На регионалниот пат Скопје–Тетово, во близина на село Ласкарци, пред два дена во 18:30 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки удрило малолетен пешак. Возилото го управувал А.А. (33) од село Сарај, скопско. Во несреќата малолетникот од село Ласкарци се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот е пренесен и лекуван во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е ...

Европскиот парламент гласаше за започнување разговори со Советот на ЕУ за предлогот за дигитално евро. кој ќе им понуди на граѓаните безбеден начин да ја намалат зависноста од даватели на услуги надвор од ЕУ. Пратениците на ЕУ вчера кажаа дека се подготвени да започнат преговори со владите на земјите-членки за тоа како ќе функционира дигиталното евро. Со 416 гласови „за“, 169 „против“ и 22 „воздржани“ за создавање дигитално евро Европскиот ...

Украинските сили со беспилотни летала извршиле напади врз руски поморски цели во Азовското Море, при што, според украинските наводи, биле погодени 24 танкери, фериброд и еден товарен брод. Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, изјави дека танкерите се дел од руската „флота во сенка“ – мрежа на стари бродови кои Москва ги користи за транспорт на нафта и заобиколување на меѓународните санкции. Нападите се дел од ...

Рангирањето Worldatlas, покажува дека Македонија во 2025 е меѓу 10 најсиромашни земји во Европа. БДП по глава на жител кај нас минатата година изнесувал 24,300 долари. Нашата земја е рангирана е на 6-та позиција. Сотојбата на Македонија во текстот стои дека економскиот раст бил стабилен, но скромен, со просек од околу 2 отсто во последните години. Земјата Македонија се преименува во Северна Македонија во 2019 година според Преспанскиот ...

Над 12 луѓе загинаа во шумски пожар во Јужна Шпанија, додека 150 пожарникари се борат да го стават под контрола огнот, пренесува „Скај њуз“. Антонио Санц, министер за итни служби го оцени пожарот како „најразорниот пожар досега во нашиот регион“ и ситуацијата ја опиша како „невидена трагедија“. -Нашето најдлабоко сочувство до семејствата на луѓето кои ги загубија животите во Лос Гаљардос, а од сите нас им упатуваме поддршка на општините ...

Израел сподели разузнавачки информации со Соединетите Американски Држави дека Иран неодамна смислил нов план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, ги пренесува CNN изјавите на два извори запознаени со ова прашање. Еден од изворите рекол дека предупредувањето дошло оваа недела. Друг извор пак дека САД во последните недели добивале постојано разузнавачки информации за можни планови за атентат врз Трамп, но предупредувањето од Израел било ...

Лидерот на албанската Демократска партија , Сали Бериша, во соопштение за медиумите остро го осуди задржувањето на функционери од партијата Влен од Македонија на граничниот премин Ќафасан. За постапката, Бериша ги обвини премиерот на Албанија, Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бесфорт Љамалари. –Во невиден антиалбански чин уште од диктатурата на Енвер Хоџа и во многу сериозен дипломатски и политички скандал, по наредба на Еди Рама, ...

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група, се вели во соопшението на ВМРО – ДПМНЕ. Од партијата велат дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со ...

Најмалку 12 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар во местото Лос Гаљардос, во шпанската покраина Алмерија. Дел од жртвите биле пронајдени во возила зафатени од пламените јазици, додека околу 1.000 жители биле евакуирани поради опасноста од ширење на огнот. Пожарот избувнал за време на силен топлотен бран што ја зафати јужна Европа, со температури кои достигнуваат околу 40 степени Целзиусови. Во гаснењето се вклучени околу ...

Европскиот суд за човекови права одлучи дека државата треба да му исплати 3.465 евра на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски. Како обвинет во предметот „Организатори на 27 април“, тој поминал шест месеци ефективен притвор и уште речиси 19 месеци куќен притвор и се жалеше на повреда на правото на слобода и безбедност. Во одлуката на ЕСЧП стои дека по неуспешните преговори за пријателско спогодување, Владата го информирала Судот дека ...

