Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес во ООУ “Кирил Пејчиновиќ” присуствуваше на пуштањето во употреба на онлајн мониторинг софтверот, кој претставува финална активност во рамките на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човекова околина“. Со овој чекор целосно се заокружува реализацијата на проектот, во рамките на кој беа поставени фотоволтаичните системи во сите ...
Вчера (11.11.2025) во периодот од 11:00 до 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со социјални работници од Центарот за социјални работи Тетово постапиле по планот за преземање мерки и активности за сузбивање на питачење. Притоа, како што е наведено во полицискиот билтен, во 12:20 часот на кружен тек од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Илинденска“ во Тетово, при питачење била затекната Н.Ф.(42) од Тетово, додека во 12:50 часот на ...
Вчера на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „шевролет“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Д. (72) од Радовиш, удрило во пешакот С.Г. (66), исто така од Радовиш. Возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се вратил, соопшти МВР. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Радовиш. Полицијата ги презема ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(44) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“. - На 27.10.2025, полициски службеници го затекнале пријавениот со повеќе лица при незаконит риболов на Црн Дрим, при што тој физички нападнал еден полициски службеник, информираа од полицијата. ...
Општина Центар, по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје, го организира „Фестивалот на симит и погача во срцето на Скопје“, кој ќе се одржи пред муралот на Горан Стефановски во Дебар Маало, утре во 10:30 часот. На хуманитарниот базар посетителите ќе можат да ја дегустираат познатата скопска симит погача, препознатлив симбол на локалната традиција, како и други домашни специјалитети подготвени од Активот на жени пензионерки од ...
Специјалистот по торакална хирургија, д-р Ненад Цоневски од Делчево, кој работи во софиската Воено-медицинска академија и кој беше снимен на 9. ноември како прегазува куче во главниот бугарски град со својот „Фолксваген Пасат“, се вратил кај своите родители во неговиот роден град , пренесува бугарски „Телеграф“. Деновиве тој се соочува со невиден јавен линч поради усмртувањето на животното. На социјалните мрежи екстремни реакции. За едни ...
65-годишна жена е тешко повредена откако во неа удрило возило „мицубиши“. Како што информираа од полицијатам, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Јани Лукровски“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(24) од Скопје, удрило во 65-годишната С.Т. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т., констатирани во Комплексот ...
Дете од Скопје се здобило со расекотина и завршило во болница. Напаѓачот му го оштетил и велосипедот. - На 11.11.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, Г.М.(39) од Скопје пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот, известија од МВР. Малолетникот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека денес, заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го започнуваат со изградба мега паркот на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“. Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор — мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони, со содржини наменети за ...
Договарањето или воспоставувањето на условите меѓу коалициските партнери во Владата треба прво меѓусебно да го направиме, а не да договараме преку медиумите, истакна денеска министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски. Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереенција во Владата за очекувањата од средбата на коалицијата и дали ВМРО – ДПМНЕ ќе ослободи министерски места за да направи простор за коалициските ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска преку социјалните мрежи сподели дека ООУ „Наум Наумовски Борче" добива нов систем за мерење и менаџирање со енергијата – SEMM решение. „Денес, заедно со министерката за Енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, присуствувавме на потпишување на договорот за донација на овој важен систем. Голема благодарност до Шпаркасе банка за донацијата и поддршката“, истакна ...
Приведено е 24-годишно лице од тетовско за издржување едногодишна затворска казна. Како што информираат од МВР, вчера (11.11.2025) во 13:25 часот во село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го приведоа Б.Н.(24) од село Желино, кој бил баран со судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Лицето ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е убеден дека Скопје и останатите општини во соработка со Владата ќе почнат да се справуваат со отпадот на многу подобар и поцелисходен начин. – Скопската депонија „Дрисла“ е во исклучително лоша состојба и силно ќе се залагаме таа да се трансформира по примерот на другите современи европски, регионални центри за обработка и третман на отпад. Максимално треба да се заложиме за селектирање на отпадот ...
