Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Корпусот на Исламската револуционерна гарда денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина. -Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на Воздушно-космичките ...
По силениот земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала кој го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чијапас, издадено е предупредување за можни цунами-бранови. Видео се објавуваат на социјалните мрежи кои ја покажуваат силината на земјотресот. Се нишаат згради и рафтови во продавници, граѓани со страв излезени од своите домови ја следат состојбата. Иако станува збор за плиток земјотрес, кој може да предизвика посилни ...
Центарот за управување со кризи излезе со најновиот пресек за состојбата на терен, нотирајќи дека во текот на денешниот ден во земјава се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Благодарение на брзата интервенција на противпожарните служби, дури 11 огнови се веќе целосно ставени под контрола и ликвидирани. Според официјалните податоци добиени во попладневните часови, во моментов критична е состојбата на само една локација, каде што ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на маж од ресенско од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира ...
Турското Министерство за здравство соопшти дека отвори нови специјализирани клиники кои ќе обезбедуваат индивидуализирано лекување и советување за млади на возраст од 12 до 18 години што сакаат да се откажат од пушењето, објави весникот „Дејли сабах“. Новите клиники за одвикнување од пушење кај адолесцентите се наменети да одговорат на биолошките, психолошките и социјалните потреби на тинејџерите, кои, според здравствените власти, стануваат ...
Раздвижено е низ Куманово, особено на градските пазарчиња и прометните улици каде секојдневно минуваат стотици граѓани. Додека едни безгрижно ги завршуваат обврските, други велат дека внимателно ги чуваат личните работи, бидејќи стравуваат од кражби. Дел од граѓаните лично биле жртви на кражба и велат дека сторителите не биле откриени, додека други не слушнале за вакви случаи во нивната околина. –Сигурно има кражби според тоа во какво време ...
Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Чиапас по што е издадено предупредување за цунами. Според Геолошкиот институт на на САД, земјотресот бил со магнитуда од 7,3 степени и на длабочина од само 10 километри. Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на Пуерто Мадера, рибарско гратче и важно пристаниште во Пацификот што е оддалечено 13-тина километри од границата со Гватемала. Земјотресот се почувствува и ...
Предметот Талир 2 ќе останеше кај обивнителката Ленче Ристоска ако таа не си поднесеше оставка тврди обвинителот Ненад Савески по критиките во јавноста целта на одземањето на предметите Талир била да се одмрзне и спаси имотот на ВМРО ДПМНЕ. Повлекувањето на овластувањата се однесуваше на постапување на обивнители по предмети од други обивнителства и немаше да влијае врз Талир два вели Савески според кого обивнителството ке ја чекат писмената ...
Водата за пиење во Гостивар е забранета за употреба а пумпи поставени во корито за отпадни води во Вруток и мешање со водата за пиење најверојатно е причината поради која над илјада гостиварчани завршија во болница со здравствени проблеми. Од гостиварскиот водовод и комуналец велат дека е шпекулација и дека луѓето се затруле од храна Гостиварци сведочат за симптомите со кои се соочиле тие и нивните блиски. Според последните официјални ...
Независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци. Ова го нотира Европската комисија, која во новиот Извештај за владеењето на правото во земјава посочува дека тоа не е единствена закана за независноста на судството. „Мешањето и притисокот од другите државни гранки продолжуваат да предизвикуваат сериозни загрижености во врска со почитувањето на судската независност. Независноста на судството и ...
Тивки, брзи и се почесто надвор од правилата. Електричните тротинети требаше да донесат поуреден сообраќај, но наместо поголема безбедност, се почести инциденти. Законот стапи во сила, казните се високи, но дали правилата остануваат само на хартија? Граѓаните велат законот се почитува и сметаат дека ќе донесе поголем ред. Но дали новите законски одредби ќе ја променат сообраќајната култура или електричните тротинети и понатаму ќе бидат ...
Поројниот дожд што синоќа ја зафати Битола за само еден час претвори делови од градот во каллива река. Камења, земја, песок и отпад се слеаја од битолскиот Баир кон пониските делови и центарот на градот. Силниот воден бран ги оштети и улиците што веќе подолг период се во фаза на реконструкција, носејќи го тампонот и градежниот материјал низ улиците. Една од најпогодените беше улицата „Димитар Влахов“, каде наносите ги затнаа шахтите, а водата ...
Откако Стојна Димитровска најави на социјалните мрежи дека ќе наплаќа по 5 евра за секој што сака да влезе на локалитетот Камени кукли, денеска обвинителството побара притвор за нејзиниот сопруг. На објавата од вчера на Фејсбук дека ќе издава и фискални сметки, локалитетот го посетиле инспектори на УЈП. Но нејзиниот сопруг кој е британски државјанин фрлал камења врз нив и нивното возило. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото ...
Документот со исполнети обврски од реформската агенда патува за Брисел, со порака дека Македонија го продолжува процесот на евроинтеграција. Но, домашниот фронт останува заглавен во партиските ровови. Додека власта тврди дека реформскиот процес има силна динамика, опозицијата обвинува за застој и потрага по алиби. Изборниот законик остана неусвоен поради отсуство на политички консензус, а партиите продолжија со обвинувањата – кој го кочи ...
