денари, поддршката за старите лица, покрај негата во домашни услови. Еднаквоста не смее да биде идеал, туку секојдневие! Воведуваме бесплатна втора ...

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци кој е фатен како одзема нафта од училиште. Како што информираат од МВР, вчера (06.10.2025) во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија го лишиле од слобода А.Ш. (41) од Скопје. Имено, А.Ш. бил затекнат во дворно место од основно училиште во с.Сандево, скопско како од резервоарот за нафта одзема ...

Од почетокот на месец октомври полицијата изрече 2.267 сообраќајни прекршоци, а лишени од слобода се 22 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик. Во периодот од 1. до 5. октомври годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.267 издадени платни налози, 514 прекршоци се однесуваат ...

Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, за МИА потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании. – Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за ...

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово. Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во ...

Судијата Астрит Каљаја бил убиен вчера во Апелациониот суд во Тирана додека траело рочиште. Напаѓачот, засега непознат, влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанија пост“. На местото на настанот, според медиумот, имало бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што се наведува, идентитетот на напаѓачот и мотивите на нападот ...

Пукање, бркотница со автомобили... дел од жителите на Скопје вчеравечер беа вознемирени од звуци на пукање при полициска акција. Бркотницата завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот „ренџ ровер“, кој претходно избегал од неколку полициски обиди за запирање. Според првичните, неофицијални информации, за време на потерата се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а ...

На народниот митинг во Кичево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, остро ја критикуваше ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, обвинувајќи ги дека со две децении владеење ја довеле државата до сиромаштија и иселување. „Што ќе му е Зајас на Али ако е празен? Нема радост ниту во дворците, ако народот околу тебе е гладен и раселен“, изјави Мицкоски пред насобраниот народ, ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
77%
1024
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1023
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
73%
1024
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.02
75%
1023
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
1023
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
76%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
45%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
92%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
81%
1021
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
71%
1023
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Сребро

1876.20

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Никел

473258.99

Паладиум

46361.38

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Бакар

10.96

Алуминиум

2.91

Цинк

3.22

Калај

40.49