Грција најави нов, автоматизиран систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој ќе им оневозможи на странските државјани да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна. Според најавата од грчкото Министерство за дигитална управа, системот директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Тоа значи дека при премин на граница, веднаш ќе се појават сите евентуални неплатени казни. Ако полицијата ви изрекла казна или ве ...
Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта. На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за незаконитости во работењето на повеќе јавни претпријатија. Ѓорѓиевски претходно објави дека се отпуштени 500 лица кои со месеци или години не доаѓале на работа, и дека нема да има толеранција за такви случаи. „Имавме тематска средба со претставници на финансиската полиција. Во интерес на истрагата ...
До крајот на календарската година задолжително околу 300 евра или 18.000 ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор. Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од просчената исплатена плата и за оваа година сумата е 18,141 денари за приватен сектор, додека за јавниот сектор сумата изнесува 12,372 денари. Согласно законот, работодавците до 31 декември треба да исплатат ...
Претстојната 2026 година ќе ни донесе повеќе продолжени викенди од годината која ќе ја испратиме за неполни два месеци. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди! Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ: За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска во видео објава на Фејсбук се осврна на рехабилитацијата на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Во натписот на видео објавата, министерот вели дека станува збор за многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин - Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. ...
Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со голема љубов, своето богатство им го раздадоа на сиромасите. И затоа што имаа милостиви раце, Бог ги дарува со дар на чудотворство, така што Зиновиј исцелуваше болни од секаква болест само со допирот на раката. Го поставија за епископ Егејски. Во времето на гонењата судијата Лисиј го фати и му рече: „Ти ...
Изет Меџити имаше две функции во Владата, министер за животна средина и заменик-премиер. Ние сметаме дека треба да предложиме едно име плус, министер за животна средина и заменик-премиер. Оваа недела верувам дека ќе седнеме со премиерот како мандатар најдоцна до утре и ќе најдеме заедничко решение, изјави вчера вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање за реконструкција на Владата. Во ...
Лишен од слобода скопјанец, кај кого при преглед и престрес на домот се пронајдени околу два килограми марихуана. Вчера (11.11.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улица „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје. Како што информираат од МВР, при извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и ...
Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје. „Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа најави дека годинава градот ќе добие новогодишна прослава и украсување како што заслужуваат граѓаните. „Во претходната програма не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот кој ќе се усвои во петок, ќе бидат обезбедени средства за украсување на главниот град. Исто така, ќе биде организирана новогодишна прослава која ќе им овозможи на граѓаните ...
Ова е ден што носи помешана енергија: огнен импулс и практична проверка на реалноста. Photo by Clay Banks on Unsplash Меркур и Марс прават конјункција во Стрелец, што буди храброст, јасен импулс и желба да ја оживеете стара идеја, проект или намерa што одамна ја потиснувате. Последната четвртина на Месечината во Лав ве поттикнува да пуштите нешто во креативен, достоинствен стил — нешто што ве кочи, троши или ви ја одзема радоста. А ...
„Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогодишна прослава каква што треба – за граѓаните и за пречек на Новата година. Со тоа, конечно, Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави Ѓорѓиевски во гостување на МРТВ. Во врска со повикот на јавниот ...
Од денес, 11 ноември, Јупитер започнува ретроградно движење во знакот Рак, отворајќи период на враќање кон корените, семејната историја, личните уверувања и емоционалната сигурност. Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash Ова не е ретроградност што носи хаос, туку ретроградност што бара зрелост: да погледнеме каде сме претерувале, што сме градeле без стабилна основа, каде сме претерале со желбите, а каде сме заборавиле на грижата на себеси. ...
Намалување на бројот на повреди и заболувања на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на системот за инспекција на трудот, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети за управување и обезбедување услуги во оваа област, е клучната цел на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Проектот, ...
Од 15-ти ноември 2025 година стапува на сила обврската за задолжително поседување на пропишана зимска опрема во моторните возила и мобилните машини. Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска ...
Интензивно се вршат градежните активности на терен за реализација на проектот за изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“ во населеното место Марино, соопштија од Општината Илинден. Со проектот, како што појаснуваат, ќе се реализира изградба на нов плочест мост со коловоз широк 6 метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. „Покрај мостот, ...