Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во емисијата „Топ Тема“ зборуваше и за амбиенталниот воздух во градот, долгот на јавните претпријатија и подобрување на јавниот превоз. Тој посочи дека загадувањето не се должи само на цементницата Усје, туку дека проблемот постои со години. „Усје според мене не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух во главниот град. Сите го дишеме тоа и го живееме многу години наназад. ...

Продолжува периодот на дождови и нестабилно време во земјава. Денеска, особено во ноќните часови, под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи, најавуваат од УХРМ. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен ...

Со влегувањето на Сонцето во Риби започнува сезоната на Рибите – период кога интуицијата, емпатијата и внатрешната чувствителност стануваат водечки. Photo by Circling Sea on Unsplash Ова е месец во кој ништо не функционира на сила, туку со чувство и силна интуиција. Истовремено, Месечината влегува во Овен и брзо се спојува со Сатурн, што носи јасен повик за зрелост, лидерство и одговорност. Комбинацијата е силна: срцето се отвора, но ...

Жителите на скопската населба Волково во последните неколку денови се соочуваат со чести прекини на електричната енергија. Според нивните реакции, струјата снемува и по неколку пати во текот на денот, што создава сериозни проблеми во секојдневното функционирање на домаќинствата. Дел од граѓаните велат дека веќе имаат материјална штета. Поради ненадејното исклучување и повторно вклучување на електричната енергија, им се оштетени домашни ...

Со 63 гласа „за“, седум гласа „против“ и без воздржани денеска Собранието го избра универзитетскиот професор Гоце Наумовски за нов уставен судија. Тој даде и потпиша свечена изјава пред пратениците, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите. Без расправа и со 68 гласа за, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и Одлуката за давање ...

ЕВН Македонија официјално ја предаде во употреба реконструираната и целосно опремена просторија наменета за безбедно чување на личната заштитна опрема на учениците кои следат дуално електротехничко образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје. Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ја формализираше донацијата со потпишување на договорот и учествуваше во ...

Од Граѓанската иницијатива Зелен хуман град предупредуваат дека веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје. Со нив, како што посочуваат, се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек. Нема да биде првпат, според Зелен хуман град, да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Станува збор за баратели кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година, а исплатата ќе започне во текот на месецов. Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. ...

Со влегувањето на Сонцето во Риби на 19 февруари, започнува последната сезона од астролошката година. Photo by Valeria Boltneva Овој период секогаш носи чувство на завршување, сумирање и емоционално расчистување, но во 2026 година таа тема е уште понагласена поради свежата соларна еклипса во Водолија и активниот спој на Сатурн и Нептун. Сезоната на Рибите не е наменета за агресивно туркање напред, туку за интеграција на она што сме го ...

Иако властите најавија дека ќе ги преиспитаат одредбите од Законот за заштита од пушење, прашањето останува дали рестриктивниот пристап ќе спречи или ќе поттикне нелегална трговија со никотински производи. Првичните решенија предвидуваа нагли промени за угостителите и трговците, што предизвика сериозна загриженост во секторот. Искуствата од земји како Естонија, Словенија, Бугарија и Австралија покажуваат дека строгите забрани за ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) споделија какво време нѐ очекува утре и за претстојниот викенд. Како што информираа од УХМР, утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде ...

Жена од тетовско е тешко повредена откако со „голф“ излетала од пат и удрила во метална ограда. - На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- село Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово, ...

Од Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје известуваат дека Жичницата на Водно и денеска нема да биде во функција поради засилен ветер. - Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираат ...

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид. Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, ...

Во првите 100 дена од мандатот на градоначалникот Дејан Митески, општина Аеродром реализираше низа конкретни проекти и мерки насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, со посебен фокус на образованието, инфраструктурата, екологијата и поддршката за семејствата, информираат од локалната самоуправа на оваа скопска општина. Како што потенцираат, усвоен е најголемиот и најкапиталниот буџет во историјата на општината, со што се ...

Родителите сѐ позагрижени за трендот децата да минуваат многу време заедно со своите паметни уреди. Потенцијалните ризици се големи и многу познати, особено кога станува збор за менталното здравје, раст и развиток на децата. Она што најмногу е зборувано е играта „Роблокс“ која стана забранета во голем број земји, поради негативните нус-ефекти. - Истражувањата за дигиталното однесување на децата покажуваат дека „Роблокс“ може да ги преобликува ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување покажува дека: – Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. – ЈСП располага со вкупно ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово информираше дека поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот биле регистрирани паднати и оштетени дрвја, а нивните служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. „Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се ...

Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили, информираа утрово од Центарот за управување со кризи. За состојбата се известени Секторот за внатрешни работи Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности. Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, ...

На 17 февруари 2026 година, во 15:57 часот, од Итна медицинска помош до СВР Скопје било пријавено дека на стариот пат кон село Кучевичка Бара се случила тешка сообраќајна незгода. Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ и патничко возило „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски таблички. Од здобиените повреди, возачот на „форд фиеста“ починал на самото место, додека возачот на „фолксваген голф“ со возило на Итна ...

65-годишен скопјанец е загинатиот во синоќешната сообраќајка во скопско. - На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско, информираа од ...

По најавата од УХМР , денес се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне, поради од од ЈО „Паркови и зеленило“ ги информираат граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици. - Доколку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието, информираат надлежните. По најавата од ...

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на оваа општина и вкупно петта во мрежата на оваа групација во Македонија. Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот. ...

Со влегувањето на Месечината во Риби, енергијата по силната соларна еклипса во Водолија почнува да се смирува и да се слева навнатре. Photo by Rodolfo Sanches Carvalho on Unsplash Ова е ден кога не се бара акција, туку интеграција. Чувствата се посуптилни, интуицијата е засилена, а потребата за разбирање и сочувство е поголема од потребата за контрола. Она што се започна вчера сега бара тивко прифаќање, емотивна обработка и поврзување со ...

Големи зимзелени дрва паднаа врз паркирани автомобили попладнево на улица во Кисела Вода кај средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“. Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За среќа, за време на инцидентот немало луѓе во близина и според првичните информации нема повредени. За настанатата состојба известени се полицијата и службите на ЈП Паркови и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека бил постигнат договор за конечно довршување на булеварот „Борис Трајковски“. „Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски“. Денес остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување ...

Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на Фејсбук сподели свое искуство со направена грешка од страна на системот „Безбеден град“, а целиот процес на докажување дека не направил прекршок го оцени како “патешествие“, за кое му требале шест дена за да си ја истера правдата. Неговата објава ја пренесуваме интегрално во целост: „Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. ...

Во март ќе има еден продолжен викенд за сите работници. Првиот ден од Рамазан Бајрам ќе биде неработен ден , а со оглед дека се паѓа во петок, тоа значи дека се очекува продолжен викенд. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди до крајот на годината! Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ: 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на ...

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти ЈСП Скопје. Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција. Од ЈСП велат дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.96
81%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Алуминиум

3.53

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Сребро

2534.46

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Родиум

319899.93