Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Горната граница на заболени пациенти на неделно ниво е надмината и поради тоа ИЈЗ ќе прогласи епидемија во Гостивар, соопштија здравствените власти. Во последните 24 часа, 309 гостиварчани побарале лекарска помош во градската болница „Ферид Мурад“ , што е досега највисока бројка во едно деноноќие и покажува дека пикот се уште не е достигнат. Од понеделникот, кога според раководството на болницата во Гостивар се јавил првиот пациент, заклучно ...
Партиска вртелешка со обвинувања за европскиот извештај за владеење на правото, од чувствата на премиерот, преку музички кариери во локални меани и коруптивни јавни набавки, до барање до судството да испорачува правда. Откако со новиот европски извештај за владеење на правото се посочија многу ризици во правосудството и се потенцираше политичкиот и институционален притисок врз судиите и обвинителите, партиските штабови со нови обвинувања на ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по ...
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта биле погодени повеќе области во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „еден од најмасовните балистички напади врз Киев“ од почетокот на целосната руска инвазија. Украинската војска соопшти дека противвоздушната одбрана ...
Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок се согласи да се повлече од функцијата, потпишувајќи измена на Уставот со која неговиот претседателски мандат ќе заврши на полноќ во недела. Партијата Тиса на премиерот Петер Маѓар ја изгласа законската измена во парламентот, со што беше овозможено разрешувањето на Шуљок, кој се смета за близок соработник на поранешниот премиер Виктор Орбан. Орбан ја загуби власта во април, по 16 години на чело на унгарската ...
Шпанската државна метеоролошка служба предупреди дека од вторник земјата ќе биде зафатена од трет топлотен бран ова лето, при што температурите на некои места ќе достигнат и до 45 степени Целзиусови, додека големи шумски пожари беснеат во провинциите Сарагоса и Гвадалахара. Според Државната метеоролошка агенција на Шпанија, температурите ќе почнат да растат уште оваа сабота, значително ќе се интензивираат од вторник, 22 јули, а според ...
Соединетите Американски Држави синоќа извршија нов бран воздушни напади врз Иран, насочени кон неговите крајбрежни системи за надзор и противвоздушна одбрана, соопштија американски воени претставници. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека успешно биле погодени ирански воени капацитети, додека иранските државни медиуми јавија дека бил погоден островот Кешм во Ормускиот Теснец. Американската војска тврди дека цел на напад биле ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение, оцени дека изјавата на Христијан Мицкоски дека „наскоро ќе се знае кој наредил и што се случило во Гостивар“ и дека „ќе има одговорност“, е само уште една во низата, како што велат – празни најави кои стануваат предвидливи. Од опозициската партија посочуваат дека е особено апсурдно што за проблемот во Гостивар, Мицкоски и владеачката партија ја обвинуваат СДСМ, која никогаш не била ...
Родителите на починатите во „Пулс“ порачаа дека случајот со трагедијата не е обичен судски предмет туку 63 насилно згаснати животи, 218 повредени и болка на целиот град. Денешната маршута беше порака до институциите кои потфрлиле. Застанаа и пораки испратија пред зградата на Општината, Државниот трудов инспекторат, УЈП, Полицијата и Основниот суд. Предметот „Пулс“ не е само судење, туку испит за правда и доверба во институциите, порачаа ...
Двајца припадници на американската војска загинаа, а еден се води како исчезнат во акција, соопшти денеска американската централна команда . Ова се првите американски жртви во војната со Иран од март, во услови на ескалација на судирите меѓу двете земји. „На 17 јули, двајца американски војници во Јордан загинаа при извршување на должноста, додека силите на Американската централна команда и партнерските сили се бранеа од ирански напади со ...
Додека епидемиолозите и Обвинителството ги бараат и утврдуваат причините за масовните здравствени проблеми на гостиварци, во болницата во градот за само едно деноноќие над 250 лица побарале медицинска помош поради тегоби. Директорот на болницата др Емри Бајрами вели дека изминатото деноноќие било пикот на ширењето и дека под најголем притисок од пациенти се Инфективната клиника и детското одделение. Првиот пациент кој се пожалил на тегоби бил ...
Американската војска соопшти дека ја спровела седмата ноќ по ред воздушни напади врз Иран, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека привремениот договор за прекин на огнот е „завршен“. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека нејзините сили погодиле „објекти за надзор, воена логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети“. Но, во американските напади биле бомбардирани и уништени и ...
На само еден метар длабочинско копање во една од плодните ниви кај тетовското село Стенче најден е археолошки локалитет. Откриени се керамички садови и монети кои според првичните сознанија потекнуваат од 4-тиот век. Археолошкото богатство е најдено случајно при изведба на градежни работи за ископ на канал за поставување на кабли, мината година. По проверката на најдениот материјал, стручните лица од Музеј на тетовски крај почнале археолошки ...
За 24 часа, нови 260 пациенти побарале лекарска помош во гостиварската болница. Бројката надмина 1300, но според министерот за здравство Клековски, засега нема услови за прогласување епидемија во Гостивар. Прво треба да се утврди причината за големиот број пациенти со стомачни тегоби. Градоначалникот Лимани пак со повик до граѓаните да останат смирени. Со најновите информации за состојбата со водата во Гостивар, во вестите на Телма во 15.30 ...
Нови искри на релација власт и правосуден систем. Еден ден откако Европската комисија го објави Извештајот за владеењето на правото во земјава, премиерот со порака: „судиите и обвинителите не заслужуваат повеќе пари, ќе продолжам да ги критикувам“. Во документот од ЕУ се нотира дека независноста на судството во Македонија е загрозена од притисок и мешање на други државни инстанци. Недостигот од судии и обвинители, неиздвојување на доволно ...
