Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На 73- годишна возраст денеска почина доајенката и една од основачите на театарот „ Антон Панов“ од Струмица, Тинка Ристеска, соопштија од театарот на Фејсбук. Нејзиниот живот беше театар. На само 16 години, првпат застана на сцената на Струмичкиот театар во улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Од тој момент започна нејзината 55 години долга кариера, во која што оствари повеќе од сто улоги и создаде ликови во претставите „ Галеб“, „ ...
Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол е осуден на две години затвор, откако Окружниот суд во Сеул го прогласи за делумно виновен за незаконско примање на политички средства во вид на бесплатно истражување на јавното мислење. Судот во Сеул утврди дека Јун го прекршил законот за политички фондови. Судот заклучи дека Јун од април во 2021 година до март во 2022 година, бесплатно примил вкупно 58 истражувања на јавното мислење, со ...
Актерот Сем Нил, познат по голем број на улоги меѓу кои и онаа на доктор Ален Грант во првиот „Јура парк“ и во продолженија што следуваа, почина на 78-годишна возраст. Неговата смрт е „изненадувачка и неочекувана“, соопшти семејството. На Сем Нил му беше дијагностициран рак во март во 2023 година, велејќи дека станува збор за „многу агресивен облик“. Во април оваа година објави дека ракот се повлекол по CART-T ќелиската терапија. Нил е роден ...
Соединетите Американски Држави во новиот бран напади врз Иран за првпат употребија еднонасочни јуришни морски дронови, соопшти американската Централна команда. Морските дронови биле користени во комбинација со борбени авиони, воени бродови и беспилотни воздушни летала. „Силите се распоредени и подготвени да осигураат безбедното пловење да остане достапно на комерцијалните бродови и покрај продолжување на неоправданата иранска агресија, ...
Автобус со турски регистарски таблички утрово удри во мотоцикл кај поранешниот хотел „Бристол“ во центарот на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 13.07.2026 околу 08:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус и мотоцикл. При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот, соопштија од МВР. Автобус со турски регистарски таблички утрово удри ...
Триесет и едногодишен маж од Скопје е приведен по пријава дека со нож му нанел убодни рани на својот татко од кои починал, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи. „Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу ...
Опозициските СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче после четири месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз. ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу ...
Реконструкцијата на владата е театар за народ и замена на фотелји, е оценка на опозициската СДСМ во пресрет на 112 собраниска седница која се очекува да започне денеска на која се планирани разрешувања на досегашни членови на владата и именување на нови. „Мицкоски нема никаков резултат зад себе, па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред, односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар остана во Турција на краток одмор со синовите по самитот на НАТО во Анкара. Пред самитот на Алијансата беше во Истанбул и во Коџаели, каде ја посети спомен куќата на Имре Токељи, унгарски историски лидер. Маѓар на социјалните мрежи објави видео од одморот на кое се гледа како вози џет-ски, се спушта низ тобоган со децата и се шета на плажа. На критиките во домашната јавност, Маѓар одговори дека одморот е во ...
Најмалку 13 луѓе загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа на индонезискиот остров Јава, кога камионет со свадбари останал приклештен од два товарни камиона, соопшти полицијата. Според началникот на локалната полиција, жртвите се возеле во отворениот товарен простор на камионетот. Возилото во еден момент забавило и запрело за да заврти и продолжи во спротивна насока, кога камион удрил во неговиот страничен дел. „Од јачината на ...
Повеќе од 17.000 хектари земјиште изгореа досега во големите шумски пожари што ја зафатија Франција, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Тој во изјава за француската онлајн телевизија БФМТВ нагласи оти очекува уништување на околу 25.000 хектари, што е двојно повеќе во споредба со истиот период во 2025 година. Според него, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 250 пожари од кои околу 30 критични. Нуњез во истата изјава ...
Новите правила за права на патници во воздушниот сообраќај во Европската Унија (ЕУ) се очекува денеска и официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, еден од најблиските сојузници на претседателот Доналд Трамп, почина на 71-годишна возраст по кратко и ненадејно заболување, соопшти неговиот кабинет. Според првичните наоди на судската медицина, причината за смртта е пукање на аортата, главната артерија што излегува од срцето. Греам беше сенатор од Јужна Каролина од 2003 година и важеше за еден од највлијателните републикански политичари во ...
Бројот на жртви по разорните земјотреси во Венецуела со искачи на 4.490 лица, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Само ден претходно, официјалниот број на загинати изнесуваше 4.333 лица. Тој додаде дека во 108-те отворени засолништа се сместени над 19.000 луѓе кои останале без своите домови по земјотресите. Два силни земјотреси со јачина од 7,2, односно 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите, e предвидено да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa. ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ) ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Најмалку 27 лица загинаа, осум се наоѓаат во критична состојба додека над 60 се повредени по пожарот што ноќеска избувна во бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок. Според очевидци, пожарот избувнал во близина на сцената и многу брзо се раширил низ целиот објект. Официјалната причина за пожарот сè уште се истражува, изјави премиерот Анутин Чарнвиракул. Пред јавноста пренесе сведоштво на музичар кој настапувал во барот во моментот на ...
Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС. Без вода се Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Според јавното претпријатие „Водовод и канализација“ дефектот се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС. „Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно ...
Папата Лав XIV упати апел за прекин на конфликтите и враќање на дипломатските преговори на низ целиот свет каде тоа е потребно. Обраќајќи им се на илјадниците верници собрани на плоштадот пред папската резиденција, Лав XIV истакна дека „ветровите на војната повторно дуваат“, носејќи насилство, терор и смрт и погодувајќи голем број невини луѓе. „За жал, ветровите на војната повторно дуваат на Блискиот Исток, во Украина и во многу други делови ...
Во Галичник денеска се одржа традиционалната Галичка свадба, една од најзначајните манифестации што го негуваат македонското културно наследство. Годинашни младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова, кои се венчаа во црквата „Свети Петар и Павле“, следејќи ги сите свадбени обичаи што со векови се негуваат во мијачкиот крај. На свеченоста присуствуваа бројни гости од земјава и од странство, кои имаа можност да бидат дел од оваа ...
Иран и САД со контрадикторни тврдења за состојбата во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека поморскиот премин е затворен и дека нема да биде повторно отворен се додека САД не ги прекинат нападите. Наспроти тоа, Американската централна команда соопшти дека Ормутскиот Теснец останува отворен за сите бродови што законски пловат низ меѓународниот воден пат, нагласувајќи дека американските сили се подготвени да ја обезбедат слободата на пловидбата, и ...
Цели 11 години, група жители од Тетово водат битка со институции за извршување на решение за уривање на дивоградба. Станува збор за челична конструкција на улицата „Иво Рибар Лола“ во која функционира автоперална, а за која уште во 2015 година е утврдено дека е изградена незаконски. Жителите се жалат на игнорирање од инспекторатите, додека од Општина Тетово ветуваат уривање, но дури откако ќе обезбедат пари и услови за тоа. Единаесет години ...
Во Трубарево при извршување на градежни работи на објект во изградба 52-годишен работник од Куманово паднал од висина и го загубил животот. По несреќата, на местото излегле инспектори од Државниот инспекторат за труд кои извршиле увид и составиле записник. Од инспекторатот велат дека е издадена забрана за работа на објектот каде што се случила несреќата, а постапката за утврдување на околностите е во тек. „Инспектори од Државниот инспекторат ...
Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку потресно видео на социјалните мрежи побара помош поради долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, потврдија од кумановската полиција. „Ве информираме дека СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни ...
По објавата на Телма, Министерството за внатрешни работи го избриша соопштението со фотографија која, според нејзините визуелни карактеристики, упатуваше на можноста дека е генерирана со вештачка интелигенција. Фотографијата, поврзана со случајот со странскиот државјанин пронајден на Матка, не беше означена дека е изработена со употреба на вештачка интелигенција. Меѓу воочливите недоследности се издвојуваше изгледот на полициските униформи, ...
Штипските археолози ја дефинираа целосната концепција на петоапсидалната базилика на локалитетот Кале во Крупиште, кој е познат и по археолошките истражувања на Блага Алексова, пред повеќе од четири децении. Академик Алексова врз основа на истражувањата и пронајдените предмети на кои се испишани букви од глаголицата сметала дека од ова место почнала да се шири писменоста, односно дека токму локалитетот Кале бил градот Равен, каде што Кирил ја ...
Загрижувачка е состојбата која во континуитет ја бележи Клиниката за токсикологија во однос на случаи со суицидални труења со таблети и корозивни супстанци. Доколку се направи споредба со Шведска каде бројот на обиди за самоубиства со труење со корозиви се 100 случаи во текот на 20 години, во Македонија 100 случаи се во текот на една година. Најмалку 95% од тие труења на Универзитетската клиника за Токсикологија се суицидални вели професор ...
Цели 11 години, група жители од Тетово водат битка со институции за извршување на решение за уривање на дивоградба. Станува збор за челична конструкција на улицата „Иво Рибар Лола“ во која функционира автоперална, а за која уште во 2015 година е утврдено дека е изградена незаконски. Жителите се жалат на игнорирање од инспекторатите, додека од Општина Тетово ветуваат уривање, но дури откако ќе обезбедат пари и услови за тоа. Единаесет години ...
Сивата еминенција и центри на моќ стојат и зад стечајот на Еуростандард банка и зад обвинението против мене, реагира бизнисменот Трифун Костовски во колумна на социјалните мрежи, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против четири лица за стечајот на банката и за штета од 27 милиони евра. Тој не прецизира која е сивата еминенција и кои се центрите на моќ кои сакаат да го уништат. Поранешните ...
Не знам што треба да се случи за институциите конечно да го слушнат мојот глас. Со овие зборови, во потресно видео објавено на социјалните мрежи, млада девојка од Куманово јавно побара помош, тврдејќи дека со години таа и целото семејство се жртви на семејно насилство. Според нејзините наводи, нејзиниот татко, кој има психичко растројство и е под дејство на алкохол речиси секојдневно, ја малтретира целата фамилија – неа, нејзината мајка, баба ...