Градот Пеќ деновиве пулсира со креативноста на 17-то издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм Анибар, кој на едно место ги собира филмските автори, уметниците, младите креативци и љубителите на анимација од Западен Балкан, но и други земји од Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите имаат можност да проследат стотици анимирани филмови, мастер-класови, изложби, дискусии и бројни културни активности, со ...
Длабоко жалиме и сме потресени од трагичниот настан во кој загина работник вработен кај наш подизведувач. Безбедноста на сите лица ангажирани на проектот претставува највисок приоритет за нас, реагира градежната фирма Жикол, откако во петокот загина работник при пад од скеле на објект од Пречистителната станица во Скопје. Трудовиот инспекторат утврдил низа неправилности со заштитните мерки – на објектот немало ниту колективна, ниту лична ...
Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот. Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1200 ...
Поројниот дожд што синоќа ја зафати Битола за само еден час претвори делови од градот во каллива река. Камења, земја, песок и отпад се слеаја од битолскиот Баир кон пониските делови и центарот на градот. Силниот воден бран ги оштети и улиците што веќе подолг период се во фаза на реконструкција, носејќи го тампонот и градежниот материјал низ улиците. Една од најпогодените беше улицата „Димитар Влахов“, каде наносите ги затнаа шахтите, а водата ...
Државниот обвинител Ненад Савевски вели дека обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир 2 откако ќе ги видат аргументите во напишаната пресуда. –Како и во секој предмет така и во овој ќе се чека писмената верзија. Целото образложение ќе се анализира и секако тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил обвинителството со своето образложение или не. Новинар Телма: Сепак станува збор за ослободителна ...
Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба. Од АXВ велат дека со вонредниот инспекциски надзор утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица ...
Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, случај кој ја потресе јавноста. Од Судот информираат дека Станковски е прогласен за виновен за кривично дело „убиство на свиреп начин при семејно насилство“. Обвинетиот на судењето признал вина, а притворот му е продолжен до правосилноста на пресудата, која е првостепена. Настанот се случил на 11 јануари 2026 ...
Неочекуваната одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го замени популарниот министер за одбрана Михајло Федоров предизвика бран на незадоволство кај украинските граѓани и протести на дел од пратениците и припадниците на Украинската армија. Група, претежно млади луѓе, протестираа вчера цел ден во Киев и во други украински градови, барајќи од Зеленски да ја промени одлуката за смена на Федеров. До вечерните часови, Зеленски го ...
Државниот обвинител Ненад Савевски вели дека обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир 2 откако ќе ги видат аргументите во напишаната пресуда. Судијката Даниела Алексовска Стојановска изрече ослободителна пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и ја одби конфискацијата на партискиот имот на ВМРО – ДПМНЕ. Државниот обвинител Ненад Савевски вели дека обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи ...
Славко Винчиќ од Словенија ќе биде главниот судија во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, во кое в недела ќе се сретнат Шпанија и Аргентина. Негови први помошници ќе бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачич. –Во прв момент ми беше шок, а потоа среќа. Неверојатна чест е да се суди финале на светско првенство. Ова е нешто за што сонува секој судија, изјави 46-годишниот Винчиќ. Славко Винчиќ од Словенија ќе биде ...
Свлечиште во округот Пенгшуј, во југозападна Кина, затрупа непознат број луѓе и урна неколку станбени згради во подножјето на еден рид, објавија државните медиуми, објави Ројтерс . Според информациите од државната телевизија CCTV, локален работник забележал дека камењата паѓаат околу 8:00 часот наутро и веднаш издал предупредување. Потоа властите наредиле евакуација на повеќе од 60 жители. Сепак, лизгањето на земјиштето започнало во 9:08 ...
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци. Поради скокот на цената на светските берзи кои предизвикаат зголемување на цените на горивата и дома, владата одлучи кризната состојба од 21 јули да ја продолжи до 21 октомври, поради ризици во снабдувањето. Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на ...
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци. Поради скокот на цената на светските берзи кои предизвикаат зголемување на цените на горивата и дома, владата одлучи кризната состојба од 21 јули да ја продолжи до 21 октомври, поради ризици во снабдувањето. Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на ...
Владата на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, за навремено да се преземат мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните ...
Групата „Урбани уметнички акции“ реализираше нова урбана уметничка акција посветена на заштитата на личните податоци и подигнувањето на свеста за можните последици од нивната злоупотреба. Акцијата е изведена во форма на огромен кондом, висок 2,2 метри и широк 60 сантиметри, во кој се поставени зголемени принтови од лични карти, возачки дозволи, кредитни картички и други документи што содржат лични и чувствителни податоци. Идејата на акцијата ...
Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце се обидел насилно да ја премине граничната линија за да избега од царинска контрола, при што криумчарел околу еден килограм марихуана и го довел во опасност животот на царински службеник. Од Царинската управа информираат дека против лицето Р.Е. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на ...