Судијката Даниела Алексовска Стојановска ја пишува пресудата за Талир 2 со која го ослободи Никола Груевски и ја одби конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Предметот застарува на 31-ви август а за да не застари треба да има првостепена пресуда од апелациониот суд. „Првостепената пресуда за предметот, во јавноста познат како Талир 2, е во фаза на писмена изработка и истата ќе биде доставена до странките во најкраток можен рок, се со цел да ...
Состојбата во судството повторно со лоша европска дијагноза во последниот Извештај за владеење на правото. Аналитичарот Дарко АВрамовски за Телма вели дека неколку години имаме исти проблеми со различни симптоми, без никој да ја бара вистинската дијагноза за правосудството. Добрата страна е што се усвојуваат реформските закони за правосудството, но најтешкото- примената оди полошо поради неиздвојување на ресурси и пари. Дополнително опаѓа ...
Осум лица загинаа, а 62 се повредени откако украински беспилотни летала нападнаа два магацина на најголемиот руски онлајн трговец „Wildberries“, соопштија руските власти. Седум лица загинале, а 25 биле повредени во магацин во градот Тамбов, кој се наоѓа околу 475 километри југоисточно од Москва. Уште едно лице загинало, а 37 биле повредени при напад врз друг магацин на „Wildberries“ во градот Електростал, во Московската област. Украинскиот ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен член на Државната комисија за спречување на корупција во мандатот до 2024-та година. Бајрами беше и новинар и главен уредник на ТВ2. По професија правник, а извршуваше и функции во Општина Гостивар. Во февруари 2019-та година, Нури Бајрами беше избран за член на Антикорупциската комисија и во текот на мандатот работеше на повеќе големи предмети поврзани со корупција на функционери. На ...
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно вклучување во процесите на ...
Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во денешното соопштение. Од СДСМ посочуваат дека нотираните забелешки за мешање и притисоци врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта не се само општа забелешка, туку „директна и ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги презентира постигнатите резултати во образовниот сектор, нагласувајќи дека по седум години завршено е времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Според партијата, образованието се враќа во фокусот на државните приоритети преку инвестиции и зголемување на платите на наставниот кадар. Од партијата посочуваат дека за разлика од претходното владеење на СДСМ, кога ...
Продолжува истрагата на полицијата и обвинителството за масовното труење во Гостивар. Симптоми, повраќање, стомачна тежина и дијареја, пријавиле над 1.200 жители на Гостивар, а пациенти пристигнуваа во болницата и вчера попладне пред камерата на Телма. Еден од пациентите изјави за Телма дека три дена имал болки и силно изразени симптоми по што барал лекарска помош. Првичните сомнежи се дека труењето е од водата од градскиот водовод, а ...
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните и приватните студентските домови за академска 2026/2027 година. Огласот е објавен на 15-ти јули 2026 година и ќе трае до 31-ви јули, а важи за студенти кои се II година или повисока, додека за студентите кои ќе бидат I година од октомври, конкурсот за нив ќе биде објавен на 14-ти септември 2026 година. Во новата академска година ...
Двестотини пожари се надвор од контрола во Канада, а чадот од нив прекри милиони луѓе на североистокот на САД. Најновите податоци на канадските власти, во земјата се активни 893 пожари од кои 209 се неконтролирани, пренесуваат светските агенции. 🔥 Más de 830 incendios forestales siguen activos en Canadá 🇨🇦 El humo ya afecta a Nueva York y Nueva Jersey, sede de la final del domingo entre España y Argentina ⚽️ Crece la preocupación ante los ...
Забрана за продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на деца помлади од 16 години во Англија од април во 2027 година, соопштија британските власти, а пренесе „Би-Би-Си“. Според новите правила, продавниците, рестораните, кафулињата, автоматите за продажба и интернет-платформите нема да смеат да продаваат пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин на литар на деца и тинејџери под 16-годишна возраст. Забраната не ги ...
Апел до гостиварци за почитување на привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), порача градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој се огласи на социјалните мрежи, откако над 1.000 жители на градот се побараа лекарска помош поради стомачни проблеми, болки во желудникот, температура, омалаксаност, итн. „Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и ...
Еурофарм Пелистер ги доби противниците во групната фаза од Европската лига на ЕХФ. Македонскиот вицепрвак ќе игра против екипи од три големи ракометни земји – Германија, Шпанија и Полска. По три последователни сезони во Лигата на шампионите, битолчани претстојната сезона ќе настапуваат во второто по ранг европско клупско натпреварување. Најсериозен и веројатно најтежок ривал на Еурофарм Пелистер во групата Г ќе биде германскиот Гумерсбах. Во ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на финалето на Светското фудбалско првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра в недела на стадионот во Њу Џерси. Четириесет и шестгодишниот Винчиќ ќе стане првиот Словенец што судел финале на еден Мундијал, а вкупно 23-ти судија во историјата кому му била доверена оваа задача. За своето назначување бил информиран од првиот човек на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина. ...
Победникот на Светското фудбалско првенство првпат во историјата, покрај трофејот и златните медали, ќе добие и специјални шампионски прстени. ФИФА одлучи во фудбалот да воведе уште една препознатлива традиција од американскиот спорт. Светската фудбалска федерација ќе изработи ограничена серија од вкупно 2.026 прстени, во чест на годината во која се одржува турнирот. Триесет од нив ќе им припаднат на членовите на репрезентацијата што ќе ...