На денешното рочиште против 13 полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеа две малолетнички кои биле присутни кобната вечер. Двете пред судот изјавија дека виделе полициски службеници во дискотеката за време на пожарот. Една од сведоците посочи дека по спасувањето побарала помош од полициски службеник, кој ѝ е втор братучед, но, како што рече, не добила. На денешното рочиште против 13 полициски ...

Припадниците на 427-та украинска посебна бригада на беспилотни системи „Рарог“ соборија руски хеликоптер Ми-28 во регионот Белгород, објави командантот на украинските сили на беспилотни системи, Роберт Бровди. -Ми-28 Ноќен ловец на руските црви се заби со носот во земјата, напиша тој и сподели видео од нападот. 🚁🔥 Magyar: Minus Russian Mi-28 “Night Hunter” in Belgorod region, Viazove village! pic.twitter.com/YwswcQTCPh — MAKS 26 🇺🇦👀 ...

Фудбалски класик со огромен историски товар вечерва ќе го даде вториот финалист на Светското првенство во 2026 година. Во Атланта, од 21 часот, Англија ќе го предизвика актуелниот светски шампион Аргентина, а победникот во недела ќе игра против Шпанија. Ова ќе биде првата пресметка меѓу двете селекции по пауза од 21 година. Нивното големо ривалство го одбележаа „Божјата рака“ и антологискиот погодок на Диего Марадона во четвртфиналето во 1986 ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно предлага природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Во нацрт-одлуката се наведува дека напредокот во заштитата е недоволен, а заканите за регионот и понатаму се сериозни. Како главни проблеми се посочуваат урбанизацијата, нелегалната градба, недоволната прекугранична координација, инфраструктурните проекти и бавното ...

Ослободителната пресуда на Груевски е последица на законските измени во Кривичниот законик (КЗ) донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ и како резултат на тие законски измени имаше и ќе следат многу политички амнестии, рече премиерот Христијан Мицкоски кој ја коментираше пресудата за „Талир 2“, предмет во кој првообвинет беше експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за незаконска изградба на „Белата палата“. „За другиот дел од ...

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик, за што рокот истекува денеска, но, сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од реформската агенда и дека тоа е така потврдила и еврокомесарката Марта Кос при неодамнешната посета на земјава. Вели дека ...

Го користел владиниот лирџет за лични цели, тој и сопругата си возеле рент а кар платени со државни пари за транспорт на бегалците од Авганистан, не го отпуштил пилотот кој не можел да го вози владиниот авион. Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески и му пресмета дека предизвикал штета од околу 8 милиони денари односно околу 130 илјади евра. Обвинителството ...

Вишиот кривичен суд во Истанбул издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со случајот поврзан со израелската интервенција против хуманитарната флотила „Сумуд“, која превезувала помош за Газа. Судот, според турските медиуми, покренал и постапка за издавање црвена потерница за Нетанјаху и други обвинети. Во обвинението се наведуваат тешки кривични дела, меѓу кои злосторства против човештвото и геноцид, како и ...

Претставничкиот дом на САД гласаше за воспоставување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Закон за заштита од сончева светлина. Законот беше усвоен со 308 гласови „за“ и 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе сe елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време преку целата година. РЕПУБЛИКАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК СКОТ ...

Вчера судот го ослободи Никола Груевски во случајот „Талир 2“. Ова не е изненадување. Тоа е уште еден доказ дека правосудството во Македонија е под директна контрола на Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО. Груевски не е ослободен затоа што е невин. Тој е ослободен затоа што Христијан Мицкоски го заштити својот ментор, ова во соопштение денеска го пишува опозициската СДСМ. Сè што се случува во правосудството во ...

Лето, сонце, одмор… а наместо релаксација – нервози. Купишта ѓубре, гласна музика, бучни и поднапиени соседи, скара, а чадот ве гуши. Без разлика дали сте на плажа, на планина или на излетничко место, летото треба да биде време за релаксација и уживање. Но, се чини дека со порастот на температурите, честопати опаѓа и нивото на општа култура. Секојдневно сме сведоци на оставено ѓубре во парковите, гласна музика што не дозволува мирен одмор, па ...

За пресона нон грата со трајна забрана за влез и излез, Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ. Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа ќе го исчистеше етнички Косово во 1998 година“, објави Коха. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељал Свекла, рече дека јазикот на Пауновиќ е продолжение на државната ...

Вонредна состојба со ограничени резерви на гориво прогласиле девет авиони над Лондон а 14 летови биле пренасочени откако авион на „Бритиш ервејс“ поради технички дефект ја блокирал единствената активна писта на аеродромот Гетвик. Проблемот настанал откако авионот на летот БА2673 безбедно слетал, но останал на пистата по пријавен технички проблем. Авиокомпанијата соопшти дека патниците се симнале од леталото без проблеми. Поради блокадата, ...

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. -Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на ...

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа, велат од СДСМ денеска. Оваа промена повторно го отвора прашањето: Што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата ...

Демократите го блокираа годишниот предлог-закон за финансирање на одбраната во вредност од 1,15 трилиони долари, изразувајќи незадоволство поради војната со Иран и одлуката на претседателот Доналд Трамп да испрати американски сили без консултација со Конгресот. –Трамп ја започна оваа војна без одобрение, без стратегија и без план за повлекување, изјави лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер. При процедурното гласање, ...

Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна вечерва е пронајден и приведен,“ потврдија од МВР за Телма. Според информациите, Лазаров бил лоциран и уапсен во Скопје. Тој беше уапсен во петокот во Кочани, но успеа да избега преку прозорецот на полициската станица, а два дена по неговото бегство, Основниот суд во Кочани распиша меѓународна потреница по него. –На 10.07.2026 во ...

507 болнички кревети на 100 000 луѓе имало во ЕУ , покажуваат податоците на Евростат. Ова е мало намалување во споредба со 2023 кога биле 511, а се започнало во 2009 година кога имало 582 болнички кревети на 100 000 луѓе, ова се смета дека е како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со амбулантски или дневен третман. Податоците ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна денеска во Киев, од каде најави нови иницијативи за продлабочување на соработката меѓу европската и украинската одбранбена индустрија. „Ќе објавам нови иницијативи за интеграција на нашите одбранбени индустрии, со цел да имаме поголемо и побрзо производство“, напиша фон дер Лајен на платформата „Икс“, објавувајќи фотографии и снимки од нејзиното пристигнување во ...

Денеска истекува дополнителниот рок за постигнување консензус и донесување на изборниот законик но партиите без некакви изгледи дека и воопшто може да ги приближат ставовите и да го донесат. Изборниот законик е дел од Реформската агенда но сепак партиите и натаму се на дијаметрално спротивставени страни. Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека тие ќе го прифатат оној закон со кој ќе се подобри начинот на гласањето, но не прифаќаат ...

Јуни беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од април 2022 година, соопштија Обединетите нации нагласувајќи ги разорните последици од засилените напади на Русија врз градовите далеку од фронтовските линии. Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина соопшти дека најмалку 293 украински цивили биле убиени во јуни, а 1.990 повредени, со што бројот на цивилни жртви за годината досега, достигна речиси 1.400. Ова е ...

Шпанија се пласираше во финалето на Светското првенство во 2026 година, откако во полуфиналето ја совлада Франција со 2-0 во Арлингтон, Тексас. Микел Ојаразабал го отвори резултатот од пенал во 22. минута, откако Лукас Дињ го фаулираше Ламин Јамал во шеснаесетникот. Конечните 2-0 ги постави Педро Поро во 58. минута, по одлична комбинација со Дани Олмо. За Шпанија ова е трета последователна победа над Франција во полуфинален дуел. „Црвената ...

Изборната комисија на Висконсин гласаше со 5:1 утврдувајќи дека Илон Маск го прекршил законот за поткуп, на изборите за Врховен суд во Висконсин во 2025 година кога со објава на социјалните мрежи им нудел 1 милион долари на граѓаните со цел да ги натера да гласаат. Законот забранува на граѓаните да им се дава или да им се нуди нешто со вредност поголема од еден долар за да гласаат или да се воздржат од гласање. Маск беше силно вклучен во ...

Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје. Како што информираат од МВР за Телма, околу 19:30 часот на автопатот Тетово-Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило “фолксваген кеди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. и патничко возило ...

Во полуфиналето од Светското првенство во 22 минута од натпреварот помеѓу Шпанија и Франција, шпанскиот напаѓач Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Мајк Мањан и ја доведе шпанската репрезентација во водство. Ова водство на Шпанија само го зголеми влогот во натпревартот и притисокот врз Франција да брака изедначување. Заврши првото полувреме од натпреварот кој ќе го одреди првиот финалист на Светското првенство во фудбал. Во полуфиналето од ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека истрелала балистички ракети врз американска воздухопловна база во Јордан. ИРГЦ го повика јорданскиот народ да бара отстранување на американските бази од нивната земја. – Вие добро знаете дека не чувствуваме никакво непријателство кон вашата земја. Всушност, ве сакаме благородни луѓе, бидејќи ја разбирате болката и страдањето на палестинскиот народ подобро од кој било друг, се наведува во ...

Kилометарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Тетово-Скопје. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на влезот кон Скопје. Како што пренесува „4news.mk“, сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување. Возило на Итната медицинска помош е притигнато на местото на несреќата. Повеќе детали и информации се очекуваат од МВР. ...

Претседателот Доналд Трамп денеска најави дека се откажува од својот план за воведување 20-процентна такса за товарните бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец, соопштувајќи дека приходите ќе бидат заменети со инвестиции во САД од страна на арапските земји од Персискиот Залив. Трамп во понеделникот најави дека таксата ќе служи за покривање на трошоците за безбедност што САД ја обезбедуваат во овој клучен коридор за транспорт на нафта. „Врз ...

Вардар славеше со 3-2 против КуПС на гостински терен, но не успеа да се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по продолженијата беа елиминирани со вкупни 4-3. Македонскиот првак одигра многу подобро отколку во Скопје, каде загуби со 2-0, и по 90 минути успеа да ја надомести негативата. Саволаинен си постигна автогол во 59. минута, а Горан Закариќ реализираше пенал во судиското надополнување за 0-2. ...

Порасна цената на нафтата откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно воведе блокада на ирански бродови што минуваат низ Ормускиот теснец. Брент, глобалниот бенчмарк за нафта, скокна над 85 долари за барел, со раст од над 10 отсто само за оваа седмица. Американската WTI нафта исто така порасна, тргувајќи околу 79 до 80 долари за барел. -Врз основа на многу продуктивни разговори со блискоисточното раководство, одлучив да ја заменам ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
42%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
69%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.19
50%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
46%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.27
58%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.93
78%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.33
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
49%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
39%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29