По денешниот состанокот на централното раководство, ВЛЕН со порака дека односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси. Албанците во Северна Македонија, Албанија, Косово и регионот имаат потреба од повеќе единство, повеќе доверба и повеќе заедничка одговорност. Токму затоа, секој обид за кодошење, лажно известување, политичко подметнување или нарушување на ...

Франција е првиот полуфиналист на Светското фудбалско првенство 2026 година, откако вечерва на стадионот во Фоксборо го совлада Мароко со 2-0. „Триколорите“ доминираа против африканската селекција и заслужено дојдоа до триумф, кој лесно можеше да биде и поубедлив. Мароко беше надигран, но Франција отпорот на ривалот го скрши во второто полувреме. Французите имаа неколку изгледни шанси во првите 45 минути, а најдобрата ја пропушти Килијан ...

Крвав напад во средно училиште во Германија. Според министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман зад нападот стои 16-годишен Хрват кој тешко повредил две девојчиња кои се надвор од животна опасност. Напаѓачот е уапсен. Очевидци раскажуваат дека поранешниот ученик во гимназијата Вефлен во Шонгау влегол во училишниот простор и истрелал куршум од пиштол, кој потоа му откажал, па продолжил да напаѓа со нож. Според министерот Херман, ...

Германскиот Бундестаг го отфрли предлогот кој предвидуваше значително зголемување на воената и хуманитарна помош за Украина, вклучиутелно и испорака на крстосувачките ракети со долг дострел „Таурус“, како и дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. Предлогот го поднесоа пратеници на „Зелените“ кои бараа испорака на максимален број на ракети „Таурус“ за Киев од залихите на Бундесверот. Но, иницијативата на Зелените не доби ...

Украинскиот разузнавач кој претходно го призна убиството на жената поврзана со бомбашкиот напад во Монако го повлече сопственото признание и за делото обвини друг осомничен. Владислав Реут, активен припадник на украинската воено-разузнавачка служба ХУР, пред судот изјави дека не ја убил Анастасија Березовска, жената за која властите во Монако ја бараа поради експлозијата, а која подоцна беше пронајдена мртва, со прострелна рана во главата. ...

По седумнаесетти пат, Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргнува на пат, натоварено со документарни приказни и подготвено за проекции под отворено небо. Од 10 до 17 јули, караванот на Патувачкото кино ќе помине низ шест населени места и градови, продолжувајќи ја својата мисија да го донесе документарниот филм на големо платно до места каде што ретко има можност да стигне. Годинашното патување започнува на 10 јули во Неготино, каде проекцијата ќе ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши изрази загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин Ќафасан, соопштија од неговиот Кабинет. Во рекацијата до јавноста, тој напоменува дека „пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат“ и поради тоа секое постапување треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и ...

Центарот за јавно здравје-Штип спроведува епидемиолошка истрага, откако биле пријавени шест случаи на можно труење со храна кај вработени во фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Штип. Од Центарот информираат дека eпидемиолошки тим извршил увид во објектот каде се подготвува и послужува храната, а бил одржан и едукативен разговор со одговорните лица и персоналот за правилниот прием, подготовка, складирање и ...

Поскапувањето на лекот „Фостер“ нема да биде трајно, уверува директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Терапијата за пацинтите со Астма и ХОББ од август ќе биде достапна во аптеките само со доплата од 280 денари. Заменскиот лек Блоцета се уште го нема во голем дел од аптеките. Според Клековски со додавањето на овој лек на позитивната листа заедно со други лекови се зголемила кокуренцијата, а цените паднале. Моменталната ...

Зголемувањето на буџетскиот дефицит претставува ризик за стабилизацијата на јавниот долг на среден рок, предупредува агенцијата за кредитен рејтинг и економски анализи „Фич“. Ребалансот на буџетот предвидува дефицитот годинава да порасне од 3,5% на дури 4,1% од БДП. Според „Фич“, чии очекувања се дефицитот да изнесува 3,9%, продлабочувањето на буџетската дупка создава ризици за стабилизација на долгот на среден рок. „Ревизијата на целта за ...

На двајцата пратеници од редовите на Вреди, Беким Ќоку и Аднан Азизи и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, не им бил забранет влезот во Албанија, туку тие се вратиле во Македонија во знак на револт што биле држени на граничниот премин „Ќафасан“ повеќе од еден час, иако имале дипломатски пасоши. Ова за Телма го изјави Муртезани, според кого нивниот четврти сопатник, кој не е функционер, имал забрана за влез во ...

Кривична пријава доби полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност.“ Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. ...

Стар банкомат, неупотребуван и покриен со прав таложен шест години, остаток од пломба ставена од Народната банка, ознаки на веќе згаснатата „Еуростандард“. Зградата и поранешното седиште на банката сега се во сопственост и владение на Фондот за осигурување на депозити кој ги исплаќаше сите депозити под 30.000 евра по затворањето на „Еуростандард“. Во таква состојба зградата го дочека обвинението за пропаѓање на банката, поднесено од ...

Ги убивал, па ги силувал, но не се чувствува виновен. Дваесет и петгодишниот Трајко Бојковски, серискиот убиец од кумановско Нагоричане, на стартот на судењето за четири убиени жени и два обида за убиство, првично не знаеше ниту да се претстави. Судницата се исполни со роднини на жртвите, но и бројни медиумски екипи, а тој се смееше кога судијата Мирсад Сурои го прашуваше за неговиот идентитет, иако тројца психијатри утврдија дека тој е ...

Во едни градови има мерки за вработување, во други колку да се каже со што е прекршен Законот за рамномерен регионален развој, констатира Државниот завод за ревизија во извештајот на работата на Агенцијата за вработување во 2024 година. Градовите кои имаат повеќе луѓе добиваат повеќе пари, а оние со помалку добиваат уште помалку, па и тие што останале се иселуваат. За мерки и програми за вработување во 2024 година биле потрошени над 23 ...

СДСМ засега нема да преземе никакви драстични чекори против партиските членови кои деновиве се обединија во иницијативата „Разговори за иднината 12:05“ и јавно критикуваа за состојбите во партијата. Дознаваме дека на синоќешната седница на Извршниот Одбор имало и барања да се настапи поостро кон нив, но надвладеало мислењето засега да се остане само на повик, незадоволството да го изразат пред партиските органи и тела, а не надвор. Сепак, ...

По информациите дека светските лидери на Самитот на НАТО што изминатите два дена се одржуваше во Анкара, добиле несекојдневни подароци, односно пиштоли со посвета и вистинска боева муниција од турскиот претседстел Ердоган, Телма ТВ упати прашање со претседателскиот кабинет. Од вила Водно ни одговорија потврдно дека и македонската претседателка добила таков подарок, кој сега патува со дипломатска пошта и дека таа нема да го користи. Подарокот ...

Во преполна судница со роднини на убиените жени започна судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане Трајче Бојковски, кој одговора за 4 убиства и два обидa за убиство. Тој беше доведен во судница со полициска придружба, и откога влезе во судница молчи и гледа нагоре. Одби да одговори на прашањето на судијата за неговите лични податоци, и не гледаше кон судечкиот совет, туку продолжи да се насмевнува и да гледа кон таванот на судницата. ...

Дипломиран социјален работник и дипломиран психолог се предложени за нови членови на Советот за граѓански надзор во чија надлежност е надзорот врз примената на мерките за следење на комуникации односно на прислушувањето. Собраниската комисија за избори и именувања по предлог на пратеникот Миле Лефков ги предложи Андон Дамовски кој е дипломиран социјален работник, магистер по социјална политика и доктор по социолошки науки. На интернет може ...

Србија не доби зелено светло за отворање на Кластерот 3 во пристапните преговори со Европската Унија, откако осум земји членки го блокираа и се спротиставија на понатамошен напредок на Белград кон членството. Како што пишуваат „Новините“ од дипломатски извори, против отворањето на новиот кластер се изјасниле Холандија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Шведска, како и трите балтички држави – Естонија, Латвија и Литванија. Главните забелешки се ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Платина

56135.20